Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост-породилна депресија

Дискусија во 'Бебе' започната од SANY4E, 1 октомври 2011.

  1. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.446
    Пол:
    Женски
    @FreeMind @Kitten & @Girly90 :hug: :hug: :hug: гушкање за сите.... Ви благодарам за одговорите .... Се трудам, свесна сум дека не е во ред така... Ама хормониве ме убиваат, особено ова плачењебо :envy: ќе помине се надевам, период е.... :l:
     
    На FreeMind, Sexybaby86 и WildMk им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Појди си на лекар не чекај да ти се влоши уште повеќе состојбата.
    И ја со првото така бев ни јадев ни пијав ни спијав па ни со бебе можев да се поврзам. Испадна дека имав пост породилна депресија и инсомнија. Со медицина инсомнијата брзо се среди а депресијата ме држеше повеќе од 3 месеци.

    И малце по строго со свекрвата па и со мажот ти. Ти не си ни пробала дали можеш да си ги вршиш обврските околу детето туку одма си се предала, како ќе научиш ако не пробаш. Убаво е што свекрвата сака да помогне но ти си и дозволила да влезе во улога на мајка а тебе те ставила во позадина некаде на опашката , не си ни на второ место по што велиш кога и треба и неа помош околу детето вика по свекор ти или золва ти.
    Стегни заби, не е лесно да се биде мајка но кога веќе си родила превземиси ја одговорноста и не дозволувај свекрвата да гази по тебе, утре други ден па ќе ти префрла дека ти го изгледала детето.
    Чудна ми си велиш не знаеш како да појдиш и да си го земеш сопственото дете, многу е лесно и едноставно, влегуваш в соба го земаш детето и заминуваш и толку, никој ништо не смее да прпне, ако прпни имаш уста и и кажуваш која е нејзината улога а која е твојата, ако прави проблеми и не го дава детето ќе ја пријавиш.
    Зошто и се плашиш?
    А за маж ти не ни ми се зборува, само кратко ќе речам срам да му е.
     
    На Milaаа991, svami, Meckicja и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Emila11

    Emila11 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам кај кој лекар треба да се јавам кај матичен општ или кај матичен гинеколог морам негде да најдам помош апетитов секој ден ми е помал спиење слабо расположение кога како премногу сум чуствителна се ме повредува нервира. Немам мерак за нишо бебе е со мене ама сепак чуствава и понатаму ги има не е исто како пред тоа ама сепак се уште не сум добро. Мн работи се имаат собрано и може се е последица тешка бременост примав големо количество на прогестерон скоро цела бременост по 3 на ден земав до 9ти месец.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Кај матичен општ лекар. Инаку, сосема нормално е тоа што го чувствуваш, од влијанието на хормоните е. Сите сме поминале низ тоа, со тек на време ќе биде подобро. Потребно е да се стабилизираат хормоните. Но ако не поминува после месец дена, па и подолго, тогаш ти треба стручна помош.
     
    На Sexybaby86 и lackygirl им се допаѓа ова.
  5. Emila11

    Emila11 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Од хормоните ли е и љубоморава што ми се јавува кога ќе го земе мекој друг бебето посебно сверкавами дека со неа беше цело време и сеа кога ќе го земе пак ми се јавува истото чуство ме нервира љубомора ми се јавува посебмо кога ќе го земат доле кај нив ми се јавува тоа чуство како некој да ми го земал детето
    И мм кога ќе си дојде од работа кога ќе рече ќе одиме доле кај дедо ме неривара зш сакам ја и он сами да бидеме со бебето мн чуства ми се јавуваат знам сите им е мерак во куќава ама дека беше одвоено од мене доле со свекравми нз дали е последица на тоа или и од хормоните е и ова. Она го зима за бањање кај неа онив бирааат шо да му се облече мн работи шо ја ги сакам не му се ни облечени немам мерак веќе нишо да му купам незнам може се детски овие мисли ама се ми е хаос у главава. Сакам само се побрзо да помине да се вратам у нормала неможам да ја поднесам оваа ситуација со зимање шетање на бебво горе доле сакам се кај мене да му се прави ама ако речам за ова нешо пак ќе бидам ја крива сеа бар бебето е ноќе и дење со мене со мм и да пробам да разговарам џабе пак ја ќе бидам крива неможам да се навикнам на ситуацијава а и не замислував дека вака ќе биде си имав замисла дека ќе си биде кај нас се кој сака да го видо слободно да дојде нека седи да го види игра се а не вака горе доле го шетаме. Ми фали и мм и он е мн сменет кон мене само ме прашува дојде ли мама дојде ли сестрами а не идат онив и затоа он вика за доле вика сите да му се радуваме и сеа повторно подголтувам. Дали ја го гледам како сопственост како само мое дали е од хормони ама знам дека не сум добра мислам ќе се мрднам. И ако спомнам нешо за темава за долу додека беше дека мн време одвоено од мене одма мм ми вика доста ќути нека не те слушаат. Му зборам за проблемов за мене шо ни се дешава вика ете не било дека бебетк не било со мене дека и сеа пак така ми е да сум отишла на лекар а ја сакам само подршка од него ама некако слабо
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На kavadar4anka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  6. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Progesteronot e najgolem vinovnik za depresijata I jas primav progesteron depo I utrogestan I jas uste ja imam taa postporodilna depresija ama ne e dotolku veke Kako sto bese
     
