.. Исто. Во тој период многу ми значеше поддршката од сопругот. Никој друг не сакав покрај мене, мајка ми, сестра ми, буквално никој друг. Со никого не ми се ниту разговараше. Му велев дека не можам дека не го сакам бебето и нон стоп плачев, мм ниту збор ми нема кажано за се тоа.
Niz istoto minev i jas ne eden ili dva nego celi 5 meseci nemozev da go pocustvuvam kako moe ednostavno go gledav kako ob vrska kako nekoj sto mi go kontrolira zivotot a osobeno prvite 40 dena mi se idese da se zatvoram vo toalet i da secam veni ili da ostavam dete i da begam no otkako mi se nasmea otkako mi se razbole prv pat odkako pocna da mi guka i da me gleda so tie mili oci svativ deka nemozam bez nego i sega go sakam povekje od se na svetot. I nemav na koi da se iznakazam cuvav vo sebe i ednostavno poluduvav ama ete toa me ubedi deka jas sum mu potreba na bidi silna majka nema majka sto ne si go prifakja deteto i tie sto gi ostavaat ne gi ostavaat od arno i mislat na niv veruvaj mi kje pomine period kje svatis
Имам број од психотерапевт ми рече да и се јавам го држам телефонот во рака и се мислам дали да и свртсм.. незнам срам ми е страв дс не ме осудува тоа што имам да го кажам.. се осеќам џабе нема спас за мене.. веќе 2 месеци поминаа само полошо..
Јави и се, ако е психотерапевт сигурно нема да те осудува. Постпородилната депресија (ако е тоа во прашање) и не е така ретка појава, само кај нас е табу тема. Искрено, јас дури кога фати ред бебушот почнав да се осеќам подобро, ама секој е различен. Првите три месеци многу тешки ми беа, една безизлезност чувствував но потоа веќе подобро и посамоуверено
Работа и е да те сослуша и да ти даде насоки, не да те осудува. Сигурно не си првата со пост породилна депресија која и се обраќа. Кажи си се. Не половично. Не внимавај на зборовите, како тоа ќе звучи. Раскажи си ги маките, што ти лежи на душа. Колку и да ти звучи лошо, подобро е да го кажеш отколку да го чуваш во себе и да се чувствуваш виновно зошто ти идат такви мисли и чувства. И не гледај на саат колку време поминало. На некој му требаат неколку недели, на некој неколку месеци за да се справи со депресијата. Има премногу фактори кои влијаат на твојата психа сега, не се споредувај со други.
Ако мислеш дека неможеш сама да се справиш подобро јави и се тоа и е работа неможе да те осудува те осуди ли некоја од нас тука и нас си кажа барем малку од маката па еве иако е анонимно ниедна а ги има многу што само знаат да зборат без да осетат не те осуди.. Мила мало е незнаеш што со него верувај ми ќе почне да ти се смее ќе ти гука ќе ти подава рачиња ќе те бара верувај ми дека ќе ти мине тогаш ова.. Ти си сакала дете а јас што да кажам не сакав по грешка се фати бев убедена и дека не сега него воопшто не сакам деца ама немав сила да го уништам тоа што господ сакал да живее па така и го родив.. Си велев мое е да го родам па после ако неможам ќе го оставам и ќе бегам.. Ама ајде бегај во катастрофа брак сум секој ден пред развод до сега 3 пати си одам ама одам со бебчо и да се разведам не го оставам за ништо на светот ќе сватиш не губи надеж подобро консултирај се ќе го засакаш и повеќе од себе верувај ми кога можев јас што ми го смени живото буквално за 360 степени можи секоја секое добро
Ич да не ти е срам! Ти гарантирам со глава дека нема да кажиш нешто што не чул/а претходно! Многу дава сигурност знаењето дека имаш 'доктор на повик'. Од искуство ти кажувам. Користи ја можноста, не се јади себе си Има спас. Исто... од искуство
На сите им се првите месеци тешки особено со плачливи бебиња и што не спијат. Прсврт ти се случува во животот до вчера си спиел си одмарал, а сега наеднаш треба да се грижиш за едно мало човече. Прво искочи шетај со него почесто кога не е толку топло надвор, тргни ги луѓето од тебе што те нервираат, и не се замарај околу тебе дали е средено, чисто, раскренато користи секој момент да одмараш заедно со бебе. Кај некои не се случува одма поврзувањето али со тек на време ќе се зацврсти врската како што ќе расте . Ако мислиш дека полесно ќе ти биде да разговараш со некого слободно јави и се и не се срами, најбитно е менталното здравје.
Пред 4 месеци сум пишувала тука на форумов како сум се осеќала .. можам само да кажам огромна промена и кај мене и кај бебето за 4 месеци, првите ми беа пеколни константното нејзино плачење допридонесуваше за тоа бев катастрофа.. можам само да кажам еве сега има 7 месеци животот ми се смени се освестив искочив од таа депресија! Едвај чекам да станам сега секое утро знаејќи дека ќерка ми ме чека со насмевка! Без тие очи неможам. Има тешки ненаспани денови но сега друго е. Ако некојс некогаш се најде на темава нека врати неколку страни наназад нека прочита што сум пишувала и девојките тука колку ми давале поддршка и ми викале ќе биде подобро а јас пак бев скептична! Еве да навистина е подобро сега пишувам после 4 месеци и неможам да го замислам животот без ќерка ми! Не очајувајте навистина ќе биде подобро <3
Здраво, како сте? И јас сум во постпородилна депресија и тоа 1 година и 7 месеци колку што има син ми. Одам на психијатар пијам велафакс и пак нема подобрување. Што мислите вие како ви помина, многу ми е тешко, не можам да го гледам детето само се оддалечувам и бегам од него, ми смета. Вас како и кога ви помина. Или мене никогаш нема да ми помине, ми нема спас.
Побарај второ мислење и ако треба смени психијатар. И воведи психотерапија, сега психотерапија се работи и онлајн. Ќе помине, слушај ги советите на стручните лица и разговарај и побарај поддршка од сопругот, фамилијата најблиските.
Излегувај, земи дете со тебе и шетај! Барај луѓе, пријателки, дружи се со нив и нивните деца. Прави нешто што те исполнува заедно со детенцето.
Знаеш апчето е само бастумче поддршка во одењето, а одењето треба да дојде од тебе. Направи веднаш промена било каква, сигурно си добила еден куп совети како да ти е подобро, почни со еден примени го денеска.
јас посетувам психотерапија а многу ми помогна што почнав на работа па малку се измешав со луѓе.. и кога не работам маж ми ја чува 1 саат имаѓ за мене пешачам. Тоа што искочив од дома малку ме растерети и разговорот со психотерапевт ми помага апчиња не пијам. Пробај со психотерапија зошто е различно од психијатар муабет си правиш
Можеш можеш . Стравот и тие чувства нема преку ноќ да ги снема, не е лесно ама ќе запнеш. И кога лежиш ти е неубаво сигрно па пак си лежиш нели? Зимата си носи посебна депресија, а надвор е веќе пролет излези и види. Зборувај со твоите и нека ти дадат максимална поддршка.
Мораш сама да се бориш. Нема магично апче што ќе ти помогне тоа е само дел од сложувалката Работа, градинка за детето, се по ред. Треба да си зафатена малце