Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост-породилна депресија

Дискусија во 'Бебе' започната од SANY4E, 1 октомври 2011.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Не си умислуваш, туку се наоѓаш во многу лоша ситуација која само ти можеш да ја решиш.
    Маж ти што не и каже на мајка му таа да не прави кавги,што не и каже дека ти си му мајка и дека ти ќе го чуваш детето.
    А и ти побогу, што им подаваш слабост да бараш да те научила да чуваш свое дете, демек не знаеш. Како си знаела во болница? Знаеш истото и дома да го правиш, ќе си го земеш бебето и нема да покажуваш страв. Ако не те подржува маж ти, земи си го детето и си оди, ако имаш каде. Колку и да сакам некого, вака да ми прави не ми го треба. Кога ќе се роди дете тоа е на прво место,па потоа сите останати.
    Ако не си го земеш сега детето, ќе остане така за цел живот. Детето нема да те чувствува тебе како своја мајка, нема да има близина со тебе. Ќе живееш исфустрирана и секако љубовта спрема маж ти ќе ја снема. Па ќе останеш и без маж ама и без дете.
    Затоа реагирај побрзо,па барем ќе останеш со своето дете, а маж ти ако е мајкин син нека си остане со мајката.

    Треба Заев да донесе закон за амнестија на снаите кои ќе ги задават ваквите свекрви. За доброто на цела Северна Македонија :rofl:
     
    Последна измена: 12 март 2019
    На Ljubica87 и Kitten им се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    @Emila11 Кој го носеше тоа бебе 9 месеци ? Ти или свекрва ти?
    Кој се измачил да го роди?
    Ти помагаше во бременост кога ти беше тешко?
    Или сега глуми сезнајко?
    Како тоа избегнуваш кавги и не одиш да си го земиш сопственото дете?
    Значи збориме за бебе од неколку недели кое во овој момент има потреба од мајка, и само од МАЈКА. Не од баба, не од стринки и тетки! Зошто се понижуваш уопште и ја бараш да доаѓа да ти покажува како да го измиеш и пресоблечеш детето?
    Па она тоа и чека! И после не се чуди ако те нарекува и прави неспособна.
    Оди земи си го бебето и клучот на врата! Ќе научиш се што и како се прави.
    И јас родив на 23, недозреана сеуште шо се вика,и јас немав поим од бебе чување, ма немав бебе у раце држено бре! И? Родив со цезареа, од кревет едвај станував, ама од прв ден јас бањам,јас хранам и јас пресоблекувам бебе.
    Се сама си научив, љубоморно ја чував и учев што и како треба.
    Кога сум решила да станам мајка веќе, се подразбира дека јас ќе си го чувам а не уште на свекрва и за спиење да и го носам.
    Зошто, за да се одмориш ли?
    Оди земи си го бебето жено, не дреми на форум!
    Се изнервирав ептен.
    Не сте нормални што се им дозволувате,не сте!
    Нека паѓа свекрва ти во депресии а не ти!

    Ништо не ми е со лоша намера пишано, можеби грубо звучи ама во афект го пишувам.Сите сме мајки,сите сочуствуваме кога има вакви неправди и тоа на тазе мајка.
    Стегни заби и реши го сама случајот, не смее да осеќаш ни страв ни бутур, за твое бебе се работи!
     
    На Shelea, minneymouse82, ZAHRA и 16 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе да земи чоек, една бомба да ни џитни и да не избриши од мапата, најарно ќе е!
    Депресија ти предизвикаја психопатите со кои живееш!
    Тој маж ти е мочко!
    Шо туку филозофира без веза!

    Да си го земиш детето и да си тераш животот.
    Ако не и' чини на свекрва ти, нека си роди едно и нека си го гледа.
    Ако дроби попара, пријави ја во МВР за киднапирање!

    Пичку матер и македонци и се'!

    Не било до 'традицијата'!!
    Не бе!!
    До поставеноста на планетите е!
     
    На Melinda85, 1209, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Добро бе да ве прашам вака,кај се пулите пред да се мажите?? Шо гледате во мажот??
    Д
    Добро бе да ве прашам вака,кај се пулите пред да се мажите?? По чавки? Или мажите ви се од некој каталог излезени онака најубај на светов,па шо е битно дека немет карактер на маж и дека немет уста да си го бранат сопственото дете??? Во случајов тој твојот мрсулко од маж шо го имаш не е татко туку обичен донатор на сперма!! Оди земи си го детето и ако требит и за коса ке се фатите со свекрвати!!
     
