Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост-породилна депресија

Дискусија во 'Бебе' започната од SANY4E, 1 октомври 2011.

  1. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    како што ти пишав погоре за жал таа си има други маки и проблеми :( ама ова нема никаква врска со пост породилна депресија .. пост породилните депресии кратко траат
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  2. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    За да не дојде до пост породилна депресија ми препорачаа да сум земела бедоксин веднаш откако ќе се породам па незнам колку би било ефикасно
    А иначе сите родилки ја поминувале таа депресија, но траела каратко како што пишала zalosna
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Некои мајки опишуваат дека им се плаче, а јас осеќам празнина и како да немам солзи. За жал, не знам дали кај мене е ова пост-породилна депресија, ама многу лошо се осеќам. И тоа почнав вака да се осеќам непосредно пред 1 роденден на син ми. Претходно се беше супер, и наеднаш како да паднав со психолошка јама. Имам чувство дека имам 90 години, дека сум сита од животот, дека сум болна или наскоро ќе се разболам од рак, дека нема надеж за ништо, едноставно не му се радувам на животот. Единствена радост ми е синчето. Ама почнав и кога сум со него да разммислувам дека ова ми се последни денови и дека нема да се сеќава на мене. Можеби е пост-породилна депресија, можеби е склоп на целата ситуација, стрес околу купување стан, бебе, будење секој саат навечер, мојата циста на тироидната, болест и смрт на моја многу блиска личност :( Како и да е, не можам да се сетам како е да си безгрижен и среќен. ;( ;( ;(
     
  4. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Веќе 2 недели како ме снајде ова. Од толку среќна весела личност не знам како можеше да ме снајде :(. Само ми се плаче, немам волја за ништо. Не знам како ќе ја израснам малата. Оваа огромна промена во животото многу тешко ја прифакам некако. Ненаспаноста си го прави своето плус. Ако има некој што ја поминал оваа депресија нека каже како успеал и за колку време поминува. Јас сум страшно исплашена дека нема да ми помине и дека ке збудалам скроз :(
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    До хормоните е мајче....дај си време и простор, промената е огромна + организмот и умот се' уште не ти се во баланс. Мораш константно да си повторуваш и да знаеш - оваа состојба нема да трае вечно, имај трпение и се' ќе си дојде на свое место !
    Дефинитивно и уморот го прави своето, да не речам најмногу тргнува од него...пробај да ангажираш луѓе околу тебе кои ќе ти помагаат во секој момент, а ти слободно дозволи си го луксузот на едноставно дремење и уживање, и немој ВООПШТО да чувствуваш грижа на совест! Одморена мајка е супер мајка, ама тоа само ние го сфаќаме, затоа зауздај ги околу тебе сите и одмори си ги телото и умот :)
    И радувај му се на бебето, ама вистински....непроценлив дар е здраво право бебе, допрва ќе сфатиш :*
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  6. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот многу ми значи. Се трудам колку пто можам. Помош имам но иште 1-2 недели. Потоа останувам сама со мм, а он работи што значи скроз сама ќе бидам. Тоа дополнително ме плаши. Како ке спремам доручек, ручек? Имам уште еден страв а тоа е дека ќе си останам дома затворена додека не наполни бар година. Затоа што не знам кај ни одела со волку мало бебе кое што плаче постојано, нема ред на спиење, јаде на 2 часа и буквално сум во хаос. Ова ке се среди ли некогаш :(
     
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ќе се среди. Замисли како ни беше нам мајките кога немавме компјутери дома и интернет!? Сега преку компјутер го имаш светот на дланка, фб, скајп, одлични статии, вести, бесплатни филмови
    и музика нон-стоп.
    За ручекот има решение. Кога готвиш, готви двојно и тоа што може да се заледува 1/2 во фрижидер. Направи си неделно мени и ќе ти биде полесно. Работи плански и на крај краева па и да не постигнеш да зготвиш, секогаш ќе се најде нешто за мачкање и грицкање. Не се плаши! Сите мајки го поминале тоа, па и ти. И покрај помошта што сме ја добивале од блиските сепак сме се чувствувале исто како и ти, беспомошно, но ќе мине. Само stay positive. :sun: :music:
     
