Успех е и што знаеш дека имаш проблем , успех е и што одиш на психијатар, но почни и со психотерапија. Мора да разговараш со некого, побарај помош од твоите блиски, нека ти помогнат околу детето. Почни да прифаќаш обврски. Штом не работиш измисли некоја обврска. За почеток да изгледаш филм, да прочиташ книга , да пробаш да зготвиш некое јадење што досега не си го направила. Излези сама со пријателка, шетај со детето. Имај си некоја цел, направи план. Кога ќе ја освариш едната замисла, постави нова покомплексна цел. Има спас, не размислувај дека е безнадежно. Еве утре напиши која ти е целта тука и секој пат извести не дека си ја постигнала.
Еве добар документарец, за то колку може да биде опасна пост-породилната депресија, ако ескалира во психоза.
Jas mozam da kazam samo uzasna e postporodilnata depresija I da treba da se lekuva I ne ne treba da bide tabu tema odenjeto na psihijatar a najbitno od se e ima volja da se sovlada toj tezok period samata zena da si dava volja kuraz oti ona moze da go sovlada toa nesto I oti koga togas ke pomine toj tezok period jas piev za postporodilnata depresija elicea I zalasta I eden den se sama prekinav si rekov jas imam pricina za koj da ziveam jas imam pricina za kogo da se boram jas imam luge okolu mene sto me sakaat I sto sakaat da ziveam I dotamu i pocnavme so mm I so kerkickata da izleguvame da setame sekojden niz parkot letoto da uzivame vo setanjeto I pomina depresijata
Кај мене искрено не знам дале беше депресија, или тага, или поради што при самото излегување од болница ми искрснаа еден милион проблеми во животот околу мене и на мои блиски, или поради целата психа од тогашниот карантински живот-ама во моментов едно знам, дека се плашам и одбивно ми е и не сакам пак да забременам. Бог нека ми прости, ама се плашам и криво ми е што еден таков најубав момент од животот што сигурно требаше да го доживеам на сосема поинаков начин, јас неферски го доживеав на начин на кој не се ни надевав. Сега се тешам само дека што било поминало, и почнувам секој ден се' повеќе да си го сакам синчето (а тогаш извесно време како да немав никакви чувства во мене освен тага и солзи).
Драги членки Јас сум понова на форумов ама редовно ве следам. Имам дете од 5 години и бебе од два месеца. Прекрасни се, сопругот многу ми помага, но јас се соочувам со страшни епизоди на бес и има периоди кога ќе "ми се спојат жички" и почнувам за најмала работа да се дерам по него, да кажувам лоши работи пред децата и слично. Дури мислам и дека го мразам во тие моменти. А тој е избувлив и доаѓа до заедничка расправија. Потоа цела се тресам и ми е жал и срам од направеното. Не знам што се случува со мене. Плус постојано сум уморна и мислам дека се изгубив, веќе не сум јас. Денес синчето рече сакал да живее во друг дом зашто постојано сме се карале. Срцето ми се скрши. Познавате ли некој психотерапевт што работи онлајн бидејќи немам време да посетувам физички? Имал ли некој сличен проблем? Фала однапред...
Многу ми е жал поради ова што прочитав. Немам лично искуство, ама мислам дека може да ти помогнат https://www.razgovor.mk/. Може некоја членка ќе сподели лично искуство. Секое добро!
Додека се боревме со неплодност одев на психолог кој што работи како семеен советник се вика Ивана можеш да ја најдеш како Мандала психолошко катче. Јас сум задоволна зошто никогаш не гледа на саат туку едноставно ме ислушува се додека не престанам да зборам. Мене ми влијаеше да си го подоб рам менталното здравје и да увидам дека сум многу по силна од што мислев за да го издржам целиот притисок.
Мислам дека страдам од постпородилна депресија. Плачам, чувствувам некој страв, немам расположение на моменти. Си викам дека е baby blues, но ме држи втора недела. Некој совет ве молам.
Разговор.мк ако немаш можност да посетиш психолог.. Јас страдав од ППД многу долго... Се надевам брзо ќе се опоравиш. Стручна помош ќе ти биде потребна, знам дека сите пробаат со шетање, позитивни мисли и сл. ама многу побрзо и подобро ќе бидеш со терапија.
Baby blues може да трае и 2 недели, не мора да значи дека е ппд. Бебе, страв, анксиозност, неспиење, немање искуство, притисок од околина, трауми од пораѓај и немање воспоставен баланс на хормоните се огромни тригери на почетокот. И јас како тебе 2-3 недели само плачев, воопшто не чувствував некоја среќа и згора на се чувствував вина за тоа. Ако ти трае подолго од ова, обавезно посети психолог/психотерапевт. Кај мене се одолговлечи до 6 месеци и одењето на разговор многу ми помогна со ппд.
Кај мене беше помешано, не знам уште да дефинирам што точно беше. Прво викав бејби блус ама исто така подолго траеше, ми помина накај месец ипол мислам, ама психотерапија советувам. Јас додуша кога имав еден миссед во поодмината бременост исто ми се случи, и тогаш препишував се на тагата (ја имаше многу) ама еве и сега истото ми се случи, а излегов од болница со бебе, и веројатно ако има следна бременост ќе биде исто. Хормоните крш праат кај мене. Побарај да разговараш па макар и со матичниот лекар. Мене бар и матичната многу ми помага.
