Го напишав ова за зејтинот за денес ако не се причестува некој оваа недела, а ако е за причест, тогаш ќе си го прашаш духовникот, тој ќе ти каже како, за оваа работа не се гледа по интернет, можеш да наидеш на различни одговори, како ке ти разреши духовник така, никако самоволно да се пристапува кон Светата Причест. Инаку Велигденските пости се без зејтин од понеделник до петок, единствено се разрешува риба на Благовештение и Цветници, а сабота и недела е со зејтин. Единствена и само единствена сабота се пости без зејтин само на Голема Сабота.[/quote] ГРЕШКА ГРЕШКА ГРЕШКА; ете јас сум сфатила погрешно, денес БЕЗ ЗЕЈТИН, а јас веќе јадев со зејтин, ќе продолжам во текот на денот без зејтин, па ќе видиме со духовникот дали ќе ми дозволи да се причестам на Велигден заради денешниов пропуст Се надевам дека ќе ми дозволи, аиии колку ми е криво сега Фала Јагода, видов дека се мислеше, па јас поубаво си прашав... их их их туууу
моите дома кажуваат дека пред причесна не се пијело вода и не се јадело. значи јас утре сакам да се причеснам..и сега значи После 00:00h не треба да пијам вода? ова само од моите го имам слушнато др никој така ми нема кажано....па да си прашам
Не смееш ни да јадеш, ни да пиеш ни да пушиш по 23:59 . Ама треба и да ги прочиташ молитвите пред света Причест. http://www.scribd.com/doc/24696648/Prav ... Molitvenik
Не сум баш најзапознаена со сите правила во врска со постите па би сакала да чујам од оние кои повеќе знаат, дали многу грешам. Оваа година прв пат се осмелив да почнам со пост од почеток. Обично до сега сум ја постела само последната недела. Постам од понеделникот. Мислам на лишување од пороци, лоши мисли и дела, повторно ја читам Библијата, почесто се молам. Што се однесува на храната, пијам кафе, јадам нормално но ги исклучувам јајцата, сите месни производи и сите млечни производи. Употребувам зејтин во исхраната, како и туна и риба ( не само за викенд) .. овде прочитав дека така не смеело. Голем престап ли е? Сакам да постам, но се плашам дека не би можела без туна и зејтин
Убаво што си се решила да постиш со лесно нека ти се постите драга и Бог нека ти ја просветли душата.Секако дека освен духовната битна е молитвата како и исхраната за се во целост да биде онака као што треба.Несакам да бидам погрешно сватена но доколку немаш здравствени проблеми Белигденските пости се без масло од понеделник до петок,масло само за викенд а риба смее само на Цветници и Благовештение. Ако имаш духовен отец најдобро е да се посоветуваш со него бидејќи ти се први пости па тој најдобро ќе те упати.Поздрав и секое добро
Ти благодарам Мama25. Имам уште едно прашање, овие 4 недели до 14.04 се подготвителни а потоа следат главните недели каде не смеам зејтин преку недела и кога треба сосема да исклучам туна и риба? Еве од утре ќе почнам и без риба и зејтин. Се надевам дека не ја згрешив работава уште на почеток.
Мој совет за тебе е да си јадеш масло, сите седмици освен последната (од 29.04. до 04.05). Риба пробај да избегнуваш особено во среда и петок, кога можеш да пробаш да не јадеш и масло. Сепак, многу поважно од телесниот пост е да се исповедаш пред причестувањето и да пробаш за време на постот да ги посетуваш богослужбите, а ако не планираш да се причестуваш подобро и да не постиш.
дали е дозволено да се јаде сончоглед за време на строгиот пост. прашувам поради тоа што од сончогледот прават зејтин.
Глупости. Кога се пости без масло дозволено е јадење на: сончоглед, ореви, лешници, бадеми, сирови маслинки, сирова маслодајна репка (ако некој воопшто јади ), пченка итн. Сите овие семки, плодови и корења иако соджат масло не се масло. Со ниеден типик или правило на Црквата не е забрането јадење на овие плодови кога се пости строго.
Имам прашање,многу ќе ми значи ако некој ми одговори.прво да кажам дека само еднаш ги имам испостено сите 6 недели и неколку пати имам постено само по една недела без масло. Оваа година сакам да постам една недела без масло,но место мене сакам да се причести керка ми, 5 годинки е и не можи да пости за себе.е сега да прашам,нели пред да почне постот претходните недели се едната е сирна а другата е месна,едната не се јаде месо а другата млеко,е јас не се придржував на тоа заради што не ни помислив дека е можно да постам е сега дали е во ред да постам 1 недела без масло и да се причести малата? Или пак причесната нема да и се важи?
можеби не сум многу компетента да зборувам во врска со постот, ама најдобро ти е да поразговараш со духовниот отец (секако ако го имаш) или пак појди во црква кај што живееш и прашај некој свештеник, тој најубаво ќе ти каже. ние овде сите различно можеме да ти кажуваме ама најдобро да прашаш свештеник. се надевам ти помогнав
Вака, вез разлика како и колку постиш ти, мислам дека нема врска тоа со ќеркичката. Најбитно е таа да е крстена. Децата не постат, и можат слободно да се причестуваат. Нас уште порано бабите не носеа на причесна, и секогаш бевме еден куп дечиња од маалото, меѓу кои и бебиња (секако крстени) и попот секогаш не причестуваше без проблем. (Не сме постеле ние, ама немаше врска со возрасните, дали родителите постеле или не).
