Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Млекото во прав е мрсно. Исто и казеинот и сурутката во прав.
    Немој да чувствуваш грижа на совеста за твоето соединување со твојот сопруг. За блискоста со сопругот, еден духовник, им забранува Причастие на оние кои го одбиле својот сопруг/а, па макар тоа било и вечерта пред да се пристапат кон путирот. Сепак советува оној кој ќе се причастува да не го поттикнува својот брачен другар на полово општење 5 дена пред и три дена по светото Причастие. Со секое одбивање на својот сопруг/а, оној/онаа што одбива прави смртен грев - прељуба, оти Апостолот вели: сопственик на телото на мажот е жената(сопругата), а сопственик на телото на жената мажот(сопругот). И уште, воздржувајте се еден од друг само по (заеднички) договор и повторно соединувајте се како не би ве прелагал Сатаната.
     
    На Witchman, Mama25, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Serafima и Orthophill одлично објасниле голем поздрав до нив што ги имаме тука да не просветлуваат!

    Блонд јас конкретно ќе ти кажам како е кај нас дома.Мм ги пости сите пости и додека трае постот интимно не сме поврзани. Мене црвот до сега никогаш не ме јадел фала му на Господ, а и мм исто. За него постот е нешто најсвето и спрема тоа се однесува така како што налага догмата. Секако тоа во целост те прави и поцврст во верата и љубовта. Јас Божиќните пости ги постев како што е редот за бремени жени,сега за Велигденскиве сакав да постам но духовниот отец ме советуваше да ги прескокнам бидејќи сум при крај треба да се породам а и крвта ми е слаба (искрено тешко ми падна сакав да ги постам) но со Господ напред понатака. Инаку јадам се што јаде и мм не готвам посебно,впрочем храната никогаш не ми и била проблем знам да ставам масло во салата. И да не заборавам до скоро не сум знаела дека кога жените имаат циклус не треба да спијат во иста постела со мажот од неодамна т.е. пред да останам бремена почнавме и тоа да го практикуваме. Значи оние денови кога жената е "нечиста" не треба да спие во иста постела со мажот.
    Ништо не е тешко кога се сака со чиста душа кај некои треба време кај некои не. Ако вистински преку молитва бараме да ни се даде и да ни се отворат очите Бог тоа ќе ни го покаже правиот пат секогаш! Поздрав и секое добро :hai:
     
    На femina333, pepita82, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    епа зошто тогаш сите велат дека сурутката е посна. а инаку единственото нешто посно, а благо најубави ми се медењаците на Сл дариа.
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Извини што е на српски, но ова прво ми излезе :) . Јас знам дека само медењаците од Винчини се посни, на другиве сум забележал нешто сомнително ама не знам што. :)
    http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1% ... 0%BA%D0%B0
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Да прашам, доколку некој од вас знае, каков е составот на симит погачата, ме интересира дали може да се јаде во пост за време на викенд?
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Па составот ѝ е посен, арно ама, со истиот нож со кој ти сечат и симит погача сечат и бурек со месо. Така да јас не би ја јадел.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ова ми е веќе 6 година да постам. Само едно правило не почитувам-сексот. :worried:
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Риба може да се јаде на Благовец и на Цветници, така?
     
  9. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Да, може.
     
  10. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    дечки дали кога имаш добиено смееш да се причестиш? или не смееш зашо мене ова ми е прва година како постам
     
  11. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Не, не смееш.
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Не смееш, не за тоа што си нечиста, но затоа што тече крв од тебе. Со причестувањето ги примаш Телото и Крвта Христови кои се соединуваат со твоето тело и со твојата крв, и постанувате едно тело и една крв. Гревота е крвта Христова да се лее. Исто така не смеат да се причестат и оние кои имаат крвоточиви рани.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Silvester

    Silvester Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    Досега имам постено и се причестено неколку пати, ама само на Петрови и Богородични пости, оти се пократки. Не ми е проблем да издржам да постам и подолго време, ама сопругот ќе се лути ако немаме односи толку долго (тој не пости). Сега читам овде дека тоа било дозволено. Дали ми треба дозвола за тоа од духовникот за понатаму да ги постам и подолгите пости? Инаку во среда и петок постам редовно.
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Убаво е да се консултираш со твојот духовник за се` што се допира до твојот духовен развој па и за сексуалноста, која сама по себе ниту е срамна ниту е грешна. (Но може грешно и срамно да се злоупотреби.)
     
