Форумџика на годината

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko јас си имам духовник и си исповедам редовно и пред секој пост си зимам благослов...
    @Bitter-Sweet секој е човек е различен и во моменталната негова состојба свештеното лице му кажува како треба да пости..
     
    На Amica geniale и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.774
    Пол:
    Машки
    Мило ми е.. Имам и јас ама тоа не ми е пречка да читам и да се едуцирам и од други извори, плус се проверувам во Библијата, и не одам за секоај ситница да го прашувам што како прво сам се трудам да видам дали можам информации да најдам.

    Ајде сега сите ќе отидеме да прашаме како да постиме сигурно сме многу повеќе луѓе од свештеници и треба на секој посебно како нутриционист да му се објаснува. :drunk:
    Тоа е постот за сите ист, пости со храна, пости со душа, труди се, па кој колку може..
    Не е ова диета и сигурно ако кажеш поради тоа и тоа не можам така да постам дали може вака ќе ти каже дека може.
    Разбирам некој прв пат да пости не му е јасно и да праша или таа година е болен од нешто или бремена жена.. Ама за секој пост да одиме и да прашувам "како јас да постам?". Тие што постат секоја среда и петок, вторник и четврток мора да одат да прашаат како да постат?

    Ако ти е поубаво да одиш и да прашаш прашај никој нема да те врати, ама не треба сите да одат и да прашуваат, не сме многу различни..
     
  3. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko може на своја рака да посте, но доколку се причестува мора да земе благослов од свештено лице.
    Вон 4те пости, среда и петок се знае дека треба да се посте и како.
     
    На Wideperpetual и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  4. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    Ако постот не го менува нашиот однос со ближниот, тогаш тоа не е пост.
    Ако постот не нè прави скромни, тивки и милостиви, тогаш само сме го промениле нашето мени, а не и нашиот живот.
    Бог не бара полни трпези, туку бара чисто срце.
    И затоа, кога постиме - да постиме вистински.
    Не само со устата, туку и со мислите.
    Не само со трпезата, туку и со животот!


    Пост е кога ќе ги видиш своите гревови,
    па од болка не можеш да јадеш!
     
    На Aleks.mar, kuc, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    Како се пости на водокрст кога ќе се падне во Сабота или Недела.

    Во недела, на 18 јануари, Црквата го празнува Водокрст, денот посветен на светите маченици Теопемт и Теона, а воедно тоа е и навечерието на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

    Во црковната традиција, овој ден обично се пости строго, без масло – пост кој во народот е познат како „нејатка“, како знак на духовна подготовка за празникот на јавувањето на Света Троица на реката Јордан.
    Но, оваа година Водокрст паѓа во недела.

    Имајќи предвид дека во јавноста, а особено на социјалните мрежи, веќе се појавуваат поуки и објави од поединечни „познавачи“, кои тврдат дека во недела, на Водокрст, треба да се пости строг пост (без масло), со должна почит, мора јасно да се каже дека таквото поучување е канонски неточно и претставува сериозна грешка.

    Светите канони на Православната Црква недвосмислено забрануваат строг пост во недела, бидејќи неделата е ден на Воскресението Христово, ден на радост, евхаристиско заедничарење и благодарност, а не ден на аскетска жалост.

    Ова е јасно изразено во: 66. Апостолско правило (Толкувањето на епископ Никодим Милаш):
    „Ако некој од клирот пости во НЕДЕЛА или во САБОТА, освен една единствена сабота – Велика Сабота, нека биде расчинет; а ако е лаик – нека биде одлачен (исклучен од Црквата).“
    Ова апостолско правило: се однесува конкретно на строг пост и важи за сите времиња и сите постови.
    Па така, кога Водокрст паѓа во сабота или недела, постот не се укинува, но строг пост (без масло) не е дозволен, туку постот се ублажува (се допушта масло но не и риба), во согласност со канонскиот поредок на Црквата.

    Затоа, да внимаваме од површни и самоволни толкувања, колку и да изгледаат „побожни“, и да се држиме до преданието на Црквата, кое не нè води во крајности, туку во вистина.

    Нека Воскресението Христово, кое секоја недела го славиме, биде мерка и за нашиот пост и за нашата вера.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    88
    Дали треба да се исповедаме и да земеме благослов пред започнување на велигденскиот пост?
     
  7. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    846
    Пол:
    Женски
    Колку што знам, треба да се побара благослов од отец....да.
     
    На Burevesnik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    4.780
    Пол:
    Машки
    Благослов за постење ни дава Црквата! Уште повеќе Велигденскиот Пост е пропишан со светите канони и сите треба да го постоиме. Нема потреба пред секој пост да се бараат благослови, но пред Причесна треба.
     
    На kuc и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  9. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    А зошто нема потреба да не се зима благослов пред секој пост?
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    4.780
    Пол:
    Машки
    Затоа што нема потреба и да се зема благослов за да се оди в црква секоја недела, или да се бара благослов за добро дело.
    Постот и одењето в црква се подразбираат за секој христијанин. Благослов се бара за работи за кои не сме сигурни дека се добри и корисни за нашето спасение. Не се бара благослов за работи кои се пропишани од Црквата како задолжителни за секој Христијанин.
     
    На Aleks.mar, Knizhevnik11 и kuc им се допаѓа ова.
  11. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    На мене ми кажа духовникот дека пред секој пост да земам благослов од него.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.374
    Допаѓања:
    33.752
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Земам благослов за постење пред секои пости и секако после исповед за причест.
     
    На Burevesnik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    4.780
    Пол:
    Машки
    Да си земате слободно. Ништо лошо во тоа нема, ама нема ни потреба. А, пред Причесна задолжителни се благословот и подготовката.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Barbara_barbs

    Barbara_barbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Дали за време на велигденскиов пост од понеделник до петок кога е без масло може да се конзумира растително млеко, од бадем, овес или соја. Исто така дали смее таан, како и путер од кикирики?
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    4.780
    Пол:
    Машки
    Таан смее. Путер од кикиритки, растителни млека, не знам. Ако не пишува дека имаат масло смее. Ако не можете без нив, слободно јадете и пијте ги.
     
  16. Lenaa__12

    Lenaa__12 Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2024
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали може да се јадат маслинки и супа од кесичка?
     
  17. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    846
    Пол:
    Женски
    За маслинки знам дека смее.
    Јадат за време на пост.
     
    На Lenaa__12 и Burevesnik им се допаѓа ова.
  18. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    88
    Јас бидејчи редовно си пијам омега 3, дали за време на пост да ги прекинам??
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_3453.jpeg
      IMG_3453.jpeg
      Големина на фајлот:
      210,4 KB
      Прегледи:
      6
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    Свештено лице ќе си прашаш, бидејќи само тие правилно ќе ти кажат, тука едни едно ќе ти кажат, други друго ќе ти кажат.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.188
    Допаѓања:
    83.255
    Пол:
    Женски
    Да не ги прекинуваш ако имаш потреба да ги пиеш.
     
    На kuc, Mr.Limonko и Orthophill им се допаѓа ова.