Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Дали навистина сметаш дека Господ ќе те обвини за грев ако јадеш кросан кој што некој човек го нарекол непосен?
    Грев претставува прекршување на Божјите заповеди. Господ ни заповедал да не лажеме, да не крадеме, да не убиваме, да не прељубодејствуваме, да не си измислуваме други божества, да не си правиме слики и идоли и да не им се клањаме, да не го изговараме Неговото име напразно, да ги почитуваме нашите родители, да ги почитуваме постарите луѓе, да не ги дразниме нашите деца, да го љубиме нашиот ближен како себе си, да им го правиме на другите она што сакаме тие да ни го прават нам, да не колнеме, да благословуваме итн. Ако ги прекршуваме или не ги исполнуваме овие Божји заповеди, тогаш ние правиме грев, а не ако јадеме некој кросан таму :)
    Господ ќе бара отчет од нас зошто не сме ги почитувале Неговите заповеди и сигурно нема да ни замери ако не сме направиле нешто што Тој не ни заповедал. Бог е фер и праведен и не би се служел со такви нефер обвинувања.
     
    На Angelllla, elisabeta и aerodrom им се допаѓа ова.
  2. mamima

    mamima Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Денес токму на овој голем празник Цветници решив да го причестам мојот двегодишен син.Меѓутоа кога стигнавме на ред син ми ја заврте главата одби да ја прими светата причест и отецот ми кажа дека не треба дете да се присилува на тоа доколку не сака,потоа на крајот од литургијата пробавме уште еднаш и пак истото, и многу ми падна мака за тоа што не сака посебно кога ги гледав како другите дечиња како се причестуваат некои од нив помалите ќе се расплачеа малку но сепак ја примаа.Нас не ни е за прв пат последно кога се причестувавме бевме на 1година, и стварно премногу ми е мака поради тоа.Планирам повторно да пробам некоја наредна недела но незнам... :( Ве молам за вашите совети и искуства
     
  3. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    тоа е детенце и неразбира, кога треба или не треба да ја врти главата, јас барем така мислам, нема потреба да се нервираш и да ти е мака.. јас другата недела ќе одам, таман завршува и постот, кое време се оди одприлика?
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Не знам дали некој има прашано до сега... неделава сакам да постам без зејтин, е сега се мислам за ѓеврек со сусам, дали е мрсно или? Зборам за сусамот зошто како што слушнав некој вели дека е посен, некој дека спаѓал во категоријата на сончогледот, а тоа значи дека е мрсно... Нека каже некој, ама со сигурност да биде :)
     
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Истото и јас сакав да прашам Ема
    А денеска се зачудив кога другарка ми ми кажа дека крем- бананчињата биле посни :^) Навстина? :o
     
  6. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Kога се пости без масло само варен геврек може да се јаде,а исто мислам дека и сусамот може зошто сончоглед,ореви,бадеми,лешници можат да се јадат кога се пости без масло
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Малите деца и сите оние кои не ја разбираат суштината на Господовата спомен вечера не треба да ја практикуваат, затоа што Светото Писмо (Библијата) забранува таа да се практикува на недостоен начин.

    „Затоа, кој јаде од лебов или пие од оваа Господова чаша, на недостоен начин, ќе биде виновен против телото и крвта на Господа. Но, човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата, зашто кој јаде и пие, а не Го распознава Господовото тело, јаде и пие за свое осудување. Затоа мнозина се слаби и болни меѓу вас, а мнозина и умираат.“ (1 Коринтјаните 11:27-30, Библијата)