Дали некоја мајка се соочува со несоница? Нема шанси преку ден да заспијам кога спие бебе, а исто и навечер со часови лежам во кревет и не можам да заспијам, иако бебе си спие како ангелче. После ова неспиење влијае на секојдневието (нерасположена, растревожна, плачлива) а веќе осеќам дека имам и здраствени проблеми поради недостаток на сон. Како го пребродивте овој период, едноставно како да заспијам?
Мелатонин, Б6, Валеријана (Лунерба таблетите мислам имаат се, дури и Маточина). Ако не помогне ќе бараш доктор, јас бев на хелекси.
Низ истово поминувам и јас како јас да сум пишала од збор до збор, имав тешка бременост, стресно породување и некако како да ми се споија сите жици, цело време се расправаме дома, детето ми е нервозно, бебето исто, многу сум нервозна, маж ми посебно ме нервира, децата се залепени до мене, немам време за себе ни минута во вц, место да уживам овој период усполнет ми е со нервози и чуство на вина.Цело време чуствувам вина ако го скарам поголемото, зошто се караме дома криво ми е бебето што расне опкружено со толку стрес, и поголемото синче исто.Порано бевме среќни сега јас не сум, а со тоа мислам дека и другите ги правам несреќни, дали сум во депресија незнам, децата си ги сакам бескрајно секоја вечер си викам ке бидам посмирена потолерантни ама џабе.И сопругот помага дома ама односот ни е катастрофа како најголеми непријатели да сме, и тој се кара со мене, порано никогаш не сме се карале, некогаш си размислувам како едвај чекам да тргнам на работа па и за тоа ме гризе совест.Да одам на психијатар ке ме наклука со лекови а бебето го дојам, да одам на психолог приватно ниту имам време ниту имам пари за тоа, ке мора да најдам начин некако да излезам од овој круг.Ти како се справи, има ли подобрување?
Можеби премногу се оптеретуваш со неважни работи. Реално нашиот стрес повеќе е да има ручек, па што да се јаде, па чисто да биде, па да се купи итн итн. Твоја окупација треба да ти се бебето и детето најважно од се е одморот за мајката. Пробај на природна база да пиеш нешто за смирување или барем пола саат во текот на денот давежбаш чисто да добиеш на енергија и да се издуваш. Викаш и самата да почнам на работа и по друго ќе биде. Истото ти е. Излези од дома прошетај, гледај се со луѓе седи под туш. Големото дете пушти го да спие кај баба дедо да одмориш. Искрено јас од кога почнав даго оставам по саат два мислам дека вака уште 2 деца би чувала али да ми е дома и само јас да сум преокупирана со него тешко би помислила на второ.
Јас само со децата се бавам главно, чистиме со маж ми заедно или повеќе пати и он сам, он пазари и готви а јас децата.Големото синче пројави многу љубомора, почна многу проблематично да се однесува, 200 на саат е, не слуша никој, нејке во градинка секој ден молење кавги за да оди, 300 услови, цело време гледам да му посветам внимание да се смири, бебето го буди, вреска, се инати, се расправа, бебето од што е под стрес сака само во раце, ако сме во спална сами спие до мене на кревет ако сме во дневна само во раце спие иначе одма се буди и плаче.Кај да одам со 2 лепенки, големото е бетер захтевно од малото уште го хранам, ништо не јаде, се соблекува по сто пати,оди по мене секаде па дури и во вц, маж ми се кара со мене јас за се сум крива, што не јадел, што јадел со телефон, што е болно бебето сум го изнела на ладно, се јас нешто погрешно правам.Навечер не спијам се на штрек со бебето до мене, големото доаѓа и оно да спие до нас, ке упадне во пола ноќ, а спие многу немирно, клоца, ако се свртам накај бебето ми спие на грб.Сакам да излезам ама немам кога,само сакам да спијам, и плус не се чуствувам ич добро а мислам дека на никој не му е гајле, и за се сум јас крива на крај на ден.Почнав да читам навечер па тоа малку ме релаксира единствено.
Тебе ти треба време засебе и сама кажа не спиеш навечер. Заморот си го прави своето лепенки имаш, малото не смета колку што е големото и не можеш да го скротиш. Можеби би помогнало да го носиш во игроотека или нешто слично, така ем ти ќе си блиску до него ем он ќе игра со деца. Кавги ќе има нон стоп не си ставај дека си во депресија или нешто слично, јас и до ден денес знам со мажот ми за тоа да се искарам најчесто е тоа зошто му викам на детето, а после 10 минути него ќе го извади од кожа со тоа што го прави малиот. Се е до карактер на човек патем секој има кризни периоди никогаш не е се совршено во брак некогаш хармонија некогаш кавги и тоа е. Повеќе би се фокусирала на големото дете даму најдеш некоја занимација и нешто заедно да правите одреден дел од денот, до вчера он бил во центар на внимание сега дошло друго дете што не се одвојува од мајка му. Има и други работи кој го успива, за јадење кој му дава итн итн. Иако звучат како мали нешта али за нив значат многу и како што не го прифаќаме фактот они стануваат се полоши и неподносливи. Решението е најди време за себе и ослободи си го мозокот и мисли позитивно и сите ќе бидат среќни.
Оди на психолог. Немој да ги жалиш парите. Те имам запаметено дека имаше многу тешка бременост и дека му се лутеше на сопругот. Мислам дека уште си лута. Многу работи ти се насобрани. Те молам немој да ме сфаќаш погрешно, немам лоша намера. После породувањето и јас со сопругот бев во лоши односи.Неколку месеци поминаа додека да се решам да одам на психолог. Прво бев сама, а после со сопругот. Многу ни помогна.