    На Emila11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Emila11

    Emila11 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Знам со матичниот гинеколог кога ми ја зголеми дозата кажа демек сеа не е штетно и поголема доза ама после пораѓај ќе видиме ми вратија зборовите негови исто промав прогетерон депо плус утрогестан по 3 пати на ден
     
  8. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Jas od 20 Ned od bremenosta ja imam eve veke tri meseci Kako sum porodena I uste mi trae samo mislam oti sega mnogu mi pomogna omega 3 sto pijam I ponekogas pijam magnezan po potreba
     
  9. Emila11

    Emila11 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас кажав дека детето е со мене го зимаат доле за да го видат и бањаат ја сакам се да му правам ама у куќава никој не ме разбира и нс сакам повеќе кавги да сѕварам зш немам живци да поднесам затоа ќутам и молчам. За депресијата кажав дека имам мн чуства помешано немам апетит неможам да спијам расположение променливо едноставно секој ден се полошо се чуствувам мн работи ми сметаат нервираат а немам подршка од мм слабо и него го чуствувам се подалечен од мене не е истиот како шо беше со мене. Сакам да уживам во мајчинството ама неможам ако речам дека и ова не ми чини мм нема знам да ме подржи. Додека чекав она да мј покаже шо како она нишо не ми дозволи да направам. Најпосле сама една ноќ здмав го пресоблрков и облеков целото бебе сама мх сменив памперс како знам и умеам и сама си реков следрн пат подобро ќе биде.Психички се оптеретив се правам смешкам пред другиве демек се е ок а нишо не е ок. Љубоморава ќе ме полуди се чуствувам изномоштена а око неможам да склопам дремнувам 15 мин и толку а мислам кој знае колку сум спиела. Апетит нула ми се гади од јадење
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    @Emila11
    Верувам дека голем дел од нас никогаш претходно не менувале памперси, пред да го сторат тоа на свое дете. Една од нив сум и јас. Не знаев на која страна се става за да го залепам. Првата ноќ можеби половина час ја пресоблекувавме со мм, зашто поврати, а јас не знаев како тоа мало раче да го протнам во боди, па во шпихозни. Сѐ се учи и нека ти биде тоа единствената мисла во глава! Го пресоблече еднаш, после уште еднаш и веќе третиот пат нема да ти биде никаков проблем.
    Добро е што признаваш дека имаш проблем, но сметам дека кај тебе поголем извор на сето ова е малата самодоверба и слабиот карактер. Не мора да си дрска кон свекрва ти, мм или други, едноставно кажи си го своето и биди ти таа што доминира. Ако покажеш малку став, никој нормален нема да ти противречи за нешто што е дел од тебе.
    Почна со едно нешто, па така продолжи си и со другите работи. Облечи го во она што ти е мерак, па утредента во друго. Играј си со него, прошетај, купи му нешто ново и со мерак испери го и дотерај го! Никој не ја оспорува желбата на другите да го видат, но ти си таа што треба да воспитува и да дава правци во понатамошниот живот. Стисни заби!!!
     
