Еее што плачење имам удрено може цела година со првото. Знам дека е мачно и се чувствуваш беспомошно ама само мисли на тоа дека е период и ќе помине. Само Б6 или Б комплекс друго не смееш, барај помош ако имаш. Денес сретнав една колешка со бебуш мал како ми дојде желба да знаете, море и плачење и мачно е и се ама мили се бре многу
Последниве неколку месеци многу сум напната, нервоза не можам да се контролирам дури некогаш. Све ме нервира дури и плачот на детето маж ми не ме сфаќа ми прави уште потешко и полошо да ми биде. Постојано по цел ден сум сама дома со детето немам време за ништо. Толкава нервоза чуствувам што некогаш дури и се тресам. Немам на кого да се доверам никој од оваа дебилна средина тука не би ме разбрал. Не знам што да правам мислам дека ќе експлодирам дека ќе направам нешто лошо.
I jas se pronajdov vo istata situacija i vo site poraki pogore. Sinko e 5 nedeli star, mm e na rabota od 7 sabajle do 9 navecher, raboti privatno i moze da zavrshi koga saka.... si pie po 5 kafinja so drugari a foma da si dojde nema vreme da ispie edno kafe so mene. Pominuva 10 minuti so sinko navecher i koga ke pochne da plache odma mi kazuva da go zemam. Sinokja mu kazav dokolku ne se promeni za nekolku meseci kje si zaminam od nashiot dom. Isto taka mu kazav deka mi treba odmor od nego, a negoviot odgovor beshe deka kje mu bide prazna kukjata, no ne mozel da me moli da ostanam. Bebe e voznemireno, go imame prviot skok vo razvoj, ne spieme... nikakva poddrshka, nikakva pomosh... Ne znam dali sum jas, moite hormoni ili toj.... Rszmisluvam za zivot bez nego, pred da go imam razgovorot so nego sinokja plachev, no od denes se osekjam posilna, seka ne treba da placham i deka mozebi e najdobro da zaminam inaku vaka ne sum srekjna
Bulka12 во слична ситуација сум била а можеби и уште сум само сега ми пораснаа децата и сопругот превзема доста одговорности околу нив дека сега се големки, едносто е и самостално. Он се вадеше на тоа „ на детето до 4 години му треба само маја а после и татко“. Мнг се нервирав, имам пишувано и во темава, бев депресивна а потоа сфатив дека тоа било доста и заради негово невнимани и негрижа. Исто така се заканував со одење и око не му трепкаше. Се осекав ко во затвор а затвор и беше. Со време научив да се контролирам, да си гледам повеќе за себе. Решение не најдов но откако потораснаа се подобри се. Сега тој ги шета и по спортови и градинка ги носи. Од тој период донесов поука дека на светов сме сами и сами за себе треба да се грижиме, да бидеме себични. Детето сега е зависно од тебе но истрпи го периодов за него. Биди смирена за него и тебе ке ти биде полесно и полесно ќе си врви денот. Во врска со сопругот во мојот случај се освен горе објаснетото беше во ред и затоа сум уште со него. Тоа е неговата себичност а не дека не ме сака. Просто е таков, саможив, премногу себичен, негативен, растен во средина без љубов и покажување емоции но него сум го одбрала има и позитивни страни секако. Најди си љубов и утеха во детето. А тоа ке порасне и се ке стане полесно верувај.
Не е до тебе. Мажите многу често се опуштаат, си тераат живот како претходно кога не биле женети, а цел товар од родителството го оставаат на мајката. И јас имав некој вид депресија кога се породив со ќеркичката. Многу лошо се чувствував, дури сега кога ќе се присетам се потресувам целата. Маж ми одеше на работа, јас цел ден сама со детето, имаше грчеви , не сакаше да цица, не сакаше ад, намалуваше килажа, плачеше , шизнував. Во почетокот проба да ескивира, као да испушел цигара, нели пред бебето да не пали, ќе искочи надвор и ке го нема два саати. Ај еднаш, ај два пати така и без депресија имам краток фитил,кај цел ден е на работа, уште дома кога е да не ми се најде, впрочем јас не сметам дека нешто ми помага, негова обврска е заеднички да го вршиме родителското право. И така третиот пат, бебето спиеше во еда соба, во друга соба го викнав, леле кога сум го собрала не знаеше кој крај да го фати. Му кажав дека ако во брак живеам како самохрана мајка, тогаш навистина ќе бидам , барем нема да имам обврска брак. Тој знае дека никогаш не зборувам напразно и за крај му дадов ултиматум: имаш рок од три дена да го спасиш бракот, во спротивно знаеш деа никогаш не се кажувам колку да биде речено. Од тој ден почна да функционира како што треба. Јас и мажите ги разбирам дека таковството го доживуваат како нешто ново, измешани чувства и емоции, но не треба нити тие, нити ние да дозволиме да се оградат од обврските кон детето. Тие се заеднички, не е тоа помагање! Еве три години функционираме тимски. Еден спрема јадење, друг занимава и чува дете, јас на работа тој готви , зема дете од граднинка, преоблекува, рани и.т.н. Кога тој е на работа , а јас слободна истото го правам. Кога сме двајцата дома, повторно имаме заеднички обврски. Кога не бев вработена превземав повеќе обврски дома, зошто маж ми навистина многу работи, оди на работа и приватно работи , доаѓаше преуморен и повеќе обрски околу детето и дома ги превзедов јас, но детето потпорасна и му напоменав дека е вака додека да се вработам, после си знае стара шема. Во твојов случај , воопшто не е во ред однесувањето на мт, си му кажала отворено, почекај дали ќе се смени нешто, ако не верувам дека ќе донесеш паметна одлука.
