Јас оваа година се решив да постам само една недела без масло за да се причестам и попот ми кажа дека и на цветници има причесна. Јас еве оваа недела терма строг пост, зошто последната 99% ќе ми дојде а сакам да се причестам. Претходната година попот не ме причести ама ете можело и една недела понапред.
Мене ме интересира дали додедка постиме(затоа што јас постам од прочка до велигден) смееме да се бакнуваме? или тоа се смета за “омрсување“ доколку партнерот не пости?
Во сите цркви каде што ќе се служи Литургија т.е. каде ќе има служба. Соборна секако, потоа Св. Димитриј исто секако, Св. Богородица... Ама најубаво би ти било, ако си од Скопје, да си отидеш во Соборна . Мала информација за во иднина. ***Секоја недела и секој празник се служи Литургија, а кога се служи Литургија секогаш има и Причесна. ***Кога сакате да се причестите, најубаво би било да си отидете порано тој ден во црква и цело време да си стоите на целата служба од почеток до крај (Утринаската Богослужба и Литургијата).
Ако започне кај 7 ч Утринската Богослужба, Литургијата би започнала кај 8.30-9ч ч и би завршила до 10.30 -11ч максимално (зависи дали е празник и колку има за пеење). Тој период кај 9ч, можеш да бидеш таму .
Освен во тие цркви што мислам дека ти се најблиску, јас ќе одам во св. апостоли Петар и Павле, во Ѓорче.
И јас еве од денес почнав да постам три дена пред велигден, без зејтин. Малку ми е тешко без цигари но верувам во господ и ми помага. Сепак ова ми е прв пат да постам. Ме интересира утре Велики Петок дали смеам да јадам и пијам вода.. Дека наслушнав дека цел ден без леб и вода бил постот.. и ако сум добро упатена во сабота пак без зејтин треба да постам ? Се до вечерта кога ке се причестувам.. ?
ShtrudLaa цела недела пред Велигден се пости без зејтин а инаку за утре колку што знам дозволено е леб и вода , јас инаку си постам 40 дена, само последната без зејтин и многу брзо и лесно ми поминаа деновите За разлика од заплашувањата на почетокот од страна на мајками и бабами, воопшто не ми беше тешко да постам и многу убаво се чуствувам Инаку ова ми е прв пат да постам, и дефинитивно планирам и другата година пак
Oфф еден ми вика без леб и вода утре друг ми вика може да се јаде.. и незнам што да правам.. Патем многу ми е тешко без цигара. само на тоа мислам :/ се молам само да ми помине ама цел ден се мачам.. :/
Тоа што си го слушнала е вистина. Кој може и сака, може така да пости (без храна, цел ден). Тоа е заради тежината на утрешниот ден, се надевам дека ме разбираш . А оној кој не може така да се воздржи, не е грев и да јаде. Тоа е во зависност, првенствено до верата на човекот, потоа и до телесната немоќ (болест, лекарства...). Во сабота не се јаде зејтин, се додека не се причестиш .
само да ги предупредам христијаните који постат. дека во крисалот маргарин има состојки од свинска маст. емолугатор -Е471 Е472 се состојки од свинско. кристал маргарин E-471 E471- свинска маст, 10% коскина срз од свинско месо. зелатинот содрзи 70% маст свинска. во стоби флипс смоките содрзи- 25% свинска маст. m/halalfoodguide.php ове мозе да се види кој се дозволени сифри а кој не, и кој содрзат канцером.
Интересни информации, денес тешко е да се заштити човек од мртва храна а да не зборам па за генетски модифицирана и сл. на сајтов http://special.worldofislam.info/Food/numbers.html за Е471 пишува дека може да биде сепак и од растително потекло, не само од животинско. Од каде дозна ти конкретно за смоките и кристал маргаринот? Благодариме однапред!