1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Мила која недела што сакаш, таа нека биде :) . Се зависи од тебе, а не и погрешно да биде и во другите недели, не само првата.
    Првата ти кажале дека е најубава, затоа што таа (првата недела) и последната недела од велигденскиот пост се задолжително строг пост (пост на вода) за оние кои тоа телесно можат да го издржат.

    Првата, зашто е недела на Православието, а последната, зашто во таа седмица е предаден, измачуван, распнат, положен во гроб Господ. Затоа и ти кажале дека првата (или последната) е најдобро да ја испостиш и да се причестиш.

    Но, за постење за време на месечен циклус, тоа е во ред. Треба да внимаваш само за време на причестувањето да ти заврши циклусот. Зашто со циклус не треба да пристапуваш и да се причестуваш.
    Тоа е правило :) .
     
  2. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Дали јаткастото овошје е посно или мрсно? (бадеми,лешници,ореви,сончоглед,семки...)
    Според типикот нели се пости од понеделник до петок без масло,и ова секогаш ме буни,можам ли да јадам овие денови јаткасто овошје?
    Нека ни е лесен и Богоугоден постот. :angel:
     
  3. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Да мислам дека е посно.Но мене секогаш ме буни зашто сите плодови во себе имаат свои масла од самиот плод и таанот е посен но сепак има одредена масленост.Мој предлог направи си овесна каша посно и вкусно. ;) поззз :)
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Прочитав дека доколку го постиш целиот пост сите 40 дена, сабота и недела може да се пости со зејтин или ?
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Да мила, сабота и недела се блажи со зејтин :) .


    Но исто нешто многу важно за постот.
    Според правилата, 66-тото апостолско правило гласи:
    Ако некој служител на Црквата се затекне да пости во Господовиот ден (недела) или во сабота (освен во едната единствена Велика сабота), да биде расчинет, а ако е мирјанин, нека се отстрани од Црквата.’’ - се работи за строг пост без зејтин.

    Значи ако планирате да се причестувате во недела, во сабота можете да јадете храна со масло.
    Или
    Постете строг пост, но барем употребете некоја храна на зејтин (малку храна).
    (Пример Св. Гаврил додека живеел и бидејќи секогаш постел строг пост (без зејтин) за да не ја наруши саботата и неделата, го ставал прстот во малку зејтин и вкусувал. А потоа продолжувал со строг пост.)
     
    На Bright и mamita им се допаѓа ова.
  6. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    “Апостолски правила за великиот пост – Игумен Гаврил

    ”Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели:
    покајнието, смирението,
    милосрдието, телесниот подвиг итн, а пред се молитвата.

    Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета па дури и суета и прелест.

    Постот е добродетел на Црквата па според тоа има и соборни димензии. Односно ние постиме и се подвизуваме не само за себе туку и за сите други.

    Постот и молитвата се голем дар Божји без кои нема обожение и спасение. Тие се наше благодарно учество во Крстот Христов, па и затоа и во Неговото воскресение. Затоа да го возљубиме постот и да се воружиме против нашиот непријател.

    +++
    Во 69-тото апостолско правило се пропишува следното:

    “Ако некој епископ, свештеник или ѓакон, или ипоѓакон, или чтец, или псалт, не пости во светата Четириесетница пред Пасха
    или во среда или петок, освен ако не е спречен од телесна немоќ,
    нека биде расчинет,
    а ако е мирјанин (граѓанско лице)
    да се отстрани од Црквата”.

    Гледаш ли како е тоа строго сфатено и одредено? Но, светите Отци го толкуваат ова апостолско правило и, за да не мислиме погрешно, ни дале правилно објаснување, па велат вака:

    “Од постот исклучи ги најнапред болните, оти ако им се допушта риба и масло, го заслужиле тоа”.

    Но никому, дури и на СМРТНИОТ ЧАС
    не му се допушта да јаде месо во среда и во петок,
    освен на Велигден и во другите денови кога тоа го дозволила Црквата.

    Исклучи ја средата и петокот кои поаѓаат поеп месопусната, сиропусната и Воскресната недела…

    Воскресната седмица се смета како голем Господов ден и затоа секој ден во таа седмица се читаат воскресни евангелски четива.
    Исто така, се исклучуваат од Велигденскиот пост сабота и недела оти во тие денови се разрешува според 66-тото апостолско правило кое гласи:

    “Ако некој служител на Црквата се затекне да пости во Господовиот ден (недела) или во сабота (освен во едната единствена Велика сабота),
    да биде расчинет,
    а ако е мирјанин, нека се отстрани од Црквата”.
    Зошто е ова правило?

    Еретиците гностици и маркионитите постеле во недела и тоа на таков начин што не јаделе ништо или пак, јаделе само сува храна и тоа еднаш навечер.

