Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски
    Девојко, има правила на овој форум кои мора да се почитуваат. Како за тебе, така и за другите. Пишувањето со ваква големина на букви означува викање, а мислам дека од викање нема потреба.

    Во однос на темата, не постам. Порано како помала постев и се причестував, ама искрено, откако видов дека попот на сите им дава со исто лажиче од виното - нема повеќе да се причестувам. Ќе постам само за своја душа ако сакам. Ама во принцип не се зарекувам дека ќе постам ако не можам тоа да го исполнам. Последниве неколку години немам постено цели пости, туку само по некој ден, на пример Велики Петок или некој сличен строг пост, кога впрочем сите постиме. Како и да е, постот е убав за телото и за душата и добро е да се практикува.
     
  2. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Не постам иако моите се многу големи верници и редовно си постат.Не го сметам тоа како некој доказ за религиска верност,а и немам навика за истото.Мислам дека дека како и други христијански обичаи во Македонија и овој полека полека бледнее.Убаво би било да се има цврсто убедување и навика за постење но животот денеска е премногу динамичен,па затоа брзата храна е на врвот на секое мени.
     
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Сум постела повеќе пати...Тоа не треба да се сфаќа како доказ за религиска верност,туку тоа е индивидуално..Значи се пости во одредени периоди и постојат всушност телесен и духовен пост..
    Телесниот пост е воздржување од некои јадења во тој период..
    Духовниот пост помага при смирување на личноста,зголемување на трпението,како и покајание..
    Има денови на строг пост без масло и сл..
     
  4. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Постев цели пости сега за последната Голема Богородица,беа двонеделни пости,и издржав некако,али денови кога се пости без зејтин стварно знае да биде напорно.Инаку за мене не е важно што внесуваш во устата,туку што носиш во душата.И стварно и мене ми е некако апсурдно што сите верници се пречестуваат со една лажица |(
    А за поповите да не слушнам збор дека тие не постат :D ,мојов богами постеше :D
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Јас постам веќе 3 години по ред и супер ми е се чувствувам многу лесно за време на постот, алкохол тогаш не пиам ама од цигарите не можам да се откажам :)
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Постот е добар за прочистување на телото и душата, за контрола на страстите и умот.
    Но како што кажа некој погоре, сега за се’ постои замена, па некако се губи смислата со тие растителни кашкавали, соја итн. Постот подразбира сосем малку јадење.
    Нешто што ми пречи е нашиот испомешан календар. Пред Божиќ по правило се пости исто како пред Велигден, но ретко кој го практикува тоа бидејќи тогаш не може да слави Нова Година. Славиме НГ по нов, а Божиќ по стар календар |(.
    Инаку, не постам редовно, но последните години постам пред Велигден.
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Постот е само начин за поблиску да дојдеме до Господ, да се помириме со Него. Некои ќе речат: порано немало пост од каде им излегола идејава да се пости? Дали некој има барем малку прочитано од Светото Писмо (Библијата)? Која беше првата заповед што Бог им ја даде на Адам и на Ева во Рајот? ПОСТ. Им рече, „Не јадете од дрвото што расте во средината на Рајот, за да не умрете“. Дали ова не е пост, забрана за не јадење на некој вид на храна? Значи постот е востановен уште во Рајот со самата забрана да не се јаде од тоа дрво. Но, што претставува постот? Доколку ја видеме неговата вистинска страна ќе забележеме дека тоа е послушание. Послушание и почитување на Божјиот збор. Додека денес постот на жалост од нас луѓето е замислемн како некоја мода, или измачување на телото, односно ништо важно. Ја забораваме убавата страна на постот, со самото постење ние се доближуваме повеќе до Господ. Бараме прошка за нашите и за гревовите на блиските. Што на крај добиваме венец, односно карта за во вечноста. Преку правилниот пост ние учиме повеќе да сакаме, да простуваме, да помагаме. Учиме како да живееме, за тоа еден ден да го пренесеме на нашите идни поколенија. Но, дали правилно постиме? Под правилен пост подразбираме, одреден период лишување од храна со животинско потекло, лишување од лоши работи, лоши мисли, лоши дела. На крај се исповедаме и причестуваме. Тоа е правилен пост.
    Гледајќи ја другата страна на постот, односно како тоа се одразува на нашето здравје, заклучуваме дека во тој период целиот организам се прочистува од разните токсини во нас, некои ослабуваат, се намалуваат масти, шеќери и др. со еден збор целиот организам едностано како да се обновува.
    Едноставно Господ добро промислил што 2 дена неделно( среда и петок), се посни денови, па и плус неколку пати (4 пати ) годишно постојано се пости.
    Дали сте забележале нечиј живот односно здравјето на човек кој постојано пости? Дали сте виделе (да земеме пример животот на некои свештеници, монаси и мирјани ), колку години живеат, какво е нивното здравје, дали се болни постојано? Ќе забележиме дека нивниот живот пред се е исполнет со радост што му служат на Господ, а оттука доаѓа и нивното здравје и долговечност. Живеат по 80, 90, па и 100 години, но тие не се оптоваруваат каква и колку поубава храна да јадат, за разлика од нас. Значи постат, тоа е нивната диета.Донекаде е и вистинита поговорката: Ние сме тоа што јадеме. Затоа гледајќи го пак животот и здравјето на оние што не постат, ќе забележиме дека во однос на здравјето имаат повеќе болести, па затоа и годините на живот се пократки. Сепак животот е во Божји раце и Тој одлучува кој колку ќе живее, но и ние самите сме виновни за нашето здравје.
     