^^^ јас знам дека до 7 годинки децата не можат да постат,затоа родителот или бабите постат за децата да земат причесна. имам и јас слушнато дека и без да пости родител детето до тие 7 години може да се причести,ама некако ми е неубаво да појдам в црква и да ја причестам а да немам постено,ќе ми е страм од попот
Најдобро ќе биде в петок ако може детенцето да попости, нормално на масло и в сабота (празник е - свети Алексеј человјек Божји) да се причести. Убаво е и Вие да постите како што сте намислиле, уште подобро да се исповедате и и Вие да се причестите (најверојатно свештеникот и ќе Ви дозволи; во овие пости, според Пасхалното слово на свети Јован Златоуст, можат да се причестат сите. Како ќе се подготвуваат најдобро е да се договорат со својот парохиски свештеник.)
Дали треба да постам за да моето бебе земе причесна за Велигден и кога може да ја земе, имам слушнато дека секоја недела до Велигден може да се причестува или најдобро да си прашам в црква?
Детето не си ти. И ти не си детето. Каква врска има да постиш ти, за детето ? Има логика само ако е бебе и го доиш (нели зарад млекото), ако го доиш пости. Иначе, може на детето да не му давате месо. Ама, не и млеко, зошто греота е на мало дете да му го скратиш млекото, а и јасно е кажано дека децата, трудниците, болните и престарите лица не треба да постат доколку не можат. А, за срам од попот? Ти постиш за себе или за попот? Попот дава причесна, тој не прашува кој постел. Ти при него доаѓаш со твојата свест и одговорност дека си постела. Ако си излажала, тебе те гризе совест, не на попот. Ех, кога би имал време тој на сите да ги прашува посебно. Затоа, причестете си ги дечињата без проблем, без страв или срам. Доколку пак се сомневате, помините во најблиската Црква, ако не попот, некој од тамошните вработени (кои повеќе знаат) ќе ви одговорат на вашите прашања. Не е страшно ако си прашате. Спојлер (Иако се случува различни попови, различно да кажат, ама тоа е)
Не мила, нема потреба ти да постиш, освен ако сакаш самата и ти да ги постиш целите пости, па и ти да се причестиш за Воскресение. Значи, секое детенце до 7 годишна возраст може да се причестува без пост и на секоја Литургија (секоја недела, празник) . Бидејќи тоа е ангел, чиста душа. Само најважно е да е крстено, зашто не крстено дете не смее да прими Света Причест. Конкретно за тебе мила, како родител кој ако понатаму сакате и целото ваше семејство да пости, па сакајќи да му помогнете на своето детенце во тоа, со благослов од духовниот отец каде што ќе одите на исповед (по правило парохискиот отец или некој ваш близок отец кое самите сакате да одите кај него), тој ќе ви даде и благослов како да го вежбате своето дете во текот на постите. Пример, мојата внука која има 8 години, со благослов од духовниот отец таа во текот на постите не јаде само месо. Млеко, јајца, млечни производи се’ и е дозволено. Тоа сепак е дете во развој, па се’ се има во предвид. Зашто тоа се вежба и подготвува за понатаму и навистина не ја знае вистинската суштина на постот, додека на овој начин понатаму неа или на било кое дете ќе му биде полесно . Би те посоветувала, да си го причестуваш детенцето колку што можеш почесто ( за празник, во недела). Причесната за него е нешто најубаво. Ќе видиш колку ќе биде смирено, нема да плаче, колку ќе биде мирно .
Драги Silver.E и Serafima , делумно сте во право. (На оваа тема на фб дебатирав со еден прекрасен свештеник, кој беше запрепастен како некој негов брат и колега не причестил мало дете чија мајка не постела). Децата кои што се крстени до 7. година можат да се причестуваат на секоја литургија, тоа е точно. АМА кои деца можат да бидат крстени? Крстени можат да бидат само оние деца чии родители се вистински православни христијани, кои веруваат во она што го проповеда Светото Писмо и Светото Предание, кои редовно земаат учество на црковните богослужби, кои ги постат сите пости, кои живеат светотаински, чесен и морален живот. Само децата на ваквите родители можат да се крштеваат и да се причастуваат редовно. Сепак, бидејќи некрстените нема да го видат рајот, направена е икономија во Црквата да се крштеваат и децата од сите “верници“. За жал, на полето на духовноста под влијание на реформите во Србија (кои стигнаа од Грција) ни се случува истото што и` се случило на жабата која кога видела дека ја поткојуваат маската и сама ги кренала нозете. Кај нас (и во Македонија и во Србија) се венчаваат и крштеваат луѓе без никаква катехизација (основно поучување за верата), без да положат брачен испит, без да се испита верата на нункото(го кажува Вјерују, кој знае што кажува, поинтересно му е да дува и да плука) и родителите... Поради овие причини не може да се рамниме ниту со Христијаните од првите векови (не мислам само на првите 3), ниту пак да бидеме дрски пред Бога и станувајќи од трпеза на која сме јаделе месо за време на Великиот пост ги однесеме нашите деца да се причастат. Со вакво дело ние стануваме неблагодарни, како деветте очистени од лепра, и само сакаме да земаме од Бога (во случајов Причастната која е само Тело и Крв Христови), а не ни размислуваме и ние нешто да Му дариме како благодарност. Па така, според ситуацијата на општа отпадија и духовна мрза во која живееме, културно е родителот, нункото, дедото/бабата или братот/сестрата да постат за малото детенце пред тоа да се причасти. Од тоа нема да има никој штета, но ќе имаат двојна корист и родителот и детето. Но, ако детето само е свесно што е тоа Свето Причастие и само сака да се причасти е тогаш не смее да биде задолжителен постот на родителот. За ситуациите во кои разни бајачки и гатачки им советуваат на мајките да ги однесат децата на Причастна и на тој начин да се поругаат на Телото и Крвта Христови не сакам ни да помислам.