I kaj mene e isto ... cel den sum sama ... od nikogo nemam pomos veke pagjam od nespienje cel teret na mene ... pa mu kazav ako ne se smeni sakam razvod barem ke bidam slobodna ... jas toa dege ne go donesov od doma pa sama da go cuvam ... izgovorot e pa trebaat pari treba da rabotam ... a ne e taka vo dobra sostojba sme
Sto e so maziveee? Kako.mislis nie.ne.sakame da pieme.kafe so.drugarkite?? Da.izleguvame, da.ne nema.cel.den... sto.pravat.deca.koga ne mislay da.gi gledat?? babata.I dedoto.zosto.bile.baba.I.dedo,.da.pomagaaat?? Ma.molim lepooo.. preky.glava mi e.. toj imal.utakmica, ke odel da.gleda.utakmica,.ke.odel da.vezba, samo.izgovori da.ne.sedi doma...koga sedi, greota.zosto.placelo.deteto...zemi.go,.kaj tebe se.smiruva, ti si mu majka
Znachi posle se shto ste pishuvale, kako site mazi da idat od isto mesto, od ista shkola... doagja doma od rabota, direk na cigara se izleguva nadvor i zboruva na telefon 1 saat, se tushira 5 minuti bebe i zavrshi negovata obvrska kako tatko. Doma nishto nema pomozeno, vechera i se ostava na rabotnata masa. Isto ke bide doma 1 saat zoshto se tushirash detevo plache, pa plache ama ima tatko da go smiri, ama greota e tortura e ova. A tortura za mene e tvoeto igranje tenis, tvoite izleguvanja na pivce, na kafe, rabotata koja ne moze da zavrshi pred 10, a koga kje zavrshi dogovoreno e neshto drugo. A jas koga ke izlezam so bebe pazi da ne nastine, nemoj vnatre da sedite, samo nadvor..... Ma ajde molimte kako shto reche @ilyan dokolku sum vo brak i izgledam kako samograna majka, ke bidam samohrana majka i nema da treba na nikogo da mu robuvam, da mu chistam ili da mu gotvam....
Мажите се такви колку што ќе им дозволиме да бидат. Ако не чува дете ќе готви, чисти ило било која друга обврска. Како така? И јас сум на работа и тој е. Зошто да не пијам кафе со другарки и јас? Што е разлика татко и мајка? Исто е, само што тој не дои. Што треба јас и на работа, дома, дете, ручек, а тој работа и сите пет у вис? Е нема! Башка , тој си знае и без да му кажам што е заедничка обврска и греота е да се жалам, навистина од тогаш навака сите обврски ни се поделени без приговор дека само ми помага и тој си кажува дека се што прави е негова обврска. Детето не сум го донела од Тунгузија, негово е , родителското право е подеднакво, сигурно нема да живеам како самохрана мајка во брак. Да оставев на случајност тогаш, можеби сеуште би било така, можеби и не, но се знае, мора да се реагира на такво однесување.
Девојки се надевам некоја лекција може да може да може помогне,погодена сум пред 2 и пол месеци имаж прекрасно здраво девојче по природа сум анксиозна во комбинација со хопохондричност иако немам конкретна дијагноза од лекар.Се беше во ред од кога се породиф освен очекуваните бејби блуз и малце анкс помош имам и од мажот ми и подршка и мајка ми беше тука (бидејки живеам во сттранство) но мајка ми денес си замина а мажотми ена работа што значи јас останвам сама со бебето дома, што ми отвори дополнителен страф дали ке се снајдам сама но тоа не е се пред околу 3 дена бебе не беше ок нешто грчеви со стомачето плачива бидејки ја дојдам па воведовме малку ад навечер ама не и го примаше организмот изгледа и малце поднастината морето затнати и нормално спиење навечер слабо.Настината и јас и со вртоглавица и тука нормално проработува хипохондријата кај мене мн раб ми се собираат наеднаш и имаше една членка во оваа група пишано ми надојдоа мисли дека си го повредувам бебето значи страшно и персистираат неможам да ги оттргнал неколку дена само плачам со бебе ми е страв сама да останам.Помош слично искуство некој совет се е добредојдено.Очајн сум морал негде да се искажам да олесни иако и на маж ми и на мајка ми му кажат отприлика што е и како е. И извинете на грешните зборови погоре ауто проект си го прави своето.Се надевам ке разберете.
