Да се надоврзам на темата мене психијатаро ми даде арипризол (антипсохотик),флунисан (антидепресив)и лоразепам.Да напоменам дека мене ми беше дијагностицирана голема депресивна епизода со психотични елементи.Терапијата треба да ја пијам 2 години со намалување на дозата ,јас ја пијам веќе 6 месеци и дури сега почнувам да се враќам во нормала.
Ужас луѓе...Веќе сум сигурна дека имам ПНД...Чувствувам тага огромна, плачам секој ден, избувнувам без врска, се карам и после се каам...Се тресам за секоја ситница, се секирам ненормално многу за бебето. Знаат најблиските, само родителите и сопругот ме сфаќаат...Се надевам ќе ми помине, не се поднесувам самата себеси.
Ne e ni cudno zosto doktorite vo Amerika, Kanada,... preporacuvaat . Prosetka po molovi, Wall-Mart uste od prv den se preporacuva. Nekomu mu e za cudenje ova, na drugi im e smesno "molovi" ama I te kako e polezno. 40 dena, ne komuniciranje so luge, izolacii,... se najgolemi neprijateli na denesnicata. Nemozete toa da go praktikuvate vo ovoj vek. Za bebeto, za Vas, za familijata,... treba nadvor da se odi I da se mesate so luge. Jas sum rodila pred 20 god vo Januar pa od tred den na prosetki nadvor go nosev I se dodeka bese vo vozdras so nas da odi, nikade ne osustvuvalo. Na mesec dena do tapani na ziva muzika top spiese , I da ne nabrojuvam deka I ne doev , neli po sovremen nacin kazano NEMAJKa , I mal miljon drugi pravila ,.... a sto corapi na noze mu stavav samo koga treba cevli da oblece Za dobro Vase I slozen zivot, bebe pod miska I site nadvor na druzenje. I bebe saka da se druzii, od se najveke saka veselo, zadovolno I srekno semejsvo.
Da ama znaes kakov imunitet ima bebe od mesec dena nikakov samite Dr ne preporacuvaat mnogu setanje I druzba do godinka
Грешка си, на недела дена ни кажа секое убаво време да го користиме максимално. На месец точно ја шетав вопарк, бевме цело друштво. Со деца се меша од 2 недели. Има појак имунитет од мене. Зошто да не го мешаш до годинка? На 1 месец ни кажа дури ако можеме секој викенд на водно да ја носиме.
Апсолутно е препорачливо шетање на бебето, секако ако временските услови дозволуваат (и тука пред се мислам на загадувањето, не на студот)
Izgleda necitas Prva recenica. Toa samo MK doktori preporacuvaat, zatvori se doma I od nisto mallku ospen. I na moeto mu protece nose posle edna nedela I odma antibiotic mu prepisaa ama Jas nikogas antibiotic ne mu dadov, Eve za 20 god ima pieno antibiotic samo ednas I toa koga bevme vo MK, strucnjacite ocenija deka imalo gnojna angina. Piese 2 dena I prekinavme za koga pojdovme na kontrola dobieme odgovor "videte kako ubavo za 7 dena se izcistilo".
Да не забегавте и претеравте малку со муабетиве? Јасно ви е колку голем проблем е депресијата (во случајов пост породилна)? Некој се бори со ова и бара помош и утеха а вие сте се запрепуцавале кои доктори повеќе разбирале дали наште или германските, и коа е помајка оти била/небила во мол. Бог да чува Па и крај краева мајката си ги одредува приоритетите за себе и своето дете. Можда пресметала дека ризикот да го прошета бебето во мол е помал од ризикот да ја потепа депресија па после да не се знае каде е крајот. Значи збориме за сериозна депресија како болест Не онаа депресија: “денес сум нешто down и ќе слушам цел ден november rain” па да солиме памет како сам можеш да си влијаеш
И во Македонија докторите се добро едуцирани и ги следат најновите препораки на СЗО, да не се лажеме. Македонија сме, а не некоја африканска неразвиена држава. Излегува, само на тие што живеат во ЕУ им е добро, а овде ништо не чини. Е не е така, и тука има луѓе кои биле во ЕУ, виделе како е таму па одлучиле да останат во сопствената држава. Не е точно дека нашите доктори препорачуваат седење дома до 40 дена (барем мене, тројца педијатри не ми рекоа “седи дома”) и дека препишуваат одма антибиотик. Дали имав постпородилна депресија? Веројатно не, но имав тешки денови, со многу измешани емоции, особено на почетокот. И да сакав да излезам првата недела, не можев. Прво, имав болки на раната од царскиот рез, и второ, бев во бунило, кое траеше цел месец, а може и подолго. Ете, мене ни крај памет не ми беше да излезам првите 10-15 дена. Ако има мајки кои сакаат да шетаат со новороденче, можат слободно уште првиот ден да излезат (ако баш некому до тоа му е дојдено). Никој овде ниту тоа го ограничува, ниту го забранува. А дека е тешко после породување, тешко е, кој што сака нека каже. Кај некои мајки може да биде и сериозно. Не сум сигурна дека појавата на депресија може да се спречи со 1-2 часа шетање по мол.