    На kikin, malasimba и Black girl им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Како бе ја викаш да не се налутила госпоѓата? А ти сама си покажуваш дека си неспособна, извини вака. Абе си го земам детето и клуч на врата, нема да припари. Таа те малтретира психички и те понижува, а ти уште ја молиш. Со кој памет жити се?
     
    На Kitten, malasimba, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. malasimba

    malasimba Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Кој фактор е таа? Од такт се извадив!! Таа да е нормална со паметот вака нема да те малтретира. Како може да ти го зема детето? Ало ке ја напраам партал што сака нека биде, нека се лутат сите, ти си мајка, едноставно како те држи срце да не го гледаш детето!! Сите сме се вратиле осакатени што се вика од пораѓај ама за дете ке се изджи па што сака нека е. Нема она што да те учи, како што ти мислиш дека треба така и ке правиш, секако не правиме сите мајки нешто на ист начин. Собери сила, земи го и толкууууу. За потребите на бебе маж ти нека иде да купува тоа што треба и крај. Детето до тебе само, лета време, ке пркне тоа после е многу полесно. На таа свекрва ти ама ичччч да не и се плашиш и да не се замарааааш со нив. Нека си бркаат работа сваштааааа.
     
    На lackygirl и Chanell* им се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ехеее полека! Кај се најде вака повредена...многу си бирала ти коа си се мажела |(

    Женава побара помош. За вреѓање и осудување ја има дома свекрвата. Не и треба уште една иста злоба и тука. Бог да чува.
    Како не ти беше срам да го испратиш ова што го изнапиша.
    Многу е лесно од страна да се збори само. Ама коа си во гомната не е баш така.

    Среќа за тебе што имаш совршен маж и татко. Не си гледала во чавки него си бирала добро. Цврст карактер и сопствен став имаш. Си браниш што е твое и си стоиш зад твоето.
    Еве ти 5ка за твоите избори!

    Ај остави сега некој да си се бори со своите проблеми. Ако имаш добронамерен совет помогни, уште фалаеше ти да и кажеш дека маж и бил донатор на сперма.

    Абе да видите човек на мост да сака да се фрли, спремни сте да го подбутнете, ебаве сезнајковците
     
    На pianogirl, Milaаа991, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Emila11

    Emila11 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Детето е до мене но еве и денеска пак ми се јави истото чуство треперење во целото тело и неможам никако да заспијам. Малото спие реков ај да легнам да дремнам и така цела ноќ нд спиев ама ништо неможам никако да заспијам се чуствувам уморна ми се спие ама никако да заспијам апетит и понатаму слаб што да направам да чекам лј уште или да се јавам негде надоктор?
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.381
    Напиј се б6, магнезиум па потоа појди на лекар. од стрес ти е
     
    На Emila11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Ти па ептен паметната! Ти шо не ја посоветуваш ко си толку мила и добродушна туку си се фатила да ме анализираш мене колку сум јас злобна?!?Ете и дадов совет,да ојт и да си го земит детето да не му се плашит на никој,ама таа си го слушат нејзиниот прекрасен маж шо и велит да ќутит и да го остајт бебето со мајка му за госпоѓата му мајка да не се навредит,а жена му шо му родила дете ако е навредена,така??? Мрсулко еден отепан,тој за мене не е татко!! А да и ич не ми е срам за то шо го напишав!!
     
  11. malasimba

    malasimba Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Истото и мене ми се случуваше, имав во себе некој страв, зашто сепак тоа е ново за нас, прво дете е, исто не јадев на почетокот, но со тек на време се си дојде на место. Ке си го гледаш детето ке се гушкате тоа ке ти дава сила :) немој веднаш да се откажувашшш, се ке помине. Пробај да јадеш по малце ама почесто пиј течности, ке се опраиш немој да се секираш. Одкога ке се опуштиш малце ке почнеш и да спиеш, а сега си под стрес и тоа е нормално. Само верба во себе, дете до тебе и напред. Со лесно мајка
     
    На Emila11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Сигурно дека се фатив за да те анализирам. Од едно читање се гледа каква си. Не дека потрошив време.

    Јас не се мешам таму каде што немам да кажам нешто корисно и паметно.
    А да пишам само колку да извреѓам некој што е на мака - не фала!