    Ова го забранува Православната Црква. Но, пак не се допушта во постите да се јаде во недела и во сабота месо,
    туку се ублажува со риба и масло.
    А кога ќе слушнеш за разрешување во пост, да не мислиш дека е допуштено да се јаде месо во Велигденскиот пост
    оти тоа не може да му биде допуштено никому,
    макар да се наоѓа и пред последното воздивнување!
     
    На kuc, andrijana-pandora, angelce1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. awa

    awa Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    jas sakav da prasam,dali koga postes mozes da se baknes so deckoti,ili i od toa trebe da se posti?jas vekje postam i nesum go uste baknala na usta bidejki toj mrsi i nesaka da me omrsi i mene :)
    za odnisote znam i ne mi e problem,no za baknezite ne znam.znam deka vo biblijata pisuva deka treba da se pruzi ljubov i nega na bliznite.no ne sum mn golem ekspert za nejzinoto tolkuvanje. :worried:

    [mod-kirilica:1qozma8i][/mod-kirilica:1qozma8i]
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Јас сакав да ја постам првата недела строг пост за да се причестам во недела, но уште во првиот ден осетив потешкотии. Затоа решив да постам со масло колку што можам најмногу, па се надевам и сите до крај. Ќе видиме, здравје Боже.
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Живи бадеми, лешници, живи семки од сончоглед.. тоа може од пон до пет, а печени или пржени како ќе му дојде, не смееш од пон-пет бидејќи има масло.
    А имам слушнато дека сончоглед не смее да се јаде додека се пости, значи само живи семки од сончоглед можеш, такви се продаваат во макробиотските продавници.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Едно прашање до искусните :)
    Дали после причесна (јас во недела ќе се причестам, здравје Боже) се јаде храна со масло?

    Знам дека сабота и недела се јадело, ама конкретно за оваа недела кога се причестуваш дали може? И после причесна кои денови се јаде масло?
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Да, се јаде :) .

    Правилото за велигденските пости е: од понеделник до петок се јаде без масло, додека сабота и недела се јаде масло. Риба се јаде само за Св. Благовештение и Цветници.
    Но, ако не можеш да постиш строг пост, треба да си разговараш со духовниот отец, тој да ти даде пост според моќта на телото. Што значи, со негов благослов, можеш да постиш со масло :) .
     
    На andrijana-pandora и marija.hana.una им се допаѓа ова.
  12. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Мене ме интересира дали е грев да се причестиш за велигденски пост со менструација. + тоа и свеќа запалив, некои викаат дека е грев.. ВЕ МОЛАМ ОДГОВОРЕТЕ МИ :(
     
  13. rihhana

    rihhana Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Јас постам од 7 години, постам за Алах за да ми опрости, грешки нема да имам во наредниот свет, да имам светлина на Кабур.
     
    На Aisha му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Јас да си кажам, продолжувам со постите. Понеделник до петок без масло, сабота и недела со масло. Инаку иако строго постев минатата недела, не се причестив. Некако не се осеќав доволно :angel: за тоа.
    Земав само нафора, запалив свеќи, оставив дарче и се осеќам мнооогу поубаво, почисто. Имам мир.
     
  15. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Старец Паисиј Светогорец - За постот

    Преку постот човекот ја покажува својата добра волја. Заради благочестие, тој го прифаќа подвигот, аскезата, и Бог му помага во тоа. Меѓутоа, ако човекот се присилува самиот себе и вели: „Што да правам? Еве, пак е петок и треба да постам“, тој тогаш се мачи себеси. Ако, пак, проникне во смислата на постот и ако постот го практикува заради љубовта кон Бога, тој ќе се радува на постот. „На тој ден“, размислува таквиот човек, „Христос бил распнат и Нему не Му давале ни вода да пие, туку Му давале оцет. Ни јас денес цел ден нема да пијам вода!“ Ако така постапи, човекот во себе ќе почувствува поголема радост од оној кој пие најдобри освежувачки пијалаци.


    Еве, погледни, многу мирјани не можат да го издржат строгиот пост дури ни на Велики петок. Меѓутоа, можат да седат на платото пред некое министерство и да прогласат штрајк со глад – заради тврдоглавоста или истрајноста – за да дојдат до нешто. Ѓаволот им дава сила за тоа, бидејќи тоа што тие го прават е самоубиство. Други, пак, кога ќе дојде Воскресение, громогласно пеат: „Христос воскресна“, при тоа мислејќи, како сега добро ќе се најадат. Овие луѓе потсетуваат на Евреите, кои сакале Христос да го прогласат за цар, бидејќи ги нахранил во пустината.

    Остатокот од текстот
    http://preminportal.com.mk/content/view/9714/54/
    Овие 2 пасуси ми привлекоа внимание,посебно делот дека многумина велат дека не можат да издржат да постат,а се нафаќаат на штрајк со глад.
     
