Fala mnogu! Polesno e koga znaes deka ne ti se slucuva samo na tebe.. Eve i jas dojdov do stepen da ne mozam sama da ostanam so nea i veke alarmantno mi stana morav da prevzemam nesto.. Da se obtatam na nekoj.. Kako i da e znam deka moram da bidam jaka i da se uveram deka ke pomine! Kako i da e blagodaram najmnogu sto mi odgovori!
Nema problem.Ne se plashi ednostavno koga ke ti dojde takva misla pocni da go guskas bebeto i smeni ja mislata.Misli na nesto ubavo.Jas bev sama vo toj period i nikoj od moite neznaj so mi se slucuvashe pa si pomina samo od sebe.Sto i da ti treba slobodno obrati mi se.Glavata gore,ke pomini,period e.
Pred 5 meseci se porodiv,i doziveav eden vid na teska postporodilna depresija.Mi bese mnogu tesko. Pocna se od samoto poroduvanje.Pred da se porodam,imav problemi,prvo zabremeniv invitro,celo vreme vo strav dali ke bide do kraj,sto moze da se sluci,posle tri meseci od zabremenuvanjeto na mm mu otkrija tumor na testisi,toa bese eden tezok period vo kon jas pstanav pozitivna i vesela i site gi tesev i gi ubeduvav deka ke bide vo red.Mm odese i na hemoterapija i za seto vreme bev pozitivna,a ustvari bev vo grc,se plasev od posledicite od seto toa.I koga dojde red da se oslobodam,koga se porodiv,e togas veke psihicki padnav.Se cuvsrvuvav mnogu loso.Sakav da mi se vrati dosadnoto sekojdnevie,kako da ne go sakav deteto koe tolku mnogu fo ocekuvav.Ne go zimav vo race.Me bolese glava od anestezija,me bolea gradi,se mw bolese i celata vina ja prefrlav na deteto.Lele sega mi paga tesko,na samata pomisla deka takvo nesto sum mislela.Ne sakav da se cuvstcucam taka,i sama barav pomos od psihijatar.Ama luge bozji bez razlika ne sakav da se vrzuvam.Plcnav da pravam raboti koi me ispolnuvaat.Izleguvav,odev na frizer i zamislete koga bev izlezena ni ednas ne pomisluvav na moeto dete.Ne sakav ni pod razno da oatanam sama so deteto,me nervirase se.E tuka me fati strav,tuka me fati edna panika.Mnogu pati sakav da si odzemam zivotot.Ama eden den si rekov,moj mozok,moja misla.Bese tesko,ama eve poleka se si doaga na mesto.Iako uste me fakaat periodi.Iskreno mislam deka ako imase so koj da spodelam iskustvo,koj da mi kaze sto se me ceka mozebi nemase da se sluci sevo ova.Zatoa ja napraviv ovaa tema,za da gi ohrabram site koi se cuvstuvaat vaka,da pisat,da kazat.Sam nisto ne mozes da napravis.
И јас имам слично искуство. Исто така потешко останав бремена ама по природен пат,цела бременост ја поминав дома лежејќи и по доктори,пораѓајот ми беше со царски рез кој помина добро но во болница не бевме добро третирани и не ја добивавме потребната нега па отпосле имав проблеми со инфекција на раната. Плус,еден тежок период на навикнување со бебе доење при немање млеко,малтретирање од блиски болки големи од операцијата... На сето тоа хормони се менуваат после пораѓај и хемијата во мозокот е друга и оттука нашата постпородилна депресија доаѓа. Ама јас никогаш не сум излегла да го оставам или да не го земам во раце,само бев страшно нервозна и повлечена никој не сакав да видам и да комуницирам.
Скоро пет месеци како сум породена и мислам дека сум во постпородилна депресија. Имам несоница, црни мисли, тежина некоја осеќам во градиве. Нервозна не сум. Бебето си го гледам, уживам со него. Со ручеци, спремање не се замарам многу. Памет ми дојде, за разлика од претходните два пати, кога се гледав да завршам, а децата плачат, и бев многу нервозна тогаш. Сега највеќе ме загрижуваат овие црни мисли што ги имам. Значи некогаш мислам дека не сум нормална на све што не ми се мота низ глава. Од судари, прегазувања, паѓања, смрт, дури и погреби. И тоа се за моите деца. Не сакам да мислам вака. Се стресувам, се ежам цела, ама не можам да се контролирам. Сакам да посетам стручно лице, ама не знам дали во мојов град има.
Иста сум и јас, одсекогаш ме мачеле тие црни мисли, ама откако останав бремена многу зачестија. Дотогаш за себе толку и не си се плашел, ама откако ќе добиеш дете стравот станува многу, многу поголем. Што ми се мота низ глава подобро и да не кажувам......... со ноќи не сум можела да заспијам. Тоа не би го нарекла постпородилна депресија бидејќи чинам симптомите за неа се други. Мене многу ми помогна откако му се искажав на мм, тој е многу оптимист човек и разговорите со него многу ми помагаат. Исто и кога ќе почнат да ми доаѓаат такви мисли се замивам со светена вода и одма ми е подобро. Убаво е и да се посети и стручна помош, ама ете јас никако да се одлучам.
