Не мора да постиме пред да се исповедаме. Треба да се исповедаме (и да постиме) пред да се причестиме.
Во Црква можете да слушнете како се пее: Исповедајте сја Господеви јако благ, или во македонската верзија: Славете го Господа зашто е добар.. Исповед не е само кажувањето на нашите гревови, туку е во исто време и прославување на Господ - ја искажуваме Неговата моќ. Кој се исповедал знае како му олекнало на душата. Оти е Христос благ. Го прима секој што Му доаѓа. А постот помага да се вежбаме во воздржливост. Постиме и духовно, не само со храна, се трудиме да имаме љубов меѓу нас. Се трудиме да бидеме слични на Христос. Па паѓаме, и стануваме, со помош на нашите отци, кои се наследници на Апостолите. Тоа е Црквата. А причеста не е аксесоар на добрите. Учество е во вечниот живот.
Не ми се верува дека овој пациент ви е верскиот авторитет на форумов на кого му се клањате и од кого што совети барате? Додека вие му се клањате, на фејсбук се исмејуваат неговите совети на велико! Освести се народе напатен македонски. До кога попчињата ќе ти го отупуваат паметот и наместо совет за семејно насилство ќе те учат дека мажот насилник не е крив, туку ѓаволот бил крив! https://web.facebook.com/photo.php?...59423764051.1073741829.100002499918282&type=3
Манастир Зрзе - The Zrze Monastery 1 hr · МОЈОТ Христос Колку ми се допаѓа Оној Христос на слободата. Без вратоврска тесна. Кој со облеката на љубовта, ќе заползи во земјата за да ја собере мојата прашина, да ја стори глина со својата блага плунка, и да ја стави на нa моите очи, за да бидам добро. Бавно. Со љубов. Со прифаќање. Без закани и ужаси. Христe мој, ако не си таков, некој друг Христос сум засакал. отец Андреј Конанос
Овој подфорум носи наслов „Религија“. Ако Вие не верувате во Бога, ако не верувате во постоење на ѓаволот и неговото дејство врз светот, тоа си е Ваш проблем, а не мој. Ако го прочитавте обраќањето на госпоѓата која се жали, ќе видевте дека таа не се жали дека маж и` е постојано таков, туку во дадениот момент изреагирал така. Дали јас го оправдав актот на насилство? Не! Само ја замолив да му прости. Бидејќи Вие на велико се потсмевате со овој мој совет (уште повеќе со верскиот поглед на светот, што според граѓанските закони претставува дискриминација по верска основа и е казниво со закон), ќе Ве замолам да си одговорите сами на себеси, дали Вие некогаш сте биле во состојба на афект(афект од верски аспект, е состојба кога ѓаволот целосно ја превзема контролата над човекот) и така сте ги повредиле (не мора да биде физички) оние кои ги сакате? Дали потоа сакате да Ви се прости? Според нашата вера, ние сме должни да проштеваме, исто така сме должни да им го правиме на другите тоа што очекуваме и сакаме другите да ни го прават нам. Ако јас, да не даде Бог, се најдам во ситуацијата и на жената што побара совет или во ситуацијата на нејзиниот сопруг, би сакал да ми се даваат совети со кои ќе бидам потикнат на простување. Сега очекувам од Вас, да напишете и каков совет Вие би и` дале во дадениот момент.
Благодарам што ме потсети за клањањето. Јас не сакам никој да ми се клања, ниту па сум забележал дека ми се клањаат. Не очекувам ни да ги почитуваат и следат советите што ги пишувам. Овде дискутираме и како што @Херкул има право да ме нарекува пациент, така и јас имам право да го изнесам моето мислење.
Сакам да прашам дали вие што постите користите бадемово млеко? Посно е?Мене ми е шубе некако дека е млеко.
Не е тоа млеко, бадемова вода е. Млеко е ако доаѓа од млечна жлезда. Бадемовото се прави од бадеми и вода, така што слободно можеш да го користиш.
А во некои епархии риба не се јади до Воведение Богородично - Пречиста (04.12) и после свети Спиридон (25.12).
Лесни пости, за тие што ќе постат. А за тие што се мислат, http://bigorski.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=247
Знае некој дали утре ќе има причесна? Дали е различно за сите градови? Конкретно ме интересира за Соборна Скопје. Фала виииии