Сабајлето в недела може да има само Второ Воскресение - вечерна богослужба - НЕ ЛИТУРГИЈА. Зошто е толку тешко да појдете во црквата каде планирате да се причестите и да прашате, кога ќе има богослужби, кога литургии кога Причесна? Ние овде не можеме да дадеме одговор на овие прашања без да знаеме во која црква и кој град/село планирате да се причестите.
“Тој што самоволно се разрешува од пост во среда и петок, Го распнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го убијат, а во петок Го распнаа”. св.Атанасиј Велики
МИЛОСРДИЕТО Е ПОГОЛЕМО И ОД НАЈСТРОГИОТ ПОСТ! Свети Јован Златоуст ги советува сите оние што се достапни на совет: „Kora ќе се наситиш – сети се на гладниот. Kora ќе ја згаснеш жедта – сети се на жедниот. Kora ќе се згрееш – сети се на тој што се смрзнува. Ако живееш во дом што e голем и богато украсен – доведи во него и бездомник. Ако се веселиш – развесели го тажниот и жалосниот. Kora ќе ти оддадат чест како на богат човек – посети ги сиромасите. Kora ќе излезеш радосен од твојот кнез – направи ги радосни и сите твои слуги. Ако бидеш милостив и сожалителен спрема нив, ќе добиеш милост кога душата ке го напушта твоето тело”.
Гледам дека има различни правила, па не знам како е правилно, некој што ќе пости да каже по кое ќе се води?
Здраво, имам прашање. Почнав да ги постам Богородичните пости, но поради здраствени проблеми и примање на многу лекови се мислам дали да го прекинам постот утре и дали доколку го прекинам е грев? Прочитав некаде дека на овој пост можиш да се причестиш и на 19ти и на 28ми август, па сакам да прашам дали е вистина и дали причеста се врши само претпладне затоа што е работен ден и 19ти и 28ми? Ви благодарам однапред.
Мене не ми е јасно зошто нигде во Библијата не пишува дека треба да се пости или јас го имам прескокнато тој дел. Баш праев муабет со еден другар тој е протестант и не постат таму, вели христијанството има традиции од некои баби, дедовци што рекле да се пости Јас не постам.
Има на повеќе места, прво што ми текнува е кога Господ Исус Христос истерува лоши духови од човек и пишува дека за таа болест само пост и молитва се лек, во овој дел исто се кажува и зошто не се иде по такви бајачи/гатачи. Имаше и друг дел дека апостолите не постеле бидејќи тогаш Исус сеуште бил со нив, но се наведува дека тие после тоа ќе постат. Јас воопшто не сум компетентна на оваа тема да зборам, ама ова прво ми текна, одамна го имам читано и барано. Сигурно ќе се најде некој што поубаво ќе објасни што и како. Ама верувам дека има мнооогу добра причина, бидејќи постот ни е еден од темелите на верата. И во стариот завет има за постот. Сум гледала на youTube католици како по потреба го постат Daniel's fast. Верувам дека и на мноогу други места во Светото Писмо има зошто постиме. Постот и молитвата се темели на сите монотеистички вери, дека е случајно и само некое си таму предание, не верувам. Е сега, тоа што понекогаш ние како верници не му ја сфаќаме суштината на постот од духовна страна и го гледаме како диета, тоа си е башка проблем со нас самите, а не со верата и правилата, секако овде секој сам за себе си зборува, никого не судам.
Поради здравствени проблеми и земање на лекови, може да се пости и со масло и со млечни производи... Само да не се јаде месо. Доколку си во можност види зборувај со свештеник или ако имаш духовник, тој ќе ти благослови да постиш на полесен начин ко што пишав погоре. Што се однесува на тоа дали е грев да го прекинеш постот, ќе бидам лицемерна ако речам дека не сум прекинувала и јас постење повеќепати... Сега ми е криво, ама ете таква ни е човечката природа за жал да паѓаме и потклекнуваме на разни искушенија баш за време на пост. Бог најдобро знае кога и како грешиме, на нас останува да се каеме и да бараме прошка. И јас постам сега, но искрено не знам кога точно има причесна, ќе одам деновиве до црква да прашам. @GirlLove Остави тоа што кажува твојот другар за постот. Протестантите како прво не веруваат во тоа дека Богородица воскреснала и дека е на Небото заедно со Бог, тие не ја слават Богородица на начинот на кој ја слави и почитува православието. Ако не можеш да постиш или мислиш дека не можеш, биди здрава и жива. Некогаш не е важен само постот со храна, можеш да правиш разни добри дела кои се угодни на верата, на крајот секој мал подвиг е важен за спасение на нашите души.
@GirlLove Има повеќе места каде што се спомнува постот во Библијата. 1. Кога Исус постел во пустината 40 дена (читај евангелие по Матеј). 2. Во Матеј 6:16, 17 и 18 има како треба да се пости Спојлер: Матеј 6:16,17,18 Кога постите не бидете како лицемерите, затоа што тие ги прават лицата натажено за да се покажат дека посат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле нивната награда. А ти кога постиш изми го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето туку пред твојот Отец, кој е во тајност, и твојот Отец кој те гледа во тајност ќе те награди јавно 3. Во стариот завет исто така се спомнува за посто. Пр. во 2 Самоилова се спомнува како Давид постел за да се излекува син му. Во Стариот Завет луѓето постеле за покајание и Божја помош. Ние се водиме според Новиот Завет и постот ни служи за духовно зајакнување и приближување кон Бога преку Христос. @dejna1 Постот не е само одрекување од одредена храна.. Ако поради здравствени причини не можеш да постиш, прекини го постот. Дали и колкав грев е да се прекине пост не сум сигурен, ама не постои грев што не може да се прости. Од друга страна многу се имаат причестено дури и ако постеле само со храна, а другите работи ги заборавиле, се сомневам дека некој во пост барем еднаш не згрешил (било со храна или мисла). Не знам кога можеш сега да се причестиш, може @Orthophill знае подетално за тоа, го имам сретнато во повеќе теми изгледа доста повеќе знаење има во врска со верата.
Се консултирав со свештеникот ми рече пробсј со повеќе масло само среда и петок не само не го отксжувај. Не хо прекинсв, сеуште постам. Среќа Господ ми даде некоја сила Ви благодарам на сите. Е сега имам друг проблем, причестувањето е од кај 8:30 наутро јас имам проблем од работа да испаднам... Ќе треба на исповеста да видам какви опции ома со свештеникот