1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    во грешка си, цела оваа недела се мрси само со млеко, јајца и млечни производни ама месо никако.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    И сега јас може ли да ги постам велигденските пости а денес јадев салама мислев дека се уште не се навлезени постите .Посебно ако може серафимада ми одговори.
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Би те посоветувала да си поразговараш со духовниот отец. Тој најдобро ќе ти каже и ќе ти даде благослов за постот. Но бидејќи се работи за незнаење и тоа си го направила несвесно, претпоставувам дека ќе ти даде благослов. Само би те замолила најдобронамерно за твојата душа, да се исповедаш и тоа да го кажеш на исповедта.
    Голем е Бог, верувам дека се ќе биде во ред :) .
     
  4. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.111
    Пол:
    Женски
    Вака девојки зошто сум јас многу слаба а сепак сакам да постам дали би било во ред да ја постам само последната недела од велигденските пости без зејтин што е ?
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    На прашањата дали да постам вака, или да постам онака; на прашањето јадев вчера салама дали да се причестам и слични на овие прашања одговор не се добива од форумски ликови, но одговор се добива од вашиот парохиски свештеник(попот кој доаѓа да ви крсти вода). Значи без да се срамите појдете во најблиската црква до вашиот дом и побарајте свештеник. Поразговарајте со него, без да се срамите. Сепак претходно помолете Го Бога, да Бог преку вашиот свештеник ви даде одговор на вашите прашања и на маките кои што ве мачат.
    Ако немате доверба во вашиот свештеник, пишете ни приватна порака мене (или на Серафима) во која ќе ни кажете од кој град сте, а ние ќе ви препорачаме свештеник, кој со сигурност ќе ве ислуша и со Божја волја ќе ви помогне.
    А за постењето од храна, монашкиот типик вели: во понеделник, среда и петок еден оброк по зајдувањето на сонцето од леб и сурово (или суво) овошје и зеленчук, во вторник и четврток негде еден оброк(по зајдување на сонцето или по 9. час - 15 часот по граѓанско сметање) негде два (еден по утрена, еден по вечерна) оброци на вода, односно варена или печена храна(зеленчук и овошје) без масло и леб. Во сабота и недела разрешени се два оброци на масло (по утрена и по вечерна). Тие што работат в поле, добиваат разрешение на уште еден оброк од леб и неготвени овошје и зеленчук.
    Мирјанскиот типик, односно типикот за оние кои што не се монаси, не може да биде ист како за монасите. Бидејќи мирјаните (немонасите) имаат и други обврски, задолженија и послушанија. Во Русија на пример никој не пости без масло, поради климатските услови (дури јадат и риба). Во Грција пак постат без масло, но за нив масло е само маслиновото, а не и сончогледовото и другите растителни масла. Во Црна Гора се советува следниов мирјански типик(кој мене искрено најмногу ми се допаѓа): првите пет дена од постот (од чист понедлник до чист или тодорички петок) без масло, исто така и последните шест дена - од Велики Понеделник до Велика Сабота без масло, а во деновите измеѓу да не се јади масло само во среда и петок. Нашите предци, постеле на масло, освен седмицата пред да се причестат (а најчесто се причестувале на Тодорица).
    Оние кои работат тешка физичка работа, старите, трудниците, доилките и болните најчесто добиваат и разрешување на млеко, јајца и риба(но никако во среда и петок и никако на месо).
     
    На kuc, Witchman, femina333 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. kivalce

    kivalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Гледам кажувате многу различно... Некои вака, некои така, некои работи се совпаѓаат, некои не. Јас баш денес бев до црква да се консултирам. Минатата година целите ги постев, иако гледам сега и онака што ми кажуваат сите различно, ги постев некако на свој начин, без јадење риба. Мислам повеќе треба да се обрати внимание на духовната страна, јадењето за недела време ќе го навикнеш. Поважно е како ќе се однесуваш. Прашав дали може да постам само првата или само последната недела. Свештеникот ми кажа дека тоа не е баш во ред (со што и јас се согласувам), ми рече: „Нема никаква корист ако оваа недела постиш, а наредната седнеш и се налапаш месо“. Уште ми рече да пробам да постам недела, па да продолжам до колку можам да издржам, но да не се зарекувам до тогаш и крај. Секако на колку и време да се одлучиме, дали можеме цели пости или не, сами себе се претставуваме пред Бога. Уште ми спомна дека не треба да се фалиме со тоа пред другите или да ги наговараме и нив да почнат да постат, за секој си е тоа индивидуално. Секој одговара за себе. Инаку прекрасно чувство е.
     
