Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Ќе пишам само неколку појаснувања, за да не дојде до некоја евентуална забуна.
    Овде под пост се подразбира строг пост, односно дневно внесување само на еден оброк - од леб, вода и евентуално неготвена храна (сурово овошје и зеленчук), по 15 часот (деветти час од денот по ромејско сметање на времето). Јадење посна храна приготвена на масло, па дури и јадење повеќе оброци готвени без масло, не е пост каков што се подразбира во ова правило (канон).

    Задебелените датуми зависат од датумот на Велигден во тековната година. Така да не се секогаш исти.
    Велигденскиот пост започнува од Чист понеделник (понеделникот по Прочка) и нормално трае до завршувањето на литургијата на Велигден.
    Петровденскиот пост започнува од вториот понеделник по Духовден, завршува со литургијата на Петровден.

    Седмицата пред(заедно со) Прочка (од понеделникот до неделата, заедно со неа) не се јаде месо и месни продукти, но не се пости во среда и петок. На оваа седмица и претходи обична седмица во која се пости среда и петок, а на оваа седмица и претходи седмица во која се јаде и месо секој ден. Со речникот на баба ми, седмиците се делат на следниов начин: редочка (редовна седмица секој ден се јаде месо), прескакулица (седмица во која се пости редовно), сирна (не се јаде месо) и почнува постот. :)

    Светла седмица е од Велигден до Томина недела, а Духовденска седмица е од Духовден до Неделата на сите свети (Петровите поклади).
     
    На Mama25, tessie и Serafima им се допаѓа ова.
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас планирам да ги постам Божиќните пости годинава, никогаш не сум постела, баш би сакала да пробам.
    Е сега, првата или последната недела се постат без масло, така ?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Овој пост на различни места го постат различно. Едно од правилата вели: да не се јаде масло (од понеделник до петок) и риба(сите денови) до Пречиста и после да не се јаде масло(од понеделник до петок) и риба(сите денови) од свети Спиридон, (негде свети Елефтериј, негде од свети Игњатиј) до Божик (на Бадник според нашите обичаи се разрешува масло, но не и риба). Деновите измеѓу Пречиста и свети Спиридон (или свети Елефтериј, или свети Игнатиј) може да се јаде риба освен среда и петок, иако е препорачливо риба да се јади само во сабота и недела и на голем празник или домашна слава.
    Сепак најдобро да се консултирате со парохискиот свештник. Уште подобро е да се исповедате во овие пости и најдобро од се` да се причестите, откако убаво ќе се спремите.
     
    На galapce и Mama25 им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    ^ Jaс така нели по религиите нали... ама ај.
    Од околинава и муабетиве околу мене, па знам. Понеделник, вторник и четврток се пости со масло и вино, среда и петок без масло и вино, а сабота и недела може да се јаде масло, вино и риба.

    За другото не ви се мешам, само можам да ви кажам дека е прашано каде што требало, па проширено по други, сум чула, па пренесувам.
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Видете, различни манастири си имаат различни типици (устав, закон, куќен ред) дури и за Великите пости. Божикниве пости имаат навистина најразлични начини за постење.
    Еве кај браќата Руси каков е манастирскиот типик (на мирјаните им прават отстапки) за постење во Божикниот пост:
    28. ноември до 19. декември среда и петок - сувојадение, понеделник - без масло, вторник, четврток, сабота и недела - риба
    20. декември до 1. јануари среда и петок - сувојадение, понеделник - без масло, вторник, четврток - масло, сабота и недела - риба
    2.-6. јануари - понеделник, среда и петок - сувојадение, вторник, четврток, сабота и недела - масло

    Кај браќата Бугари пак е:
    28. ноември - 5. декември - на масло (на Пречиста - Вовоедение Богородично риба)
    6.декември - 1. јануари - на риба
    2.-6. јануари - масло

    Кај браќата Срби:
    28. ноември - 1. јануари: среда и петок - без масло, понеделник, вторник и четврток - масло, сабота и недела - риба
    2. јануари - 6. јануари: среда и петок - без масло, понеделник, вторник, четврток, сабота и недела - масло

    Кај нас официјалниот пост (објавуван по календарите и книгите) е:
    понеделник, среда и петок - без масло,
    вторник и четврток - масло,
    сабота и недела - риба

    Но, постојат посебни локални традиции(посебно во Западна Македонија), кои се почитуваат и не се погрешни. Во некои денови се построги, во некои денови се поблаги, некогаш се дури и поизворни и посмисловни од она што официјално го пишува и објавува Црквата.