    На Bitter-Sweet, korisnichka, Bellle и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    А ти нели можеш да размислуваш со своја глава или мора некој да ти кажуваш што да правиш, како да живееш и да се храниш? Нема потреба од никакво цитирање на Библијата, па зарем ти немаш свое јас за да размислуваш?

    Никогаш не сум постела, можеби некогаш ќе почнам ако качам вишок килограми.
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^^ Секој човек е единка и одговара за своите постапки. Никој не може да му укаже на некого како е правилно да постапува, а како не е за вакви работи. Секој со своите верувања и размислувања. Нема потреба од навредување.
    Да не забегаме пак на офф топик со препукувања и во оваа тема. ;)
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    Не сум атеист,верувам во Бог и неговата моќ...Но од религиски аспект не верувам во постењето затоа што никаде не сум го сретнала во Библијата и мислам дека е измислено од народот.Постот е убав за прочистување на телото од масти и токсини,ама јас сум сигурна дека нема да издржам толку многу време врз база на растителна храна.Кај нас,ниту јас ниту членовите од поблиската фамилија не постиме никогаш.Не сум постела,а во иднина не ни планирам затоа што немам таква потреба.На кој начин со постот сум поблиску до Бог,не ми е јасно? Ако сакам да бидам поблиска со Господ тоа можам да го направам преку одење редовно во црква,молење и слично...Не морам да го измачувам телото...И онака сум слабичка :)
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271

    Драга Magnolija, секој има право на свое мислење. И што се однесува до мене тоа е она што го мислам, што сум го научила да го мислам и што сум го искусила. Се што досега имам напишано не е само фантазирање или верување во нешто што не постои. Не те обвинувам, не ти замерувам, не те осудувам, ти си имаш свое размислување, но не можеш со навредување на некој да му докажеш нешто што само ти го мислиш. Ти простувам, зашто простувањето е една од доблестите на христијаните.
    А што се однесува до мене, искрено кажано, моето ЈАС не е мое туку Божјо, зашто без Негово присуство не можам ни да трепнам, ни да воздивнам, ни да размислувам, едноставно нема да живеам.
    Драга Magnolija, се надевам дека не те навредив со некој мој кажан збор, а доколку несвесно сум го направила тоа прости ми. Поздрав и ќе се молам за тебе и ти еден ден го да почуствуваш тоа присуство на Господ, кое засега велиш дека не постои.
     