@НаталиЛили и јас сум иста со тие мисли. Ако не е за него, за мене ќе мислам, или за блиските, ама мора секој ден некоја таква мисла да ми помине. Веќе измачување е. Еднаш штом тргне мозокот да размислува така, многу тешко е да се вратиме во нормала. А и потсвеста е многу лоша работа, ако преку ден се исконтролирам и ги тргнам мислите, ноќта обавезно сонувам лоши работи за мене и за семејството. За стручно лице, побарај сигурно има, распрашај се за психолог за разговор и помош, не е лесно минлива состојбава. Јас последно бев зимата, и за терапија сум, штом се одбиеме од доење планирам да почнам.
Јас дефинитивно сум во депресија,свесна сум за тоа и се трудам да си помогнам ама тешко. Почнувајки од тешкиот пораѓај, потоа новата улога на мајка,колку и да е непроценливо толку и исцрпувачки, потребата да ја имам мајка ми до мене во овие моменти која ја имам изгубено пред 5 години...и ред други причини кои придонесоа да се чувствувам осамено,затворено, тажно, НЕРВОЗНО. Самата нервоза предизвика несогласувања со мм и наместо да имам поткрепа од негова страна, дополнително се чувствувам осамено. Се надевам ке помине периодов и ке си дојдм при себе...
Мајки мене за постпородилна депресија многу ми помогна витамините Б6 по 3 на ден. Пробајте пијте 1-2 недели, може ќе осетите подобрување... И не се секирајте ке помине со време
Три на ден нели се многу Б6 е исто што и бедоксин. Јас во бременост пиев една кога ќе осетев дека сум напната т.е нервозна. Не редовна и ден денес кога осеќам нервоза знаам да земам но повеќе мислам дека стануваш зависен од нив.
@TutiFuti тие се витамини, можеби потсвесно ти делувале да мислиш дека не можеш без нив. Кај мене па никакво дејство немаат.
Незнам јас никогаш во животот немав проблеми со несоница и никогаш не бев нервозна како што бев во бременоста и почетокот ос кога се породив мислев ако не се напијан бедоксин и парацитамол често глава ме болеше неможев да спијам.
И јас, останав природно, ама потешко, цела бременост со страв ама не покажував пошо ме напнуваа. Се породив природно, лесно и брзо. Ама дома изби. Рана боли, потење, температура. Бебе фати жолтица. Напнуваа стариве. Јас се понервозна и понервозна. Да не е мм не знам кај ќе завршев. Се убивав од плачење, се ми сметаше. Бев свесна што е. И им кажав, сфатете ме, се породив порано и не очекував имав уште 2 недели до крај. Отидов на преглед се вртив со бебе, се ми е ново, оставете ме да се средам. Тек сега на месец детево се поврза со мене. Тежок период ама се средив мислам.
И мене ме фати оваа депресија. Кога се породив првиот месец се чувствував ужасно. Не можев детето да си го земам, како да го одбегнував, солзи нонстоп ми течеа, плачев многу и плус што не успеав да дојам. Сега се чудам како сум можела таква да бидам. Не можев да му се израдувам на бебето асално. Но помина и тоа, после еден месец се вратив во нормала.
Majkicki da ve prasam nesto.smee.da.pie.doilka.za.smiruvanje osven b6? I ve.molam.nekoja.ako.ima.iskustvo.so kako.da.kazam.postporodilen strav da mi objasni kakp da.go minam, ne samo za.sega tuku I za ponatamy. Me uzasnuva custvoto sekoj.den da se budam so pomislata.koga ke pocne da.place...kolky vreme.ke.place...nemlzam ni dowc.da.odam.. si pravev moltiva I si vikam zosto, dzabd kphs so ova placko nemozam.nigde da mrdnam... se osekam.uzasno bidejki.vo.momenti bespomosnosta me.tera da pomislam na.nekpi raboti kpi ne se ubavi, id edni glupavi grcevi.. I na kraj denkt ke si dojde mazmi id.rabota I so.nego ke se skaram mislis toj mi e kriv sto placi deteto...uzssno mi e
Мајка доилка ама апсолутно ништо за смирување не смееш да пиеш освен B6.Се излачуваат лекарствата во млекото. За поинаква терапија ти советувам консултација со соодветен доктор.Пробај да се релаксираш на други начини. Мајка си нормално е да си загрижена за бебуш зошто плаче. Период е тоа ќе се издржи. И јас имам искуство со еден плачко, кој сега е многу умно единаесетмесечно бебенце Поздрав.
Мајка нормален ти е стравот. Исто и мојата многу беше плачка и јас цело време под стрес бев што да и правам ако се разболе ако плаче.Па и јас некогаш плакав.Многу ми беше стресно.Накај 4-5 месец детето се потсмири малку и помалку плачеше.Исто и јас како тебе мислев да не излегувам оти плаче и да не кажам 7 месеци само кога морав и се со мм .Мислев само моето плаче.Мајка мора оно да плаче да каже дека ми се јаде, дека е какано, меше дека го боли, дека му се спие мојта тогаш беше најгласна.Гледај излегувај и дома ќе ти плаче.Малата не сакаше ич во количката стара, ниту кенгур и само во раце ја носевме.Кога излегував гледав да ја надоам и да знам дека нема за јадење да плаче.Јас кога наполни 1 год сама си решив дека премнпгу долго бев под стрес и сама си се опуштив.Сега нон стоп е болна оти оди во градинка ама не паничам никако знам дека се минува.Брзу ќе порасне , опушти се бебе е ќе плаче чувај живци.Можеш б комплекс да пиеш.