Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Светата Тајна Исповед е чин кој ја извршува отецот, духовниот отец каде се исповеда човекот.
    (Да ја објаснам постапката и целиот тој чин)
    Во случајот, кога човекот оди на исповед, отецот најпрво го става својот епитрахил на главата на човекот и ја чита молитвата пред исповедта.
    [​IMG]
    Потоа човекот ги искажува своите гревови со покајание во себе.
    [​IMG]
    Најправилно е кога се исповедаме да не го објаснуваме детално гревот, но не и пак да набројуваме како да пазаруваме нешто. Се кажува конкретно гревот, а потоа отецот за тој грев дава духовен лек. Го советува човекот како повеќе да не го прави тоа, или како да постапи доколку се пронајде во слична ситуација и да го избегне тој грев, без да биде самиот повреден или да повреди некој свој близок. Но морам да напоменам, во никој случај тоа да не биде објаснето детално, па и плус со самооправдување. Самооправдувањето во исповедта е вистиснки најтешкиот грев, зашто човекот сеуште не се познал себе, а се оправдува. Со тоа самооправдување тој својот грев го наметнува на други. Затоа тоа треба да биде кратко, јасно, конкретно (пример, се каам што сум се опијанил/а и доколку тој грев се повторува, тогаш има човекот право тоа подетално да го објасни, се со цел да отецот вистински да го даде потребниот одговор и совет).
    На крај кога човекот ќе каже се’ што му е на товар на совеста, отецот го става епитрахилот повторно на глава на духовното чедо и ја чита Разрешната молитва, односно молитвата за простување на гревовите кои човекот ги кажал на исповедта.
    Уште што е поврзано со Светата Тајна Исповед е тоа што многумина мислат, дека отецот може да ги каже гревовите на човекот. Тоа е потполно погрешно, зашто отецот тие гревови што се кажани на таа Света Тајна ги носи со себе во гроб.
    Единствен случај каде отецот може да каже нешто е кога човекот дава согласност за нештото да биде кажано. Пример се случило нешто, вистинско чудо кое никој не го знае. Човекот можеби е во недоумица и не знае дали тоа што му се случило било вистински тоа или се работело за нешто сосем друго (прелест), па затоа и го чувал во себе, за на исповедта да го каже. Во случајов, тоа нешто би било сокриено од сите, па затоа отецот со согласност од човекот може да го каже тој случај, но сепак да не кажува име на кого тоа му се случило. На тој начин тоа пример би помогнал и би спасил нечија душа.
    Или пак... има многу случаи кога човекот на исповед кажува нешто од кое што само што излегол, пример некој грев, или некоја не дај Боже секта при чиј ритуал се изведуваат вистнски морбидни нешта. Во истиот случај, за добробит на другите, пример блиски на личноста, па сакаат да ги спасат и нив, тогаш отецот има право да разговара и тоа да го открие, но сепак од каде и од кого дознал, тоа не смее во никој случај да каже. Зашто ако го каже тоа, тој веднаш може да се расчини, или пак во краен случај со тоа тој го ризикува својот живот за да помогне на другите и да не каже ништо од Светата Тајна Исповед.
    Значи во овој чин, отецот е само посредник помеѓу Бог и личноста. Човекот при оваа Света Тајна не ги кажува гревовите на отецот, туку на самиот Бог. Додека Бог, преку отецот го дава соодветниот лек за духовната болест на човекот. И затоа најубаво би било доколку човекот се исповеда пред Причесната (пример ден претходно) или ако тоа не е изводливо и постои далечина помеѓу духовното чедо и духовникот, тогаш со договор може и пред неколку денови, недела...

    ***

    Литургијата е службата која се извршува по утринската богослужба. Таа е оној дел каде се врши принос на Даровите, лебот и виното, а преку молитвите на таа служба тие дарови се осветуваат и стануваат Крв и Тело Христово, односно Причесната. Значи таа служба е наменета за осветување на приносот, а крајниот резултат е Светата Причест. Значи Литургијата е целиот чин за на крај се добие Причесната, како еден краен резултат :) .

