Пробај смени позиција кога даваш шише поза како за доење. Или пак земи некое Пре како Бејбилов пре што е тоа е поблиску до мајчиното млеко. Пробај да не сака на нип или нук или бејбилов со сплескана цуцла. Или др браунс.
Здраво. Колку многу се надевав дека ќе бидам во ред и дека нема да имам потреба да пишувам на темава но за жал ете ме тука. Знам дека посета на стручно лице е решението за проблемот и ќе побарам помош, но дотогаш ми треба да се олеснам. Во бременоста сета анксиозност магично ми исчезна, и се осеќав добро но сега има 2 ипол месеци одкако се породив јас не знам што ми се случува. Знам дека хормоните играат голема улога, но по цел ден јас се плашам. Преплашена сум имам фобии и цел ден што и да правам јас размислувам колку ми е страв од смрт, што ако се разболам од ова, од она не се опишува искрено о не се поднесува поќе. Башка фактотшто се осеќам како на автопилот да функционирам со емоциите, како се што се случува да се случува на бекој друг. Јас бебе имам 2 ипол месеци упте не можам да верувам дека е мое, можеби поради фактот што се сметат за некој што не заслужува таков благослов. Имав миленик маче, одкако се породив мачево по 1 месец исчезна, и проблемот е што јас не осеќав ништо не осеќам ни сега, никаква тага зборувам за миленик којшто го сакав премногу прво пријателче ми беше. Наутро се е подобро се осеќам подобро, но наодручек и ноќе е прилично лошо. Мм оди трета смена на работа, и не сакам да оди не сакам сама да бидам, се осеќам осамено ми фали друштво а истовремено се осеќам како да не знам да правам нормален муабет. Збаоравив да спомнам се породив со царски, договорен не бешенитен ама толку ми беше трауматично ептен. Ве молам за некој совет нешто на природна база додека стасам да одам на лекар.
Zdravo Mamicki Imam bebce koe sto e 3 meseci i sme na doenje Imav edna slucka koja sto me pogodi mn i se plasam da ne padnam vo depresija
Мора да мислиш на бебето и секако на себе. Вие сте сега најважни. Излегувајте на прошетки и никако не прекинувај доење. Мора да издржиш.
Извини можеби е глупо прашањево ама мора да издржиш на што се однесува, на доењето ли, зошто никако да не прекине? Праќам гушки, мене првите месец дена ми беа многу големо привикнување и скоро секој ден и ноќ плачки. Доколку ти е тешко и немаш со кого да разговараш, или едноставно ти треба некој со кој би можела да направиш муабет и да не е пристрасен, најубаво е поразговараш со психолог. Јас одев за време на целата бременост и сметам дека премногу ми помогна, дури и од болница пишував со психологот кога ми беше тешко.
Здраво , незз дали постпородилна депресија можи да се добие после осмиот месец од порајѓај . Малото веќе е осум и пол месеци , на почетокот нормални реакции и измешани емоции, но сега веќе се ми стана неподносливо , воопшто не сум спиена, дома сум по цел ден со малото со исклучок по еден саат или два со кенгурот го шетам , а голем е веќе за во кенгур ,за количка неќи да чуе , мажот ми е на работа поголемиот дел од денот, во тој период гледам се да ми е средено цакум пакум и ручек и алишта и бебе . Навечер малото само во раце сака да спие , само што ќе го легнам ќе стани , нервози в крај , плачи за се и сешто, ништо не му е погодено колку и да се трудам и многу нервозно е станато. Се чувствувам како контролата да ми бега од раце и дека потфрлив како мајка. Премногу сум изнемоштена , штом почни да плачи малото нервози небесни мислам ќе добијам фобија од детски плач.
Не е пост породилна, анксиозност е... Иста бев, се јави некаде околу 3 от месец .. За жал уште знае од време на време да се интензивира и после 7 години. Плус додатно со неа не спиење, проблеми... Се си допринесува.
Иста сум, неспиена секој ден. Почнавв и мн повеќе да јадам од стрес. Синко по цел ден станва се крева кај ќе стигне пазам нонстоп каде паѓа па одмор ич. Кога спие денски што побрзо да направам. Помош никаква, колку пати сум плакала...