Пост со вода

Дискусија во 'Диети' започната од fantastic, 23 јуни 2011.

  1. fantastic

    fantastic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Имам прочитано на една мак.страна дека они што имаат потреба од симнување на неколку килограми ЧИСТО сало можат да го направат тоа мнгоу брзо. Значи, тука се работи само за сало кое во нормални услови би ни требало мнооогу време да го симнеме. Барем мене веќе една година и за среќа ја најдов оваа веб страна. Е сега, сакав да се консултирам, што, како мислите бидејќи се можно имам пробано, третмани, диети, тренинзи, а за ова последново ми било најефикасно, и сега веќе сум некако скептик за се нешто. Оваа ,,диета,, во наводници бидејќи е нешто повеќе како режим, се состои од тоа што еден ден јадеш нормално, значи нормално!, а наредниот ден си на пост само со вода и ни залак од нешто друго. Е сега целта е тие денови во кои не јадеме ништо организмот да зема од мастите и така нашето складирано сало да се топи. За оваа цел всушност треба да си ги пресметаме калориите што нашиот организам ги троши дури и ако ништо не правиме цееел ден, со друго име, базален метаболизам. На пример еве ви една проста математика. Еден кг е = на 3500 калории тоа и пилињата го знаат веќе, додека пак еден кг од чисто сало е = на 8000 калории, знам звучи страшно, и мене така ми е сеуште но тоа е, што е. Па, ако отприлика имате базален метаболизам од 1700 калории треба да пресметате колку денови на постење ќе ви бидат потребни за да ги симнете тие 3-4 килограми чисто сало.
    Но доколку е повеќе тогаш вакво нешто нема баш да ви функционира бидејќи ова е за сите оние кои се активни и им останало сааамо уште малку на бутовите, задникот и слично. Ако сте заитересирани ќе ви пишам подетални информации, јас започнав од денес :)
     
    На 100nogalka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Звучи примамливо, но цел ден да не јадам со мојана состојба и крвна слика, ќе завршам на инфузија :lol: Интересно, но што со другите материи, на организмот не му се потребни само масти во текот на денот...
     
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    820
    јас не би се осудила на ова :x :x :x
     
  4. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    fantastic ке сакаш ли да ми објасниш како функционира ова, јас имам 5-6 кг за симнување баш од бутовите и задникот мислиш дека со ова би успеала? и за колку време ?и денот кога е нормално што да јадам? фала :*
     
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    2.843
    Пол:
    Женски
    БРЕЕЕ Домаќинска диета од оваа и ќе заштедиш доста.
    Интересно звучи ама јас за тој ден кога јадам ќе го исчистам фрижидеро рафт по рафт.
    А и како што имам никаков желудник има да пукнам.
    Сепак може ќе пробам неколку дена онака од љубопитност.
     
    На Missy16 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cheesecake

    cheesecake Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Pедовно постенје според христијанскиот верски календар ми помогна досега за околу година ипол да ослабнам 23 килограми. Oд понеделник поцнувам повторно со велигденски пости. Cе надевам на успех, барем усте 2-3 кила за да го намалам мојот " BMI". Cо срека на сите !!!!!
     
  7. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    Абе немој да се глупирате. Луѓе за џабе не се потат со месеци во теретани. Баш пред некој ден на аеробик на едно девојче и се слоши зошто имала јадено само 3 јаболка, таква и била диетата!
    Може ќе ослабите, ама ќе ви ослаби и крвта и имунитетот. Подобро слабеењето да ви трае временски подолго, но здраво да слабеете, отколку да ослабите наеднаш и после да ги вратите килограмите двојно.

    И извинете ама мене многу ме нервира кога се мешаат пост и диета. Точно знаеме која е смислата на постот, а која на диетата. Ако сакате да ослабите кажете дека сте на диета, и немој да постите само за да симнете килограми.

    Не сум некој голем верник, ама мислам дека постот не треба да се злоупотребува.
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.026
    Се изненадив кога темава “Пост со вода“ ја видов во категоријата Диети, а не во Религија.
    Жално е тоа како во последно време се повеќе луѓето постат за да ослабнат а не за да им олесни на душата, да се причестат, исполведат и сл.
    Последно за Божиќниот пост седев со двајца млади (дечко и девојка) кои постеа, нормално ги прашав дали се причестиле, а они ми одговорија : “аааа па не, постиме онака , за линија, не одиме во црква“ :x :x

    п.с. зошто ако веќе зборите за диета, не ја преименувате темава во “На диета само со вода“ ???
     
    На Serafima, Chocoholic и Annath им се допаѓа ова.
  9. cheesecake

    cheesecake Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Cамо да напоменам дека и редовно одам во црква, се прицествувам, голем верник сум, а постот само ми помогна да ја зголемам самоконтролата врз храната која ми бесе порок, и немозев да и одолеам!
     
  10. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    3.397
    Пол:
    Женски
    Луѓе ќе умрете за јадење.:rofl:
    Не си играјте со здравјето, се знае која е диеатата за да одржуваш линија, патем може и да ослабнеш. После 5 сатот или 6 сатот нема јадење, до тогаш јади колку што сакаш. :)
     
  11. impossiblee

    impossiblee Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    никогаш не би се исудила,иако ме влече
     
  12. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Бидејки ги постам целите пости а го прочитав и ова од денес го започнав но наместо со вода само јаворов сируп бидејки он е добар за здравјето корисен е ,а сум пробала еднаш 10 дена по ред и ужасно е а вака нема да е тешко ке јадам секој втор ден супер :P
     
  13. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.034
    Еден ден јадете, па не јадете па после ајдее бомба од калории. Ако не сте знаеле нејадењето само ќе го поттикне складирањето на масти во организмот а не да ги согорува.
    И не си играјте играчки со здравјето.
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема потреба од вакво измачување, еден ден да се најадеш како вол, а другиот ден да трпиш, досега барем колку што сум читала, ниедна здрава диета не го препорачува изгладнувањето. Ти можеби ќе ослабиш некој килограм, ама подоцна изгладнетото тело дупло ќе ти наплати за мачењето, буквално кажано. Наместо тоа, може секој ден да се пие многу вода. Кога бев во Wellness ценарот ни дадоа совет, дека најдобро е на секои 25 килограми да пиеш по литро вода. Значи ако имаш 50 кг, две литра. Кој може и повеќе не е лошо.
    Еве јас веќе месец и половина, пијам по 2 - 2,5 литра вода на ден, и во комбинација со трчање, навистина си ги симнав спојлерите, ама со нормална исхрана. А ако се внимава плус и на исхраната, верувам дека ќе даде повеќе резултати.
     
  15. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски