Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Постам преку недела без масло... пијам само едно турско кафе, секое сабајле, ми помага да се освестам и да функционирам преку цел ден, тотално изумив дека е тоа пржено, вчера случајно некаде прочитав и денес не се напив... пушам цигари, не сум некој голем пушач, најмногу до 5 цигари во денот и надвор од постот... а сега кога постам исто знам да запалам некоја, но не секој ден, една кутија ми трае 2 недели отприлика... да прашам, дали е тоа дозволено за време на постот, дали некој од вас се соочува со истово?
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Кафето не е пржено, ами печено така да не се секирај. Иако има луѓе (и свештеници) кои за него велат дека е чај сатански :) . Ама ова не е ништо страшно.
    Пушењето од друга страна вистина е штетна и лоша навика и вистински темјан сатански. Пушачите пред причаст мора да се воздржуваат минимум 7 дена, а по примањето на оваа Света Тајна уште 3 дена. Постојат и свештеници кои воопшто не причастуваат, доколку причастниците не се заветат дека ќе престанат со пушењето.
    Еден свет човек во поново време додека причастувал видел како на еден чесен и праведен човек ангел небесен му ја извадил од уста причасната и ја вратил во путирот, а паднат ангел место причаст му клал в уста јаглен вжештен. Долго се молел духовникот за да дознае, зошто човекот добил јаглен. И во видение дознал дека сето тоа е поради лошата навика - пушење.
    Свети владика Николај Охридски и Жички за пушењето вели: „Да требало да пуши човек, Бог би му ставил на главата оџак“, и уште „Кој пуши здравјето го руши, душата ја гуши, џебот го буши, епа кој пуши нека пуши!“.
    За штетноста на пушењето по душата доволно е на јутјуб да напишеш: отац Јоил + пушење, па ќе ти излезат еден куп поучни клипови. :)
    Сепак за сите проблеми со кои се среќаваш и сите недоумици, најдобар одговор можеш да најдеш кај својот парохиски свештеник, чија што должност е да ти одговори на ова и на сите слични прашања.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    На пакувањата кафе кои ги имам дома пишува пржено мелено кафе... затоа и пишав овде за да се консултирам со мислењата на сите членови... а инаку знам дека се штетни цигарите, затоа и не пушам многу...
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Епа пржено кафе = печено кафе. :) Значи без масло е прженото кафе.
    И една цигара е штетна и по душата и по телото... Поарно на Велики Петок да јадиш свинско отколку и на Велигден цигара да запалиш. Ама за се` е потребна пред се` духовна борба.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ох брат Orthophill , само колку си во право! Но онаа сурова релност која е наоколу нас, па баш го кажува спротивното.
    Не да ме сфатиш погрешно, дека се спротиставувам на одговорот и мислењето на отецот кое навистина многу го почитувам, зашто преку него одговара Бог, но сосем е друг контекстот на она мое скромно мислење што сум го сфатила од повеќето отци со кои контактирам (вклучувајќи и монаси).

    Сакам само да кажам, дека денес сите одат во црква од вера, но не и од теологија. И за тоа не е никој виновен колку родителот кој така го воспитал своето дете. Не да ги обвинуваме и да им судиме, но ете живееле во такво општество каде некој и заради својот материјален опстанок се откажал или потоплно го ставил во втор план Бог. Ти прекрасно кажа, прекрасно кажува и отецот, односно самата Црква, но убаво напомена на почеток ние денес не можеме да се споредиме во никој случај со христијаните од првите векови. Денес сме толку огревовени, толку немаме во себе покајание, но ете Бог не милува и секогаш го очекува нашето обраќање и покајание. Тоа е и суштината на она што сакав да кажам.
    Чудни се патиштата Божји :) .
    Секој како што му е дадено од Бог ќе се спасува. Некој преку свој близок, некој преку своето дете, некој преку својот сопружник... значи секој различно.

    Еве пример женичката што праша за причестувањето на своето дете. Не знам, но моиве очи малку поинаку гледаат на тоа. Што ако тоа е онаа тајна Божја промисла за нејзиното спасение на душата?!
    Ете таа слушнала од други да си го причести детенцето, но што ако тоа означува дека тоа нејзино почето присуство во Божјиот храм, ќе претставува нејзино вистинско обраќање кон Бог, а потоа и на целото семејство?! Можеби не сме достојни да одиме до тие крајности, да ја бараме да ја видиме Божјата промисла, но како што е напоменато во Светото Писмо, нас ни е дадено да се загледаме во Божјата промисла.

