Посна храна е секоја чисто растителна храна, сите безрбетници и рибите. Благото, ако не е со производи од животинско потекло е посно.
Божиќниот пост се пости на различни начини. Општиот манастирски типик вели: - понеделник, среда, петок без масло и вино (алкохол) - вторник и четврток масло и вино - сабота и недела и празници со црвено слово риба, масло и вино. Но, народниот типик е малку (малку повеќе ) различен. Тој вели: до Пречиста (Воведение на Пресвета Богородица, 4. декември) и по свети Спиридон (25. декември, негде и до свети Игнатиј Богоносец - 2. јануари) не се јаде риба. А во периодот од 4.-25. декември не се јади риба само во среда и петок (кога се јади масло). Да нема забуни, вечерта пред Пречиста, ако се оди на слава се јади риба. Во секој случај мирјаните нема потреба да постат строго во понеделник, бидејќи во понеделник (строго) постат само монасите. Патем многу поважно е Христијаните да внимаваат и цел живот да се воздржуваат од одење по бајачи и гатачи, да се воздржуваат од вонбрачни полови односи, од утробно чедоморство итн, отколку дали во текот на Божиќниот или во среда или во петок, каснале риба или грав на масло.
Нешто најново што слушнав е дека доилки не смат да конзумираат јајца а јас знам само за месо,така и ни кажа духовниот отец уште кога бев бремена,па незннам кое е точно?
Ако ти рекол духовникот и месо да јадиш, јади си и не се секирај. Тој ќе си одговара за тоа. За другите што им рекле и како им рекле не се замарај.
Со длабоко извинување ќе прашам можеби не толку соодветно за темата.Не сум екстремен, или било каков религиозен фанатик па постовите се новост за мене. Ако е некој доволно упатен во постот да ми одговори дали се дозволени полови односи меѓу брачните другари.Сакам да пробам да постам, а во моментов работиме на случајот бебенце.
Брачните полови односи се дозволени. Тие не се никаков грев. За разлика од нив, вонбрачните полови односи се грев и во пост и во мрс. Сепак препорачливо е да се нема односи 5 дена пред светата причест и 3 дена потоа. Но, ако едниот брачен другар (тој што не се спрема за причест) има желба, тогаш оној кој што се подготвува, мора да ја исполни желбата на својот сопруг/а! По венчавката телото на мажот припаѓа на жената, а телото на жената припаѓа на мажот. Ви посакувам успех!
Јас постам но понекогаш но не цел пост само една недела без масло колку за причесна,и секако дневните постови (не мислам на среда и петок).Ама на нив некако не издржувам т.е ретко ќе згрешам обично ќе ме згрешат И сакам да постам баш е cool
Јас се зареков дека ќе постам секој петок, и веќе скоро една година го почитувам тоа. Да бидам искрена во почетокот неколку пати ми се случи да погрешам, да ставам нешто мрсно (благо) во уста, ама се навикнав и сега строго пазам да не погрешам. Син ми е роден во петок, се имам заречено дека ќе постам за негово здравје. Случајно откако почнав веќе да постам дознав дека и јас сум родена во петок. Спојлер Сопругот знае дека постам во петок и го почитува тоа од од 00:00 петок до 00:00 сабота. Мислам сепак еден ден во неделата е ќе се стрпиме.
Јас колку што знам деца, бремени жени и стари луѓе не треба да постат. Ако грешам нека ме поправи некој.
Не би требало да постат болни, а за бремени и стари луѓе во консултација со духовник, немора цели пости да ги постат и немора строго, мислам без масло. Сепак, пак ќе повторам, се во консултација со духовник или парохиски свештеник.
Ти пости си, тоа е уште поубаво за тебе, зошто ќе го прочистиш организмот, а пред секое планирано забременување поздраво е да се исчисти организмот (да не се конзумира месо, јајца, алкохол, нездрава храна тој период). И продолжете со *случајот*, дај боже Господ да ве благослови со бебе баш за време во постите.
