Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    10.203
    Пол:
    Машки
    Serafima, убаво велиш, треба да бидеме претпазливи по ова прашање и дека не можеме да го излажеме Бог.
    Но поентата е што ние не мора да го лажеме Бог дека сме постеле пред причест или дека не сме имале сексуални односи со нашиот брачен партнер. Зошто не мора да го лажеме? Затоа што Бог тоа никаде од нас не го бара. Бог никаде во целото Свето Писмо не вели дека за да се причестиме мора да постиме или пак да апстинираме од сексуалните обврски спрема нашиот брачен партнер. Како што кажав погоре, Исус и апостолите не постеле пред да се причестат, туку јасно пишува дека вечерале пред да се причестат.

    Единствениот предуслов што Бог преку апостол Павле ни го дава за причеста е да се испитаме себе си дали го распознаваме Господовото тело во лебот и виното т.е. дали го ладеме лебот ради реда (бидејќи сите така прават) или пак во него го гледаме раскршеното (распнато) тело Христово за нашите гревови. Дали пиеме од виното чисто ради реда (дека сите така прават) или пак во тоа вино ја гледаме пролеаната Христова крв за нашите гревови.

    „Но, човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата, зашто кој јаде и пие, а не Го распознава Господовото тело, јаде и пие за свое осудување.“ (1 Коринтјаните 11:28, Библијата)

    Исто така важно е тука да се забележи дека апостол Павле вели секој од нас самиот да се испита себе си, а не да биде испитан од некој друг, бидејќи никој од нас не може да знае дали другиот го распознава Христовото тело во лебот и виното или не. Секој индивидуално е одговорен како и во што верува. Секој треба лично да поверува дека на Велики Петок Исус дозволи Неговото тело да биде распнато и Неговата крв пролеана за нашите гревови. Секој од нас треба лично да верува во тоа и на основа на таа вера достојно да земе учество во причеста.

    Од никого не се бара да биде безгрешен пред да се причести, бидејќи таков нема. Ако безгрешноста се сметаше за „достојност“, тогаш никој не би смеел да учествува во причеста, бидејќи никој не е достоен. Напротив, причеста е токму за грешниците.
    Причеста е за оние што не се достојни да погледнат достоинствено кон Божјиот праведен и свет престол.
    Причеста е за оној цариник кој не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене грешникот!’
    Причеста е за оние кои немаат достојни и праведни дека со кои би можеле да се пофалат пред Бог и единствено се надеваат во Христовата жртва на Голготскиот крст, кои единствено се надеваат дека нивното спасение е во Христовата света и скапоцена крв.
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Благодарам за одговорите.
    Сакам уште нешто да прашам. Јас според некои мои мислења сметам дека постот си го правиме исклучиво за прочистување на нашата душа. И според мене тој чин сепак треба да биде интимен, свој, неосознаен од другите околу нас, скромен. Чин во кој ние на Бога му се молиме за прошка за нашите гревови и лоши мисли.
    И ме интересира баш какво влијание носи причестата во црква? Не ме осудувајте, не сум против тој чин, ама нели и со искреното постење би требало да добиеме смирение на душата? Незнам како ќе ме сфатите ама нели баш поради тоа дека Бога не можеме да го излажеме ние со него можеме да "разговараме" секогаш и секаде. И ако сме со чиста совест тој може да ни прости без разлика дали каде сме.

    * Axis mundi е нашето место, нашето замислено место во кое без разлика каде физички се наоѓаме ние успеваме да ги споиме небото (рајот) и земјата. Со тоа спојување ние успеваме да "комуницираме" со вишата сила во која веруваме, а која воедно и ни дава спокој, мир и чиста душа. Тоа е некоја волшебна можност да се сфатиме самите себеси духовно и да пораснеме самите ние духовно. А за тоа не треба да знае никој. Мене ваквите чинови сепак ми изгледаат како да треба да си останат скромни, тивки и свои.

    Јас на почетокот постев една недела и сега ќе ја постам и оваа. И сеуште сметам дека не сум доволно спремна за причеста. Се надевам некогаш духовно ќе пораснам за да се причестам.
     
    На Antoninaaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    10.203
    Пол:
    Машки
    Потполно се согласувам со тебе. И уште поважно, овој твој став за постот е во согласност со учењето на Господ Исус Христос.

