дали се рачуна како исповед тоа што групно во црква кога попот кажува зборови а ние повторуваме? нели се спомнува нешто -да се покаеме....?
Се зборува, ама тоа не е исповед. Со таа молитва исповедаме дека Христос е вистински Бог. И дека причесната е вистинско Тело и вистинска Крв Христови. И дека недостојните ќе ги спали, а на оние кои се спремале ќе им ги спали гревовите. Спојлер Верувам, Господи, и исповедам, дека Ти си навистина Христос, Син на Живиот Бог, Кој дојде во светот да ги спаси грешните, од кои првиот сум јас. Уште верувам дека ова е Самото Твое Пречисто Тело, и ова е Самата Твоја Чесна Крв. Затоа Тебе Ти се молам: помилуј ме и прости ми ги моите прегрешенија, волни и неволни, оние со збор и оние со дело, со знаење и незнаење, и удостој ме неосудно да се причестам со Твоите пречисти Тајни за ослободување на гревовите и за живот вечен. Амин! Еве, пристапувам кон Божествената причест Создателу, да не ме изгориш со причестувањето, зашто си оган Кој ги изгорува недостојните. Но, очисти ме од секаква нечистотија. Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата Тајна Вечера, зашто нема да ја кажам тајната на Твоите непријатели, ниту целив ќе Ти дадам како Jуда, туку како разбојникот те исповедам: Спомни ме, Господи, во Царството Твое. Причестувањето со светите Твои тајни, Господи, да не ми биде за суд и за осуда, но за исцеление на душата и телото. Амин!
Jas 11 godini po red gi postam site posti sekogas pred post treba da se odi na ispoved kaj popot veruvajte deka e podobro so pop da zboris nego li so psihijatar...
Жени, сега од кој ден се пости без масло? Ич незнам. Дечко ми ги пости цели пости, а јас сакав последната недела шѕо се пости без масло, и само петок го постам секогаш,ама незнам дали е правилно вака и дали може? Ај некоја поупатена да поткаже
Јас тотално се разочарав од поповите. Подолго време веќе се интересирам за постот, кога, што, како, ја исчитав темава и решив да си испостам за душа седум дена пред Велигден. Чисто да видам дали можам да издржам, не сакам да се заречам ќе постам 40 дена и да се откажам, да видам како ќе ми влијае на мене и слично, па здравје, ако исходот е позитивен, година сакам цели 40 дена да ги постам. Мал офтопик - да напоменам дека напоредно си ја држам и УН-диетата, ама не би требало да ми биде проблем со постењето, затоа што само еден ден е протеински, слободно можам да јадам печурки и салата тогаш, а во другите денови немам мака, јадењата се секако без месо/млечни производи. Она што мене лично ме извади од такт е односот на свештените лица. Ај што во неколку наврати одев во обид да најдам некој таму, нема врска. Клисарот ми направи поубав и поскромен муабет, беше поуслужлив и баш ми дојде убаво на душичката после разговорот со него. Откако конечно најдов поп, нели, читајќи ги тука и Ортофил и Серафима дека треба да се исповедаме пред постот, што да ви кажувам луѓе, поарно да не најдов. Влегувам во тоа собичето кај што седат, они исполегнати гледаат ТВ. Не се ни помачија да станат, полулегнат разговараше со мене дотичниот. На масата имаше шишиња виски, скоч, шток, заедно со чаши, имаше цигари, запалки и пепељари, а најинтересното беше што имаше еден така фино мрсен бурек со јогурт...... Ми се згади од глетката. Наместо да биде љубезен со мене, да ми објасни што и како треба да правам, повеќе јас како да го водев разговорот неголи тој. На прашањето дали можам и дали треба да се исповедам, па како сакаш ти... Му викам сакам да почнам поскоро со постење, па можеш и после постот да се исповедаш и да се причестиш во едно. 2 во 1, како да продава компири, брука, брука, брука. Ми запна дека последнава недела се постело без масло, во ред, почитувам, но мислам дека убаво објаснив дека сега не можам да се заречам на некој којзнае каков строг пост, дека ова е чисто за моја душа. Па после ајде види пробај колку можеш да издржиш да постиш, демек ако имаш обврски и испити не мора па толку строго. Епа или џа или бу, од уста кога вадиш зборови, ужас.... Имав чувство дека сметам што им одземам 10 минути од дремењето. И така откако неодредено ни заврши муабетот, без да се исповедам, ниту па да ми каже нешто конкретно и повеќе од тоа што веќе го знаев, заклучив дека моето си го направив. Искрено подобро ми дојде откако запалив свеќа во црква неголи после муабетов со ,,свештениве,, лица. Можеби и ми е погрешна одлуката, можеби има и подобри свештеници, не знам, но имам толку многу обврски периодов што навистина не можам да одам и да барам попови, посебно не вакви попови. Така да одлучив дека денес ќе си запалам свеќа, односно си запалив, си се помолив, истото и на Велигден, а измеѓу ќе постам. Разговорот со свештено лице треба да те продухови и да ти олесни и да те расположи, да те мотивира, а ова денес моево не беше ништо од наведеното.... тотално се онерасположив после ова денес.
