Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    и јас постам последната недела :!:
    кафе не пијам,а среда и петок без масло останатите денови со масло ;)
     
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Не смееш Нес ладно да пиеш?
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Може нескафе оргинал, само со вода и шекер по вкус.
    Ама не е баш вкусно. :worried:
     
  4. jahdfygbcvhjd

    jahdfygbcvhjd Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Доколку сакаш да се причестиш последнава недела треба да ја постиш без масло и да секако треба да се исповедаш ако сакаш да имаш правилна причест.Не треба да јадеш се што е од животинско потекло јајца, млеко, месо, масло...има многу посни јадења што се без масло,секако дека можеш да издржиш! :D
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа дека можам да си пијам турско кафе, а постам со зејтин нели, освен утре петок здравје планирам без зејтин.
    Е сега, причестувањето кога е? Во сабота вечерта, или недела наутро?
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе може да си пиете кафе, само без млеко.
    Турско, еспресо, инстант, нес, што и да е, само да е чисто кафе.

    Инаку бројче, причест има и во сабота и во недела. Со тоа што, ако се причестиш во сабота, во текот на денот продолжуваш со постот, ама со масло. Ако оставиш за во недела, тогаш и сабота ја постиш без масло. Изборот е твој :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас ќе постам денес и наредните два дена, во сабота после 12 на црква ќе се омрсам со јајце :D
    Инаку кафе може да се пие, само внимавајте да е без млеко.
     
  8. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Сакам утре на Велики Петок да држам строг пост.Е сега ако може некој да ми каже повеќе околу тоа.Знам дека се пие само вода и не се ја ништо ,но дали од 12 до 00 или пак од изгрејсонце до задијсонце?
     
  9. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Некоја идеа за јадење денес, мислам строг пост без никакво јадење не правам.
    Некој рецепт за посно нешто, ве молам?
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ missfortuna, отвори ја темата Посни јадења без масло, многу интресни идеи ќе најдеш. И солени и благи рецепти :)
     
  11. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    На колку години мора да се пости и на колку години можеш да речеш ај ништо не е мала сум за пост?
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Koлку што знам јас мислам дека родителите за едно детенце смеат да постат до 7 години.
     
  13. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Да прашам дали утре на Литургиите, посабајле ке се врши и света причест во поголемите цркви и каде ако е така?
     
  14. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.902
    Значи неможе да постите само 3 дена или недела и да се причестите големи сте за тоа, тоа за малите деца . Јас три години по ред постев по 40 дена ( првата и последната недела без зејтин) и се причестував. Сега последниве години ги постам само овие 3 дена чисто за мене , за здравје, ама не се причестувам.
    Зашто навистина не е убаво возрасни особи кои можат да издржат и подолг пост тоа да го прават само 3 дена и ај одма на причесна :?:
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Колку за инфо...
    Од денес започнуваат Петровите пости. Траат од денес 16 јуни, па до 12 јули.
    Начинот на постење е следен:
    Понеделник, среда и петок се пости без масло, додека вторник, четврток, сабота и недела со масло и вино. Во сабота, недела и празници се благословува да се јаде и риба.
    Лесен и Богоугоден пост :) .

    п.с. Доколку постојат други околности кај човекот, како здравствени (кај болни, бремени, доилки) со благослов на духовниот отец, постот се ублажува да се пости само на масло или да се воведе посилна храна (како млеко).
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    126.738
    Сакам за прв пат во животот да постам,(барем да се обидам)затоа што никогаш не сум постела,освен за празник и постам секој петок.Не за причесна,пошто имам проблеми со желудникот,не верувам дека ќе можам без масло една недела.Што треба да знам,нека ме упати некој :$
    Грев ми е ако го прекинам постот???
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Цитат од светица...

    Каков е тој пост кој го планираш без причесна ? Мислам дека не е пост. За време на пост не се одбира кои денови ќе постиш. Земи благослов од отец и пости со масло ако мислиш дека не можеш да издржиш.


    Утре почнува нов пост. Две недели без масло.
     
    На Orthophill и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Јас од утре почнувам да постам.Никогаш во животот не сум постела и сега ќе постам.Не е којзнае колку но сакам да се причестам со грозје во недела.Па затоа ќе го постам постот без зејтин и мрсна храна.Ќе си јадам мармалатче,алвичка и такви работи.
     
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    126.738
    Со твоево напишано само ме исплаши :D Познавам многи луѓе кои постат цели пости а не се причестуваат.И мислев дека се пости една недела со масло една без масло.Не планирав некои днеови да постам некои не,кажав само дека во тие денови до сега сум постела.Ти благодарам
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Каква е таа причестна со грозје? Грозје се зајадува на свето Преображение (вторник). Не е толку битно како ќе постиме, со масло или без. Битно е да се исповедаме и да се причестиме.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.