    „”А кога постите, не бидете тажни како лицемерите; зашто си ги помрачуваат лицата, за да ги видат луѓето дека постат; вистина ви велам, ја имат својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице, за да не те видат луѓето дека постиш, но твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”“ (Исус Христос, ев. Матеј 6:16-18, Библијата)

    Целта заради која Господ Исус Христос ја заповедал причеста е за да при тој чин ние си припомнуваме на Него, на Неговата пожртвителна смрт на Голготскиот крст и ја навестуваме истата на другите.

    „Господ Исус, во онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, благодари, го раскрши и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!” Исто така и чашата, по вечера, и рече: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секој пат кога пиете, за Мој спомен!” Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ја навестувате Господовата смрт, додека дојде Тој.“ (1 Коринтјаните 11:23-26, Библијата)

    Исус Христос умре за нашите гревови. Секој од нас заради своите сопствени гревови заслужува да биде распнат на крст, бидејќи платата за гревот (според Светото Писмо) е смрт. Но Исус Христос умре заради нас, на наше место. Тој не направи никаков грев, но ги зема нашите гревови на свои плеќи и ја плати казната за нив на крстот. Ако веруваме во Него, нашите гревови се исплатени и ние ќе бидеме избавени од Судниот Ден и ќе наследиме вечен живот.
    Ова е суштината, срцевината на Христовото евангелие (радосната вест) и за тоа Господ, знаејќи дека ние луѓето сме заборавни суштества, заповедал да ние редовно си припомнуваме за овој настан и тоа ние го правиме преку Господовата спомен вечера (причеста).
    Значи тоа е целта на причеста. Да си припомнеме за Исусовата жртва за нашите гревови.
     
    На elisabeta, mimiiiii, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Во врска со постот, се смета дека постот е умереност во јадење и пиење и во други животни потреби, како и одбегнување на гнев, непријателство, завист, омраза и др.Според православен молитвеник.
    Така што секако дека постот е и за прочистување на душата.
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Кој пости,тој што има многу гревови,и сега сака да биде чист,тој што си океј не му треба пост ни ништо,обично најголемите злосторници постат,зашто е тоа така процените си сами.
    Обично е така,секоја чест што има прави верници за нив не зборам,туку за оние луѓе што до вчера не влегле во црква ни една свеќа не запалиле,и сега се најголеми верници,е за такви мислам.
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Охооо дај Боже тие што најмногу грешеле да постат...ама не, злосторниците ни Бог ни пост признаваат.

    Едно големо БРАВО за оние што го постат цел пост, нека ви е со лесно. Ако човек може да издржи скоро 50 дена пост, значи има високо ниво на самоконтрола. Тој човек може да направи се што ке посака. Подобар тест за самоконтрола нема. Нема и подобра диета, подобар лексилиум, лек за холестерол и триглицериди...

    Јас не можам цел пост од здравствени причини но тоа не ме спречува да постам барем недела две. И дебилно ми е да одам јас за една недела таму што сум јадела кратсавици и марула и да се причестувам. Едноставно се срамам да го направам тоа, незамисливо ми е и . Пост, се знае како и колку се пости. Секоја година постам без масло неколку од неделите пред велигден и навистина се чуствувам многу убаво за време и после постот.

    И нејкам ни збор да чујам за сексот. Кој бе не може да издржи без тоа? Дечко имала, маж имала дрн дрн ко само таа да има. Нема да пагате во искушение, ке си мислите колку ке ви биде добар сексот после толку време апстиненција.

    Исто за време на пост не знам дали сум во право или не, ама од дома ме учеле ни кавги, ни расправии, ни оговарање, коцкање, цигари пушење, пцуење. НИШТО Плус јас секоја година си додавам уште некоја навика или јадење што си го сметам за штетно. И така си се одвикнувам секоја година од по една лоша навика. Годинава на ред се газираните пијалаци и оговарањето , па од кога почна постот овие две работи ги избегнувам. Макар што со второво тешко ми оди :(

    Туку за друго влегов во темава а се размуабетив. Смеам ли чаша вино да се напијам за време на пост? Јас знам дека алкохол не смее, ама ова ми кажаа (од рекла казала муабети) дека може.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Верувам дека баш напротив, добрите души повеќе ќе си ги анализираат своите и најмали грешки и ќе бараат прошка, отколку оние кои навистина грешат, зашто тие и некако безгрешни се чувствуваат :) Ама ти ја разбирам поентата, лицемерието кај одредени. Ама искрено да земеме во предвид, тој што лошо прави цел живот, тешко дека може да си ги прочисти мислите во една недела, така да...ни тој пост, не е вистински пост.