    Кога е црвено слово во календарот се јаде риба (Пречиста, свети Никола и сл), а ако е со црно крстче (или болдирано) се јаде масло (ако славиме слава или сме на слава и риба).
    Под масло се подразбира и вино.
    Сухојадение е јадење само еден оброк по 15 часот (до тогаш не се ни јаде ни пие) и тој од леб и неварен зеленчук и овошје.
    Треба да знаеме, дека посна храна е секоја чисто растителна храна, морските плодови и полжавите(мекотели) и рибата. Па сега дури и да каснеме некогаш риба кога не се јаде риба не е страшно. Страшно е да не се каеме за нашите гревови, да не правиме добри дела спротивни на нашите гревови (блуд-девственост, прејадување-пост, крадење-милостина, лажење-вистина, карање-послушност, абортус-раѓање на деца итн.) и да не си ги исповедаме нашите гревови пред Бога и пред свештеникот. Оти и ако ги постиме сите пости, па дури и да постиме секој ден, ако не престанеме да грешиме и не појдеме да се исповедаме и да ни ги разреши свештеникот гревовите, и најпосле ако добиеме дозвола да се причестиме - џабе ни е.
     
    На galapce, stylishh, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    Не знам, слушнав, пренесувам, претпоставувам од Бигорски е информацијава.
    Јас лично религијата не ја доживувам како правилник, ниту удварање пред бога, ами интимен чин, а бога ми ниту покажување на испитни знаења заради его.
    Ако би била верник веројатно како и сега, не би се покорувала на правила, ниту пак би се потресувала колку знам околу истите. Повеќе би ме интересирала духовната смисла на секој обред.

    Јас лично, не знам, јас само пренесов што беше актуелна тема во моето окружување, немав намера да испаметувам, зошто јас лично, навистина не знам.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Јас од денес почнав со божичниот пост , сум постела повеќе пати , и исто така се причествувам, е сега јас ги постам сите пости строго без масло и риба , бидејки секаде различно постат , различни начини , некогаш со масло некогаш без масло , бидејки не сакам да ми е тежина на душава и постам така строго посно сите недели , Со Господ напред :D
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас се начитав и слушнав многу варијации на тема постење, со масло, без, кога како и што, и еве два дена постам без масло, ама решив да постам со, по свештеникот од еден блиски манастир и не е толку важно дали е со масло или без, многу поважно е она што се нарекува духовно, да ги запазиме гревовите.

    Го правам ова затоа што сакам, убаво би се чувствувала и тоа околу храната го сфаќам како еден вид детоксикација на организмот, од гревови, затоа што со јадење месо правиме грев, убиваме животни и директно или индиректно сме соучесници во тоа.
    Еве уште една причина плус да станете вегетаријанец.

    Мене единствена разлика еве ми е тоа што не козумирам млеко (вегетаријанка, ама во кафе млеко обавезно ставам, ете никако да се откажам, пробам со оризово, соино и уште какво не) и маслото овие два дена, ама планирам да продолжам со.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Нејадењето масло во сабота и недела, освен ако не се подготвуваме за света Причест, исто така е прекршување на постот. Во сабота и недела, треба да се јаде масло па макар и една капка?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    глупости се тоа дека било прекршување на пост ако не се јадело масло сабота и недела , толку пати сум постела и причестила што ова прв пат го слусам со маслово
     
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Секој со своето, си зборував и со свештеник и продолжувам вака. :)
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Се извинувам, овде очигледно имаме некој кој знае повеќе од светите апостоли кои го донеле 64. правило, кое забранува строг пост во сабота(освен Велика Сабота) и недела, правило кое единствено горазрешува патријархот Теофил Александриски за оние кои се спремаат за Причест (но, пак постот не е строг, туку само без масло).
     