    На Bitter-Sweet, tessie и sweet10 им се допаѓа ова.
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Постам ама несакам да се причестам од проста причина што ми е многу нехигенски бре од иста лажица на сите да ни дава да се лигавиме!Си постам секој Велигден и да ви кажам полем тоа многу добро се осеќам не само духовно туку и физички некако полесна.Инаку целта на постот е да се ослободиме и од негативните мисли и чувства што ги таложиме во текот на годината а не само да не внесуваме мрна храна
     
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Јас простувам, помагам на луѓето колку што можам, не крадам, на убивам, значи морам да сум христијанка? Не! Не мора да бидеш христијанка за да си свесен каков треба да бидеш ти. Јас постојано добивам љубов од семејство, другарки, од моето момче, а уште помило ми е кога јас давам љубов. Тогаш сум најсреќна. Моето ЈАС е творба на моите родители, кои што ме одгледале и воспитале. Јас ја многу почитувам Библијата,тоа е прекрасно дело, но никој не треба да биде премногу предан на нешто или некој. Биди слободен, ако треба да постои верба, имај ја вербата во себе.

    Се извинувам од мое име и од името на Serafima за офф топик
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ако постиш не значи дека ќе намалиш на килажа. Напротив, можеш да се здебелиш.
     
    На sweet10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Се зависи од организмот, ама логички е дека се намалува килажата затоа што не внесуваш маснотии и благо.. Јас секоја година постам 40 дена и за тие 40 дена симнувам по 5 кила, но може и да се накачи килажата зависи ;)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    25
    Кога имав 15 години се решивме да постиме јас, сестра ми и една другарка.Тоа беше кога се постеше за Голема Богородица некаде кај крајот на август и траеше околу месец и нешто ама само првата недела јадевме јадења готвени без масло.Кога испостивме отидовме во црква,се исповедавме кај Свештеник и се причестивме.Во петок постам само понекогаш можно е да згрешам ненамерно.И постот не важи ако сакаш да ослабиш или да се здебелиш преку него треба да се исчисти душата од гревови јас колку што знам.
     
  17. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    вака да прашам јас оваа година прв пат постам од денес започна Божиќниот пост. Денес пушев цигари и пиев два пати кафе, за цигарите знам дека се грев, но не и за кафето, разговарав со духовниот отец за цигарите и тој ми рече дека добро е за мене да не пушам дека се штетни, и тој пушеше.
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Постам секој петок, а од вчера го почнав и Божиќниот пост, само не знаев дека неделава е без зејтин, но добро последната се надевам дека ќе успеам да ја испостам без зејтин. Премногу сум среќна и навистина ми е мило како ми се поклопија работиве годинава и што конечно се решив на овој чекор.
    @Katiija штетни се цигарите, но никој не ги оставил за време на пост, а за кафето прв пат слушам дека не треба додека се пости.
    Има премногу храна која може да се припреми за време на пост, па воопшто не се плашам дали ќе издржам или не, само не ми е јасно во кои денови смее да се јаде риба???? Ве молам за помош :)
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Освен за Бадник и пред Велигден (само заради моите дома) не постам никогаш, ниту сакам, ниту пак планирам.
    Не можам да се декларирам како целосен атеист, ниту како фанатичен верник.
    За мене, сфаќањето за Бог, оди подалеку од одење во црква, зејтини, крпи, попови, свеќи и постење.
    Ниту еден од овие не ми е начин да се приближам до вишата сила, ниту го врзувам за религија, се' од горенаведеното ми е одбивно и ниско.
    Се трудам со поинакви дела да си го заслужам местото во рајот, ако воопшто постои. ;)
     
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Постам само за Бадник и три дена пред Велигден, тоа ми останало од мајка ми. Дома никогаш никој не постел, па така ни јас, иако мислам дека е убаво да издржам еднаш и да се причестам.