    Литургијата или Светата Евхаристија е една од седумте свети тајни во православието. Имено таа го означува животот, делото на Господ Исус Христос кој се распна за нас и нашите гревови. Да не те збунувам уште повеќе, само би те посоветувала пример во недела да си отидеш во црква (или утре ако си слободна), да внимаваш потполно, па ќе ти стане се јасно, а ќе ти доловам само два моменти. Едниот е кога отецот заедно со ѓаконот, чтецот или служителот излегуваат и поминуваат низ храмот со Евангелието во рацете. Потоа се внесува Евангелието внатре, па се чита прво Апостолот, па Евангелието. Тоа поминување на Евангелието низ храмот е наречено Мал вход. Тоа го симболизира учењето и проповедта на Господ Исус Христос кога беше на земјата. Додека другиот миг е сличен на него, а тој се нарекува Гоелм вход и е по него. Тоа е делот кога повторно излегува отецот и сите други, но тогаш се носи Путирот и Дискосот, односно тогаш се принесуваат лебот и виното за осветување, за на крај тие да станат Причесна. Овој Голем вход е симбол на патот на Господ Исус Христос со крстот до Голгота. На крај се внесуваат тие Дарови во олтарот, па почнуваат молитвословијата за осветување и призив на Светиот Дух, Епиклеза. На таа молитва се осветуваат даровите, зашто невидливо за нас и нашите очи тука настанува најголемата тајна, т.е. слегувањето на Светиот Дух.
    Ти доловив само два моменти, но сите тие моменти на Литургијата сите имаат свое значење. Секое движење на отецот, ѓаконот, кадењето, отворањето и затворањето на Дверите (вратите од олтарот)... се’ тоа има своја симболика.
    Почетокот на Литургијата и првите молитви го најавуваат Благовештението, кога Пресвета Богородица го зачна Бог, потоа продолжуваат молитвите кога Г.И.Х. стана возрасен, па ние се молиме за помош како и сите луѓе во тоа време за исцеление, потоа како што го напоменав малиот вход, па големиот вход, па затворањето на вратите кога отецот ќе влезе внатре, тоа е запечатувањето на гробот, кадењето е миропомазанието на мироносиците .... се’ тоа е само праслика на животот на Господ Исус Христос.

    Литургијата може да се прави секој ден, тоа е случај по манастирите каде дозволуваат можностите и каде има постојано монаси. Кај нас во храмовите таа се прави во недела, потоа за празниците и во петок (зависи каде, во поголемите градови).

    За да се оди на Литургијата, а потоа човекот да се причести, тој едноставно треба да е подготвен (но не се носи ништо посебно, како што напомна погача или слично) . Прво да се исповеда човекот, за потоа да се пристапи кон Светиот Путир. Единствено што треба жената барем за време на Причената да направи е да биде примерно облечена со сукна и марама на глава и најважно да нема месечен циклус :) .

    Малку долг пост, но се надевам дека сега објаснивме малку подетално :) .
     
    На stylishh, Mama25, PopaDone и 2 други им се допаѓа ова.
  2. nikolina1234

    nikolina1234 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Здраво

    Сакам да Ве прашам, многу ми е глупо ова со дечкото кој што планираме заедничка иднина постевме од понеделникот и требаше секако до понеделник да постиме, но ете денес имавме сексуален однос што знам дека не е убав, и откако се случи тоа, ми рече страм да ни е не издржавме уште два дена, вака така и пред да си одам од кај него ми рече веќе да не го барам, оти тоа било знак дека не треба да бидиме заедно па ве молам за помош и одговори
    :(
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.582
    Пол:
    Машки
    Ако веќе еднаш сте легнале (не мора да е во пости) тоа значи дека веќе сте зрели за брак и што побрзо да се венчате. Ништо друго.
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    А, што не ти рече тоф така кога
    свршуваше
    ? :x Цццц машки....
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Имам постено од тотално погрешни причини, за да ослабам, и ослебев што е право, право, ама се придржував ептен, постот што е пред велигден го држев пред 5 години, не конзумирав алкохол, немав односи, само не ми текнува дали постев без зејтин.
    Мачно ми беше одвај издржав, толку време никогаш не сум издржала без месо и без млечни производи, со оглед на тоа дека не јадам риба и не поднесувам млеко од соја.
    Ама затоа сега вегетаријански кашкавал не сакам да видам ни да помрисам.