    Ќе се земам себе за пример.
    Кога јас започнав да одам во црква, јас немав поим од ништо. Без слична на теле, што гледа во шарена врата. Не знаев што значи тоа пост, Света Причест, не сум знаела дека секој ден се служи (Утринаска и Вечерна богослужба), а за Литургија да не зборуваме. Ете така си стоев во место, си гледав, си се чудев во себе. И кога сега би размислила малку подлабоко, во тие мигови кога бев премногу горда ( :tmi: ) некој да ми речеше нешто дека е погрешно или дека не треба така, или не смеам нешто, јас искрено можеби веднаш би заминала и повеќе не би се вратила во црква. Но, сега ја гледам таа Божја промисла. Се започна толку наивно од вера, ама вера без теологија. Стоев, палев свеќа, заминував. Пополека Бог ги отвораше духовните очи, дознавав, учев од другите... и така и денес сеуште учам :) .

    Ова го кажувам од гледна точка на катихизисот на мирјаните.
    Мораме да се прилагодиме на ова време во кое живееме. Не да се уподобиме на пороците и гревот, туку правилно да им помогнеме на луѓето тоа да го постигнат, нивната катихизација. Треба да делуваме смирено, најважно полека и со многу љубов. Денес сме сите нетрпеливи, динамични, а таа динамичност ќе ја победиме само со смирение. Така ќе делуваме на правилниот начин на катихизација на мирјаните. Само не со строгост која би значела потполно оддалечување од Бог и кои и самите не ја знаат, туку со љубов.
    Тоа е она што сакам да го кажам. Не ја знаеме Божјата промисла како ќе се спасуваме. Подобро почесто да се причестуваат дечињата, кои се ангели по својата душа, иако нивните родители не го прават тоа. На тој начин никој нема да има грев, зашто тоа дете и таа почеста Света Причест само можат да бидат за спасение на целото семејство. Првенствено на мајката кој постепено ќе учи од проповедите на отците, а потоа тоа ќе го пренесува во својот живот за правилно издигнување на дечињата, вклучуваќи го тука и својот сопруг кој би гледал пример на вистински православен христијанин и како треба да биде и тој самиот (или обратно, ако зборуваме за сопруг кој верува и сопруга која има малку послаба вера). :)

    п.с. Прости ако нешто грешам, поправи ме ако не е така, но тоа е моето скромно мислење!
     
    На friendy, Makide и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Сестро Serafima, разликата меѓу мене и тебе очигледно е во тоа што ти имаш љубовен поглед и пристап, а јас законски. Ти проштевај.
     
    На Witchman, friendy и Serafima им се допаѓа ова.
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не дека се правдам или да се вадам на тоа, но од неспремност не започнав да го постам Велигденскиот пост, а сакам да го причестам бебето кое има 11 месеци и делумно уште е на мајчино млеко. Некаде прочитав дека и мајката треба да пости, некој рече дека не треба и така не бев сигурна. Не сакам да згрешам, зошто многу работи во врска со постењето и општо не ми се познати. До скоро и немаше некој близок - верник да ме насочи и да ми каже, но ете чудни се Божјите патишта и молитвите и ќе се најде некој, тогаш кога најмалку се надеваш. Се јавив и кај еден свештеник и ми рече како што кажаа Серафима и многу други, дека мајката не мора да пости за бебето, а за големото кое е 11 години рече дека не треба да јаде само месо вечерта пред причеста.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ортофил, се сложувам, ама ако почне да се крштеваат децата според родителите, 90% ќе останат некрстени.
    И зошто на детето да му се скрати можноста да биде крстено, потоа и причестувано, само поради родителите? Што е тоа криво за родителите?
    Те разбрав и се сложувам, ама тоа кај нас за жал не функционира.
     
  9. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    дали смее да се јадат полжави за време на постот?
     
  10. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Jас здравје боже планирам да постам последната недела пред велигден ,е сега прашањето ми е дали мора да биде без зејтин постот?
     
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    ако планираш да се причестиш треба без масло да постиш
     
    На Mama25, Nefertitii и Serafima им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Полжави може да се јадат :) .

    Таа недела секако се пости без масло. Ако можеш, убаво би било да ја постиш така :) .

    Само морам да дадам една забелешка.
    Ако ја постиш само таа недела од постот ( а другите 6 недели не си постела), да не пристапуваш на Причесна. Сепак тоа е Светиња, а со неа не можеме да си играме. Можеме да го лежеме секој, но со Бог нема игра.
    Прости ми, но најдобронамерно те советувам :) .
     
    На Mama25, stylishh, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    Tи благодарам Ане Бела ,
    и на тебе Серафима мило ми е што постојат вакви луѓе не се сомневам дека си чиста во срцето.
    Мојата верба е бесконечна кон бога но ете не сум до толку упатена во религијата ,но се со време кога се сака од срце се се може.
    Јас ке си постам за здравје ,но чим велиш да не се причестувам така и ке направам. :)
     
    На antonina, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Денес ги однесов децата за прв пат на Причесна и нема сигурно да биде последен. Ќе ја постиме, здравје последната недела пред Велигден и пак ќе ги носам да се учат од мали.
     
