Сакам да ве прашам дали додека се пости без зејтин смее да се јаде алва? Ви благодарам однапред на било каков одговор
Јас никогаш не ги постам целите постови, туку само четвртокот и петокот пред Велигден. Туку имам едно прашање до сите што постат: дали се поправате или слабеете? Зошто например една другарка од братучедка ми постеше и се поправи, бидејќи најмногу јадеше леб и мармалад, па ме интересира.
Здраво, нова сум на форумот, би сакала да прашам некој што се разбира повеќе во постот.Дали можеби некој знае како се прави петтолебие и кои денови може да се однесе во црква? И имало уште некое друго лепче се ставале во него 9 состојки и тоа се кревало за желба.И уште нешто во кои денови се одржуваат литургии и од колку часот почнуваат? ( Зборам за Велигденските пости)
1. Петтолебие може да се прави на секоја вечерна богослужба, обично во очи некој празник, црковна слава итн. Сепак најчесто се врши за време на благодарствените актисти кон Мајка Богородица (во зависност од црквата и епархијата почнуваат во 16 или 17 часот), кои се служат првите пет петоци од Велигденскиот пост. Потребни се 5 леба (најдобро поскури/просфори), малку вино, малку масло, малку неварена пченица и список со имиња на живи. 2. Фанурија или фануриопита се подига за покој на душата на мајката на свети Фануриј (9. септември). http://megica.wordpress.com/2008/12/06/ ... %B8%D1%98/ 3. За време на велигденскиот пост се служат три вида на света литургија: - во среда и петок (и празник во понеделник, вторник и четврток) Преждеосвештена со утрена и часови и истата обично почнува во 7:30 (во Скопје) или во 6:30 (по другите епархии) - сабота Златоустова со утрена која обично почнува во 8 часот во Скопје т.е. 7 во другите епархии. - недела Василиева со утрена - обично почнува во 8 чаот во Скопје т.е. 7 во другите епархии. Во скоро сите парохиски цркви се служи во петок и недела, а во среда и сабота за жал не секаде.
Дали смеам да постам за време на м. циклус? Колку што знам, дозволено е да се пости, но не е дозволено да се врши причест кога имам добиено. Ако некој знае, ве молам пишете ми. ФАЛА!
Може и треба да се пости, но не смее да се причетиш. Не е пожелно да се причести човек и ако не е исповедан.
Сакам меѓутоа не ги постам целите пости туку само деновите пред Велигден и среда/петок. Сепак кога се нафаќаш да постиш освен од храна треба да се ограничиш и од груги задоволства бакнување/секс, психички да делуваш позитивно, да внимаваш како зборуваш( без употреба на пцовки, навреди и сл). Секоја чест на оние кои правилно постат цели 48 дена а не мислат дека постот е само јадење посна храна.
Фала за одговорот. Така и јас знам, ама една колешка ме збуни - ми кажа дека не смеам да постам додека имам добиено.
Постам уште од сам почеток, вклучително со подготвителните недели пред Прочка, а до денес мислам дека никаде намерно не погрешив... АМА денес не издржав. Прашањето ми е, дали ако продолжам да постам до крај, смеам да се причестам? Инаку згрешив со тоа што бев интимна со саканиот, иако тоа не вклучуваше секс.
Дали смееш да се причестиш или не, не може да ти одговори никој, кој не е свештеник. Значи прво што треба да направиш е да појдеш в црква, да побараш свештеник и да се исповедаш. Ако свештеникот ти дозволи да се причестиш ќе се причестиш, ако не не. Ти препорачувам пред да појдеш на исповед да најдеш време и да ја прочиташ книшката „Заборавеното лекарство“. Спојлер http://preminportal.com.mk/content/view/956/94/ http://preminportal.com.mk/content/view/969/54/ http://preminportal.com.mk/content/view/970/94/ http://preminportal.com.mk/content/view/1045/94/ Откако ќе прочиташ што е исповедта, прочитај за истата спреми се со помош на овој потсетник. http://spc-geteborg.org/2013-03-19-22-29-33
Сакам да прашам, дали оние што ќе ја постат последната недела пред Велигден треба да се пречестат, а при тоа и да се исповедат? И на што се базира последната недела постење? Без зејтин, кафе... пошо една другарка кога постеше последната недела ништо не смееше да јаде, значи постеше без масло. Или да појдам в црква и таму свештеникот да ми каже?
Видете го моето претходно мислење. Значи подгответе се за исповед, исповедајте се, и ако свештеникот ви благослови да се причестите причестете се. Повторувам, мникој друг освен свештеникот пред кого се исповедате не може да ви дозволи да се причестите.
При секој пост треба да се лишиме од физички и психички задоволства, покрај воздржувањето од мрсна храна, не само на велигденскиот пост.