    Во поглед на интимните односи, нели рековте погоре дека е тоа смртен грев...предбрачниот секс? :^) Колку од оние што постат ова вистински го почитуваат, или од религијата го земаат само тоа што им одговара? :^) Прашањето ми е, дали е во ред да се причестиш ако не го водиш животот целосно по записите на религијата?
    Патем, не ја гледам апстиненцијата како прочистување, затоа што интимниот однос треба да е изразување на љубов помеѓу двајца што искрено се сакаат, а љубовта е најчистото нешто што го даваме од себе...барем според мене :)
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    10.203
    Пол:
    Машки
    Колку што јас можам да забележам, повеќето работи што се пишани на темава се „рекла казала муабети“.
    Прашање до сите: Што е обратно од „рекла казала муабети“ во врска со постов или општо христијанството?
    Кого треба да прашаме, кон кого да се обратиме за вистински одгогвори, а да не биде „рекла казала“?
    Дали тоа е локалниот поп?
    г.г. Стефан?
    Или пак да прочитаме што вели Господ Исус Христос (основачот на христијанството) во Светото Писмо?
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    EvAngelos убаво си објаснил, но сепак постои едно големо „но„ и делумна согласност со твоето мислење.
    Зошто?
    Можеби во Светото Писмо не е строго кажано за тоа, дека треба да постиш, па да се причестиш, но тука е онаа тајна, метафорична форма, која ни е дадена да ја сфатиме и научиме. Односно, како ние би ги победиле страстите освен со пост,молитва, Причесна?!
    Како би се причестиле ние кога претходниот ден би се опијаниле?
    Како би се причестиле кога би се прејадиле?
    Како би се причестиле кога би имале односи?

    Ова се дел од многуте прашања кои само се надоврзуваат едно во однос на друго, а сепак имаат иста цел.
    Што ние примеме со Светата Причест?
    Ние го примаме Бог. А кога го примаме Бог ние барем малку треба да бидеме подготвени за тоа.
    Што сакам да кажам...
    Кога прекумерно би пиеле, ние не сме ние. Веднаш би излегол некој неубав збор, веднаш и лесно не навредува сечиј збор, лесно можеме да се скараме, лесно можеме да направиме се. Значи, потребна е апсиненција од алкохол, а секоја апстиненција е пост, ама строг пост, ништо друго.
    Тука е и одговорот на второто прашање со храната, да се прејадиме и да одиме на Причесна. Што сме направиле, ништо. Тоа би било само фарисејство и ништо друго. Зашто храната ги буди сите страсти :!: .
    Истото е и со односите. Јас пример сум мажена жена и од себе тргнувам, зашто не сакам никогаш да бидам само од оние кои само рецитираат од животот на другите, а самите се голи и боси. Значи од себе тргнуам, дека при тој чин на взаемна љубов, колку и да е тоа кратко или не, сепак е тоа плод на страст. Тоа едно бранување на телото каде ако размислуваш за тоа, подготвен си да оставиш се и тоа да го направиш (да занемариш духовното, за сметка на телесното). Да бидам јасна, не зборувам за телесното, тоа е дозволено во бракот, но сепак коренот од каде што се тргнува е духовното. Односно да бидам појасна, тоа бранување на телото иако од љубов (зборувам пред Причесната), тоа подоцна нема никој од двајцата да остави рамнодушен. Мислам дека ме разбираш :) .

    Да заокружам од се ова што го напишав. Една мала ретроспектива на Светото Писмо, на животот на Господ Исус Христос.
    Зошто Господ Исус Христос додека беше со апостолите и на сите луѓе им викаше дека постот и молитвата е првото скалило, за на крај тоа да биде заокружено со Тајната Вечера?
    Значи зборувам за хронолошки поглед на настаните.
    Мислам дека сум јасна.

    ***


    Овие пости се доста строги. Но сепак по правилата и одредбите на Црквата за постот е дека во сабота и недела се блажи со масло и вино :) .

