Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    понеделник, среда и петок се строг пост без зејтин, четврток и вторник со зејтин и вино, а сабота и недела се со вино и риба. а доколку се падне да во понеделник, среда и петок има некој празник тогаш може да се јаде со зејтин :) само не знам за алкохол како, а пример за Нова Година како да не се напијам чашка плус во друштво за расположение :)
     
    На Eleni73 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    јас имам само ова да го кажам и атеистите во македонија и христијаните во македонија не си ја знаат библијата еве го зборот на јагнето вистинит и чист:

    16 ”А кога постите, не бидете тажни како лицемерите; зашто си ги помрачуваат лицата, за да ги видат луѓето дека постат; вистина ви велам, ја имат својата награда.

    17 А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице,

    18 за да не те видат луѓето дека постиш, но твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”

    19 ”Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат;

    20 туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што крадци не поткопуваат и крадат;

    21 зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.”

    22 ”Светилото на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осветлено;

    23 но ако твоето око е лукаво, целото твое тело ќе биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, колкава ќе биде темнината!”

    24 ”Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.”

    25 ”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката?

    26 Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив?

    27 Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот?

    28 Зошто се грижите и за облеклото? Погледнете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат;

    29 а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив.

    30 И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни?

    31 И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’

    32 Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.

    33 Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.

    34 И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.”
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Farasha

    Farasha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    19
    АМИН :) некој ја отворил оваа тема и тоа е убаво но сакам само да прашам...како вие постите како треба да се пости...Во Библијата сите што земале пост па и Исус самиот 40 дена бил без вода и леб...тогаш сотоната дошол да го искушува велејки му..ако си ти Божји син тогаш направи овие камења да станат лебови...значи Исус постел без храна и вода... затоа ме интересира како вие постите и каде писува за тоа ...
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае кога почнуваат велигденските пости годинава? Велигден е на 24ти април, видов кога почнуваат постите, ама никако бре да ми текне која беше датата...
     
  5. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    7ми март(понеделник) ;)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76
    Па мислам дека се после Прочка секогаш :?:
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Секогаш постите започнуваат во понеделникот после празникот Прочка.
    Годинава е на 6ти Март прочка, значи од 7ми е постот.
    И потоа следат точно 7 недели велигденски пост.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Си знам дека почнуваат денот после прочка, прочка е во недела, ама не ја знаев датата, па да си прашам :)
     
  9. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Од утре почуваат велигденските пости...па ќе постите ли?
    Јас се мислам...ама најверојатно нема па неможам јас да издржам без винце :D
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.395
    Допаѓања:
    22.517
    Пол:
    Женски
    Никогаш до сега не сум постела. Мислам дека нема да издржам без благо т.е. чоколадо, или без млечни производи.
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Никогаш ги немам постено целосно постите многу ми е. Тие што постат кажуваа дека само првата недела и е тешка, а подоцна се привикнуваат па дури и кога ќе завршат постите и е тешко да се привикнуваат после да јадат мрсно
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Мене првите два-три дена ми се потешки, додека да се привикне организмот, после немам гајле. Јас не планирам да се причестувам, не можам сексуалните односи да ги исклучам, се причестив само првата година кога постев. тогаш цел пост си го испостив со сите аманети. Тоа некако не ми менува многу... Си постам за себе :)
     
  13. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Па здравје, ќе почнам... никогаш не се зарекувам зошто одам на факултет, секој ден пат, предавања... исцрпувачки е да седиш цел ден со една те иста посна храна но сепак ќе се потрудам. :)

    Обично првата или последната недела ги постам без масло за причесна. Убаво ми е кога постам, не внесувам масти и крвта ми се регулира а и симнувам по некое килце... сепак пред се постам за себе и за мојот дух.

    Инаку имам братучед што пред некоја година после велигденските пости си продолжи со истата исхрана и си стана вегетаријанец. Сега никако не може да смисли месо, јајца, млеко и сл.
     
  14. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    83.849
    Пол:
    Женски
    па и јас здравје боже од утре планирам да постам тоа го правам од мала и сите во семејството постат ама ги постам со масло само пред велигден не јадам или кога се причестувам
     
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Од утре почнувам да постам, воопшто не ми е тешко веќе сум навикната, во последниве неколку години ги постам целите пости и многу подобро се чувствувам затоа што не внесувам масти ни благо. Инаку јас само последната недела ја постам без зејтин и се причестувам. И само таа последна недела веќе ме фаќа криза за јадење, ама се издржува. :)
     
  16. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    За 24 минути започнува постот. Јас постам веќе четврта година, но само Велигденскиот пост. Тој е воедно и најстрогиот пост. Од понеделник до петок без зејтин, а сабота и недела со зејтин. Постам бидејќи сум голем верник и да се прочистам, не само физички, туку и духовно. Се подготвував цела недела и сега почнувам. Можам да го издржам, воопшто не ми е тешко. Потребно е само да се внесуваат доволно витамини, за да не ослабне организмот, а без друго се живее. Поздрав до сите кои ќе постат и Бог да ни даде сила. Поздравче :*
     
    На Bitter-Sweet и beached им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Прости ми Боже, но и оваа година ништо од постот. Едноставно не можам. Факт е дека не јадам многу, ама во тоа „не многу“ клучни се млечните производи и јајцата кои едноставно не можам да ги откажам. Ќе се обидам последната недела пред Велигден, ама ќе се обидам
     
  18. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Девојки а како постите ,мислам на оние кои пишуваат дека постат или првата или последната недела пред големиот празник Велигден,јас сакам да постам ама не знам дали оваа недела или последната и дали е ок тоа , и се до Велигден не се јаде месо јас не сум многу обожавател на месо али сакам да знам
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Прввата и последната недела се пости строго (без зејтин), а предходната недела (почнувајќи од 28 февруари) не се јадеше месо. До среда се тримерите, не се јаде ништо ниту се пие. Другите недели е нормален пост.
    Јас ќе пробам да постам, па ќе видам како ќе оди. :)
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Вајлд,не сакам да бидам нападна или некако лошо да ме сфатиш,претпоставувам дека сакаш да постиш и со цел да ослабеш покрај се останато.Искрено да ти кажам,на пости се дебелее многу,така да не ти препорачувам.Премногу се јаде храна со јагленихидрати,а плус организмот у повеќе си бара за да остане сит,а за разлика од нив,протеините долго време те држат и ти даваат чувство на ситос,а плус помалку калории имаат и помалку дебелеат,иако имаат и мал процент маснотии (до душа и во храната со јаглени хидрати има маснотии и тоа многу повеќе).
    А за друго намена,на твои години,мислам дека не си згрешила толку многу за да правиш такво мачење на телото,ниту пак имаш од какви гревови да се исчистиш. (е оваа тема,веќе ми е многу дискутабилна и ...чудна):)