    Пробав пак пред 2 години, одвај една недела издржав, со оглед на тоа што работите се сменија, не можев да издржам без алкохол, а богами и без односи.
    Сфатив дека подобро воопшто да не го држам постот отколку да го држам неправилно и од погрешни причини.
    Почитувам многу и се восхитувам на они кои секоја година и постат и се придржуваат до крај и постат од прави причини не зашто им текнало како мене да ослабат.
    Али јас не можам, чудно како стареам наместо поисполнителна да бидам, јас бетер.
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Озбилно? :o
    Да ја искористи и шутне со изговор пекршиле пост нему му е знак да не се заедно, ти и викаш венчајте се. |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еве ги постите за месецов.
    Под "вино" се подразбира секаков вид алкохол, а под "масло" се подразбира растителен зејтин. Риба е дозволена само кога е спомнато.
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      101,6 KB
      Прегледи:
      249
  8. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Можеби не сум упатена, ама ич не ми е јасно ова со посниве денови во јануари. Првите два датуми дадени погоре јасни ми се, бидејќи и онака се пости Божиќен пост до 06.01, е сега не ми е јасно ова со Василица, Водици и сл. Нели после Бижиќ се мрси се до Прочка, освен среди, петоци и Водопост??? Јас незнам за Василица со риба :) знам за Василица со домашни колбаси???
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Православната Црква има еднодневни и повеќедневни пости.
    Во Календарот овие денови се означени со рамка околу датумот.

    Еднодневни пости:

    Среда и петок (освен т.н. редовни седмици)

    Водокрст (спроти Богојавление) – 18 јануари
    Отсекување на Главата на Св. Јован Крстител – 11 септември
    Крстовден – 27 септември

    Повеќедневни пости:

    Велигденски пости
    (од 03.03 до 19.04)
    Петровденски пости
    (од 16.06 до 11.07)
    Богородични пости
    (од 14.08. до 27.08.)
    Божиќни пости
    (од 28.11. до 06.01.)

    Редовни седмици:

    Во среда и петок се блажи во следниве седмици:

    Од Божиќ до Водокрст
    – од 07.01 до 17.01
    Седмицата на митарот и фарисејот – од 24.01 до 31.01
    Месопусната седмица
    - од 07.02 до 28.02
    Светлата седмица
    - од 04.04 до 11.04
    Духовденската седмица
    – од 24.05 до 30.05

    Јас колку што знам на 14.01 не се пости, а тоа е сигурно така бидејќи и во православниот календар не е означен како пост.
    Сите денови во кои се пости се означени со потемно плаво.
    Некои денови во сликата која претходи се доста погрешени, една грешка е 18.01 наместо ставениот датум-14.01, потоа 24.01 и 31.01 се паѓаат во петок кој пак спаѓа во редовни седмици во кои средите и петоците не се постат.
     
  10. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Точно, и јас така си знам и затоа сега се зачудив со погоренапишаното, кај што се спомнува риби за Василица и за Св. Јован. Не ми е јасно од каде тој извадок.
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.582
    Пол:
    Машки
    Да нема забуни, во периодот од Божик (07.01.) до Водокрст (Водопост, Нејатка) не се пости. На Водокрст (18.01.) е строг пост (освен ако не падне во сабота или недела, кога може да се јаде еден оброк со масло). На Богојавление (Војордан, Водици, 19.01.) се мрси во кој ден и да падне, бидејќи е Господов празник.
     
  12. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Така е!
     
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Според ова што го прочитав за постите, во петок за задушница не се пости или? Во сабота речиси сум сигурна дека се мрси, ако сум грешка нека ме поправи некој. И уште едно прашање можеби не е во оваа тема, ама само во сабота се оди за задушница или може и петок? Прашувам за сег,а на 21 и 22.02
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.582
    Пол:
    Машки
    В петок се пости, оваа седмица е “обична“ во однос на постот. В сабота нормално се мрси. Од понеделник(24.02.) не се јади повеќе месо и месни производи, но во средата и петокот се мрси(само млеко, јајца и сирење).
    Задушници се во сабота(петокот на вечерна и саботата на утрена), но поради реални потреби, заупокоените служби можат да се служат и во петок на утрена и во сабота на вечерна.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Се надевам дека нема да ви претставува проблем што целиот текст е на српски јазик.
    Една медицински анализирана вистина за постот, за кој мнозинството тврди дека е измачување на телото, кога тој во суштина е за добробит на телото, а првенствено за спасението на душата :) .

    ***
    Пост чини чуда

    Са овим насловом лист То Вима представила је студију Критског Универзитета о посту која је спроведена на 609 деце из Солуна узраста од 5 до 15,5 година који су " потпуно постили " у складу са правилима Цркве .

    Научни директор студије, др Ентони Кафатос, професор превентивне медицине и исхране на Медицинском факултету Универзитета у Криту, приметио је да " пост не утиче на њихов нормалан развој ( деце) , као што се претходно веровало " .

