Дали ако на амбалажата на некој производ пишува може да содржи траги од млеко/ јајца, производот е посен?
Јас постев само првата недела, ама постев со масло, не можев да издржам поинаку. Ако згрешив Бог нека ми суди, сигурно згрешив, но имав потреба да се причестам. Не сум некоја која знае се за религијата, и јас сум грешник, но знам дека правилно е човек да ги пости сите постови, исто и среда и петок. Е сега, не секој може да издржи да пости, иако постот и исповедувањето се најважни за нашето спасение... Сметам дека подвиг е човек барем во среда и петок да пости, во големите постови ако не можеме да издржиме по 5-6 недели да постиме, подвиг е за почеток и една недела да ја испостиме и да се причестиме. Ако имаш духовник или во близина некој свештеник, прашај си да те упати како да постиш. Пак ќе спомнам, јас сум неважна, ама неколкупати сум постела само една недела и сум се причестувала. Гревот на крај на денот е мој што не ги издржувам сите пости. Можеби не ти бев од помош, но сакав да кажам само. За Божик постев само првите две недели и двапати се причестив. Ова го спомнувам затоа што праша дали смее човек да се причестува секоја недела, не гледам ништо погрешно во тоа. Нека каже некој што знае повеќе.
Здраво, постам на вода само викенди со масло, сакам да се причестам може да го направам тоа во недела на литургија фала
Нормално дека ќе има свети литургии. Ама кога и дали ќе има во вашата црква, прашањево треба да го поставите таму. За жал ние на форумов не можеме да знаеме кога и каде се` ќе има литургии на овие големи и свети празници. Свето Благовештение е на 25 март. Но, бидејќи нашата Црква го користи јулијанскиот календар, 25 март се паѓа на 7 април според граѓанскиот календар. Што значи, свето Благовештение е в понеделник.
Нема состав? Ова е еспресо, не би требало да има млеко. Пошто ги вадам од кутија капсулите јас и ја фрлам, немам при рака состав за нив да видам па ако има нешто текст сликни ми. Ова е према страната на Нестле, и е скроз логично да е само кафе во капсулата: Сите капсули шо не се еспресо имаат млеко. Ама ова е еспресо.