Што претставува причесната ? Дали е некој ритуал кој се изведува во црква ? Како се изведува ? После колку време и какво постење ( со или без масло ) некој има право да се причести ? Во која недела од постот се прави причесна ? Дали за да се направи треба само да се пости или сепак има нешто плус ?
Само оној кој е православен христијанин може да се Причести, односно оној кој е крстен. Доколку сакаме да се спознаеме себе, постот е даден за тоа. Како средство за запознавање на самиот себе, средство за контрола над себе, бидејќи кога човек ќе стави една бариера на оној посакувачки и телесен дел од себе, тој веќе завзема контрола над себе и над своите страсти. Затоа и преку постот се гледаат најдобро тие наши недостатоци, тие наши страсти се поочигледни, зашто тогаш тоа го правиме за Бог и со Божја помош, зашто тогаш го бараме Бог да биде во нас. Тоа е целта на постот, средство за спознание, за на крај го добиеме вистинското покајание на нашите гревови, кое ќе го искажеме преку Светата Тајна Исповед, за на крај чисти од тие гревови за кои сме се покаиле и сме зачекориле по патот да не ги твориме повеќе, да ја примеме Светата Причест. Светата Причест е Телото и Крвта на Бог кој се распна за нас и нашите гревови. Тоа е виното и лебот кои се благословуваат и осветуваат за време на Светата Литургија. Светата Причест е востановена уште додека Господ Исус Христос беше на земјата, а тоа е за време на Тајната Вечера. Таа датира уште од тој период, зашто Тој самиот кажа, ние тоа да го правиме во Негово Име. Значи да разграничиме, Литургијата е склоп на молитвите, Литургијата е службата во црква преку која се добива на крај Светата Причест. Постот пред Причесната се нарекува строг пост. Со благослов на духовниот отец каде човекот оди на исповед, тој треба да биде не помалку од три денови (според силата на човекот). Значи над три денови строг пост. Таа храна се подготвува без масло и затоа се вика строг пост. Тој пост е неминовен и задолжителен пред Причесната. Затоа е потребен благослов од духовникот за тој да даде совет колку да биде тој, односно колку денови. Човекот може да се причести во која недела што сака. Дали тоа ќе биде првата од постот, дали тоа ќе биде некоја недела што е во средина, или можеби последната, тоа не е важно. Важно е човекот да си го испости постот онака како што треба и со благослов од духовикот пред се. Да не го прекине посот и тоа само затоа што испостил и се причестил првата недела, па потоа повторно да мрси. Тоа е потполно погрешно и неправилно. Тоа е исто како и делото што го направи Јуда. Беше заедно со Господ Исус Христос на Тајната Вечера, се Причести и тој и замина да го предаде. За човекот да се Причести, значи прво му треба постот, потоа исповедта кај духовниот отец, за на крај достојно да се Причести со Светите дарови, Причесната . Доколку мила сеуште е нешто нејасно, слободно прашај .
Го ценам исцрпниот и детален одговор кој ми го даде од срце.Знам дека одзеде време да го напишеш на начин да мене ми стане појасно.И ми стана верувај. Но сепак не ми замерувај, јас сум крајно неупатен човек во ова. Дали тајната исповед може да се направи во било која црква ? Причесната, или литургијата ( дај ми време да анализирам кое е по кој редослед ) се прави во Недела наутро ? Треба ли нешто да понесам ( погача, вино ?! ...) Тајната исповед кај кого се прави ? Како се прави ? Во кој ден ? Дали е тоа истиот ден кога се прави причесната ? Верувам дека од некаде и некогаш разбрав дека најчесто последната недела од постот е без масло и тогаш се причестува. Православна и крстена сум.Почнав да постам на почетокот на постот, со масло.Имам згрешено само еднаш,ненамерно се напив пиво без да размислам, но веќе не се повтори и сега сум повнимателна.Би сакала ако можам да постам до Божиќ и тогаш да се причестам.Ако успеам.Сепак ми е прв пат.Не се консултирав со свето лице пред да направам било што од погоре напишаното. Длабоко и искрено ти се заблагодарувам , ако успееш да најдеш одговори на моите навидум збунувачки прашања.