    На Serafima и stylishh им се допаѓа ова.
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Се извинувам овде имаме сакам кажам незнам речам , изјаснетесе како може ПОСТОТ НЕ Е СТРОГ ТУКУ САМО БЕЗ МАСЛО ??? можеби јас немам пари дс си купам риба и масло , па јадам корка леб со сол и вода , и тоа е грев , ако сакате постете тоа е ваша работа , но не кажувајте некој си модерни постења , баба ми има 90 години и за вакво постење како твоето .немат слушнато , во нејзино
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Строг пост е кога постиме без ништо дури да зајди сонцето или до 15 часот(9. час византиски) и после јадеме само еден оброк од леб, вода и неготвени овошје и зеленчук.
    Рибата не е задолжителна, но е дозволена. Ако јадеш само леб и сол, и немаш пари за да си купиш масло, пиши ми лична порака ќе ти пуштам пари за еден пакет масло.
    Ова што Ви го пишав за саботата е донесено на Апостолскиот собор, кој се одржал негде по 15-20 години по вознесението Христово. Патријархот Теофил Александриски живеел - крајот на 4. почеток на 5. век. Што значи баба Ви и во двата слуачи не била родена. :)
    Но, Ви пишав (на темата: Гатање и баење) и пак ќе Ви пишам и да постите строг пост цел живот, ако не појдете на исповед за да ги признаете Вашите гревови пред Бога и пред попот, а попот подоцна да Ве разреши од нив, тогаш немате потврда дека Ви се простени гревовите. И немојте да речете дека и исповедта е новотарија, бидејќи и тоа е света тајна, која се практикувала уште од почетокот на Христијанството. Само што тогаш исповедите биле јавни пред цела црква, а не како сега тајни меѓу попот и оној кој што се кае.
     
    На joy1, agios, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    @Orthophill чисто информативно те прашувам. И во православието има исповед како кај католиците? Не сум знаела за тоа. Јас мислев дека тоа го има само во Католичката црква
     
    На anakonda88 и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Да, има. И тоа од секогаш. Дури и по фреските има насликано како се извршува светата тајна исповед и како од оној кој се исповеда излегуваат змијулчиња (односно гревови).
     
    На joy1, tessie, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    znae li nekoj koga pocnuvaat veligdenskite posti u 2015 god ?
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    На 23. февруари е Чист Понеделник(првиот ден од постот).
     
    На angelche16, Mama25, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @Orthophill malku ke sum off no citajki ja posebno ovaa strana samo sakam da ti kazam da prodolzis da ni go pisuvas ona sto go znaes oti ima dosta od nas sto sakame da citame a pritoa da ne mislime deka ova e pokazuvanje na znaenje ili upatenost zaradi rastenje i hranenje na necie ego.Ti blagodaram bez razlika sto te nemam nisto konkretno prasano i te molam prodolzi dani pomagas.
     
    На joy1, shushu, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Информативно...
    Од утре започнува сирната недела. Односно таа е една подготвителна недела пред велигденскиот пост. Па, сите кои одлучиле да постат, би требало да се придржуваат кон тоа да не конзумираат во текот на оваа недела месо. Благословено е млекото и млечните производи, јајца, риба... се’ освен месото.

    Додека од наредниот понеделник започнува велигденскиот пост.
    По правило се пости од понеделник до петок без масло, само сабота и недела е благословено да се конзумира храна приготвена со масло.
    Риба се јаде само за Цветници, бидејќи Св. Благовештение паѓа во последната недела, т.е. во недела на строг пост.

    Иако е ова правилото на пост, не значи дека сите така треба да постат. Затоа со благослов од духовниот отец, истиот во однос на издржливоста на човекот може да биде и разрешен на поблаг пост :).
     
    На One.Moment, galapce, shushu и 6 други им се допаѓа ова.