Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Може в црква, а може и да се причести по постите. Особено ако циклусот и` заврши следнава недела. Скоро во сите цркви ќе има литургии и причест и: в понеделник, в вторник, в петок и нормално следната недела на Томина недела.
     
    Последна измена: 8 април 2015
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Небитно дали си постела една недела или цел пост, ако имаш менструален циклус несмееш да се причестиш.. Јас пред 2 години незнаев и пред црква го прашав попот, ми кажа дека несмеам да се причестам бидејки сум била "нечиста" ...
    A за влегување во црква можеш да влезеш. да се помолиш, да запалиш свеќа, но не и да ги бакнуваш иконите.
     
    Последна измена: 8 април 2015
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vlatko spasovski

    vlatko spasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Машки
    Mialam deka ne
     
  4. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Фала ви многу на одговорите.
     
  5. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    8.843
    Пол:
    Женски
    Koga se pricesnite? Znam za sabota sprema nedela nokta, a mislam i vo sabotata sabajle ima ili se lazam? Jas ovaa nedela bez zejtin postam.
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Јас воопшто не сум задоволна како помина мојот пост. :^)

    Од самиот почеток ми тргна некако неубаво. Искрено очекував да осетам внатрешен мир и леснотија, пробував да мислам само позитивни и убави мисли, ама не. Дали затоа што со оглед на периодов во кој буквално сум под огромен стрес и имам обврски што така фино ми тежат на рамена, одвај кревам глава, дали дека неубаво почнав, што знам.... Цела недела бев исклучително, ама исклучително нервозна, одвај се воздржував да не се карам и само си ќутев и си собирав, под стрес кој мислам дека се дуплираше, а верувајте дека немаше никаква поврзаност со недостигот на храна....

    Па денеска мислам кулминацијата ја доживеав, ова поповиве (со чесни исклучоци) од превара до превара. Јас не сум овца отидена во црква па да добијам таков однос, како човек ги прашував и очекуваш како човек да те третираат, ноуп, нема, премногу бараме, ајде стадото нека тера. Моментот што пола и повеќе присутни во црквата не се позамарале денес да дојдат чисти и измиени во црква и на голем празник, а јас морав да делам лажиче на причест со нив, нема ни да го коментирам. Не знам која е таа побожност што ја проповедаат мцкајќи бурек и јогурт во недела на строги пости, а премногу е да се купат мали, пластични лажичиња за секој посебно. Да не навлегувам, во ред е, може има симболика лажицата, ама сепак......

    Па после се чудат зошто бегале младите од верата, еве зошто.

    Ако се решам да постам нареден пат, тоа би го направила лично по мој начин, и да ви кажам право, ќе си најдам некоја монахиња или монах, со нив да се помуабетам. Значи по мои правила за јас да се чувствувам убаво, попот секако ќе си наздрави со една жолта во недела на строги пости. Еве да не грешам душа на празник, може не е убаво вака што зборувам, ама заклучокот ми е тој.

    Благодарност до Ортофил и до Серафима што од се' срце пробаа да ми помогнат и ми помогнаа повеќе неголи таму каде што се обратив (неколку пати:!:) за помош.

    Делот со храната ми беше најлесен да речеме, гладна не останав, дека имав некој којзнае колкав избор, немав, ама ништо страшно, мислам дека тука сум одамна отрпната поради моите диетални авантури.:D
     
    На vlatko spasovski и Oxymoron им се допаѓа ова.
  7. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Дали петокот по Велигден (Велигденова мајка) е посен или мрсен?
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Оваа недела, се мрси секој ден. Па и вчера на Светла Среда, па и утре на Светол (Голем) Петок кој е посветен на чудото на Мајка Богородица и Нејзиниот извор во Константинопол - Балаклија и затоа се нарекува уште Источен (на мк: Изворен) Петок - Балаклија.
    На Голем Петок пред доаѓањето на власт на Комунистичката партија се одело на излет по околните манастири со чудотворни Богородични извори, каде имало големи панаѓури.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Ова сакав да го кажам ,ама изумив.Мајка ми која си ги постеше цели пости,отиде да се причести во неделата наутро -околу 8 часот.И рекле нема кој да ја причести да дојде во понеделник сабајле.Како во понеделник кога ќе се омрсам во неделата-прашала таа?Добила само стискање на рамења.
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Го утнала терминот... Литургија на Велигден се служи на полноќ, ретко каде во Македонија се служи утринска литургија. А причесна има само кога има литургија.
    Патем, можела и да се омрси па да се причести... Добро и` кажале. Сепак побитно е да се исповедаме, а дури потоа да се причестиме. Оти џабе постиме ако не се исповедаме.
     
    На korisnichka и lunicka им се допаѓа ова.
  11. Bogoeska B

    Bogoeska B Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Бев на исповед и се причестив сабајлево.Само избезумив заборавив да прашам..дали може сега да јадам со масло?
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Денес не, бидејќи е петок во пости. Од утре можи.
     
  13. ldpink93

    ldpink93 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    кога има пост во скоро време и колку дена трае знае ли некој?
     
  14. Bogoeska B

    Bogoeska B Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Има сега од 14ти до 28 август :)
     
  15. ldpink93

    ldpink93 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    тоа е една недела само така не се држи повеке денови? Оти кај нас попот не дава причест ако не е цел пост ако е само една недела. ПР овој за велигден шо се држи или 7 или 40 дена попот не причестува ако не е 40 дена.
     
  16. Bogoeska B

    Bogoeska B Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Овај цел пост е мислам :)
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Цел пост е, ама треба да се знае, дека оној кој пости и шета по бајачи, постот место за телесно здравје и душевно спасение, ќе му биде на пропаст...
     
  18. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Za vreme na ovaj post pravat krshtevki i svadbi?
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Свадби не, крштевки само ако се без прослави.
     
  20. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    neshto ne mi e jasno ama valjda tie shto pravat i toa i toa si znaat...fala na odgovorot