Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Би сакала и јас да постам. Ве молам да ме посоветувате кога треба да одам да се исповедам. Пред причестата или сега првите денови од започнувањето на постот.

    Се решив да постам без зејтин. Дури и си направив список што да јадам секој ден.
    Во мени ми се следниве работи:
    манџи: леќа, грашок - со вода и зачини
    печени оброци: компири, пиперки, тикви
    тестенини: макаронс и шпагети - посни
    Зеленчук и овошје, цедевита, кикиритки во лушпа (мислам дека може), турско, мед, мармалад.
    Ако имате некоја препорака за јадење ве молам да ме посоветувате и потсетите.

    Дали се пости и на 28_ми, јас и тој ден го сметам за дел од постот.

    Со лесни и чисти мисли.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Има врска,и јас знам дека до тој ден не се јаде грозје.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.652
    Допаѓања:
    22.321
    Пол:
    Женски
    А тие што јаделе грозје? Не им се важи постов сеа?
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Типикот(монашки устав и законик) вели, оној брат што јадел грозје пред Преображение, да не јади цел месец август.
    Што значи можно е да им се дозволи на верниците да се причестат иако каснале грозје...
    Инаку се мисли на грозје од оваа реколта, а не од ланската ;) .
     
    На Witchman, Mama25, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Да нема забуна мила, значи се осветува годинешното грозје. Додека ние кога примаме Света Причест за Божиќ, за Воскресение... ние се причестуваме со Крвата Христова (преку виното), но она вино што било од изминатата година. А она што е од оваа година, тоа веќе не е ни стигнато да зрее, а не пак да биде веќе готово вино.

    Тој ден, Светото Преображение е ден кога видливо, телесно се појавува и Божјата природа на Господ Исус Христос на гората Тавор, не само телесната што ја гледале сите.
    Затоа и на овој празник се благословува грозјето, зашто тоа на Светата Литургија се преобразува во Крв Христова. Баш како што се случило и тоа чудо, на тој ден и Бог се преобразил на гората Тавор :) .

    Најубаво мила да си се исповедаш пред Светата Причест :) .
    Мала помош:
    Од срце ти ја препорачувам книгичкава да ја прочиташ, за вистинското значење на исповедта.
    Заборавеното лекарство - архимандрит Серафим

    Ќе се исповедаш мила и мислам дека нема да има никаков проблем :) .
     
    На Mama25, karenin и tessie им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.652
    Допаѓања:
    22.321
    Пол:
    Женски
    Дали зеленчуковите булјони за супа се мрсни? Сакав да ги искористам во посна чорба место запршка. Или поарно да испасирам варено компирче зачинето?
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Најпрактичена и најсигурна ти е втората варијанта :) . Зашто има некои кои навистина се мрсни, а на нив пишува дека се посни.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Феминки, да не му додаваат некои мрсни состојки на несквик какаото? Секако ќе го конзумирам со вода.
     
  9. IamOnlyYours

    IamOnlyYours Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    0д 14.08 до 28.08.2012 год.

    Овој пост е востановен во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица и телесно се пости на следниов начин: во понеделник до петок не се јаде со масло.

    Масло се употребува само во сабота и недела. Риба се разрешува на Преображение.

    прв пат почнувам со пост - и ке истраам до крај без никакви отстапки ...
    читам по сајтови да видам се сто има околу постот и да ви кажам не се наоѓа баш убаво детално објаснето написано околу исхраната ...
    некаде стои дека не треба ни кафе да се пие ??? тоа ме збунува помалку ... и секако околу благите нешта - на пример дали смеам да јадам мармалад??? бидејки е засладено ... незнам , се надевам не грешам ... сепак е добро ако некој ми помогне околу исхраната ....
     
  10. IamOnlyYours

    IamOnlyYours Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    слушнав имало растителни кашкавали без млеко - некои содржеле мал процент додека некои биле чисти без млеко ... исто така и млеко од соја ? = што велите за ова?
     