Не знам во која земја си, но прашај дали може да доаѓа патронажна сестра. Ќе те советува и тебе и ќе дава совети околу бебето. Сите лоши мисли или недоумици околу малото ќе ти бидат решени и одговорени и ќе можеш полесно да ги надминеш. Втора опција, групи за поддршка на тазе мајки. Прашај го гинеколот за истите во областа во која живееш. Се стоплува, користето го времето со малото во прошетки, и те како ќе ти помогне.
Во германија сум,инаку иди бабица тука до 12 нед секоја нед по 1 и го мери и мене ме прегледува основните работи а и се што ме интересира можам да ја прашам.За групи за подршка немам слушнато треба да се информирам дали воопшто има,за излегувањето од ко е родена малата можам да речам дека нема ден а да не излезам барем по пола саат ако не појкќе.Се е во ред и прошетано и бебе здраво живо ама пуста анкс си го прави своето.Сепак фала на советот ке се потрудам да побарам помош да видиме што нуди околината
Изгуглај Postpartale Depression, Diakonie(и твојот град). Не сум сигурна, но мислам они нудат бесплатни советувања, средби и разговори со стручни лица и сл. Најди број на нет и направи термин.
@Alice23 мајка јас бев во иста ситуација како твојата. Со мм живееме странство и кога се породив дојде мајками ама седеше само 3 недели и си замина. Мене ме фаќаше депресија дека не успеав со доење а многу се трудев и бев нервозна а знаев и да си по плачам. Ама се освестив на време. Мм беше цел ден на работа јас сама со бебе, значи потполно сама ни роднини ни пријатели немав. Немав со кога кафе да испијам или да помуабетам. Мм си идеше многу доцна од работа јас цел ден сама. Си се дружев со форумов. Јас среќа имав дека бебево ми беше многу мирно, се плашев многу ама мака никаква не видов. Сега сме 9 м и се успевам сама. И за нас да зготвам и за бебе 2-3 пати готвам и чистам, мијам, перам, алишта суредувам... Шетаме со бебе скоро секој ден. Мораш да бидеш добра и да не се плашиш, му требаш на тоа мало душиче најмногу од се. Не дозволувај да западнеш во депресија. Пишувај тука олесни си ја душата, искажи се на некој не чувај се во себе, се што те интересира прашувај имаш многу теми за бебе.
После долго време се одлучив да пишам тука а редовно ги читам темите во бебе.Инаку фалаза одговорот и подршката.Јас не сум баш сама тука имам и други блиски роднини но некако не ми иди да му доставам со мој проблеми.А за ро дека му треба на бебушот се ке направам само да сум ок но некако тешко ми оди со оттргнувањето на мислите овај пат, бидејки сум имала и други пати вакви периоди што се вообичаени за човек со анкс само сега што појкќе ме плашат бидејки се поврзани со моето дете.
Веќе 6 мес.откако се породив ама во последно време се осеќам ко во депресија. Немав ни тежок пораѓај ни проблеми ама новата улога на мајка и тоа што од никого немам помош ме исцрпува. Се чуствувам многу осамена плус тоа што сум ненаспана. Со мажот ми не се разбираме околу оваа тема. Воопшто не ми помага со бебето и тоа ми ствара дополнителна нервоза. Незнам што да правам се осеќам како лош родител и мн сум негативна. Како да си помогнам?
Никако, на психијатар одев и џабе, да напоменам дека маж ми многу ми помагаше... Па викања, трескања, нервози..плачки... Сега се намалува, ама тек после година дена. Вероватно е некоја нормална фаза.
Не си лош родител. Јас спобудалувам он си живее како ерген за него животот не се сменил ни најмалце.. едноставно го нема тој човек што се омажив за него што ветуваше дека заедно ќе чуваме дете. Не знам што да кажам како да ги натераме да помагаат и да сфатат дека делиме исти обврски. И јас сум скроз сама и те разбирам едноставно влијае на психа 24 часа си со бебе напната да фо чуваш да му угодиш се да е средено под контрола а помош никаде. Како во домашен притвор некогаш треба одмор да седиш сама да излезеш... само збори му цело време и терај го да помага друго чаре нема
Ништо, не е од тие што одма антидепресиви препишуваат. Јас си пијам релаксан, зошто е на природна база.