    Најважнији налаз ове студије је да "деца која су постила цео пост или нешто мање, конзумирала су веома мало калорија у поређењу са оном децом која никада нису постили. Штавише на деци која су постила снимљене су ограничене опасности по здравље, као што су засићене масне киселине и мања потрошња меса".

    Ово је посебно важно, јер стручњаци кажу да је у нашој земљи у којој 22,5 % становништва је гојазно "пост, који је кључни елемент грчке медитеранске исхране, може дати решење за проблем гојазности на нај здравији начин ".

    Размишљајући о овоме, новинар који је урадио ову причу, Махи Траса, пише:" Хранљиви захтеви Православне Цркве изгледа функционишу ... чудесно за здравље деце. Нове студије са Универзитета на Криту показују да 180 до 200 дана поста годишње, није " кочница" за правилан развој деце која конзумира храну животињског порекла, али помаже у одржавању здраве тежине, против растуће гојазности у детињству".

    Црква је дала теолошки смисао поста. То није корист само за телесно здравље већ првенствено за здравље душе. Ово показује да особа која пости приноси то на дар Богу и Цркви, желећи да припада духовној војсци Цркве послушна прописима који га чине.

    Практикујући пост тада препознајемо грешку коју су починили први створени људи који су јели забрањени плод и изгубили везу са Богом, ми се оријентишемо есхатолошки стању праведникаа, када се будемо хранили нествореном славом Божијом.

    Такође, постом можемо уклонити наше умове од материјалне заробљености и окренути се духовним стварима, на овај начин припремамо се лично за учешће у весељу, које се помиње у припреми поста.

    Дакле, за све оне који посте, сем оних којима из здравствених разлога није допушен он "чини чуда", јер нуди здравље тела и души и чини човека својим господаром, без страсти послушно дете Бога и Цркве.

    Митрополит Јеротеј Влахос
     
    На angelce1, kuc, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    9.747
    Имам едно прашање по што читам по нетов дека некои постат без зејтин првата недела ,некои последната во велигденскиот пост.А јас како што знам за велигденските пости додека трае постот секогаш од понеделник до петок е на вода,сабота и недела со масло,а за Благовештение и Цветници со масло и вино.Дали погрешно постам?Нешто ме збунија некои мислења.Поупатените ако може да ми одговорат,додека да разговарам со свештено лице.Ви благодарам :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.582
    Пол:
    Машки
    Правилно е да се пости од понеделник до петок без масло, во сабота и недела и празник со крвче со масло и вино, Цветници и Благовештение риба, масло и вино. Но, не е погрешно и да се пости без масло првата и последната недела (и неделата пред причестна), а другите недели да се јади масло секој ден освен среда и петок.
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите

    Сакам да прашам нешто. Јас секогаш постам среда и петок (освен во редовните недели).
    Бремена сум и цела бременост ги постев среда и петок и сега оваа недела ја постам среда и петок посно а во останативе денови внесував и млечни производи месо и риба не .
    Пријателка ми кажа дека за бремени постоело олеснување вакво.
    Господ нека ми прости јас за ова благослов не побарав .
    Не знам дали сега можам да побарам затоа што постите се почнати .
    И имам прашање дали бремените смеат да се причестуваат ?

    поздрав
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    9.747
    Јас како што знам бремените,доилките и децата до 7 или 10(не сум сигурна) годишна возраст се ослободени од постот.Ако е поинаку нека ме поправат.Еве ќе искористам да прашам до кој возраст децата можат да се причестуваат без да постат.
     
    На Dinnna и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.582
    Пол:
    Машки
    Значи се` е до благословот на духовникот. Главно децата треба да се навикнуваат на постот, но не мора да постат цели пости. Болните, бремените, доилките, физичките работници, рударите итн. секогаш добиваат ублажување на постот.

    @Dinnna слободно побарајте благослов од вашиот свештеник за начинот како да постите. Не е доцна иако се почнати постите. Тој ќе ви благослови како да постите, а најважно ќе можете и да се исповедате. Исповедта е многу побитна дури и од постот (кој Вие сепак се трудите да го запазите). Патем бремените жени можат да се причестуваат. Само оние кои се крвоточиви не можат.

    @Antoninaaa за децата одговорив во првиот пасус, значи тие можат да се причестуваат без цели пости и јадење месо до 7 години, но убаво е петокот пред причест да го испостат. За да почнат од мали да имаат стравопочит кон светата Причест. Се сеќавам дека за да го причестиме брат ми на 3-4 години, нашиот парохиски свештеник, побара да пости еден петок.
     
    На Antoninaaa и Dinnna им се допаѓа ова.