    На Mihaela123456 и chocolade им се допаѓа ова.
  8. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Добра идеа ми даде со готвењето. Ќе морам така да се снаоѓам. Се обидувам да бидам позитивна, појам и Б6 малку за смирување. Размената на искуства со вас исто така ми е од помош. Фала многу :*
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Чоколатке не се секирај толку. Можеш ручек и навечер да направиш кога маж ти е дома за да има кој да се справи со детето. Или ќе подработуваш додека детето спие. За чистење не се замарај, остави тоа за викенди, па за викенд може и маж ти да се приклучи. Очекувај дека неможе све да ти биде под конец како претходно. Ако ти доаѓаат бабите и дедовците приквечер, без размислување барај помош. Мене така бабиве на пример или ќе ми измијат садови или ќе ми испеглаат. Ако треба домашната работа остави ја, ти глеј си го детето.
    Бебето кога ќе потпорасне ќе заретчи со цицање, ќе можеш и да излезеш по на раат. Мојава на пример, задниов месец цица на 3 саати. Плус ќе створи навики и една на друга ќе се навикнете. Ќе знаеш кога спие, колку спие па ќе можеш да си го испланираш денот според неа.
    Ќе се опуштиш со тек на време, на почетокот првите 2 месеци се постресни ;)
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  10. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Немам млеко јас, повеќе сме на адаптирано. Мене ми е страв, не знам кало се ствара навика да јаде на 3 саати, да спие во исто време?? Ако може тоа нека каже некој. Или само по себе си доага тоа? Јас да знам кога спие би си го организирала времето. Или би легнала да одморам. Ама вака без ред ни навечер наспана ни преку ден. Се надевам ќе дојде ден кога и кас ќе мислам како вас и дека овој период ќе се заборави.
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    ^^
    Самото си ствара навика, а како е поголемо така има помала потреба за почесто јадење, и за тоа самото ќе ти "каже" :)
     
    На Glasna и chocolade им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Времето за спиење можеш да му го подесиш ти и добро ќе ти биде да си фатиш на време, но сега е рано уште. За почеток следи го неговиот ритам и ќе си знаеш отприлика кога спие и колку и понатаму продолжи си по тој ритам. На децата секогаш им е убаво кога си имаат ред на спиење, јадење и помалце се нервозни, а и ти нема да си исто. За ноќното хранење и одвикнување имаш посебна тема, таму има секакви искуства и добронамрни совети.
    bebe/odviknuvanje-od-nokni-obroci-t12168/

    И еве ти една веб страна http://www.babycenter.com, регистрирај се и се што те интересира има таму. Како ќе напредува бепчето, така ќе ти излегуваат секојдневно нови и интересни теми.
     
  13. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Фала ви женски многу. Со споделувањето на вашето искуство колку толку ми олеснува. Ќе се регистрирам на веб страната :* и едвај чекам да ја разлистам темата за одвикнување на ноќно хранење. Претпоставувам одкако ќе пораснеме малку, уште имаме 17 дена.
     
  14. agapii

    agapii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Imam edno prasanje cela bremenost mi bese so stres sega pred pragaj sum uste poveke dali postporodilnata depresija e ista kako obicnata ili e polosa dali si svesen za nea isto me interesira i za postporodilnata psihoza koi majki može da zapadnat vo takvi sostojbi dosta šum isplasena pa sakam da znam i ako ima nekoj takvo iskustvo da mi pise
     
