засто сме го уцеле тоа ние во исламот, за прехранбенни производи од сто се состојат.и нивното потекло. а јас ти гарантирам дека 100% има свинско во кристалот и во стоби флипсот. како мозес да приметис, свинската маст секогас се лепи како лепак на рака, мозес да примет дека и во смкоките кога сме ги јаделе некогас, рацете ни се лепеле па сме ги лизеле прстите. состојките сто се лепат на прси, тоа е од свинска коскена срз. тоа го има во пудинзите во сладоледите. во зелатините. супите купецки, во коцките за супа,и во ред други работи. јас многу го јадев кристалот и смоките но не знаев дека не ми е халал за јаденје, али сепак ние сме гресници само бог е безгресен. и ако бог даде ке прости за насите грески Aмииинн
постот не е само пост со храна туку главен пост е оној духовниот без никакви лоши мисли,пцовки,туку мирно и сталожено
Едно малечко потсетување . Од утре започнуваат Петровденските пости. Според правилата и одредбите на православната црква, постот се пости на следниот начин: понеделник, среда и петок се јаде без зејтин, додека вторник, четврток, сабота и недела се блажи со зејтин. Исто за време на саботата, неделата и големите празници се благословува да се јаде и риба. Господ на сите да им помогне, на оние кои го започнуваат постот. Богоугоден и лесен пост .
Ајде бе феминки,има некоја што пости или нема? Постите,не постите,како се држите,дали ќе одите на причесна,кога? Еве јас да си кажам,сум во план да се причестам,боже здравје,за Иванден и таа недела ќе ја постам без масло.Сега си јадам со масло и во недели јадам риба.Духовната страна не ја воопшто занемарувам.
Со маж ми ги постиме заедно постите,и преубаво се чувствувам здравје Боже со Господ напред сакам да се причестам ако не добијам нажалост Инаку постме на следен начин понеделник,вторник и четврток со масло,среда и петок без, а за викенд риба. Маж ми кој е пушач за време на сите пости непуши строго се придржува благодарение на него научив многу работи за верата! Секако дека духовната страна е многу побитна од храната,те поздравувам и ти посакувам се најубаво
Od utre pocnuvaat Bogorodicni posti,ponedelnik,vtornik,sreda,cetvrok i petok se posti bez maslo. Maslo se upotrebuva samo za vikendite. Riba se razresu va samo na denot na praznikot Preobrazenie. Ovoj post e vostanoven vo cest na Preobrazenie Gospodovo i na Uspenie na Presveta Bogorodica! Postot e neophoden i za denesniot vernik. Treba da se znae deka postoi telesen i duhoven post. Telesniot post e koga stomakot posti od hrana i pijaloci,a duhoven koga dusata e vozdrzana od losi misli,zborovi,dela... Telesniot post gi smiruva nasite strasti,no bez duhovniot post,telesniot ne bi imal nikakvo znacenje. Za site pravoslavni hristijani neka im e blagosloven postot! Ps.izvinuvanje za latinicata ne sum vo moznost da go smenam fontot momentalno
Со овие пости се поврзува и воздржувањето од јадење на грозје. Овогодишно грозје прв пат се зајадува на празникот свето Преображение, по неговото осветување. Оние кои јаделе грозје пред свето Преображение, во исповедта пред причестна мора да го спомнат и овој грев.
Имам едно прашање до сите феминки кои постат или постеле. Јас дури денес видов дека почнале постите, а сакам да постам. Нека ми пише некој дали од утре здравје може да постам без масло до 28? Дали мозе така?
Може зошто да не. Ама ако сакаш да се причестиш ќе мора да се исповедаш. Денес бидејќи е среда секако имаш постено.
Едно прашање бидејќи денеска се пости дали овој петок е еден од тие во годината каде што не се пости(нели има петоци после Велигденски, Богородични пости каде што не се пости) па дали е и овој таков
Денес е празник-Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, голем празник и се пости, имам слушнато дека не се јадело ниту храна со црвена боја. Јас не знаев дека денес е празникот и се омрсив утрово, но битно душата ми е чиста, никого не навредив, проколнав ниту убив.
Не се редовни (т.е. мрсни) ни оваа среда ни овој петок. Денеска постиме и не се веселиме, за да не имаме учество на иродовиот роденден, кога после изведениот танц, Саломија внуката од брат на цар Ирод, а ќерка на развратната Иродијада, ја побара на тацна главата на свети Јован Крстител.
Буквално се што сакате да знаете во врска со религија!!! Од кој датум почнуваат велигденските и петровденските пости . Се работи за свадба ве молам за помош.
Велигденските пости започнуваат од 18ти март, а се до 5ти мај, додека Петровднеските започнуваат од 1ви јули, а се до до 12ти јули.
Спојлер Се извинувам за постовите што се еден под друг, но ми помина времето за редактирање. Модераторката може слободно да го промени тоа, доколку е потребно . Од утре 28ми, започнуваат Божиќните пости кои траат до Божиќ 7ми јануари, Рождеството Христово. Најправилно овие пости се постат: понеделник, среда и петок без масло, додека вторник, четврток, сабота и недела се блажи со масло. Благословено и разрешено е да се јаде риба во сабота и недела и големите празници (Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, Св. Климент Охридски, Св. Николај...). Лесен и Богоугоден пост на сите кои го започнуваат од утре .
Постот е дамнешна метода за прочистување на телото,но според мене најважен е духовниот пост кога овие две одат заедно тогаш навистина се нарекува дека сме постеле бар според мене,имам комшија кој демек постеше а се по список тераше баш се чудев зошто тој пости ако постот се состои само во храната тогаш може кога сака да си држи диета но, кога ке научи и да пости духовно да не вреѓа,пцуе, да помогне некому,тој го правеше спротивното и најинтересно беше кога се фалеше дека и тој постел
За да се причестиш ( за Божиќ еве нека е ) треба да постиш секој ден ? Или може на пример само во понеделник среда и петок ? Мора цело време да се пости или може на пример последните 2 недели ? Може да ми кажете ?
Па треба понеделник среда и петок да нејадеш масло, а во вторник и четврток со масло, додека у викенди и на празници и риба е дозволено, но постарите обично првата и последната недела на постот постат без масло додека тоа у средина цело време го постат со масло, најдобро е да прашаш свештеник кој ти е најблиску да ти каже како ти личчно да постиш , инаку првиот начин на постење што го опишав е најправилен.