1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост-породилна депресија

Дискусија во 'Бебе' започната од SANY4E, 1 октомври 2011.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали моево е тука ама... немам апетит, желудников ми е стеснет и да не ми се бабиве по дома нема да јадам ништо. Ме тараат со сила што се вика, ајде за бебето мораш, ама тешко ми е. Ја дојам малата, ама освен како обврска не го гледам на поинаков начин. Можеби зошто сум преморена, потепана, ама ми доаѓаат само нагони за плачење. ;( Ми олеснува кога ќе се исплачам, ама имам многу стравови и постојано мислам како ќе се снајдам понатака...
     
    На marija99992, thelittle17 и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  2. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Првите денови дома само на течност живеев. Едино хранливо нешто што внесував беше јогурт и супа. Со сила јадев буквално 2 залчиња леб на ден.
    Доењето исто го гледав ко обврска.
    Шетање со бебе надвор сама доста ми помогна.
    Релативно брзо се оправив психички ама не сме сите исти, дај си време.
    Шеткај, туширај се, одмарај кога спие бебе :hug:
     
    На Butterfly1107, thelittle17, starfish и 2 други им се допаѓа ова.
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Иста бев и јас, немав желба за ништо, апетит никаков, добри совети се ова @starfish, гледај да ги применуваш, и точно е тоа дека мора да се јаде се, за да се има млеко.:hug:
     
    На Fallen.Angel, starfish и Bicka77 им се допаѓа ова.
  4. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    474
    Сите сме минале низ тоа. 2 месеци бев во пижами по цел ден и ништо не јадев (ослабев 4 кг), по цел ден плачев и сакав само да се наспијам ко човек. После се навикнав на малку спиење, почнав да шетам и се стабилизирав.. Бебе е 9месеци и уште не сум наспана но тоа е, тешко е да си мајка. Биди силна :hug:
     
    На marija99992, thelittle17, Fallen.Angel и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Ее ко ќе ми текне каква бев досадна, едвај чекав да се породам, не ни насетував дека ме очекувала ППД. Знаев дека ќе биде тешко, знаев со какви луѓе си имам работа, очекував проблеми, ама мислев ќе се справам со тоа. И ќе се справев да имав барем нечија поддршка. Но кога немав никој до себе само пропаѓав.
    Така да мајки не е депресијата нормална, не е нормално да се плаче во најубавите моменти од животот. Да честа појава е тоа baby blues, новиот начин на живот, тешки се ноќите, неспиењето, доењето и се тоа. Но ако има кој да застане до вас, да ве поддржи и да ви ја држи раката сѐ се надминува. Никогаш нема да заборавам. Кога се соочував со депресија минав многу лесно со поддршката од моето семејство, но кога бев во пост породилната депресија без ничија поддршка и потпора бев на работ на самоубиство. И сега да ми каже некој дека треба одново да го минувам сето тоа и уште еднаш да издржам ќе речам не фала, подобро денес да умрам.
    Благословени се тие мајки кои до себе имаат партнер полн со разбирање и поддршка. Чувајте се само, јас скоро се заборавив, и болките и тегобите, и на неспиењето навикнав и од ништо не би се жалела друго, вреди за прекрасниот син кој го имам. Но ништо не е полошо од таа ППД и не вреди да се минува низ тоа, не посакувам на никого.
     
    На Mala_plava, IRBBB, Servet90 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Колку значи кога знам дека поминале и поминуваат мајки низ ова... Искрено не верував дека вака ќе ме спукаат и емоции и хормони, на крај памет... Не е дека немам помош и поддршка, баш напротив, разговарав со нив за ова им објаснив како се чувствувам. Голем дел од емоциите ми доаѓаат од тоа што се изнамачив и уште се мачам со доењето, не ми е уживање, имам чувство дека цел ден седам и дојам, градите и кичмата ме болат...
    фала за советите женски, ќе применувам колку можам, се надевам на подобро:hug:
     
    На marija99992, SkarletOHara, Bicka77 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Мајка доколку не уживаш во доењето и ти претставува тешкотија почни со ад. Не мора да се дои по секоја цена. Кога е психичкото здравје во прашање, на бебето му треба среќна и стабилна мајка.
    Јас доев и мене првите месеци ми беа досадни. Цел ден во кревет, цел ден на цицка. Мм ми симнуваше филмови и серии на телефон и си гледав. И нетфликсот го вртев цело време. После 4тиот месец веќе се намалија подоите и трае многу пократко. Но доколку не можеш да издржиш, дај Ад без грижа на совест.
     