    Намерно го болдирав последниот дел за да видите колку е сериозен Бог во одност на овој чин. Апостол Павле вели дека многумина од христијаните во градот Коринт кои недостојно јаделе од лебот и пиеле од виното, се разболувале, а некои дури и умиреле. Ок, во таа конкретна црква недостојноста верувам дека била на поголемо ниво и наместо тоа да биде вечера посветена за спомен на Христос и Неговата жртва, таа се претворила во гозба и пијанка. Но сепак, апостолот предупредува дека секој од нас треба лично да се преиспита дали го распознава Господовото тело во тие симболи (лебот и виното), дали знае што тие симболи претставуваат (раскршеното Христовото тело и Неговата пролеана крв за нашите гревови) и ако го верува тоа, дури тогаш да учествува во таа вечера.
    Секако дека малите деца кои не веруваат во тоа подобро да не им даваме да јадат од лебот и да пијат од виното. Подобро е нашите деца да ги учиме зошто се прави причеста, што претставува лебот, а што виното, Кој е Исус, зошто дошол на Земјата, зошто допуштил да биде распнат на крст итн. Па ако го сфатат тоа и поверуваат во тоа, дури потоа на достоен начин да учествуваат во тој свет чин.
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Се прашувам на каква сигурност може да се повика тој што ќе ти каже? :) Кој е тој духовен авторитет на кој што некој може да се повика и да рече: Вака е, затоа што ТОЈ или ТАА рече така или затоа што таму во таа света книга пишува така.
    Сте размислувале ли на пример кој, кога и каде ја направил таа ја направил таа селекција на посна и мрсна храна? Кој, кога и каде направил листа на јадења што се посни и листа на јадења што се мрсни?
    Дали знаете дека во Христово и апостолско време кога луѓето постеле, тие не јаделе посни погачи, посни колачи, посни гезмиња, посни салати. Кога тие постеле, едноставно не јаделе. Гладувале. Дали знаете дека денес човек може дури и да се здебели јадејќи посни гозби ваму таму? Тоа е нешто незамисливо за Божјите луѓе во Библијата.

    Најдобронамерен совет до сите, да не се преокупирате околу тоа што смеете а што не смеете да јадете, туку фокусирајте се на суштината на празникот, а тоа е Христовото Воскресение. Ѓаволот неуморно смислува 1000 дистракции со цел луѓето да се дефокусираат и ако е можно и да не ја забележат и дознаат суштината на Велигден. Се молам тоа да не биде случај и со вас. Бидете Христова светлина овој празник и гледајте на што е можно повеќе луѓе да им објасните зошто Исус пострада на крстот и кои се придобивките од Неговото воскресение за нас денес.
     
    На elisabeta, stylishh, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Covece EvAngelos, so cela dolzna pochit ti se obrakjam i ne mi zemaj za zlo, NO, dali zabelezuvash deka stanuva zbor za postenje, prichestuvanje, krshtevanje i mnogu cinovi koi se Sveti tajni vo Pravoslavieto... Sekoj koj se obrakja za sovet e pravoslaven Hristitijanin,i go bara sovetot od toj aspekt, ti mozes kako i site , da receme onie koi fino objasnuvaat za islamot, da kazhes kako e kaj vas, no ostanatoto ostavi go na Ortodoksnite. Ti blagodaram za vremeto i se najdobro!

    Od susamot, soncogledot i maslinkite se pravi maslo i tokmu toa mozhebi e prichinata koja ne naveduva na prashanjeto, dali pri strog post smeat da se jadat? No sigurna sum deka ste zabelezhale deka vo supermarketite ima i maslo od kajsija, tikva... shto ne znachi deka ne pri strog post ne se jadat tie plodovi. ;) http://www.google.bg/search?biw=1157&bi ... qswxPHUsVk
    Zaklucokot e jasen. NO, samo varenite gevrecinja se strogo posni!
    Neka vi e Bogougoden postot, pa za edna nedela site so torzhestvo da izvikneme HRISTOS VOSKRESE!


    [mod-kirilica:33u0n4l2][/mod-kirilica:33u0n4l2]
     
    На Mama25, Emma89, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Сега не смееме ниту да прашаме дали сусамот или било што друго е во категорија посно со или без масло...? Значи прашав кој знае да ми каже, а прашав со причина да се осигурам дека ѓеврекот (кој впрочем неделава знам дека на многу места се продава направен без масло, токму поради постот) може неделава да се јаде. Јас многу добро го познавам самиот чин на постење, што значи и како значи, и се преокупирам не поради причина на тоа да се прејадувам или да се жалам као "леле, нема што да се јаде", туку напротив, уживам овие денови, и ги чекам преку целата година! Воопшто не сум желна за храна, јадам толку колку што е потребно во денот за да имам енергија.