@Doozy лајкот ти е затоа што си собрала храброст да појдеш и да се исповедаш. Те молам, пиши ми во кој град си, да ти препорачам свештеник. Сфати го ова како едно ѓаволско искушение иако доаѓа преку поповите. Биди храбар војник и бори се до крај!
Од понеделник А, да, утре бидејќи е празник, се јаде риба, можеш утре да почнеш само со зејтин и од понеделник без зејтин
Здраво Прв пат постам , па ме интересира од утре ( бидејќи ќе постам без зејтин ) дали може да јадам печен сончоглед, печена леблебија , маслинка ( во саламура со вода и сол ) и уште нешто, четврток, петок и сабота ќе ги постам строг пост сега читав дека до зајдисонце не треба да јадам, а негде до 15/16h , што е исправно ? ( цел ден несмеам без јадење бидејќи пијам јак антибиотик и строго после јадење го пијам па ме интересира до кога не треба да јадам и што може после тоа да јадам Фала ви
Печена леблебија, сончоглед и маслинки (ама не оние со “пиперче“, оти “пиперчето“ е всушност мелена пиперка со желатин, а желатинот се добива од коски и е мрсен, освен ако се најдува во лекарства) смееш да јадеш. Строг пост е нејадење до крајот на вечерната богослужба. Но, овие три дена: Велики Четврток, Петок и Сабота, вечерната богослужба се служи на утро. Па така доволно е да не се јаде само до 15 часот. Ако сакаш да се причестиш, мораш да се исповедаш.
posti si taka kako sto ti moze dusata i teloto,sepak nejadenjeto e nisto vo sporedba so duhovnoto taka da bitna ti e dusata od vnatre a ne hranata,a sto se odnesuva do popovite ne me iznenadi ova sto go kaza.
A sto imame dobri popovi da se ispovedas so lopata da gi rines pa pak nema da gi soberes jas se eazocarav od mnogu sv.lica i zatoa sega si odam kaj cicko mi i veruvajte deka e podpbro so pop da razgovaras nego li so psihijatar
Фала ти многу на одговорот, инаку мислев на обичните маслинки само со семка имам уште една дилема пред лекот пијам б комплекс вчера си ги допив и купив нови, е ако ама сеа пред да се напијам видов дека се со кафено нешто облиени слатко така како како или чоколадо , да купам други шо не се облиени или не е страшно
Не претерувај. Пијај ги тие што ги имаш... Не е страшно тоа што го јадеме, јадењето не не` спречува да се причестиме или да влеземе во Царството Небесно. Она што не` спречува се нашите гревови: непочитување на Бога и родителите, гордост, завист, кражба, недавање плата на нашите вработени, блуд (предбрачни полови односи), прељуба (вонбрачни полови односи), служење на ѓаволот, одење по бајачи, убиства, убиства на нашите неродени деца... Овие гревови викаат кон Небото и не` прават непријатели Божји, а не пиењето на лекови.
мажот ми се реши цела оваа недела да пости а не може да се воздржи од бес, кавги и физички малтретирања, вчера си добив шамар без некоја посебна причина.
Не може. Иако не е нечисто, но е крвотечиво. Ако ни тече крв, може да ни истече и причесната, а со тоа да Го оскверниме Телото и Крвта Христови. Три дена по и пет дена пред (предвидено) крвотечење не треба да се причестуваме. Кога постиме искушенијата (кавги, расправии итн) се најголеми. И Христос кога постеше, демоните го искушуваа. Така и маж ти. Иако не оправдувам тепање, сепак биди голема Христијанка и прости му, бидејќи, ѓаволот го искушувал и ѓаволот е крив, а не маж ти. Најдобро ќе биде ако во оваа недела, не само што постите туку и поревносно се молите, за Бог да ја намали силата на искушенијата. Постот и молитвата се крилјата на душата. Ако летне една птица само со едно крило ќе стигне ли на посакуваното место? Не! Само со две крилја ќе одлета каде што и` е целта.