    На Monella, Annath, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.165
    Допаѓања:
    169.493
    тоа шо ти го чуствиваш не е депресија
    тоа е незадоволство
    незадоволна од својот живот ,незадоволна од мажот ти шо не те подржава
    бебето ке се качат они да го видат и ке се бања кај тебе горе јасно?
    така ке се поставиш ако сакате речи да дојдете ако не не морате
    покажи заби не кути така само ек те газат
    намерно те провоцирам за да се жежиш и бориш
    а модераторите нека не си играат пиши бриши оти неам ја фазла време да пишам а они да ме бришат и веке коа бришат нека пракат известување
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.810
    Пол:
    Женски
    Леле. Одамна не сум се изнервирала толку за нешто прочитано тука. :@
    Јас кога се породив не знаев како да го фатам бебето. Не знаев ништо, ама баш ништо, немав никакво искуство. Ама се научив. Ќе се научиш и ти, @Emila11. Верувај дека сѐ ќе научиш. Не ти треба никој, на тоа мало бебе само ти си му потребна и таа мисла треба да те води. Нема потреба друг да го бања, ништо да му прави, само ти си му доволна, ти си му сѐ. Штом маж ти е таков треба сама на себе да се ослониш. Разговарај со матичен, но собирај и сила. Зашто свекрва ти допрва проблеми ќе прави ако уште сега не ја ставиш кај што е местото. Да, за бебето вреди да се расправаш, нема нешто што не вреди да направиш за него. Не се стискај во себе да бидеш фина, нема потреба. Мораш, ама мораш да се собереш. Имај верба во себе, ако маж ти не ти дава поддршка ќе ја добиеш тука, макар и виртуелна од сите овие жени кои поминале низ сите тие промени. Земи си го бебето, гушкај го, нишкај го, уживај во него, исклучи другите, нема потреба сега да бидеш тактична и миротворец. Ти си најважна, ти и твоето бебе. Се надевам дека ќе најдеш сила, секогаш имај на ум дека ти си најдобра за твоето бебе.
     
    На Chanell*, Melinda85, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Значи вака прво да не се сватиме погрешно,пошто ко го опишав маж ти беше сватено како навреда према тебе,ти си супер ко и секоја родилка!! Само сакав да те прашам,а истиво и на една друга членка ја прашав,та куќа од на улица појде,сираче си,немаш никој на светов...па некој се земат за право да се изживуват над тебе?? Абе тој мрсулкото твој требит ко капка вода да те гледат,а не да те нервитат!!! Земи таму изврескај се на сите отерај ги у пичку материну!!!
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Mila moze li da mi pises licna poraka da si spodelime iskustva jas I ti oti toj sto ne e pominal postporodilna depresija neznae kako e a I neznae kako e da se zivee pod ist pokriva so svekor I svekrva
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Duso priberi SE, reci si na ova Bebe NE my treba vakva majka, mozebi od strana SE gleda deka NE si psihicki stabilna pa SE plasat da NE to padne ili NE znam Sto, Sto sekako NE e opravdu Anne svekrviaue taka da SE osnesuva.
    Imav I Jas nekakvi epizodi, Arno ama Eden den mi pukna filmot si kazav Sto mi tezi I posle druga pesna. Kriva NE kriva kakva sakam nekade bidam pred drugite, Jas go mozev, Jas povrakjav po8 pati vi 24 Saati, Jas stavav dur sum zaspala da stavam utrogestan, pa AJ da povrakjav AJ na mocanje, pa odi oprci SE na boks I rodi go I so Edna Nova v grove budi, e NE moze da si bad mene. NE sporam deka nekakvi iskustvo imaat, od pomos SE ama SE Babi a NE majkici, SE znae Koja e majka. Za mazot NE razgovaram.
    Taka duso put pod note svesti SE I zimaj guskaj I raduvaj SE na toa Bebe, brzo Pomona periodot koga sebtolku Mali za da troais vreme.
    Go ahead!
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Јас бев сосема сама кога се породив, во друга држава без сакана и ичија помош од никого освен јас и маж ми.
    Таква одлука сосема свесно донесов...
    Не знаев ден два три, имаше кршлуси по дома хаоси...
    Недела дена око немав склопено плус згора на се се враќав и сама во болница ради икс ситуации од премор превенствено

    И замисли во ниту еден момент не попуштив едноставно и покрај сите хормони и солзи лека полека ден по ден се исправив храбро напред, трпение научив се , си створив ред, рутина и веќе беше полесно после неколку дена, после месец 2 веќе беше песна...

    Зборот ми е скоро никој кога родил не знаел ништо пансе научил и одел напред стварал рутина некоја
    Тоа е сосема природно и нормално

    Ми беше страв од бањање пресоблакање итн но научив се.