    Фала, Philippa, за одговорот :*
     
    На Mama25, Serafima, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Колку е жалосно кога народот гине во незнаење, се занимава со телесни работи, закоравен во традиции и суеверија, се фали колку знае за обичаите и минливите работи а за вечното Слово на Живиот Господ нема место во срцето!
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ете, требаше да добијам во понеделник, ја добив вчера... како ќе одам во недела на причест? ако ми заврши ќе можам да одам нели? ќе ми биде 5-ти ден... секогаш ми касни, сега порано добив.. е па стварно не е фер...
     
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Не се разочарувај мила ;) . Се е по Божја промисла.
    Иако знам дека не би требало да давам одговор што е својствен на еден духовник, сепак би те посоветувала дека, ако ти заврши циклусот, можеш да се причестиш и во понеделник, вторник или кога и да било во текот на наредната недела. Првиот ден Воскресение е потполно ист и со вториот и со третиот ден, а таа недела е уште наречена и Светла седмица (уште една поука за оние кои постат во среда и петок, но и за воопшто сите, дека таа недела е благословено да се мрси и во среда и во петок :) ) .
    Значи мила, најубаво е да си отидеш до црква, да си поразговараш со некој отец и тој да ти даде благослов за тоа (иако би мрсела, зашто целиот пост го постеше). Благословот од духовникот е најважен.
     
    На vinozito1 и Lina24 им се допаѓа ова.
  14. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Знам дека денес е строг пост и знам да го испочитувам тоа така да постам,внимавам затоа што знам многу да се фатам за благото а да не го загледам...не сакам да се зарекувам но сакам и утре да постам :) Според мене мислам дека луѓето така протолкувале некои работи па го нарекле пост,или тогаш навистина било толку сиромашно што луѓето немале да јадат па си постеле....За мене пост е да не правам зло а кога има да се јаде ќе се јаде кога нема е тогаш ќе постиме..сепак духовно се прочистуваме со постот...јас им симнувам капа на тие што успеваат да издржат дури 6 недели :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.695
    Допаѓања:
    10.147
    Пол:
    Машки
    Еве еден многу интересен цитат од Светото Писмо за богоугодниот пост:

    „Ова е пост што Ми е по волјата: да ги кинеш неправедните окови, да ги разврзеш врските на јаремот, да ги пуштиш на слобода угнетуваните, да ги скршиш сите окови; Да го поделиш својот леб со гладните, да ги воведеш под својот покрив бездомниците, да го облечеш оној што ќе го видиш гол, и да не се криеш од оној, кој е од твојата крв. Тогаш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу. Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница. Ако викнеш, Господ ќе ти одговори, кога ќе извикаш, ќе рече: ‘Еве Ме!’ Ако ги отстраниш од својата средина јаремот, испружениот прст и безбожната беседа, ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане како пладне. Господ ќе те води непрекратно, ќе те сити во сушни краишта. Тој ќе ги закрепнува твоите коски, и ќе бидеш како напоена градина, како кладенец, чија вода никогаш не пресушува.“
    (Исаија 58:6-11, Библијата)
     
    На Hopeful и friendy им се допаѓа ова.
  16. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Во постот најбитно е да имате чисти мисли иако некои мислат дека постот е само чистење на организмот од масна храна, но фсушност поважно е да си ја исчистиме душата од нечисти мисли. Знам дека повеќето од нас неможат да издржат 40 дневен пост и да се воздржат не само од храна туку и од некои телесни задоволства, бидејки кога се пости забрането е да се има прлави мисли а уште помалку да се практикува секс или мастурбација. Кога човек е во пост треба да се посвети на молитва, жените треба да носат попристојна облека се со цел да не ги привлекуваат машките погледи и со тоа да не ги наведуваат на грешн мисли и дела. Е, сега секој од нас може барем 1 недела да се воздржи од овоземските задоволства и со тоа не само што ќе си го исчисти организмот од штедни отрови туку ќе се ја исчисти и душата. Кога сте во пост треба да избегнувате да се карате да говорите неубави зборови, и воопшто нетреба да помислувате никому зло.
     
