Епа така и кај мене свекрва ми му се прави по мајка од мене... Само што ние живееме во заедница и едвај некако успеав да ја поставам на место ,доаѓа време да почнам со работа и поради целава ситуација ќе мора она да ја чува ,покрај депресија имам ппа (пост породилна анксиозност ). Ја оставив со неа 3 часа. Кога се вратив бебе збеснато ,а јас имав анксиозен напад ,со повраќање и со тахикардија само во раце сака секако поинаку плаче ,и за цицање никако не сака. Така сакајки да одам во вц ја оставив во игрална , уште не спуштена почна да вришти и да ме влече а како цело сабајле не се оддели од мене кај и да ја ставев вриштеше. Ја удрив .... Заспа и потоа кога се разбуди ми се смееше најубаво на свет ,уште толку се замразив себе си Ми иде да си направам нешто...
Отиди консултирај лекар за ппд секоја жена поминува, дел без ништо дел со лекарства. Да ти дадат лекарства за паничните напади, депресијата итн...не оставај така. И пуштај бебе во градинка што побрзо
Заради доењето не сум отишла уште. ... И неа почнав да ја мразам ,во живот не сум мразела некој. И се изедов деновиве што пак ќе биде по "нејзино" т.е ќе мора да и ја оставам ,градинка пробав врски ми рекоа пред септември шанси нема за примање нови. После септември ќе ве побараме . Се чувствувам како по нејзина команда да живеам
Ах бе женска.. Тешко нас.. Кој да не свати.. Знам дека имаш грижа на совест.. И кај мене се десило неколку пати да се развикам на цел глас на бебе.. После тоа ужас се корнев за коса неможам да се поднесам кога ќе ми текне..
Не можат и твоите да ти помогнат за чување, ете барем до септември, некако? Јас така би се осеќала по сигурно, а и ако нема други услови, мора таа да ја чува, така да помири се со тоа, ништо страшно, само ако приметиш разлика кај бебето, или е чувано од нејзина страна, а не како што ти би правела, одма сечи и кажувај што ти смета, ако не кажеш ти ќе ди имаш после проблем со детето, ти ќе го учиш едно, таа друго, ќе му попушта, ќе го размазува, и после тешко тебе ќе биде, знам дека па и така е тешко да и кажеш, зошто зависиш од неа за чување, ама мора ако нешто ти смета да се побуниш, не само да и ќутиш, така ништо не решаваш.
@Snowflake97 & @thelittle17 Немам шанса ,многу се далеку моите... А кај мене да седи мајка ми ем немам место ем заедница е ќе се заколат. Кај бебето одма се сети разлика за тие неколку часа ( мм вика халуцинирам ,добра е не е тепана што сакам повеќе). А да и кажувам ,па дали ти се верува дека два три пати нешто и се спротиставив абе ни мене ми збореше ни дете чепкаше. Ми е страв да не кога ќе и се спротиставам преку ноќ рече не ти чувам утре ,што ќе правам се знае за отказ имам отказен рок не може преку ноќ , воопшто не ми изгледа стабилна како личност. Мм вика дека кога ќе знае дека таа си е одговорна за бебето нема да прави така...
Привремено нека ја чува она, ама во меѓувреме барајте и по други градинки место, ем детето по сигурно ќе биде во градинка, ем нема да зависиш од нејзе.
Абе не може таа да ти кажува што да правиш со своето дете, како да го храниш, што да му даваш, и сл. Може да го чува и мојата, ама само ако се нафати да биде чувано според мои критериуми, ако не, нема шанси, ќе го чува мајка ми ако нема градинки во тој период. И јас сум моментално во заедница, и свекрва ми е за бог да чува за некои работи, ама и кажав да не ми се меша за бебе дека јас си знам најдобро, и еве само си подзборува од страна што како треба, а јас си ќутам и си пеам, она може до утре да си збори, ништо од нејзиното нема да биде, ако јас и мм не се согласиме. Таа е баба на детето, не му е мајка, и не може подобро да знае од мене, сите обврски си ги завршуваме ние, и знаеш така е подобро, нема зошто таа да ми се плетка па утре да збори како ми го исчувала детето, скоро за се сами се снаоѓаме со мм, таа може само да го игра, да го гушка, и да го сака како баба, сите останати работи се мои и на маж ми одговорност.