    На Hopeful и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.765
    Пол:
    Женски
    Прв пат постев за Велигден пред 3 години (онака како што треба со благослов и навистина беше успешно) и се причестив за прв пат во мојот живот. Разликата од претходното постење и она со благослов е голема, не осеќав потреба за храната што не смеев да ја јадам, не ме ни привлекуваше. Тогаш научив дека во одредени денови риба не смееме да јадеме, а морски плодови (пр. школки) може.
     
  8. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Сакам да ги постам само првата и последната недела, ме интересира дали треба без зејтин или може со зејтин??
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Епа и јас го велам, т.е. пишувам истото... Секој да си се консултира со својот свештеник и Бог преку тој “никаков“ свештеник ќе му каже како треба да пости и што треба да прави.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас се спремам за Велигденските пости.
    Сакам да ги постам сите дена, ми треба едно прочистување после зимскиве месеци. :)
    Секако сум вегетаријанец, па нема од што многу да се откажам за јадење и постот ќе ми биде лесен. :lol:

    Ќе постам со масло. Зошто? Зошто е од сончоглед, а тој е растение и не го рачунам како мрсно.

    Си имам некои дебати, пример, можеме да јадиме ореви, ама и тие во себе содржат масло (ореово масло). Затоа ќе си постам со масло. :)
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Браво ако можеш да издржиш,но треба и духовен пост не само со храната да се пости,е тој за мене е прав пост.поздрав
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Да, самото воздржување има многу аспекти, од духовен аспект пример, имаме воздржување од лоши зборови/мисли/дела....

    Мислам дека дури треба и апстиненција, за чист да ја примиш причесната (ако сум грешка, нека ме поправи некој). За издржување можам да издржам, но не сакам толку долго да си го запоставам сопругот.

    Месо и онака не јадам многу, ниту пак јајца, но нека ми прости Господ не смеам да избегнувам млечни производи, така што ни во поглед на храната нема да можам да постам.

    Ќе гледам да се придржувам кон духовниот дел, како и секоја година.

    Срам ми е што сум верник и го велам ова, но мислам дека постојат и многу полоши и посериозни гревови од ова моево. А за тие што (од понеделник мислам) ќе постите, Господ нека ви даде трпение и силна воља.
     
    На Dinnna и Serafima им се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ^ Еден најдобронамерен совет мила :) .
    Факт е дека треба да бидеме воздржливи скоро во се, но се има мила решение. Во едно од посланијата убаво е објаснето значењето на постот. Дека мажот и жената се одделуваат по договор, да постат и се молат, за да не не искуша сатаната (ова е многу важно). Зашто кога сме во брак ние полово општиме со сопругот, ние не одиме и не правиме ништо друго лошо, пример Господ да чува од прељуба. Бидејќи сопружниците се едно тело, една душа и тука нема ништо погрешно. Но фала му на Бог, секој може да апстинира една недела, онаа недела во која се подготвуваме за Причесна. Барем само тогаш да се воздржат од полово општење. Ни ќе умреме, ни ќе загинеме, тоа ви е исто како да сме се водржувале како кога имаме месечен циклус, ништо повеќе. А тоа се може, не е ништо страшно.
    Да не ме сфатите погрешно, дека не треба воопшто да се воздржуваме кога сме во брак, не, туку да постои некоја граница на воздржување. Ако пример сме блиски со сопругот неколку пати неделно, тоа да го селектираме, на еднаш, два пати.
    Сакам да кажам мила, дека со благослов од духовниот отец, со взаемен договор помеѓу двајцата, се’ се постигнува. И ќе испостиш и ќе се причестиш, ако тоа е проблемот :) .