    И, едно големо „Ми се допаѓа„ за постот на kikikikirika :clap: . Навистина прекрасно објаснето.
    Она што ме воодушеви во нејзиниот пост е само фактот што сите го забораваме, а тоа е дека можеме, само ако сакаме :!: . Како можеме да бидеме на диети со едно јаболко, еден лимон или на воден ден, па сторг режим на броени калории и бирани продукти, со недели, со месеци...? Така можеме и да постиме. Само кога станува збор за духовното, сите тука паѓаме. А паѓаме бидејќи тоа е баш тоа потешкото, иако се може се.
    Вистината е секогаш сурова, иако мораме да ја признаеме. Тешко е човек да се бори сам со себе. Тешко е да одиш против своите страсти и да ги искорениш. Затоа верувам дека мнозинството малку си се крие зад таа слабост и се плаши. Но секогаш се занемарува фактот што, кога ни е најжешко под нозете во животот, без пост, без ништо, оставаме се’ и лесно се откажуваме од се. Но кога тоа би го правеле од љубов кон Бог, ете тогаш е тоа лудило, заблуда, забеганост... Сепак, секој со своето мислење. Сите си правиме за нас, за себе. Ако некој мисли дека прави за другиот се лаже. Само себе може да се втурне во сопствената замка. Зашто никој не ни наштетува повеќе од самите ние. Светилката во нас ни го кажува тоа, совеста.
     
    На kravce, ilipili, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    10.203
    Пол:
    Машки
    1. Во Светото Писмо ниту строго, ниту благо, ниту директно, ниту индиректно, ниту маргинално не е спомнато дека човек треба да пости, за да се причести. Напротив, ако го читаме Светото Писмо ќе видиме дека Исус и апостолите јадеа, пред да се причестат.

    Исто така не е спомнато ни дека е потребно некакво духовно припремање, чистење од страстите, исповеди и сл. за човек да се причести. Едноставно, овие работи христијанинот треба да ги прави постојано, а не пред причеста. Причеста е едноставно чин со кој си припомнуваме за Христовата жртва на Голготскиот крст - бидејќи тоа е суштината срцевината на евангелието. Тоа е целта зради која што Исус дојде на Земјата, за да го даде Својот живот за нас грешниците. Имаме заповед од Исус да си спомнуваме за тоа, за да не заборавиме, за да не се дефокусира нашата вера кон некои празни религиозни обичаи и традиции а да го занемариме најглавното - спасението што Исус ни го обезбеди преку Својата смрт.

    Исто така со причеста никој не станува „посвет“ или „почист“ или „понегрешен“. Едноставно, кој каков ќе си дојде на причест, таков и ќе си отиде. Само со искрено покајување и обраќање од гревот ние стануваме подобри, посвети, а не со причеста.
    Ако внимателно го читаме Светото Писмо ќе видиме дека пред самата причест апостолите се расправале кој ќе биде поголем во Царството Божјо. Гордоста е една од најголемите гревови, најголемите и најсуптилни страсти. Исто така, не само Јуда, туку сите апостоли се откажале од Исус таа вечер. Исто така кога Исус ги замолил Петар, Јован и Јаков да не спијат, туку да се молат заедно со Него во маслиновата гора пред да го уапсат, тие спиеле. Очигледно причеста не ги направила ни почисти, ни подуховни, ни попослушни.


    Со должна почит, не би се сложил со ова. Лебот и виното само го претставуваат Христовото тело и крв и тие не се буквално Неговото тело и крв. Бог се вселува само еднаш во нашето срце и тоа е преку вера.

    „па преку вера да се всели Христос во вашите срца“ (Ефешаните 3:17, Библијата)

    Зошто не треба да го примаме Бог повеќе пати? Затоа што Бог јасно вели дека, откако ќе го примиме, Тој нема никогаш да не напушти, ниту ќе не остави:

    „„Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”“ (Евреите 13:5, Библијата)

    Солидно го познавам Светото Писмо и те уверувам дека Господ Исус Христос никаде не зборувал за некакви скалила. Господовата спомен вечера (причеста) е направена на крај бидејќи тогаш Исус се збогува од апостолите и нормално е тогаш да им остави аманет, да им каже што да прават додека Тој не се врати. Замисли дека ти се дружиш со некоја личност и се наближува денот кога треба да се разделите. Ти сакаш таа личност да те памти по нешто и си изработил некое срценце со вашите букви изрезбани на него. Сосема е нормално тие ова „спомен срценце“ да и го дадеш на личноста при самото разделување, а не на почетокот или средината од вашето дружење. Епа слично постапил и Исус. Тој им кажа на апостолите како да си спомнуваат на Него пред самото разделување од нив.
     
