Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    феминки ај некој ако знај нека ми напиши нешто подетално за постите за петровден
     
  2. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Негрижи се и подобро што не си му упатила лоши зборови, А тој што те навредувал тебе тоа бомеќе зборува за тебе отколку за него. Има господ и верувај ми ќе му плати и тоа тродупло, можеби не веднаш но бог никогаш не заборава да ги казни грешниците.Само нетреба ти да посакуваш оа или она да му биде остави на бога, тој најдобро знае каква казна да му одреди. Неговиот грев е дотолку поголем што си била во пост, во тој период треба и да избегнува да се видите т.е да те остави во мир да се посветиш на молитва и на бога, а не да те нервира и упатуа погрдни зорови. Но не грижи се и бог бил опкружен со неверници и предавници но тој успеал да се издигне над сите нив, а единствено оружје му била ербата во она што го прави и во она што верува. Така и ти треба да ѓи пуштиш будалите да си одат по својот пат колку и да се одалечат од тебе бог ќе ѓи стигне и ќе им ја одреди вистинската казна.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Можеби прашањево е понапред поставено ама вчера влегов во една дискусија и сега сакам да ја разрешам дилемата...За време на пост дали освен вино во некои денови е дозволено и друг алкохол???
     
  4. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    А Серафима да прашам -во среда и петок кога се посте (а е мрсен период) дали е дозволено и риба или не?
     
  5. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Да дозволен е но како аперитив пред јадење 1-2 чашки но не и пијанчење тоа се подразбира, бидејќи постот е пред се за да човек размислува и да се посвети на молитва. На пијан човек секако дека не му е до молитва туку до музика. Инаку вие младите во кои спаѓам и јас многу погрешно го сваќате постот, мислите дека доволно е само да не се јаде мрсна храна. Кога се пости нетреба воопшто да се гледаш со дечкоти т.е нетреба да се разменуваат никакви нежности држење за рака, бакнежи ниту во образ ниту пак да се помислива на некои валкани мисли. Секако доколку дечкоти е до тебе па уште ако и он не пости тогаш секако ќе те наведе на грешни мисли. Ова фторото е многу поважно отколку дали ова треба да се внесува или не. Многу е битно да се воздржуваш од ниски страсти и мислите да ти бидат чисти, без даникому помислуваш зло или да имаш блудни мисли кон некого.
    Идаку да одговорам на девојката која праша дали кога се пости е дозволена риба? Да, освен кога е строг пост како што е петокот пред велигден тогаш по правило дозволена е само леп и вода но тоа неможе секој да го практикува туку се избегнува мрсна храна од животинско потекло и зејтин а и риба. Што значи во среда и петок за време на таканаречен редовен пост исто и за оние 40 дневни пости дозволена е риба и зејтин а забранета е мрсна храна од животинско потекло(месо и месни преработки) А кога е строг пост забрането е месо, зејтин, риба. Тогаш се јаде нај едноставна храна колку да се преживее патлиџанче, пиперче кромитче....... Е, сега некој ќе рече е ова е многу тешко. Да, тешко е и затоа постот е едно искушение кое го тестира човекот дали може да им одолее на искушенијата. И на Исус не му било лесно да го носи крстот на својот грб на кој подоцна бил распнат, но тој бил убеден дека е исправна неговата верба и затоа ја издржал сета таа голгота.
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Иако рибата е посна и е благословена да се јаде во пост, сепак секогаш и не е тоа така. Можеби зборувам малку позбунувачки, според некој монашки начин на пост, но сепак од себе тргнувам дека ние (дома) не практикуваме да конзумираме риба во среда и петок, освен ако во таа среда и петок е празник.
    Значи да резимирам, за послабите и почетниците во верата, тоа е благословено, но на оној, кој го знае тоа и сака да живее малку построг живот на воздржание и пост, тој и треба да се воздржува. Сепак, секој си ја знае својата телесна моќ и немоќ, па и самиот може да си расуди. Дали од љубов кон Бог би постел на тој или на другиот начин :) .
     