  15. Постпородилна

    Постпородилна Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите кои ке прочитаат.. Занекои може ке биде апсурдно ова што го пишувам но навистина ми треба помош и мислам дека разговор за слични искуства би ми помогнало.. Се породив пред 4 месеци, имам прекрасна керкичка и до пред 10-ина дена навистина уживав во мајлинството.Едно попладне од никаде ми дојде слика во главата како си го повредувам бебето.. Ја изигнорирав но се појави повторно и почна да ме обзема чувдтво на паника и страв! Еве веке 10 дена се мачам со ова.. Се убефувам дека се само мисли и дека јас не сум луд човек и дека нема нешто што сакам повеќе од керка ми но мислите не си одат!!! Читав на интернет дека ова нешто е вообичаено и се нарекува постпородилна анксиозност проследена со деструктивни мисли.. Претпоставувам дека сум сеуште несвесно во шок што сум мајка и ова земјотресиве од памет што ме испоизвадија и се тоа проследено со неспиење цицање грижа за дом и слично си го напправија своето и сега мислам дека сум во пеколот! Ме боли душата што имам такви слики во главата и би била благодарна доколку има некој да сподели искуство и да препорача психијатар, сакам да посетам! Значи ова не е депресија од типот дебела сум или другарките ми искачаАт јасседам дома, ова е пекол.. Ме боли душава и срцево веке! Би била повеке од благодарна доколку некој сподели искуство..
     
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Полека душичко, немој само да креваш паника :):f: Ти си западнала во таква состојба од која патат скоро 80% од тазе мамичките, тазе породилките:f::f::f:(да им даде Бог на сите здравје и среќа):) и затоа се вика постпородилна депресија или така наречена БЕБИ БЛУЗ болест. Значи не си прва, многумина се соочиле со такви негативни мисли кои мозокот сам им ги прожектира, се разбира поради големите хормонални промени, стрес и др....мисли позитивно, бори се против такви црни мисли кои ти надоаѓаат со свесен ум, поразговарај со некоја блиска твоја особа и се разбира не е лошо да посетиш и лекар.
    Поздрав:) честитки за бебето и само со здравје и бистар ум низ животот:hug:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Постпородилна

    Постпородилна Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Благодарам од срце! ❤️ Јас мислев нема никој да ми врати.. Сум слушала за постпородилна депресија ама јас ја замислував поинаку.. Ова ми дојде како невиден шок затоа што не си оди.. Кога ке се искажам вака ми олеснува ама свесна сум дека сум во некаква состојба и дека би ми помогнало ако разговарам со доктор. Да не случајно имате препорака за психијатар добар? Да не лутам? Благодарам уште еднаш што ми одговоривте ова е ставрно измачување..
     
    На rose60 и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Jas sepak mislam deka ova e eden vid na postporodilna depresija... Stravot e del od depresijata. Te molam da ne citas na internet i da razgovaras so psihijatar.
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Незнам каде живееш, но секој е добар за оваа проблематика да разговараш..види и со гинекологот твој порзговарај, со матичниот доктор, со твоите родители....не би ти препорачала со сопругот да разговараш за тие мисли што ти навираат..Но едно да ти кажам дека цел живот кај секој човек во ненадејни моменти, неочекувано, знаат да се појават неубави сценарија, бино е да знаеш да ги контрлираш и да ги исфрлаш д глава...Ајде лека полека и ке помине(fingers)
     
    На Постпородилна му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Draga,potpolno te razbiram.Do pred nekoe vreme mene vo glavata obicno navecer koga ke legnev mi idea sliki vo glavata kako go drzam maliot na balkon i deka mi pagja od race....beshe strashno...nikako ne izleguvav na balkon so bebeto oti mi beshe strav deka ke go pushtam....koga ke mi dojdea tie misli si velev samata sebe si dosta ,nema takvo neshto i vednash mozokot na dr mesto go prenasocuvav.Pomina samoto od sebe.Mojot post e samo da ti dadam podrska i da znaesh deka te razbiram deka ne si sama.Ke pomini.pozd
     
    На Постпородилна, baba Rada, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.