    На elisabeta и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ова е 6-та недела од постот, постам и се надевам дека не згрешив ништо во исхраната (внимавав на секој состојка) само за благовец јадев риба и сега за цветници ќе јадам, постам со зејтин, наредната/последната недела ќе постам без зејтин, ај ве молам подетално ако може околу последната недела, слушам во петок само вода требало, ако има некој искусен во постите, може да не просветли околу последната недела. благодарам
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Последната недела е позната и како Страдална (Страшна) недела, поради се` она што ќе се случи во неа. Понеделникот е посветен на премудриот Јосиф (син на праведни Јаков), кој слично како Христа во гробот, престојувал фрлен в бунар од страна на своите браќа, а потоа бидува продаден (исто како и Христос).
    Исто така во Понеделникот се чита евангелието за бесплодната смоква (душите на сите негрижливи и мрзливи луѓе), које е бидува проколната од Христа и се суши.
    Вторникот е посветен на петте мудри девојки, кои за да го пречекаат Женикот си купиле и резервно масло за своите светилници (тоа се сите оние кои прават многу добри дела, принеле и принесуваат на Бога многу молитви, постат, се кајат, се причестуваат).
    Средата е посветена на помазувањето на Христа со миро, кое е припрема за Неговиот погреб. Исто така во овој ден Јуда го продава Христа за 30 сребреници.
    Четвртокот е споменот на Тајната Вечера и првата литургија.
    Петокот е споменот на страдањата Христови (потсмевање, плукање, бичување, распнување и умирање на Крстот) и Неговото погребение.
    Саботата е посветена на Христовото слегвање во Адот, проповедта на умрените праведници и кршењето на адските порти.
    Неделата - Велигден е споменот на светото и славно Христово Воскресение.

    Во овие денови распоредот на богослужбите е следен:
    1. Понеделник - Утринска, часови, изобразителна, вечерна со литургија на Претходноосветените дарови (почеток, во зависност од местото од 6-8 часот)
    2. Вторник - Утринска, часови, изобразителна, вечерна со литургија на Претходноосветените дарови (почеток, во зависност од местото од 6-8 часот)
    3. Среда - Утринска, часови, изобразителна, вечерна со литургија на Претходноосветените дарови (почеток, во зависност од местото од 6-8 часот)
    4. Четврток -
    а) На утро: утрена, часови, изобразителна, вечерна со света Василиева Литургија (почеток од 6-8 часот). Во продолжение се врши маслосвет (елеосвештение).
    б) Вечерта (обично во 18 часот): 3. Велико Бдение - читање на 12. страдални евангелија и чин на распнување Христово.
    5. Петок: а) утрото: утрена и царски часови, вечерна со изнесување на плаштаницата (почеток од 6-8 часот); повторно се читаат 12. страдални евангелија.
    б) вечерта (обично 18. часот): Опело и погребение Христово.
    6. Сабота: а) на утро(почеток од 6-8 часот) часови и вечерна со Василиева литургија.
    б) вечерта околу 23 часот почнува Пасхалното утрено, кое продолжува со литија, објавување на најрадостната вест, пасхален канон и света Златоустова литургија. Сето ова заедно се нарекува Прво Воскресение Христово.
    7. Недела: Во текот на денот се служи вечерна, т.е. Второ Воскресение со читање на светите Воскресни евангелија.

    Секој Православен Христијанин, во овие свети и страдални денови должен е да ги посетува и да учествува во богослужбите колку што му дозволуваат обврските. Но, особено важно е да присуствува на богослужбите: 4.б), 5.а), 5.б) и 6.б). Подобро ќе биде да јадеме масло на Велики Петок и цела Страдална седмица присуствуваме на сите богослужби, отколку да седиме дома и да држиме тримир.
     
    На Witchman, Majski.Cvet, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ќе се задржам на овој дел, бидејќи јасна е поентата на постот, а понатамошниот текст е само објаснување на истиот (првиот и вториот пасос по цитатот).