    Што се однесува до духовниот пост, тој е уште потежок. Оној кој не пробал, не знае и може само да погодува. Имам кажано и во еден друг пост, сите ние судиме, осудуваме. Се споредуваме со поголемите гревови што ги гледаме во другите, а притоа си се оправдуваме (ова не е надоврзување на теси, и не е за тебе мила ;) ). И наместо да се поправиме, ние само си стоиме во место и тониме. Тешко е кога се осудува друг, а ни самиот се немаш пробано да видиш што значи духовниот пост. Ќе речете, ете тој оди во црква, а види го што прави?! А што пак ако тој човек само тогаш погрешил? Што ако не греши воопшто во сите оние наши гревови што ние секојдневно ги правиме, а се поголеми од тој?
    Ете тука е болката и суштината на се. Оној човек кој тоа само и го помислил, паднал во многу голем грев, а тоа е најголемиот, гордоста. Се мисли човекот дека е најдобронамерен, најдобродетелен од другиот, а во суштина не го ни познава него и не ни знае дека направил грев. Се надредува над него со својата гордост, а гордоста сите знаеме дека е коренот на сите гревови. Затоа треба да бидеме многу внимателни, да си се гледаме себе, а не другите. Тогаш ќе сфатиме што значи духовната борба во себе. Да се трудиш да не правиш нешто што си правел порано. Пример, можат да ме сфатат пушачите. Колку нив им е тешко да се одвикнат од пушењето, која е таа борба, иако е само телесно одвикнување, ама што да речеме за некој духовен грев?! Ама на другите многу лесно им е само да кажат.
    Кога нашиот живот ќе зборува повеќе од нашата уста, тогаш многу сме кажале :) .
     
    На friendy, Dinnna, gentle.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се навредив, напротив ги сфатив твоите зборови и упатувања во најпозитивна и најдидактичка можна смисла. Како членка во најопшта смисла те немам восприемено како човек кој навредува.

    Јас сум свесна за сопствената духовност, но и за тоа дека сум се`уште далеку и далеку од голем верник. Прво не сум толку ни едуцирана на тоа поле ни доволно воздигната.

    За храната, навистина. Не сум човек кој е дрчен, ниту пак кој многу јаде, но неколку доктори ми имаат упатено дека не смеам да поминам ден без да има барем еден млечен производ на трпезата. А тоа е масно, бидејќи е од животинско потекло. Значи една недела не јадев ништо млечно затоа што немаше услови и веднаш почна да ми се рони едниот заб. Само пример кажувам. Ете, таков ков сум, не можам.

    Што се однесува до духовното, знам бидејќи особено за еден пост го паметам пред неколку години, толку неправди ми се имаа случено, ми доаѓаше не да пцујам, да кршам се` околу мене. Тешко беше, речиси неизводливо, но сепак успеав на крајот да ги избркам тие мисли.

    Далеку сум од горда. Напротив, многу сум самокритична и кога не сум добра во нешто, самата си го кажувам без проблем.

    Тешко е, некој во една тема спомена дека монасите живеат во манастири, места кои се оддалечени од урбаниот свет за да бидат што подалеку од искушенијата. Ние пак, се соочуваме со искушенија секој ден. И е навистина тешко да се функционира кога и блиските околу тебе не ја поседуваат таа духовност и тој ист стремеж за поголема духовност.

    Пример, јас почнав да учам повеќе за духовноста и религијата како резултат на лична желба и повик. Моите родители и повеќето најблиски роднини не се религиозни, но се далеку од лоши луѓе. Но ете, не ги разбираат работите на таков начин. Сопругот е религиозен, но не многу. Знае да отиде во црква, да запали свеќа, да се помоли со мене, но тука застанува се`. Пости не практикува. Филозофијата негова и размислувањето му се такви, не можам да му ги променам.
     