    На Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  15. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Ceкако дека треба без масло цела недела и дека за причесна треба цел пост да се пости,но јас лани исто посакав да ја испостам последната недела без масло,а за прв пат постев и го прашав Oтецот дали може да се причестам и ми кажа ако ми е прв пат да постам може и со само последната недела но без масло и со исповед пред тоа,така да најубаво да си поразговараш со некој Oтец зошто за болни и почетници мојот Oтец ми кажа дека може само со последната недела
     
    На friendy и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас не постам, ама мм веќе 3-та год. ги пости Велигденските пости.
    И тој пости со зејтин, само последната недела пости без зејтин и се приестува.

    Сега првпат прочитав дека и деца до 7 год. може да се причестат без да постат и му кажав на мм, се договоривме дека и ние ќе ги однесеме децата на причесна обавезно.

    Само еднаш се причестени и двајцата, после крштевката....ова од незнаење, а не од немукает.
    Да не беше форумов немаше ни да знам. :!:
    Благодарност за информациите. :)
     
    На friendy и Serafima им се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас постам, но со зејтин. Ако и зејтинот го исфрлам тешко ќе ми биде, така да сега за сега со зејтин си постам,само последната без ќе биде. А сте слушнале за тоа дека неделата пред да почнат постите не требало да се јаде месо, ако сакаш да се причестиш? И Серафима, сексот доволен е ? :$
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Суштината на постот е да имаме воздржание и духот да раководи со телото, но не страстите, похотите.
    Ако не може да се воздржи еден од сопружниците, другиот е должен тоа да го почитува. Но сепак мислам дека е потребна волја и пред се вера.
    Еве еден текст кој неодамна го пишував во врска со телесното воздржание :) .
    ...Факт е дека треба да бидеме воздржливи скоро во се, но се има решение. Во едно од посланијата убаво е објаснето значењето на постот. Дека мажот и жената се одделуваат по договор, да постат и се молат, за да не не искуша сатаната (ова е многу важно). Зашто кога сме во брак ние полово општиме со сопругот, ние не одиме и не правиме ништо друго лошо, пример Господ да чува од прељуба. Бидејќи сопружниците се едно тело, една душа и тука нема ништо погрешно. Но фала му на Бог, секој може да апстинира една недела, онаа недела во која се подготвуваме за Причесна. Барем само тогаш да се воздржат од полово општење. Ни ќе умреме, ни ќе загинеме, тоа ви е исто како да сме се водржувале како кога имаме месечен циклус, ништо повеќе. А тоа се може, не е ништо страшно.
    Да не ме сфатите погрешно, дека не треба воопшто да се воздржуваме кога сме во брак, не, туку да постои некоја граница на воздржување. Ако пример сме блиски со сопругот неколку пати неделно, тоа да го селектираме, на еднаш, двапати...или воопшто.
    ...
     
    На antonina, blond, Nefertitii и 5 други им се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Благодарам многу Серафима на одговорот.
    Малку интимна исповед, се воздржувавме од "тоа" две недели, потоа бидна, ама некако и двајцата како да имавме чувство на вина и некако не беше баш опуштено. Како и во твојот пост што пишува, така и мене ми одеше умот, ако не целосно, барем делумно да се воздржуваме телесно.
    Прашање за тие што постат, како ви оди до сега? Мене ова ми се први пости да ги постам цели, порано сум постела ама 1 недела најмногу. И веќе се навикнав на овој начин на исхрана.
    Друго прашање, не ми се смејте не знам, дали во кафето, па и во некои јадења, што пишува млеко во прав, дали е мрсно? Една пријателка на мајка ми ме убедува дека млекото во прав не е мрсно, таа пости години наназад...
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    ^ Мила 100% е мрсно.
    И секаде каде што е наведено обрано (обезмастено) млеко, па дури и трагови од млеко, јајца... во некои производи и тоа да знаеш дека е мрсно.
    Малку поописен пример, тоа ви е како денес да пржите месо во тавата, а утре во истата (неизмиена и со истото масло) да го правите посното јадење. Тоа се случува и во прехрамбената индустрија. Тие немаат никаква сметка да ги средуваат секогаш тие казани во кои ги прават производите. И ним не им е до тоа дали некој пости или мрси, туку го ставаат тој инфо алерген, бидејќи се плашат да не се случи некоја алергиска реакција кај некој и со тоа да не бидат финансиски оштетени и казнети.
    Но и за нас е најповолно тоа, зашто со сигурност ќе знаеме кои производи се потполно посни, а кои мрсни :) .
     
    На Mama25 и friendy им се допаѓа ова.