    Во овој дел се разединуваме во суштината. Она што Црквата како Црква го толкува (зашто не пишувам од себе, туку го наведувам она што сум го научила) и твоето мислење околу тоа е сосем различно.
    Господ Исус Христос убаво кажа, дека кога младоженецот е тука нема потреба да се пости, туку кога ќе замине.
    Објаснувањето и суштината убаво си излегува од секој кажан збор. Постиме, за да направиме место за Бог во нас, за Тој да се всели во нас. И да, Бог се вселува во нас преку верата, но ние дали истото би го кажале како апостолите, како другите луѓе меѓу кои беше Бог?! Дали ние го имаме телесно видливо Бог со нас?! Затоа е и Светата Причест, за Него да го примиме во себе кога Тој повеќе нема да биде меѓу нас телесно видлив. Но кога негираме дека тоа не е вистинска Крв и Тело Христово, ние буквално не веруваме во Неговите зборови што ги кажал.
    „ . ... Земете, јадете, ова е Моето тело.
    ... Пијте од неа сите;
    Зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите. „ Матеј 26, 26-28
    А што се однесува до тоа дека тоа не е вистинска Крв и Тело Христово, е и тоа како :) .
    Ете, некој неверувајќи се дрзнал да направи ДНК на Светата Причест и резултатот бил запрепастувачки. Бидејќи на тоа „вино„ му пронашле ДНК. А како?! Зашто тоа не било измама и подметнување, туку било пред цел амфитетар, пред многу луѓе, особено оние кои не веруваат и кои го испитуваат и најситниот детал. Но најчуден е резултатот што таа ДНК била човечка, но не се совпаѓала со никој жив човек.
    Оној што не верува во религија и нема вера, можеби ќе му поверува на резултатите од испитувањата ;) .

    Во однос на третиот пасос...
    Убаво објаснување, што се согласувам и со него делумно, но не потполно.
    Се извинувам што сум те довела до погрешен пат на со тој збор (скалило), но тоа беше само еден мал епитет, но ништо повеќе. Епитет кој намерно го ставив, зашто ние во духовноста се искачуваме кон Бог како по скалила (како по лествица), за да пристигнеме до целта, Бог. Повторно ќе го употребам тој збор, а првото скалило кон кое треба да зачекориме е постот зашто тоа е средство кон нашата цел. Средство без кое не можеме да го видиме Бог, зашто тоа средство е за да се спознаеме себе си, за да се очистеме, за да се покаеме. А со тоа покајание, Бог да влезе во нас. Зашто постот датира од почетокот на светот. Што била забраната дадена од Бог за не јадењето на јаболкото? Ништо друго освен пост. Значи не можеме да кажеме дека не ни е потребен постот, исповедта (зашто таа означува покајание на нашите гревови), з ана крај да стигнеме до целта, соединувањето со Бог преку Светата Причест :) .
     
    На ines.h, Nefertitii, kikikikirika и 5 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    10.203
    Пол:
    Машки
    Јудејците размислувајќи телесно, а не духовно, не ја разбрале метафората што овде ја користи Исус и затоа помислиле дека Исус буквално ќе им го даде Неговото тело да го јадат (канибализам?) и буквално ќе им ја даде Неговата крва да ја пијат (вампиризам?), но доколку се прочита целото 8-мо поглавје од евангелието по Јован духовниот човек лесно ќе забележи дека Христос таму користи метафора и не зборува за буквално јадење на Неговото тело и буквално пиење на Неговата крв.
    Откако Јудејците почнале да мрморат "Како може Овој да ни го даде Своето тело да го јадеме?" и се соблазнале затоа што Христос им рекол дека Неговото Тело е вистинска храна и Неговата крв вистински пијалок, потоа Тој им рекол:

    "Духот е оној, кој оживува; телото не помага ништо. Зборовите што ви ги реков се дух и живот."
    (Исус Христос во ев. Јован 8:63, Библијата)

    Оттука јасно се гледа дека Христос зборува симболички, зборувајќи за духовна храна и духовно пиење.

    Некои велат дека затоа што Христос на Спомен вечерата за лебот и виното рекол: "Ова е Моето тело и оваа е Мојата крв" затоа лебот и виното буквално се претворале во телото и крвта Христови.
    Но доколку одиме по оваа логика, тогаш што е со оние стихови каде што Исус вели: "Јас сум Патот, Јас сум Вратата, Јас сум пастирот, Јас сум светлината"? Дали Исус буквално е пат по кој газиме, или врата, или пастир? Ако е така, тогаш да не одиме по пат, за да не го газиме Исус? И да не трескаме врата, за да не го трескаме Исус. Дали ние сме буквални овци?
    Понатаму Исус на едно место вели: Јас сум лозата, вие сте лозинките, а Мојот Татко е Лозарот (ев. Јован 15, Библијата). Дали тоа значи дека Исус е буквално Лоза? Дали ние сме буквални лозинки? Погледни се во огледало и кажи ми што гледаш, човек или буквална лозинка?

    Шала на страна, јасно е дека Исус често користел метафори.