    На jesicaalba и stylishh им се допаѓа ова.
  7. emaus

    emaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Траењето и почетокот на петровденските (апостолските) пости зависи од датумот на Велигден. Тие почнуваат во вториот понеделник после Педесетница (Духовден). Годинава траат само 11 дена. Во нив постот е доста ублажен, во сабота, недела и празници (пр. Иванден) е разрешено да се употребува и риба. Но, правилото на пост најдобро се одредува во договор со својот духовник, според можностите и условите на живот на секој верник.
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    На сите кои примивте Причесна, да ви речам наздравје, нели така се велело. :)
    Се надевам дека си поминавте убаво. ;)

    На сите кои постеа, но поради разни причини не успеаа да се причестат, нека не жалат, не губат ништо. Господ не гледа и знае кој што прави и колку се труди.
    Никое добро дело не останало ненаградено. :)

    Јас ќе си кажам една замерка, на некои пријатели кои постеа (а, во нив ќе се пронајдат многумина).
    Пред 12 часот, спроти Велигден, по нив носеа куп намирници, кои се мрсни. Од најразлични чоколади, чипсови до тостови. Одвај чекаа да помине 12ч за да ги отворат и *конечно* да се изнајадат.
    -Прво, тоа не е ни здраво. После долго постење, најлошо за организмот е да се оптовари со мрсна храна.
    -Второ, отстрана гледано, тоа изгледаше жалосно и несфатливо. Како да си постел со сила. Како да не си знаел зошто постиш.
    Одма палат цигаре за цигаре.
    Се спремаат кои утакмици да ги играат за спортска.
    Потоа, со трчање одат по кафичите и наредниот ден кажуваат колку се опијанале. :x

    Таквите луѓе не ја сфатиле суштината на постењето, за жал. Господ не може никој да го залажи и поткупи. :^)

    Како и да е, постот заврши, но сите ние да се потрудиме да живееме духовен пост, да зборуваме со говорот на љубовта, не на омразата.
    И не само пред луѓето, туку најбитно - и во нашите мисли. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Свети Јован Златоуст за постот



    Велиш дека постиш. Докажи ми преку своите дела. А кои се тие дела? Ако видиш сиромашен, дај му милостина. Ако се сретнеш со своите непријатели, смири се со нив. Ако на улица видиш некое убаво лице, сврти го својот поглед од него. Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото. Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба. Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот. Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе. Велиш дека не јадеш месо, но внимавај страсно да не го голташ со очите она што го гледаш околу себе. Пости и со слухот не слушајќи оговарања и интриги. Со својата уста и јазик пости и воздржувај се од лошите зборови и шали. Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни.
     
    На Libera и Philippa им се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Јас па разбрав дека од 20 јуни и ке траат 22 дена . Ај нека каже некој за сигурно како е, може грешам?
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Годинава почнуваат на 1. јули и ќе траат до 12. јули. Бидејќи и Петровден паѓа во петок, се пости и тој ден.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    јас прв пат ќе постам сега за петровден, затоа ве молам кажете ми што точно смее да се јади
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Општо правило е:
    - среда и петок храна приготвена без масло, вино и риба
    - понеделник, вторник, четврток храна приготвена со масло и вино
    - сабота и недела, свети Наум и Рождество на свети Јован Крстител-Иванден храна приготвена со масло, вино и риба

    Е сега ако планираш да се причестиш околу подготовката за Причеста најдобро е да се консултираш со твојот парохиски свештеник (попот кој доаѓа дома да ви свети вода).
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    А зарем не се посте без масло и во понедлник или јад сум грешка? :?:
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Во случајот што го објасни Ортофил се работи за благослов од духовникот. Некои отци им благословуваат на своите духовни чеда да не постат во понеделник без масло, од причина што во понеделникот се пости во слава и чест на Ангелските чинови, а бидејќи сме ние мирјани, затоа и така им благословуваат. Но, се е тоа до благословот на духовниот отец и телесната сила на човекот кој пости.
    Сепак, според правилата и одредбите на православната црква за постот, во понделник се пости без масло :) .
     