    На Kaja991, fana, marija99992 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Перница за доење немаш? Ако не, набави си или пак пробај да се наместиш со др. перница. Мора да ти биде угодно за доење, инаку е напорно. Обично доењето треба да се стабилизира после месец. Колкава ти е малата? Ако нема месец стрпи се и ќе се среди.
     
    На Bicka77 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Најреален совет. И јас не уживав воопшто во доењето, само ми ја влошуваше депресијата. Огромен апетит на мојата вишок килажа делуваше 10 пату полошо, јадев и имав грижа на совест, не можев да мрднам зошто бебе закачено на цицка сакаше да биде. На точно три месеци реков ДОСТА . Не мора да се дои по секоја цена. Откако престанав да дојам ми се врати енергијата и почнав малку и за себе да се грижам и да се средувам. Не ми требале ниту тие три месеци мачење, но ете притисоци од страна, себично било да не се дои. Курци палци да ми извините, себично ќе беше да продолжев да дојам и негативата да оди на син ми.
     
    На Didi***, marija99992, mace89 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Еве сега знам ке ме осудувате меѓутоа сакам да си олеснам.. имам и предходно пишувано на оваа тема и сите викаат со тек на време ке биде подобро.. меѓутоа еве веќе еден месец помина од кога сум породена едноставно не се осеќам емоционално поврзана со моето бебе, не се осеќам како мајка дури си викам па пто има толку убаво во мајчинството? Претепана сум преморена.. се грижам за бебето се да ама не осеќам љубов леле ужасно звучи :( некогаш ми е напорно само сакам да се наспијам а нејзе нормално не и се спие. Мислев дека одам на подобро почнав да јадам ама еве пак депресијата ми се враќа .. се нервирам како може да не се осеќам поврзана со моето дете и не и давам доволно љубов онака себична сум само сакам да си се наспијам лелеее неможам веќе се нервирам зошто сум ужасна мајка и онака ја гледам како обврска... а стварно значи многу сакав бебе едвај чекав да дојде а сега вака се осеќам?! Не го осеќам убавото во мајчинството.. можеби. Како поминува време повеќе ке се поврзам а се плашам што ако не? Јас имав ужасна мајка не остави.. несакам бе да бидам како нејзе сакам моето дете да бидам најдобра за него а уште од сега вака правам....
     
  11. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    А што е еден месец? Ништо! Пријателка после 2 лоши месеци побара професионална помош и и требаа уште 2 месеци после тоа за да почуствува олеснување.
    И не, не си себична што сакаш да се наспиеш.. Лоша мајка не си, човек си, ние сме комплесни машини.

    Не си ги дозволувај лошиве епитети, побарај поддршка од околина, првенствено од маж, и размисли за проф. помош - нема да бидеш ни прва ни последна и не си ништо помалку од другите само затоа што имаш таква потреба.

    :hug::hug::hug:
     
    На Kaja991, firequeenn, Lili4e и 5 други им се допаѓа ова.
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Побарај стручна помош. Итно! Немој да се лажеш со тоа дека ќе помине време и ќе биде подобро. Само полошо ќе ти биде, еве веќе си во фаза да се обвинуваш. Да, ќе помине, но тешко само од себе, ти треба помош, не се плаши да побараш!
     
    На marija99992 и Bicka77 им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    И јас така се осеќав. Поготово што имав проблем со доењето, а сите ми викаа преку доење ќе сме се поврзале а мене одбивно ми беше се поврзано со бебето ради болката. Исто се осеќав не бевме поврзани, а сега на 8м итекако го осеќам мајчинството и љубовта просто уживам. Така да дај си време
     
    На Kaja991, IRBBB, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.712
    Јас кога се породив бев пресреќна, полна со енегија си дојдов дома со бебето, иако имав тежок пораѓај кој траеше 15 часа, јас како ништо да не сум осетила, чувстував некоја посебна енергија и радост. Не ни помислував дека слесува стресен период.
    Си дојдовме дома и почнаа од сите страни да делат совети за доењето,како требало, па дали имам млеко,100 приказни се наслушав. Не бидна таа работа, не по моја вина, ете така требало да биде. Јас чувствував некоја грижа на совест ради тоа и пробував на разни други начини да му угодам на бебето, ништо да не фали. Заборавав дури и да јадам и вода да пијам. Првите 3 месеци јас ослабев 18 кила! Не личев на човек веќе, почна и на расположение да ми влијае. Тоа губење на килажа влечеше и други проблеми.Добив хемороиди,првпат во животов.Едвај се справив со тоа, ама ова не беше најстрашно.Најстрашно беше што дпбов воспаление на бубрезите, од недоволно пиење на вода(читај,заборавање да пијам). Завршив во болница каде ме задржаа 3 дена со системи.Тој што осетил бубрежна болка знае колку боли.
    Ми дадоа антибиотици и витамини.Имав време во тие 3 дена да размислам што и како ќе правам, еден нов редослед на настаните. Тогаш ми дојде умот и малце полабаво си го сфатив мајчинството.
    Кога се вратив дома не гледав веќе на сат, кога легнал, кога станал, ако му се спие ќе спие,и навечер исто.
    Почнав да прифаќам помош од луѓе околу мене,ги скратив канџите:D Порано само јас, јас, херој изигравав, никој не смее ништо без мене на бебето, не смееја една пелена да сменат.Сега ги оставам,нека му менуваат:wasntme:

