За Велигден, овој пост постев само една недела со масло ко што кажав, не можев да издржам поинаку. За Божик постев две недели без масло, односно јадев масло во деновите кои беа дозволени според типикот од Мпц. Риба не јадев, бидејќи не јадам риба. Кажав дека сум грешник, дека не ги постам сите пости... На крајот Бог ќе ми суди и мене за секој грев и грешка. Значи никаде не велам некој да пости како мене, само и споделив мислење на членката која ја цитирав претходно.
Не си ТИ грешник ,сите сме грешници,на оние што не можат попот дава благаслов за пост и причеста ако му бараш.Еве јас имам дијабет и тешко е да постам 40 дена без риба и се по ред.Верата е важна најмногу во душата ,постот е надворешно нешто.Знам жена што оди на литургија со столче и секогаш седи,ја болеле колената и кажува дека духовниот отец,свештеникот и дал благослов за ова.Мислам она не е инвалид и непокретна ,ни со патерици или слично ,литургијата е долга ,могу луге и гужва ете така и е најудбно,и редовно оди,седи и се моли.
Имам читано од духовни отци дека подвиг е човек и среда и петок да пости за почеток, потоа по една недела и полека, натаму ќе може да ги пости сите пости. Јас порано повеќе можев да постам сега се осеќам многу слабо и психички и физички, затоа испостив кратко, имав потреба да се причестам.... Ти посакувам секое добро и многу леснини во животот
Ако некој сака, не е касно и од денес па до Велигден да пости, за да се причести. Но, многу поважно и од самиот пост е да ги исповеда своите гревови што го одвојуваат од Христос и да одлучи да не ги повтори повеќе. Мислам дека е доволно и само да одлучи да не прави гревови што го одвојуваат од Христос и да одлучи дека ќе се исповеда, штом пронајде духовник пред кого ќе може да си ја отвори душата, па да се причести. Доволно е да посака да се испразни од гревот и да се исполни со Христос. Луѓе, не се колебајте да пристапите кон Христос, па Он, за да ни го овозможи овој пристап до Него, беше распнат на Крст и пострада; верувајте во Неговата љубов. И не само тоа, Он е спремен уште безброј пати да пострада, а и страда заедно со секој еден од нас, само и само, некако да стигне до нашето срце и да го најде отворено за Него. Отворете си го своето срце за Богочовекот Христос, дури и само посакајте да го отворите и да Го примите во себе, и ќе доживеете радост и светлина која никогаш нема да ве напушти, ниту вие ќе сакате да ве напушти. Не дозволувајте никој и ништо да се попречи помеѓу вас и Него, Он Е самата смисла на вашето постоење. Во Него живеете и во Него постоите; уште само и во себе да Го примите, та Христос да биде сé во сите, а секој да стане потполно свој – слободен од ропството на гревот. Исполни го Господи овој Твој копнеж преку мене, најмалиот од Твоите епископи, објавен за вера, надеж и просветлување на Твоите луѓе, зашто без Тебе ништо не можеме да направиме; и прости ни за сé. Амин. Митрополит Струмички Наум
Треба да прашаш свештено лице, ама мислам дека барем последната недела треба да постиш без масло за да се причестиш, така на другарка и' кажал свештено лице, прашај си најдобро. @ani23 јас со карцином сите пости без масло освен викенди, му ја кажав ситуацијата на свештеникот и ми кажа да не се оптеретувам многу, туку колку можам да издржам.
Денес е Света Среда. Ден на посветеност на страдањето и смртта на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Поради оваа среда, православните постат секоја среда во текот на годината. Бидејќи во оваа среда Јуда го предаде Христа. И Јуда стана олицетворение на секое предавство воопшто. Со предавање на Бога, човекот се предава себеси. И секогаш - ние всушност се предаваме себеси. Се убиваме. Исто како што Јуда на крајот се самоубил. Станавме толку слаби, Господе Боже. Помогни ни Господи да го избереме Твојот Крст а не триесет сребреници на Јуда. Да се бориме за воскресение и живот а не за смрт. Среда ... Ги знаеме настаните на овој ден. Неговиот дух е секогаш некаде со нас: се крие, бара, демнува... Духот на Јуда, дух на предавството. Да чекориме со Спасителот последните денови од Неговиот земски живот! О бедна судбино на Јуда ! Спаси ги нашите души од неа!
Имам едно прашање: Што ако ненамерно се згреши за време на пост? Бев излезена, многу ми се слоши, мислев ќе паднам и влегов во продавница си купив сушена брусница. Само што каснав, свртив назад да прочитам, кога гледам во состав сончогледово масло Сто пати се покајав ама касно беше.
Не било намерно. Не се оптеретувај. Едноставно продолжи си ко што си постела до сега. Јас се имам омрсено со кафе на прв ден Божиќен пост. Уште така нерасонета земам од кафематот. И после цел ден имав чувство како да сум заборавила нешто, а не можев да се сетам што точно. И тогаш сфатив дека сабајлето кафе сум испила. Ама после тоа продолжив со постот.
Е ,што се замараш со тоа си каснала ништо страшно не се оптварувај со јадењето...и јас каснав денес по грешка масло па ништо.Битно е да не правиме и да не мислеме на други лоши работи . Уживај си
Незнам дали прашањето ми е за тука ама прв пат постам и прв пат сакам да се причестам, ама незнам кога се оди на причест само сабота навечер или и недела сабајле и во колку часот? Или во секоја црква е различно?
Има причест Сабота сабајле и вечер на вечерната богослужба ако се причестувате на вечерната богослужба после 6 вечер не смее да се јаде и пие а за Недела сабајле не сум сигурен ама мислам нема причест богослужба има сигурно
Па Сабота сабајле има литургија и вечерта,за Недела незнам дали е литургија или обична богослужба мене духовникот ми препорача да се причестам Сабота сабајле и вечерта на вечерната Литургија
Видов сега јас на страната на црквата кај што ќе одам објавиле има причест сабота сабајле и сабота навечер како што кажа а за во недела нема причест, исто така понеделник и вторник има причест, а секој ден има богослужба сабајле и навечер. (незнам дали е вака за сите цркви)