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Растителните кашкавали се посни односно нема во нив шивотинско потекло,иако ние дома не ги конзумирами бидејќи содржат многу адитиви и конзерванси. А Ако постиш без зејтин неможеш да ги конзумираш освен за викени,а соиното млеко со сигурност е посно како и јашменово и оризово.
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Повелете на посна пица (без зејтин).

    Во пицата има домати, лукче, пиперки, печурки, кари, сусам, брашно, квасец, кечап... Недостигаат само маслинки.

    Мил празник!
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      187,8 KB
      Прегледи:
      342
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      155,1 KB
      Прегледи:
      342
    На Mama25, Libera, rici.aaaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Како се држите? :)

    Туку,да си прашам јас дали во среда на Богородица е дозволено риба....или не? :?:
     
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Renata eве одговор на твоето прашање. :)
     
    На Majski.Cvet и renata77 им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Постот е оружје за вооружување против демоните. (свети Василиј Велики)

    Постот ја исушува желбата, а молитвата го очистува умот, подготвувајќи го за созерцување на вистината. (преподобен Максим Исповедник)

    Постот е победа над природата, отфрлање на сè, што го насладува вкусот, гаснење на телесното распалување, истребување на лукавите помисли, ослободување од нечистите соништа, чистота на молитвата, светило на душата, чувар на умот. (свети Јован Лествичник)
     
    На Serafima, Mama25 и Majski.Cvet им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.044
    Допаѓања:
    134.502
    Јас веке две години ги постам велигденските пости по 48 дена. Многу се здебелувам од нив.
    Ми фали сирењето ужасно. Сепак, радоста која следи по постот е прекрасна и вреди за сите воздржувања месец и пол наназад.
    Жално е што сега младите не постат повеќе и ми се смеат кога ќе слушнат.
    За личен успех во воздржување ги сметам - тортата на татко ми за 50ти роденден која му ја купив и не ја пробав - 6 кила тешка, и први мај...скари на сите страни, јас бел грав јадев.
    Здравје, следните ке се потрудам пак да ги постам.
    Иначе, не сум се причестила - многу пцуење за жал и нервози кои носат лоши мисли не ми даваат. А уште поголем грев е да се причестам знаејќи дека на некоја сум и рекла - нека иде у...:( АЈде некогаш ке бидам доволно силна.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Не се ветувам, наредната недела планрам да одам на манастир Св василиј Острошки. И јас сакам да постам , па сега незнам како оди таа работа, дали се пости 2 дена пред да одам, или 1 недела пред да одам.. Прашањето ми беше, дали е битно колку дена пред да тргнам да почнам да постам? Дали има одреден број на ден.. Прв патт ќе ми биди, ама ете така сакам да се исчистам пред да појдам, луѓе сме, секој ден грешиме..
    Самоо ако можи побрзо да ми дадете одговор хех :$
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Значи доволен ти е и само еден ден (ако не ги постиш постите како што треба, а ако постиш нема потреба ни од него, ама добро би било). Но притоа тој ден не смее да биде сабота или недела, а среда и петок секако се постат. Патем утре е Крстовден (слава на Горни Острог) и е строг пост.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Дали постот е сао за јадењето. Имам слушнато дека не треба и бакнување, однос со партнерот и кои други работи?
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Значи односот со венчаниот брачен партнер по негово барање не е прекинување на постот, туку брачна обврска, која ако не ја извршиме е прекинување на постот.
    Половиот однос со невенчан партнер не е само прекршување на постот, туку блуден - смртен грев. Страсното бакнувањето со невенчан партнер според каноните на свети Јован Постник е мал грев. Но не е страшен и најдобро би било да се воздржуваме во време на постовите и околу 7-8 дена пред Причест.
    Постот исто така подразбира и измирување со сите, пред се` со најблиските роднини, пријатели и комшии; како и давање на милостина на сиромаси(доколку сме во можност). Во постот со храна влегува и воздржувањето од тутунот.
     
    На Witchman, Libera и the.child им се допаѓа ова.