    1. Доколку ова чудо навистина се случило и истото биле експериментално потврдено, тогаш тоа би ги преплавило вестите, би го имало и на CNN и на Discovery, бидејќи експериментално потврдени чуда не се случуваат секој ден (не се случуваат ни секој век, али ај). Можеш да приложиш линк од тој експеримент, да ја разгледаме неговата веродостојност?

    2. Католиците, православните, лутераните и некои други верници веруваат дека трансупстанцијата (буквално претворање) на виното и лебот во буквално тело и крв Христова се случува на секоја причест откако свештеникот ќе ги благослови лебот и виното. Тоа значи дека тоа се случува во секоја католичка или православна црква. Тоа пак значи дека нема потреба да се зборува за таму, некогаш и негде, туку дека тој експеримент може лесно да се повтори денес во секое време и во секоја црква. За тоа е потребно само еден обичен електронски микроскоп. Тоа може да се направи на институтот за Хемија, во клиника за микробиологија, во клиника за патологија итн. Зарем сметаш дека еден куп (милиони) скептици во светов не би го направиле тоа до сега (се разбира доколку биле испровоцирани од наводниот експеримент)?

    3. Велиш дека ДНК-та била човечка, но не се совпаѓала со никој жив човек. На планетава денес живеат скоро 7 милијарди луѓе. Дали наводната ДНК молекула била споредена со сите тие 7 милијарди живи луѓе на планетава за да се докаже дека не се совпаѓала со никој жив човек? Јас не памтам некој да побарал од мене ДНК за таква анализа. Верувам ни ти :) Значи дури и да нашле таму негде некоја ДНК молекула, тие не би можеле да докажат дека таа не се совпаѓа со сите живи луѓе. И доколку имало сомневања, екпериментот лесно би можел да се повтори под строги екпериментални услови каде што ќе надгледуваат нехристијани. Но такво нешто не се случило.
    Случајно или не, јас имам пријатели (професори) од институтот на хемија и биохемија при УКИМ. Ти стојам на располагање во секое време да го повториме тој експеримент.

    4. Велиш пронашле ДНК. Зошто би пронашле само една? Или зошто само неколку? Зарем таа средновековна теологија не учи дека целото вино се претвора во крв Христова? Тоа би значело дека целото вино треба да е полно со такви ДНК молекули. Тоа би значело дека виното треба да има солен вкус (каква што е крвта), а не благо-киселкаст вкус (какво што е виното)

    Вака, да не бидам погрешно сфатен. Јас не реков дека постот не ни е потребен. Далеку од тоа. Јас само реков дека ниту Господ Исус Христос, ниту апостолите не заповедале дека човек мора да пости за да се причести. Јас само кажав дека Исус и апостолите не постеле пред да се причестат, туку вечерале.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Факт е дека не сме на иста бранова должина и колку да објаснуваме и двајцата. Сепак и покрај сите тие прашања и одговори, дискусијата се врти во круг. Очигледно е зошто не го прифаќаш православието и зошто си против, но тоа е твое мислење кое го почитувам. Не можеме сите исто да гледаме на одредени нешта. Ти имаш други толкувања, а православието други.

    Инаку, вистина е се она што го напишав. Го читав ова на еден форум каде имаше и линк постирано. Навистина не се сеќавам дали беше српски форум или руски, но ако го пронајдам секако ќе го постирам во најбрз период (оваа информација е од пред неколку години, затоа и во овој миг не се сеќавам точно за кој форум стануваше збор).


    Благодарам на понудата, но не би прифатила. Доволна ми е верата за да знам што примам преку Светата Причест.

    Сите си имаме свое гледиште и сопствена определба. Секој со своето :) .
     