Исто мајка бев еден период. Сама дома со мало бебе со грчеви кое сака само во раце и цицаше по цела ноќ. Плачев секоја вечер, ми доаѓало од тераса да се фрлам. Модрици по раце, кичма укочена, почнав да кривам со едната нога зашто ми попушташе коленото од тежина. Јадев набрзина од нога во кујна што ќе најдев прво во фрижидер. Наместо да слабеам, јас се дебелеев. Искрено, проблемот го решив со подобра организација и б6 пред спиење. Маж ти прво да ти испазарува намирници кои можеш да ги искористиш одма за јадење. На пример, јас дома имам зелени салати (марула, ајсберг, рукола, спанаќ), пченка, маслинки, туна, јајца, патлиџан, краставици, пилешко итн. За ручек ми е секогаш некоја салата која ја правам многу брзо зашто се е спремно. За доручек нормално дека ти треба многу повеќе од овошје. Ќе си земеш разни снегулки, мусли, плус исецкано овошје и јатки или путер од јатки ќе додаваш. Хумус, варени јајца, тестенини, супи барем нив само ги ставаш и се варат, јас со детето во рака си правев. Вечера пак нешто лесно и брзо. Сепак, ова е само период и ќе помине брзо. Друга работа, наместо по цел ден да седиш дома и да држиш дете, кога ќе и дојде време за спиење стави ја во количка и надвор на прошетка. Ќе си земеш сендвич и кафе и седни си на клупа уживај додека спие. Ќе поминат 2-3 саати и ќе скратиш од нервозите дома. Зошто не ја ставаш да седи, веќе има 4 ипол месеци. Не знам што имаш дома ама ако имаш хранилка на пример, стави ја во неа и со тебе во кујна. Ставај и играчки, пластични, капачиња, пеј и спремај си што треба. Напорно е, устата ќе ти се залепи од зборење ама рацете ќе одморат. За чистење, имаш ли некој близок другарка, сестра/брат, братучетка да ја припази еден саат да подсредиш по дома? Јас дека ретко со кој се гледав, а и хаос нели секој ден се прави го ставав во кенгурче и чистев. Се бањав со хранилката во вц или го гледав на камера додека спие. На вц шолја сум била со него многу пати, а кога почна самостојно да седи го ставав на килимче во вц, му давав улошки да одлепува за да се олеснам на раат. Дефинитивно прошетки надвор најмногу ќе ви помогнат. И ти ќе одмориш и бебето ќе го фати воздух и посмирено ќе биде, верувај. Да се едитирам : Како раснат е се понапорно. Кога ќе се навикнеш на некој ред се постигнува. Сега имам дете што лази, оди, се качува секаде ама пак некако успевам дупли оброци да направам и за него и за нас. Надвор сме секој ден ама на сметка на тоа, дома ми е хаос. Гледам кујната да е чиста, чисти алишта да има и секој ден барем да го истуширам газето чисто да биде. Другото може да почека.
Фала за убавите совети, се трудам веќе дел од овие работи правам бидејќи мора да сме во форма заради бебе и за себе си.Б6 почнав и мислам ми помагаат па се надевам се ќе се среди.
Се надевам и јас Не ги спомнав активностите со бебе кои најверојатно ги правиш ама пак ќе напишам. Легнете доле на под, стави играчки, играјте, пеј, покажувај и ги играчките што прават и ќе и стане интересно (најверојатно) и сама ќе си лежи. Барем додека е помала и не може да мрда од место брзо да можеш до вц да отидеш или оброк да си спремаш. За превртувањето не те разбрав зашто ја пазиш да не се преврти? Стави ја на тепих и нека се врти колку сака. Играчките околу нејзе, музика во позадина и јас мислам ќе почне да се занимава барем на 10-15 минути. Ако почне да плаче не оди одма да ја креваш туку остави некое време нека поплаче. Понатака кога ќе почне да седнува некој период ќе треба да ја пазиш да не се повреди и после нема тргање поглед Мал предлог до сите мајки кој мене ми помогна еден период за да не ми паѓа од кревет. Учете ги да се симнуваат сами кога ќе почнат да се исправаат. Секогаш кога сте на спална или гарнитура, вртете ги со нозе надоле и пуштете ги да се слизнат од кревет. За брзо учат да се симнуваат сами.
Девојки Христос Воскресе за многу години Да ве прашам нешто можеби не правилна тема, бришете слободно Дали при развод бебето автоматски останува кај мајката?