    Почнав да уживам во мајчинството и се чувствувам поврзана со бебето, ептен го сакам тоа мало човече исто како мене:inlove:
    Ова чувство не дојде наеднаш,требаше време и време.

    Уште на работа да тргнам за 1 месец и ќе бидам старата јас, се ќе си дојде на свое место.Ми фали малце социјален живот.:angel:
     
    Последна измена: 9 јуни 2021
    На mjay.yyy, thelittle17, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Побарај психолог, не е ништо страшно тоа. Јас се борев сама со себе, и сеуште се борам...мислам дека поврзувањето со дете трае цел живот. Јас поради проблеми со доење мислев дека нема да се поврзам -глупости. Инаку и ден денес сакам да се наспијам ко човек, ама тоа ќе биде за неколку години. Не си себична, едноставно си изморена и нормално е така да се чувствуваш. Сите го замислуваме мајчинството како бајка, а никој не зборува колку уствари е ТЕШКО, понекогаш е досадно и исцрпувачки...посебно на почеток. :hug:
     
    На marija99992, Lovebug01 и DarkStormm им се допаѓа ова.
  16. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Ехх тоа доење значи не ми било само мене грдо.. Јас се утепав плачејќи. Сите ме прашуваа зошто плачам, дали заради тоа што не оди? Велев не бре полесно ќе ми беше да немаше млеко, вака крива се осеќам оти не сакам да дојам и оти ми е грдо..Али небитно... Не беше само доењето мачно, имаше и други работи. И јас како членките патев од несоница, не јадев мислев ќе ослабам така, а само крвната слика ослабна и се онесвестував секој ден..
     
    На Milkiway и marija99992 им се допаѓа ова.
  17. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Луѓе фала ви на поддршката, посакувам вака и некој во живо да имав да си споделам да ме разбере.. многу ми е жал за сите што поминуваат низ ова јас на мои другарки тазе породени им пишувам сама да ми пишат што и да им треба бидејќи знам мене колку ми требаше некој првите денови а не го имав одтавена сама на себе со бебчо.. поддршката е нај важна во вакви тешки периоди јас да ја имам би се осеќала многу подобро.. секое добро на сите вие сте стварно прави борци и барем малку ми е полесно кога знам декс не сум сама и вие сте поминале низ ова
     
    На mjay.yyy, lovely91, firequeenn и 2 други им се допаѓа ова.
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Имаш ли поддршка од сопругот? Зборуваш ли со него? Можеш ли на некој да го оставиш бебето и да излезеш малку?
     
  19. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Сум имала отсекогаш меѓутоа во овој период не , од кога се породив малку односите ни се разнишаа наместо поддршка почнавмe многу да се караме можеби бидејќи не е навикнат на ваква јас едноставно све ме нервира и многу плачев а овој однос со него уште повеќе додава тежина..а за оставање на бебе немам на кого морам секаде да ја зимам со мене ама пример кога ја шетам со него во количка се осеќам многу подобро или пак сама барем малку кога ке прошетам со нејзе одма осеќам разлика.. едноставно затворена сама со нејзе во 4 ѕида ме излудува па мислам и бебе да немаш сама да седиш пак ке полудиш :D само тоа сериите од пижама не сум се пресоблекла и косава ја немав чешлано 1 месец ама ај полека правам baby steps што би се рекло барем почнав да јадам искачам некад низ маало има надеж за мене :D
     
    На BeLLaDona23, SkarletOHara и DarkStormm им се допаѓа ова.
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Јас ако ја немав поддршката од маж ми во постпородилна ке требаше да барам помош од доктор. Многу е битно тој период да имаш разбирање од него . Јас колку пати плачев за ништо или тој ке ме нервираше пак за ништо ама никогаш не се караше со мене.
     
    На Kaja991, thelittle17, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.