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ајде да постиме заедно

    За некој постот можеби е ништо, но за православниот христијанин, постот зазема еден важен дел од духовниот живот. Кога човек започнува да пости тој не ја знае полнотата на постот, но со самото време Бог го учи да ја сфати вистинската суштина. Затоа и не можеме да кажеме дека човекот од старт ќе сфати се’ и дека од старт ќе ги победи своите страсти. Но, тука е онаа борба, онаа невидлива борба што постот ја овозможува, зашто сепак е тој патеката кон целта, кон вистинското познание на Бог. Зашто сепак постот не е цел, туку само средство.
    Верувам дека многумина и не би ме разбрале, што вистина и им го оправдувам тоа размислување. Посебно она прашање кога човек ќе си го постави, зарем храната ја има таа важна улога?!
    Да бидам искрена, иако постам подолго време, сега сфаќам, по толку години, што значела храната. Сега сфаќам што значи мрсната храна, што онаа што е со масло и што означуваа онаа која е сирова, приготвена на вода. Значи досега сум била слепа (како и сега :tmi: ), но од искуство кажувам дека телесното пре, премногу влијае на духовното, особено храната.

    Темава ја отворам од срце за сите кои посакале во животот правилно да постат, што под пост се подразбира пристапување кон исповедта и најважно пристапување и примање на Бог, преку Светата Причест. Се тоа да биде правилно, без самоволие, туку со благослов на духовниот отец, за да се почувствува вистинската благодат што Бог им ја дарува на оние кои правилно постат.
    Од срце ве предизвикувам, не јас, туку ова сфатете го како Божји повик, за овие најмалечки пости во оваа година, заедно да ги испостиме, пред се со Божји благослов :) .


    Правила и одредби на православната црква за постот
    Верувам дека веќе знаете, но да повториме. Овие пости се постат:
    Понеделник, среда и петок - храна без масло.
    Вторник, четврток, сабота и недела - храна со масло.
    Додека во празниците, сабота и недела се јаде и риба.

    Морам да напоменам, немојте да се плашите. Сите скоро имаме некој здравствен проблем, но Бог дава сила и лек за се. Посебно ова го кажувам за оние личности кои „не можат“ без месо или млеко. Тоа е само зашто можеби и така лекарите им кажале, но лекарите можат да кажат и дека не смеат тоа да го конзумираат, па ние сме толку послушни и тогаш можеме да издржиме.
    Од друга страна ние жените знаеме да бидеме на најригорозни диети и сепак да издржиме.
    Значи, се’ се може и тоа е факт. Можеме, ако сакаме.
    И ако не постиме за вистинската цел ( да ги умртвиме страстите), за почеток нека биде тоа една жртва за Бог. Овој пост да го посветиме како благодарност на Бог, за се’ што ни дарил и за се’ што ни дарува по нашите скромни молитви :) .

    Можете да прашувате се’ што ве интересира. Да договараме се’ она што не можете сами да го сторите или од срам ( за исповедта). Ќе се консултираме за секое најасно прашање и ќе си помагаме сите заедно :) .

    Знам дека постои веќе темата пост, но сакав ова да биде само еден најдобронамерен духовен поттик за сите кои сакаат да постат, зашто овие пости се најмалечки во денови и сите можат да ги издржат.
    Ако модератирката мисли дека темата е непотребна, слободно нека ја брише ;) .
     
    На Majski.Cvet, Dinnna, stylishh и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ketrhine

    Ketrhine Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Ајде да постиме заедно?

    Кога се постите ?
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ајде да постиме заедно?

    Петровденскиот пост , почнува од утре 1 јули и трае до 12 јули кога е и празникот Св.ап.Петар и Павле.
    Петровден.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Ајде да постиме заедно?

    И јас ке постам сега Рамазан, иако не сме иста вера ви се придружувам ние почнуваме од 9 Јули :)
    И посебно си се радувам свет месец е, и многу голем празник е за сите муслимани.
     
    На Majski.Cvet и skenco им се допаѓа ова.
  20. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Ајде да постиме заедно

    Еве јас да се пријавам дека почнав со постот.Денес без масло и како за прв ден,супер ми оди. :) Сакам и да се причестам.
    Овие се најлесни пости,не само зашто се најкратки туку во овој период има секакво овошје и зеленчук,па гревота е да не се пости.
    Паралелно со телесниов дел,внимавам и на духовната страна на постот и многу убаво се чувствувам. :)