    На vinozito1, Makide, Micheleljubov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Последната недела е страдална но не СТРАШНА, ТУКУ СТРАСНА,
    И ЧЕТВРТОКОТ ВЕЧЕРТА Е УТРИНСКА БОГОСЛУЖБАТА, А НЕ ВЕЛИКО БДЕНИЕ, БДЕНИЕ ИМА ЕДНО НИ МАЛО НИ ГОЛЕМО ДА НЕ СИ МИСЛЕЛ НА ПОВЕЧЕРИЕ?
    ПЕТОКОТ ВЕЧЕР НЕМА ОПЕЛО, ДА ТОА Е ВСУШНОСТ СМИСЛАТА НА ПОСЕТАТА НА ХРАМОТ, НО И ТОА Е УТРИНСКА БОГОСЛУЖБА,
    И САБОТА ВЕЧЕР .............. КАКВО Е ТОА ПАСХАЛНО УТРЕНО, КОГА НЕ ЗНАЕТЕ НЕШТО НЕ ПИШУВАЈТЕ САМО БЕЗВЕЗЕ. ПО ТЕКСТОВ ГЛЕДАМ ДЕКА ГО ПОСЕТУВАШ СВЕТИОТ ХРАМ.....АААААААААА ПИШУВАШ И ЈАС НЕЗНАМ ШТО. КАНОНОТ Е ВСУШНОСТ ТОА ТВОЕ УТРЕНО ХЕХЕХХЕХЕ ВО 23Ч ИМАШ ПАСХАЛНА ПОЛУНОЌНИЦА СО КАНОН, ПОТОА ОБЈАВУВАЊЕ НА ВОСКРЕСЕНИЕТО СО ЛИТИЈА, ПА УТРИНСКА БОГОСЛУЖБА СО КАНОН ИЛИ САМО ПАСХАЛЕН КАНОН, ПА ЗЛАТ. ЛИТУРГИЈА
    А ЗА ТОА ШТО СИ ГО НАПИШАЛ ПРЕД РАСПОРЕДОТ СВАКАТИ ЧАСТ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    И ВО АПЕЛОТ ДА ТЕ НАДОПОЛНАМ .............. ДА ГИ СМИРИМЕ СТРАСТИТЕ!!!!!!!!!!!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Во кој ден да се исповедам и кој ден е најповолен да се прими причесна.Ми се ближат и деновитите за :$ Толку многу сакам да се исповедам и причестам за прв пат,тоа ми желба за оваа година.
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Во ред, Вие знаете подобро од мене. Се извинувам што сум напишал нешто, во Ваше присуство. Сепак ќе пробам малку да се дообјаснам.
    1. Страшна недела е бидејќи во неа се извршуваат страшни тајни за човековото спасение: Првата литургија, Распнувањето Христово, Слегувањето во Адот и Воскресението.
    2. Ако го отворите календарчето ќе видите дека се обележани три (велики) бденија и тоа: средата од 5. недела од Велигденскиот пост(Големиот канон на свети Андреј Критски), петокот од 5. недела од Великиот пост(Акатистот на ПРесвета Богородица) и Велики Четврток(12. страдални евангелија). (Новото календарче го немам видено, ако има нешто сменето и не се наведени овие служби како бденија, тоа е веќе друго).
    3. што претставуваат статиите ако не опело Господово?
    4. Сами прашувате и пишувате: КАКВО Е ТОА ПАСХАЛНО УТРЕНО? ... ПА УТРИНСКА БОГОСЛУЖБА СО КАНОН ИЛИ САМО ПАСХАЛЕН КАНОН, ПА ЗЛАТ. ЛИТУРГИЈА...
    Во секој случај Ви благодарам што сте посветиле внимание и сте одвоиле време да ме подучите.
    Сега Ве молам посветете му малку време и на братот Евангелос. И одговорете му на поставените прашања.
    ПС: Се надевам дека знаете, оти според непишаните правила за Интернет комуникација, пишување со големи букви значи викање и дерење. Ако сакате нешто да потенцирате тоа можете да го замастите (болдирате).
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    10.203
    Пол:
    Машки
    Нема подобро време за исповедање и покајание од денес. Гревот треба да го исповедаме веднаш штом станеме свесни за него, во спротивно може да фати корен, па да се развие, па да се умножи. Гревот има разорно дејство за душата и ја води кон пеколот. Но затоа е тука Исус Христос, Спасителот наш, Кој е во секое време спремн и волен да ни ги прости гревовите ако се покаеме. Тој вети дека ќе ни ги прости ако ги исповедаме пред Него. Човек може да не си го одржи ветувањето, но не и Исус. Исус е верен и секогаш ги одржувал и ќе ги одржува ветувањата.

    „Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.“ (1 Јованово 1:9, Библијата)
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Оваа ми е 5та недела со масло од кога постам,првата недела без масло постев значи вкупно 6 недели , се надевам до сега немам ништо згрешено во исхраната внимавам.Но денес бев во продавница и прашав за едни корасани од пекара диме што се и ми рекоа биле посни.. препрашав убаво и ми рекоа дека и нив така им викале дека се посни па ако лажат Гревот на нив..А сега да прашам некој од вас дане знае за тие корасани од пекара диме,дали се посни ? :)