    На Witchman и ecapereca им се допаѓа ова.
  15. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    По грешка изедов нешто што сега открив случајно дека во составот има желатин... бидејќи постам, дали можам да се причестам, бидејќи цел пост го постам според правилата, дали е грев, бидејќи не знаев дека тоа содржи желатин? :(
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Главно ништо страшно не си видела си каснала, но по n. пат (каде n -> ∞ :) ) ќе повторам, за причест побитна е чистата и од срце исповед отколку постот на масло или без масло. Така да меѓу другите гревови на свештеникот ќе му кажеш и дека си згрешила јадејќи желатин.
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Оваа година ми е прв пат да постам.Баш пред малку беше поп да ни свети вода за Велигден . Го прашав дали може да се причестам бидејки може сум згрешила за време на постот од незнаење и дека постам онака како ми дозволува здравијето и како ми налага животот. Пред два дена бев прогласена за технолоски вишок кај приватен работодавец. Работата беше стресна и имамавме нерасчистени работни односи .Се обидов на што е можно помирен начин да го решиме спорот.За тоа мислам дека треба да си продолжам со постот и ако имам и здравствени проблеми.Се зареков минатата година и ке се придржувам до тоа колку можам.ЗДРАВИЈЕ БОЖЕ.
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Девојчиња сакам да постам цела недела без зејтин. Сестра ми ми вика дека после може и да се причестам. Е сега јас не сум сигурна. Може ли одговор?
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Постот е многу добра духовна дисциплина.
    Но, никаде во целото Свето Писмо (Библијата) не е заповедан пост како предуслов за причест.
    Никаде во целото Свето Писмо не е ни спомнат зборот „пост“ во релација со причеста.
    Никаде во целото Свето Писмо не е спомнато ни дека треба да апстинирате од сексуални односи за да се причестите.
    Напротив, ако читате внимателно ќе видите дека Господ Исус Христос и апостолите се причестиле откако вечерале.

    „А исто така, ја зеде и чашата - по вечерата - и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв, која се пролева за вас.“ (Свето евангелие по Лука 22:20, Библијата)

    Доколку немате Свето Писмо при рака, вве ви линк за онлајн да можете да си читате
    http://mkbible.net
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Не знам мила дали ги постиш постите од самиот почеток, но ако не ги постиш, најдобро би било да не пристапуваш на причесна.
    Сепак, мој скормен совет е да си се исповедаш, па потоа како ќе ти разреши духовникот така и да постапиш во врска со ова прашање :) .

    ***

    Морам особено да потенцирам за и во врска со причестувањето. Ова важи за сите луѓе, за сите оние кои знаат како се пости и кога започнува постот, а свесно го прават тоа, да постат само една недела, а потоа да се причестат и тоа без исповед. :!: Со тоа мислејќи, дека направиле нешто убаво и итро постапиле да не се мачат како другите со повеќе пост.

    Недостојното причестување, без правилен пост, без правилна подготовка е само за суд и за осуда и може да предизвика многу несакани последици. Прво, тука е духовното, но потоа слеано на него е и телесното здравје. Затоа ќе го напоменам само примерот на Јуда, кој беше апостол, кој недостојно се причести на Тајната вечера, а потоа отиде и го предаде Господ Исус Христос. За потоа на крај и самиот да се самоубие, бидејќи не прибегна кон покајанието.
    Односно ова го напоменувам, бидејќи постот нас ни е средство за спасение, се’ со цел во нас да го смириме телото преку скромната храна. Со тоа да го умртвиме гревот и најважно да го активираме нашето покајание за сторените гревови, а дури потоа да се причестиме. Затоа е потребно многу внимание со овие свети работи.
    Не навлегувам подлабоко, не сакам некој да го исплашам со некој пример, но имам безброј блиски настани и случки од животот на луѓе, за тоа што му се случило само по еден час по недостојното примење на Светите Дарови (Светата Причест) :tmi: . Затоа и ова ви го кажувам, да не искусите ништо од тоа.
    Од срце ве замолувам да бидете претпазливи во однос на ова прашање. Можеме да ставиме маска и сите да ги излажеме, но само Еден не можеме, Бог.
     
    На femina333, ilipili, stylishh и 5 други им се допаѓа ова.