    Не ти е ова шпанска серија па да решаваш ситуација со една реченица.
    Женава до депресија стигнала, се тресе навечер не може да спие, ама нееее, ти ете со вреѓање ќе решиш се одма. На тастатура најлесно се решават проблеми.

    Сега откако ти и кажа дека мажот и е само донатор на сперма сигурно и е полесно. Она незнаеше дека треба да си го земеме бебето. Ја просветли. После твојот пост гарант мирно спие
     
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Па членката седнала на фемина да се жали, а ништо не презема. И јас бев во постпородилна депресија, ме фати и тоа бааѓи, па детето си беше со мене.
    И сама си пиша, ја викнала свекрвата да го мијат детето за да не се налутела. Епа после се мешала свеки. Па ќе се меша кога некој нема свој став.
     
    На Petra777 и Охрид88 им се допаѓа ова.
  14. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Каква сум???
     
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Апетит немав 3 недели после пораѓај. Не беше ни депресија во прашање,едноставно бев исцрпена, бебе плаче,не знае да цица,спиев по еден до два часа во едно деноноќие..
    Но Бев целосно посветена на неа, со сила пиев по една чаша јогурт и некогаш јадев по половина јајце, па фала Богу се вратив во нормала после неполн месец.
    Сеуште сум уморна и ненаспана, веќе 8 месеци, но веројатно тоа е нормална фаза на мајчинството :)
    Пиј бедоксин, земи си и магнезиум, дозволени се за пиење, и да не спиеш барем лежи си до бебе додека спие, пиј течности и барем некое овошје јади ако немаш апетит.
     
    На lackygirl, Emila11, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.446
    Пол:
    Женски
    Ја имам :( ... Свесна сум дека не е во ред :|... Ќе си поплачам ќе ми помине (fingers).... Не мислев дека ќе е вака.... Имам помош од сите околу мене, а се осеќам неспособна, на мене е само да дојам, да ја пресоблечам бебка и да ја гушкам амааа.... Хормониве да можам ќе ги продадам :D се надевам дека ќе помине за брзо.... (fingers)
     
    На mal.ecka, WildMk и Meckicja им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Први три недели не се бројат сите сме за никаде. Ако потрае тогаш може да разговараме за депресија. Поврзувањето со бебето исто така знае да потрае, тоа е процес на прилагодување и спознавање. Некои од прв ден, некои од 40 ден, некои може и подоцна ќе се поврзат со бебето.
    Сега само плачи исплачи се. Потоа ќе биде подобро. Сите плачевме и тоа многу, честопати и за ништо.
     
    На Vaga~, Meckicja, Chanell* и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Исто ќе кажам како Фри мајнд, не е депресија, нормален ролеркостер на хормони и емоции :)
    Јас со првото дете не осетив ништо вакво ама пак поврзувањето со бебето беше многу долг процес, како да не беше мое. Со второво уште во болница се поврзав арно ама кога си дојдов дома и кога почнав да плачам и да се карам со сите, ги отерав сите кај што не треба :x
    Среќа траеше само месец-два.

    Депресијата е малку подлабока дијагноза.
     
    На Meckicja, mal.ecka, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Мајко те гушкам!
    Низ истото поминав пред 7месеци. Среќа па кај мене траеше една ама пеколна недела. Уште додека бев во болница не ми покажаа како да го дојдам детето и тоа не цицаше. Истото беше и дома. Јас се утепав од плачење колку сум неспособна што не знам едно бебе да одгледам, плачи дење плачи ноќе, безволно гледав како бабите го пресоблакаат ко да не е мое дете, ко да е некое деуго, за се прашуваа ништо не сакав да им одговорам. Се додека едно сабајле наведната со брадавиците у вода не си мавнав шамар и си реков нит сум неспособна нит сум немајка, се ќе помине, го сакам ова бебе, мора да бидам тука за него и да му помогнам да го дојам. Се вратив во соба друг чоек. Бебето ме фати за цицка ко цел живот да цицало. Од тој ден се ми се смени на позитицвно.
    Никој не знае да се грижи подобро за него од ти самата. Дигни глава, мавни си шамар, се е до потсвеста. Не дозволувај хормоните да те уништат. Ти си мајка, ти си силна жена и само ти можеш да му помогнеш на бебето а и тоа на тебе
     
    На Vaga~, Meckicja, pianogirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ако 'не ви попушта' депресијата со недели, не е лошо да си зборните со психолог.
     
    На Meckicja, Ygritte и FreeMind им се допаѓа ова.