    На Majski.Cvet и friendy им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тоа е суштината на постот, имав кажано и претходно.Не е да се практикува пост, а и понатаму да се прават истите грешки како и претходно, да се мислат и кажуват неубави зборови или некој да мисли некому зло, да се прави она што и всушност е речено да не се сведочи лажно против некого, со цел тој некој да се оцрни, без потреба и сл.Со самиот пост, доколку човек го практикува, само за нијанса го менува начинот на размислување, секако во зависност од својата верба.Најважно е какви се мислите на човекот, кој треба самиот да е свесен за истите, без разлика дали пости или не, се додека човек внимава на својот начин на размислување и однесување, нема место за негативни мисли, со тоа се подобрува себе си како човек.Затоа постои постот, не само за прочистување на телото.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Многу ми е убав овој ден, кога рано наутро сите фамилијарно ќе отидеме на причест во црква :)
    Кога бев помала, моите постеа за мене, па и тогаш одевме на причест.
    Оваа година ја постев само последнава недела без масло. Се надевам дека не згрешив при постењето, освен на ум што ми е едно геврече што го изедов на факултет :worried: Човекот ми рече дека било без масло, ама мене некако не ми се чинеше така. Ама што вика мајка ми: Негов грев е, не твој. Ако лажат за 15 денари, нека им служи на чест.
    Годинава така се погоди Велигден, 1ви мај а и роденденот на 2ри да ми биде среде строг пост. Ама си се држев до постот како што треба. Патем, многу ми е глупаво кога некој ќе ми рече дека пости за да си го прочисти организмот... Постот подразбира и воздржување од многу други работи, не само од одреден тип храна. Јас се сеќавам дека како помала кога татко ми ќе се искараше со мајка ми, не одеа да се причестат. Не чини да имаш лоши мисли, а уште помалку лоши зборови.
    Што се однесува до постот, мислев ќе ми биде тешко затоа што наеднаш драстично ја сменив исхраната, ама за некое чудо - воопшто не ми беше тешко. Изминатите неколку дена ги поминав на планина, постојано пешачев по 18 километри на ден низ стрмни планини и карпи, ама имав енергија. Дури и не ни чувствував некоја особена желба за мрсна храна.
     
  19. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Немој да се оптовауваш дали случајно нешто си каснала мрсно, битно е да постот бил искрен и од срце а не затоа што другите постат па сега и ти.
    2. Нормално дека нешто нема да ти биде тешко ако го правиш од срце и ако веруваш во тоа.
    3. Суштината не е човек да не греши, бидејки тоа е невозможно, туку суштината е кога ќе згреши да биде свесен за својата грешка и да се пока. Исто е и со постот не е битно дали ти по грешка си внела нешто мрсно, туку суштината на постот е да човек во тие денови кога се лишува од многу овоземски задоволства да се преиспита себеси дали и каде грешел и што во иднина може и треба да смени. Затоа кога човек пости треба да ги помине тие денови во мир и молитви и да не посетува бучни места и журки, бидејки целта на постот е да човек размисли и ги согледа работите од 1 поинаков агол. И, уште само 1 работа, вечер по литургијата немојте одма да навалите на сендвици и секс, изедете едно јајце колку да означите крај на постот и потоа отидете дома отспијте и утредента со чиста душа и тело да ја дочекате радосната вест дека Исус Христос воскреснал. Нека ни се за многу години празнициве и уште многу години да си ги славиме во мир и благосостојба. И, уште само нешто доколку сте во можност подарете и израдувајте ги оние кои немаат нека биде тоа мал дар но нека биде од срце. Потрудете се во ваша близина да нема гладни, ако немате многу поделете го својот оброк со некој што ни толку нема верувајте ми ќе бидете и посреќни и по најадени отколку сами да сте изеле дупло повеќе храна.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    покрај тоа што добив и нема да одам на причест, сношти се испокарав со дечко ми, избегавав да упатам тешки зборови, но тој ме повреди многу, поточно за време на најстрог пост, му кажав дека неможам со ништо лошо да му вратам, а и да се правдам дека не сум крива за ништо, да не биде офф од темата, зборот ми беше дека, постот е прочистување на телото но и на мислата на душата, неможев да кажам тешки зборови, само си заминав..уште потешко ми беше што имаше упатено погрдни зборови кон мене,, и да немав добиено, пак немаше да одам на причест!