    На Libera, vinozito1 и Serafima им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се согласувам потполно.Во постот, не е само исхраната, прочистување на организмот, тоа е заради зачувување на телото, прочистување кое патем се прави и со самиот режим на исхраната, тогаш и кога не се пости.Но, главното нешто, целата суштина на постот е токму она кое го кажа.Преку постот, од духовен аспект, се учи дали треба човек да говори за другите дали и колку згрешиле, па со тоа дали истите се достојни да одат во црква.Грешките кои човек ги забележува кај другите, притоа воздигнувајки се себе си како безгрешен, веројатно е дека токму тој ги има сите тие грешки, чим веќе ги забележал кај другите.Со тоа на исто ниво е со другите луѓе.Оттаму е причината за она кое велиш, осудување, затоа и не треба воопшто да се прави.Бидејки секој човек може да направи грешка во животот, а со тоа, секој може да оди во црква, бидејки никому тоа не е забрането.А гордоста, е првиот пад на човекот.А сето ова е секојдневие.Токму затоа постои постот.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Нема врска тоа што монасите живеат во манастири,места кои се оддалечени од урбаниот свет,далеку од искушенијата.Манастирот е таму каде што е,а тој одлучува дали ќе остане таму,но не за да биде далеку од искушенијата,туку дека таму сака да биде.Еден монас имаше на вратата слика со гола женска.Прашањето беше дали смее да чува таква слика,а одговорот беше одговорен на толку едноставен начин дека нема врска што сликата стои на вратата се додека не посегнеш,се додека не ти се јави желба за таа женска ти не си направил грев.Ете и они се воздржуваат од такви мисли.Не сме само ние.Или пак...Кажуваме молитви(ако кажуваш,не знам) и на монасите работата им е да се молат.Во молитвите имаме најмногу искушенија.Сконцентриран си на кажувањето молитва,меѓутоа са*аната бара начин да ти го одвлече вниманието од молитвата,прави да се буниш или пак да ја кажуваш молитвата без да ја мислиш/осеќаш.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас само за храната си напишав, дека нема да ми е проблем околу неа.

    А, за духовниот пост, не чекам да почнат постите.

    Туку, секоја вечер кога си легнувам размислувам дали некому (дури и себе си) сум згрешила, и гледам таа грешка најбрзо што можам да ја исправам.
    Секое утро се молам за да имам убав ден и јас и сите други луѓе, да постои љубов и разбирање.

    Не подразбирам под грешки само реални дејствија, туку и имање лоши мисли за некого.
    Се трудам за никого да не мислам и не зборувам ништо лошо. Никого да не навредам ниту повредам.

    Знам дека е тешко во овој свет, каде се среќаваме со секакви личности, но верувале или не, наместо некого да мразам, за таквите луѓе чувствувам сожалување.
    Зошто на тие кои мразат, не им е лесно срцето да им е полно со бес, омраза, злоба. Затоа ги сожалувам, што немаат љубов и среќа во себе.

    Затоа пишав дека ќе постам и ја споменав само храната. Јас и онака цел живот постам, што не јадам месо (а, сега со скандаливе со млекото, намалив на млечни продукти, освен домашно направени), ама духовниот пост за мене нема време на почнување и завршување. Туку мора да постои во секој момент.

    И колку убаво би ни било на сите луѓе, кога сите би биле духовно прочистени.
     
    На Serafima, gentle.girl, Majski.Cvet и 4 други им се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Од денес почнуваат постите т.с од утре, така?
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Да. Со тоа што првата недела се пости без зејтин.
    Јас обично ја постам последната недела, така ќе биде и годинава здравје.
    Ако можам, ќе ја постам и претпоследната недела, со зејтин.
    Годинава роденденот ми се паѓа на Велики четврток, па нема да можам ниту да го славам, ниту пак да си се почастам. Ама така бидна годинава, освен тоа и си се зареков, па не е убаво да отстапувам од тоа.
     
  20. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Никаде во библијата не пишува дека ова да се јаде она да не се јаде,духовно ако мислите ти одат на лошо ако му мислиш на другиот лошо и после тоа што си постел џабе ти е се, а тешко на денешницава дека едниот на другиот не му мисли лошо ,све ни е дозволено да јадеме само да имаме чиста душа е важно другото све е неважно,постот народот го измислил ,а никаде не пишува дека треба да се пости,само молитвите на нашиот бог колку помагаат и да се биде добар човек треба да постапуваш според библијата,јас немам ништо протов тие што постат нека си постат,а не е се до постењето само пости ,треба малце и мислите да се средат.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.