Почнаа и велигденските пости од денес.Ја се надевам дека ке издржам овие 7 недели без зејтин,односно само на овошје и зеленчук.Со божја сила и благослов за мене, моето семејство и мојот најдобар другар за здравје
Дали постење без масло е различно од СТРОГ ПОСТ? Дали во велигденскиот пост има и денови за СТРОГ ПОСТ? Колку денови во годината се строги пости?
Строг пост е кога постиме без ништо дури да зајди сонцето или до 15 часот(9. час византиски) и после јадеме само еден оброк од леб, вода и неготвени овошје и зеленчук. Строг пост по типикот се пости од понеделник до петок во Великиот Пост. И во деновите кога литургија се служи на вечер (Велика Сабота, Бадник, Водокрст). Сепак овој пост повеќе го практикуваат монасите, оние кои не се монаси, обично не мораат да држат строг пост или држат само на Велики Петок. Првите три дена од Великиот Пост се викаат Тримир (три дена на грчки), во кои, според типикот, не се јади ништо. Најверојатно овој строг пост е воведен како контра реакција на укинувањето на овие денови од постот во Западната Црква (тие почнуваат со пост од среда). Исто така и од вечерта на Велики Четврток до крајот на службата на Велика Сабота препорачливо е да се држи тримир (нејадење ништо).
Јас досега сум постела само 2-3 пати , и сум се причестила после тоа ....е сега прочитав некои мислења каде што пиши дека месото е само забрането за време на пост , а дозволени се јајца и млечни производи ?? јас искрено прв пат слушам за ова , јас од малечка знам и по моите дома кога ќе постеа месото , јајцата и млечните произвди целосно беа исклучени. Така и јас кога постев си јадев овошје и зеленчук , варени компири, грав со малку сол и нешто така слично, потребна е само силна истрајност и мир во душата, ете од сношти после 12 јас започнав со пост , Господ нека ми е на помош и мене и на сите кои сакаат да ја примат светата Причест.
Седмицата која помина се “постеше“ без месо. А посна храна се знае што е, храна без месо, млеко, јајца и најчесто без риба.
Досега не бев крстена,и имав неколку пати по неколку дена постено ама се немам причестено. Не сум доволно информирана па ме интересира,дали за да се причестиш морат да постиш без масло?
Најчесто да, од 3-6 дена. Но доколку прв пат се причестуваш (не си се причестила по крштевањето) консултирај се со парохискиот свештеник.
a бидејќи се напив 3 голтки вино несакајќи по грешка оваа недела кога се пости без зејтин, може ли да одам на причесна на тодорова сабота?
Дали може да се причестиш не одредувам ни јас, ни Серафима, ни било кој на форумов. За тоа може да одлучи само свештеникот кај кој ќе се исповедаш. Оние кои не се исповедуваат не смеат да се причестат па макар и постеле 10 години на леб и вода. Затоа исповедај се во теков на неделава и свештеникот ќе ти одреди дали можеш или не можеш да се причестиш.
Луѓе , ајде споделете што јадете ? дали се придржувате конкретно до постот , мислам и на онај духовен пост ? јас се придржувам , посмирена сум, немам лоши мисли , не се расправам со никој....единствен проблем ми е храната , не знам што да јадам посно , 2 дена јадам леб и пипер , портокали и јаболко..што јадете вие најчесто ? знам дека има многу врсти на посни јадења , па дајте да размениме некоја идеја
Ма ти си добра за разлика од мене.Ама добро ја дека без зејтин сакам.Вчера изедов 4 јаболки во текот на целиот ден а денес локум со ружа и едно јаболко.Утре некое овошје пак , печена тиква , варена пченка ,киселата зелка и се така до крај, валда ке успеам да издржам и не ми е тешко баш сум мирна , не се карам и се чуствувам доста лесно.
Дали можи да се испости последната недела пред Велигден без масло на строг пост за да се причестиш? можи да ми обајасни некој,како е најисправно да се направи?
Почнав јас со постот Искрено воопшто не ми е тешко А и убаво ми е некако на душичкава. Инаку што јадам овие два дена јадев: за поручек варен ѓеврек,банана,мандраина или јаболче. Исто јадев и мармалад со лебче. После тоа си направив макарони(посни без масло пишуваше во составот) ги сварив па потоа ги изцедив и ги ставив во тава да се "Пржат" со шампињони,кечап и вегета,бибер и оригано. Исто така си јадев и грав бел,не потпржен. Исто така јадам и кечап така со лебче. Не ми е тешко,што е најубаво не ми се сојадува ништо друго. Освен посната храна. Ме интересира за маслинките дали имаат масло? Во она каде што ги чуваат(тие на мерење што ги продаваат) нели таа течноста што е нема внатре масло.Ама самите маслинки во себе содржат масло па затоа и се масни при допир.Според мое скормно мислење јас мислам дека се посни и кога постиш без масло мислам дека можат да се јадат затоа што маслото што го содржат во тебе е природно и е само од себе,т.е природата такво го создала. Или грешам?
Ако не јадеш во текот на постите месо и постиш во среда и петок, можеби ќе ти дозволи свештеникот да се причестиш. По n. пат повторувам, дали некој ќе се причести или не, не одлучува никој на ниеден форум, тоа го одлучува Бог преку свештеникот кај кој ќе се исповедате. Ако не се исповедате, не смеете да се причестите. Маслинките најчесто се без масло, освен ако не се чуваат во масло. Маслото што им е „од мајка“ може да го јадеме, оти не сме фарисеи.
Едно прашање дали некој знае да ми каже, дали утре или задутре се причестува за тодорова сабота, тие што постеле без масло цела недела?
Искрено ова ми е прв пат да постам толку без зејтин Секогаш по ден два и не сум издржувала...сега ова е чудо за мене Првиот ден многу ми се јадеше, ама потоа се навикнав И да, сакам да напоменем после долго време се чувстувам лесно, спокојно ....нит се карам нит ништо... Иначе како посна храна конзумирав: варени ѓевреци, кечап, грав бел, торта со мармалад без зејтин и палачинки исто без зејтин
По не знам кој пат потсетувам, за причестна не е потребно само да се пости, туку и да се исповеда. Размислете си убаво за гревовите кои ги имате сторено, запишете ги на ливче и утре или други ден најдете свештеник и исповедајте се.