    На kuc и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  16. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас постам.Уште од прочка па до Велигден.Тоа се 7 недели.Искрено,само 2 пати досега се омрсив,првиот пат со чајни колачиња,ги купив со незнам каква мисла дека се посни зошто така изгледаат едноставни,па кога ми текна дека уствари со јајца се прават ми идеше да се самоубијам.Наредниот ден ништо не јадев ни пиев.Само вода.Е ми се матеше не викам не,ама издржав.Вториот пат кога се омрсив беше кога јадев ајвар и земав малку сирење по грешка.Дури и не се приметив,приквечер кога си го анализирав денот што сум јадела кога ми текна дека сум зела сирење исто ми идеше да се самоубијам.Ама овој пат не гладував.Беше мислам понеделник,ми требаа сили за учење.Претходниот пат ми се матеше,ми се лошеше во 5 саат сабајле станав да јадам портокали за да смирам душа.И покрај тоа,јас си продолжив со постот.Се омрсив,ама ненамерно.Жал ми е,што некако се пронајдов во постот над мене,дека јас треба да сакам да постам и да не мислам на тоа леле што ќе јадам сега.Јас сакам да постам,ама исто така размислувам и што ќе јадам,менито наеднаш ми се смали.Од почеток ми беше тешко ова ми е прв пат како постам волку долго,ама се со време,па си се навикнав сега и не ми е некој проблем.

    редактирам: сега прочитав за правилата на постот,како тоа од понеделник до петок без масло а сабота и недела со масло? :^) Јас ова не го знаев.И сега?
    Искрено јас не ни знаев за некакви правила,моите дома знаат дека постам па ништо не ми кажале..И ако може информации како да се причестам дали можам да се причестам,кај да одам што да правам? ..
     
    На smilleyy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    насиот исламски пост запоцнува сега усте 3 месеци. од изгреј сонце до зајди сонце, не се пије нисто не се јаде, не се има интимни односи, не се збори лоси зборови, се обавуваат ритуал (намаз молитва) (зикр) повеке се спомнува Aллах. се уци куран, се пости 30 дена. секоја вецер се собираат зените во џамијја. кланјаат намаз. последните 10 дена и мазите и зените по зелба одат во џамија не искацаат од џамија, без постреба таму се јаде се пије се спије, посебно се мазите зените, се прави ибадет во текот на денот и нокта( обозаванје на еден бог). мене ме фака криза за вода многу последните 30 мин пред да вика хоцата кога ке зајде сонце (аксам). и кога ке отворам ифтар, отварам со урма или со вода. и пијам само две голтки вода.а мислам ке испијат цело литро, славен нека е господар на свеотивте кој нема содруг. тој не најадува и не напојува во текот на денот додека сме во пост.

    амин инсхаAллах (Aко даде господ). сепак сите постиме и кланјаме да го добијеме Aллаховото задоволство. инсаAллах да е задоволен од нас и да ни го прима постот и сите ритуали сто ги правиме во негово име. Aмиииннн.
     
  18. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПОСТОТ

    Многу пати сме зборувале дека и медицината го препорачува постот, само што тие постењето го нарекуваат ,,диета,,. Според истражувањето на Националниот институт за стареење (National Institute on Aging), огранок на американскиот Национален институт за здравство, во градот Балтимор, се вели дека со еден или два дена постење во неделата , може да се заштити мозокот од дегенеративни болести, како Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест. Овој Институтот се темели врз научните истражувачки проекти, кои имаат за цел со разработен проект да наидат на разбирање, како би го потврдиле процесот на стареење, доколку не се води здрав и продуктивен живот.

    "Намалувањето на потрошените калории (т.е.со постењето) може да му се помогне на мозокот, и тоа на многу едноставен начин со намалување и внесување на големи количини на калориска храна. Ваквиот начин на исхрана, или како се нарекува во црквата ,,постење,, е најдобар начин да се обезбеди заштита кај човечкиот организам, и да се стопират погоре споменатите болести. Оваа ќе овозможи да се ротираат периоди на апстиненција, тогаш кога не ќе се јаде речиси ништо или многу малку, и периоди кога ќе јадете она што го сакате ", изјави Марк Matson, претставник на Институтот.

    Според неговите зборови, постот, ја зголемува енергијата и го продолжува животниот век, заштитувајќи го мозокот и кардиоваскуларниот систем од болести поврзани со стареењето. Според последните медицински истражувања, е докажано дека човек кој имал покачен крвен притисок, во текот на постот истиот се нормализира, без никаква друга терапија, мастите во крвта се намалени, а кардиоваскуларниот систем е стабилен.

    Ако медицината го препорачува и оправдува постот, колку повеќе ние верниците треба да ја сватите големината и посезноста на постот.
     
  19. Ratcej

    Ratcej Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали за време на постите може да се пие друг алкохол,освен црвено вино?
     
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Барем колку што знам се смета за грев, затоа што жената во тие денови се смета за нечиста, се оди во црква само не се пали свеќа... а за причест никако, сум постела 7 недели ми дојде последните дена и не се причестив ама и не ми е криво, зашто не се пости за причест туку за да си ја прочистиш душата...
    Мое мислење е тоа, нека се изјасни и друг... знаеш 300 луѓе - 300 чуда. :)