Јас лично кога се вративме од болница.. Со сестра ми излегов на кафе после три дена дома затворена.. Потоа и со татко ми на чај прошетав. Многу ми помогна на психа, а и физички се раздвижи зошто дома згрчена сум цело време. И туширањето многу ме опушта. Сметам дека сето ова, а и многу повеќе е потребно за секоја жена после пораѓање да остане при себе. Не слушајте никој, слушајте си го инстинктот и телото и умот. Никој нема да се грижи за вас колку вие самите. А во однос на бебето јас сеуште се поврзувам, не оди тоа така брзо ко на филм (барем не кај мене). Хормоните си работат, колку што се може контролирам.. Но идат поубави периоди со бебенцето, тежок е само почетокот.
Добар ден девојки. Јас сум нова на форумов до сега се немав осудено да пишам на ниедна тема иако се што ми требаше до сеа најдов по форумов но денес се решив да пишам бидејќи незнам што ми се случува мо треба мислење ваше. Се породив пред некоја недела после тешка и ризична бременост имав лесен и брз пораѓај кој беше спонтан. Во болница го зимав бебето у раце го шетав низ соба го зимав со мене у кревет итн се беше прекрасно и мн убаво се чуатвував се додека не дојдов дома. Се вратив болна и мм беше болен и бебето го зема свркавами да го чува додека да оздравиме го носеше само за цицање а после тоа бидејќи слабо цицаше ни дадоа дохрана и престана да го носи за цицање. Оздравев и сакав бебето да ми се врати горе кај нас и од тука започнаа проблемите кавги итн дека аум неискусна мајка ми треба помош итн и бебето да бидр доле и ја да одам таму за да учам шо какп треба. Јас знам дека мене ми треба помош ама кас сакам бебето да е со мене горе а за помош секако ќе иде да ми помага бидејќи доле не чуствувам никаква слобода сум стегната ќе се симнам и го гледам само некогаш ќе седнам до него ама се уште не сум мј сменила пелена ниту соблекла или облекла. Му кажав на мм он рече правел муабет да ми покаже шо како ама сеуште нишо се она работи. И незнам дали сетоа ова горе наведно доведе до мојот проблем едноствано немам апетит ниту можам да спијам се будам целата се тресам некое внатрешно треперење имам ме тера да плачам и си плачам а има моменти кога сум добро нормално ама некогаш наеднаш знае да ми се стресе црла снага сетоа тоа треперење и одма се менува. Пијам бедоксин ама ништо не помага секој ден се чуствувам се полошо. Знае наеднаш гужва да ме нервира. Кога сум со бебето некако се смирувам и преку ден ми е поарно ама преку ноќ се будам секогаш кај 4 30 и толку од спиењето почнува сетоа ова. Сакам бебето да е со мене ама во мене од кога дојдов дома од сетоа тоа дека сум неискусна итн ми јавија таков страв што бебето почнав како туѓо да го гледам да прашам дали се е добро дали вака да направам дали да го земам дали водата за млекото е добра се прашувам а јас сум му мајка. Незнам како да се справам ама од ден на ден се полошо ми е. Некогаш самата си викам ќе пкмоне ајде уште малку ќе го земеме бебето со нас ама некако чуствувам како да нема да биде брзо дека мм само наоѓа изговори. Запаѓам ли во оваа депресија??
Ауу девојко ти имаш сериозен проблем Поточно свекрва ти е со сериозниот проблем, што ја мавнал некој филм и влегла во улога на мајка, а твојот со постпородилната депресија е сосема нормален. Нормално е секое чувство што го имаш но проблемов со свекрва ти веднаш реши го! Јас веднаш би си го зела детето, не мора ни муабет да ѝ правам. Мајката колку и да е неискусна си има мајчински инстинкт за чување и засилена интуиција, така што не верувам дека ни твоето ќе остане не намирено. Зимај бебето и кажи ѝ ако планира да помогне нека дојде да зачисти, запегла или направи ручек. Гледањето на бебето нека ти го остави на тебе! Детето има само една мајка и верувај малку повеќе во себе, сѐ си можеш и ти сама!
А како да се справам со оваа депресија? Секој ден мислам се полошо ми е цела снага ми трепери плачам не јадам ми се гади од јадење слабо спијам дури и сопственотот дете почнав како туѓо да го гледам мислма психички се пореметив. Никогаш у животот вака не сум се чуствувала.
Колку ли вакви случаи ќе прочитаме... Пред да се зачленам на форумов, не знаев дека има луѓе кои се справуваат со вакви проблеми, дете да биде одземано од мајка, баба да изиграва мајка. Иди земи си го детето ! Како ви се дава на форум да пишувате и да барате совет, како мислиш филџан да ви е земен од дома, а не дете ! Твое сопствено дете, твое месо, твоја крв. И не. Не си во депресија, туку си под стрес ради тоа што друга му бива мајка на твоето дете. Земи си го детето па ќе видиш како ќе се опоравиш. 1924.
Синко има полни две години... Тежок е секој почеток на нешто ново. Нов член во фамилијата, за бебето нов свет... Се се менува... Мене ми беше многу тешко бидејќи не сакаше да цица, збрлавев си мислев бебето не ме сака и си плачев и си плачев. Не можев да спијам навечер, се си мислев дека некој ќе ми го земе, а и не дозволував да го држат во рацете ниту на мајками ниту на свекрвами... Тоа беше некој вид на љубомора, тие ќе ми речат оди одмори се, спиј - а јас не (сакав се да ми е под контрола) Со текот на времето се си иде на свое место... Сега кога ќе ми текне ми е смешно, но многу е битно да имаш поддршка од сите околу тебе!