    Секоја мајка доживува хаос после породувањето и баш секоја мајка лека полека ден по ден се прилагодува и се учи со потребите на бебето
    Нит прва нит последна

    Доброто е што јес да пост породилните хормони тресат на максимум во сем почеток но после некоја недела е се подруго и да поминува.
     
    На kavadar4anka, ma4e1311, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.114
    Нели ти во свекрви пишуваше и кажа дека си замина?!
    Како и да е, до тебе е.
    Свекрва не ти треба да му смени пелена. Имаш јутјуб. И за бањање, и за хранење. Млада жена со вакви прашања многу ми е чудно.
    Љубовта према детето од желбата да те прифати и сака свекрва ти треба да ти биде поголема. Ти се однесуваш како дете желно за внимание. Мајка си, жена, опасуљи се и сосредоточи се. Многу енергија губиш на прашања за чувствата на свекрва ти.
     
    На happygirl, ALISA0000, Охрид88 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Mene Denes mi kazaa oti mozam da pijam neoleksan dodeka dojam I da pijam vit b12 I omega 3 6 I 9
     
  19. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам накратко само да ја опишам мојата состојба... иако не сум сигурна дали е или не е ппд..

    Значи помина една година од како родив. Прво се опседнував со килажа,се срамев од маж ми ради вишокот и сите тие глупости.. намалив килажа, пак не сум задоволна.
    Многу , ама премногу сум нервозна, лесно избувлива, се расправам со сите а највеќе со маж ми.
    Различни смени сме на работа и едвај се гледаме, и тој пола саат коа ќе се видиме јас си наоѓам нешто за расправија. :(
    Значи од ништо не сум задоволна,ништо не ми праи ќејф на душичкава.
    Се осеќам недоволна добра сопруга,ниту мајка.
    Едноставно ко да не знам што да правам со бебево,луѓе,не бев вака.
    Од како тргнав на работа и оставив бебе на свекрва,во мене се јави некоја несигурносг, па и љубомора..
    Таа ја чува подобро од мене,ја анимира цел ден, бебе е весело и насмеано.
    Јас кога си идам стално сум преморена, сакам да полежам, па бебе се нервира и плаче, мислам и е досадно кога сме заедно.
    Немам мерак за ништо.
    Мислам дека можам цел ден лежејќи да го поминам.
    Немам мерак да зготвам.
    Немам мерак да чистам.
    Ништо.
    Се со сила ко да правам.
    Почна свекрва ми и за бебе да готви, и тоа малку што сум го правела за неа, сега го прави она.. ко ѓубре некое се осеќам.
    Се ми е напорно.
    Кога ја прашав докторката дали смеам нешто со маточина да земам за смирување, дека многу сум нервозна и се осеќам анксиозно, ми се изнасмеа, како тоа јас стално позитивна и насмеана, а барам Лунерба да пијам...
    Тоа ми е маска пред сите, среќна и насмеана.. а во себе тонам.. тонам во некоја бездна и никој не може да ме извлече..
     
    На PeachGirl, WildMk, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.826
    Допаѓања:
    109.048
    Пол:
    Женски
    Појди на психолог мајче, мора да се почне од некаде и да се реши проблемот од корен, сигурно има почетна вистинска причина за сево ова и само се нафрлаат повеќе со текот на времето :(

    Но не ретко е и до нашето секојдневие, монотоност, премор и тешко вклопување во новите обврски. Ништо срамно и ништо несекојдневно, но мора да се признаат и поправаат.

    Почни и од моментот што прво засакај се себеси, смени фризура, направи нокти, купи ново парче облека кое си мислела дека не би било удобно и не е за тебе, пробај нов стил и прошетај со мт и бебе можеби. Почни да се гледаш од друг агол, секоја жена е убава на свој начин, а себеси си е најубава :D

    Чувствата за свеки ти ги сваќам, иако не сум ги искусила, но само прифати ги како помош, нема потреба од љубомора. Бебе знае која и е мајка, но факт е дека со баба минува квалитетно време, па самото тоа си ја прави близината и посесивноста една кон друга. Јас сум за тоа дека убаво е баба и внуче да се чуваат и сакаат.
    Но ако ова толку ти смета, градинка секогаш ти е опција :)
     
    На Melinda85, Chanell*, Annath и 4 други им се допаѓа ова.