Како што кажа и претходно феминаката, тој пост е најправилен како да се пости. Многу е погрешно да се пости на овој денес модерен начин, на своеволно скратување по желба. Постарите тоа го изведиле само да си го олеснат долгиот пост, па затоа си скратиле нешто. Наместо да ги постат целосно постите, тие денес им кажуваат многу погрешно и на младите и тие прават така. Но едно не сфатиле, дека Господ никогаш и никој не може да го излаже. Тоа што го скратуваат предодредениот пост е за нивно лошо на душата и навистина прават голем грев. Конкретно за тебе мила . Не знам дали си постела овие два денови или не. Но ако не си постела и тоа од не знаење, а не си знаела за почетокот на постот и сакаш да издржиш до крај (до Божик), тогаш можеш да се посоветуваш со некој отец во најблиската црквичка. Но како за почетник кој започнува да пости, верувам дека ќе ти разреши отецот да блажиш со масло во сите денови, освен евентуално во среда и петок (доколку можеш без масло). Но задолжителен е постот пред Светата Причест, а тогаш се пости најмалку 5 денови без масло. Строгиот пост (без масло) кој се практикува за време на првата и последната недела, важи за Велигденскиот пост. Односно, за оние кои им е разрешено да блажат со масло (зашто тие пости се многу строги и тогаш се пости од понеделник до петок без масло, а само во сабота и недела се јаде масло), па само првата и последната им се дава да ја испостат најправилно како што и треба. Првата, зашто таа е неделата на Православието, а последната недела се пости строго, зашто тогаш е предаден, измачуван, распнат и погребан Господ Исус Христос.
Дали знае некој да каже дали смеам да пијам Омега 3 по препорака на гинеколог( инаку сум бремена) ,бидејќи се пости сум во недоумица. Се пијат секој ден или само кога се блажи со риба за викенд?
Треба да разговараш со духовнот отец.За време на бременост може да ти даде благослов за постење со млечни производи (јас имав таков благослов).Инаку колку што знам,кога мора де се пие некој лек редовно,треба да се пие независно од постот.
А зошто и воопшто постиш ако си бремена?! Ако веруваш во Бог знаеш дека простува за се, а не пак за непостење за време на бременост. Постењето може да е штетно за плодот, потребни ти се секакви нутритиенти посебно за време на бременоста, не смееш да оставиш да не примаш тоа што ти предложил гинекологот.
Ви благодарам на одоговорите Камилица и Експеерт. Јас постам од љубов према Бога,баш напротив не ми е тешко што не конзумирам некои видови на исхрана,јадам и се држам онака како што е пропишано да пости една трудница,нормално доколку сака и може. Касно открив дека бремените жени исто можат да постат доколку имаат нормална бременост и со првото дете не го знаев тоа и денес ми е искрено криво па затоа овојпат од душа и срце го правам тоа
Планирам да ги држам овие велигденски пости, и се надевам ќе го реализирам тоа. Нејадам многу месо, ретко некое друго освен пилешко, а и не сум зависна од млечни производи. Сакам зеленчуци и риба, и ќе пробам. Пред се за здравје ќе ги држам. Досега сум постела само во оние строги пости (петок ) најчесто, па ќе видиме како ќе терам.
Планирам, здравје Боже да не се зарекувам, да постам барем една недела од Велигденскиов пост. Ова се трудам секоја година да го практикувам. Убаво е чувството
Да се пости не значи само да се јаде посна храна...исто така значи и да не му помислиш лошо на никого а камо ли да направиш нешто лошо...
Во врска со велигденскиот пост сте пишале дека риба не се јаде ај ако може некој нека ми објасни подетално зашто јас знам дека риба не се јаде т.е. јас не сум ја јадела првата и последната недела кога постам без зејтин
Вака, според она што јас го имам прочитано и ми имаат кажано е дека од понеделник до петок се пости без масло, но доколку се падне празник во овие денови тогаш се дозволува масло. Во сабота и недела се пости со масло, а риба се јаде само на Цветници и Благовец. На форумов има и посоодветни личности да зборуваат на оваа тема (посебно Серафима), па доколку згрешив нешто нека ме исправи/ат. Поздрав4е.
Морам да додадам уште нешто во врска со постот . Од утре започнува сирната седмица, односно во среда и петок е благословено да се мрси со млеко и млечни производи, јајца, риба, но не и месо. Особено е важно за оние кои сакаат вистински да постат, да се придржуваат кон тоа. Зашто оваа недела е подготвителна за постот и се смета како дел од постот. Ќе ја напоменам само како пример мојата свекрва, дека еднаш не се придржувала кон тоа, а отецот не и благословил да се причести, иако цел пост го постела.
Среда и петок само. Другите денови се мрсни се јаде месо.Тоа е затоа сто оваа недела се вика прочкена недела , се јаде риба, јајца, и млеко затоа што може несакајки да заборавиме на постот и да се омрсеме затоа се мрсни среда и петок кои цела година по нашата вера треба да се пости .За тоа да ни прости Бог што сме згрешиле.