Во најголемиот број од случаеви да. Освен мајката ако не е нешто кривично гонена, да има проблеми психолошки, да е алкохоличар итн...ако има некаква историја што би упатила да не е способна да се грижи за детето. Инаку кај мајката останува
Planirana bremenost edvaj cekavme da dojde bebce. Eve ja dojde veke 10 dena, jas porodena so carski traumatizitacki odnos vo cair..sama so bebe po celi denovi bidejki maz mi ima privaten biznis. Postojano se skiram za bebeto placam se osekam umorno preumorno nemam vreme ni da se istusiram. Nemam nekoi emocii prema nejze samo znam ke se razbudi ke pocne da place i llee koj ke ja doi( bidejki uste ne ni znam se macam so doenje) duri i se razvikav prestani da places. Srcevo mi se skrsi nesakam da bidam kako mojata majka koja si gi ostavi decata.. neznam zosto ne se osekam srekno tuku deka cel zivot mi e promenet od koga dojde bebco ne ni pomisluvav deka ke mi bide tolku tesko. I lele si vikam kako mozam be vaka da razmisluvam pa tie nevini ocinja sto se krivi da me trpat mene vakva?! Zosto sum tolku losa majka se osekam vinovno samo sakam da se naspijam jas sum uzasna majka uzasna a sekogas si vikav ke bidam najdobra za nejze se ke i ovozmozam
Немој да се грижиш ќе бидеш најдобрата мајка на своето дете, скоро сите сме поминале низ таков период, еве јас лично имав трауматичен пораѓај каде 40 часа имав болки, бев спремна за природен пораѓај со 2 часа давање напон за да излезе бебе за на крај да завршам на итен царски. Во болница не ми дозволуваа да спијам со бебе до мене, а бебето не спиеше уште од прв момент во креветче и бараше постојано да е до мене. Не спиев и наредните 2 дена во болница и 3 дена дома, незнам како издржав, плачев на мм бев загрижена дали имам доволно млеко и се осеќав дека цел живот ми е сменет, но сега после 3 месеци со моето бебе знам дека никогаш не сакам да го живеам животот пред да се роди моето малечко, тие се нашите совршенства, дел од нас. Ќе видиш дека е само период а најмногу ќе осетиш денот кога прв пат ќе ти се насмее и со тоа ќе ти врати за целата љубов, а тој ден ќе дојде многу бргу, тогаш ќе бидеш навикната на малку спиење и нема да сакаш да се оделиш од своето малечко, пробај да спиеш и да одмараш заедно со бебенцето, користи ја секоја негова дремка за да одмориш, потребна си му одморена, заборави на нередот дома, бргу ќе пораснат и ќе имаме цел живот да сме домаќинкиУживајте го заедно секој момент, сега им сме најпотребни.
Исто потполно како јас да сум го пишувала ова...Ја оставав во креветче, идев у вц и си плачев, зошто имав грижа на совест дека немав мајчински чувства кон сопственото дете. Имав тежок пораѓај, се онесвестив на бокс и не видов како ја извлекоа бебка. Првиот месец скроз се запуштив, дома сама, сопругот на работа одеше, никој не доаѓаше заради ковид, пижами не соблеков. Кога бебе спиеше јас само лежев и ништо не правев. Со подочњаци, коса никаква со денови, многу грдо се осеќав дури ми беше и срам од сопругот да ме гледа во такво издание. Како почнав да излегувам да се мешам со луѓе и да разговарам за ова, така се повеќе сфаќав дека таквите чувства се најнормална работа и се дешаваат на 90% од мајките. Ќе помине.
Шетањето со бебе многу ми помогна. Исто и туширањето, кога се враќаше мм од работа, со брзина на светлината идев под туш. Веќе и ти пишаа, кога бебе спие, одмарај и ти. Јас се осетив со многу енергија првиот ден сама дома, бебе спие јас џогирам, раскревам, мијам садови и на крај снемав сила и немав сила наредни 2 дена. Тоа ме освести доста оти немав сила ни за доење, мм седеше до мене за да ми помогне да ставам бебе на друга града. Дополнително, сите "лоши" мисли што ми се вртеа низ глава му ги раскажав на мм за да пробам да му доловам низ што поминувам. Ме исслуша и се смени се. Он сам ме тераше под туш или на спиење, носеше се и сешто што прочитал на нет за јадење/пиење за мене за да имам млеко... Со таквиот негов однос јас релативно брзо се опоравив психички. Ќе помине и кај тебе
Ова како јас да сум го напишала пред 6 месеци...побарај помош од некоја блиска личност (другарка, роднина), понекогаш ти е потребно само друштво...штом дојде маж ти од работа правец под туш, и да поплаче малце не е страшно. Ти си прекрасна мајка, немој да се стресираш.