Јас уште би додала кон ова прекрасно објаснување на Ортофил, дека во времето на екс ЈУ, се појавува "нова мода" - психологија, психијатрија, па луѓето започнале да одат по такви моедерни иљачи наместо да се трудат прво душата да ја лечат. п.с. во постот бр. 738 сум направила печатна грешка при првото споменување на годината правилно е 1054 год.
За да не настане некоја неоснована конфузија, да си се поправам во однос на благословот за постот. Благодарност до братот @Orthophill за надополнувањето . Она што сакав да го искажам со благолсовот за пост се состои за следното. Не сме сите скроени исто и сите да постиме строго или не. Како што не можат сите да бидат свештеници, или лекари, или што било друго, истото важи и за постот. Така и некои души не можат да издржат таков тип на пост (пример од здравствена гледна точка), како што се тешките болести, или тука ги ставаме и трудниците(прашањето на @Cka ) кои носат нов живот во себе, бидејќи нив и им е благословено да го ублажат постот. Па во зависност од уредноста на бременоста, од тоа ќе зависи и постот. Затоа е и потребен благословот на отецот, на духовниот отец, за човекот да не си става по своја слободна волја пост кaко што си замислува дека може. Но најглавното од се’ е целта кон која се стремиме со постот, Светата Причесна. Зашто на крај наместо за спасение, постот и Светата Причесна ќе станат за осуда, ако недостојно сме пристапиле. Затоа е и најпотребана исповедта. Како што и убаво кажа брат Ортофил, добиваме еден духовен, невидлив за телесните очи, документ за простување на гревовите.
Пак ке кажам дека ова исповедувањето во нашето опкружување е нова мода , во моето православно семејство се постело со години , и никој од постарите не знае за вакво нешто! сите ние грешниците еден ден ке преминиме на другата страна и таму ке ни биде Судниот ден каде што Господ ке одлучи дали ке ни прости , дали ке го прифати нашето кааење итн., а не исповедувањето кај поп ( поп е лице што завршил школо како сите нас ) , и не мислам дека нашите гревови би се прочистеле кај еден поп! Верувам во Господ ,постои Господ, секогаш кога можам постам , Тој гледа Тој нека простува , а не еден поп!
Сестро, ако Вашите предци не се исповедале не значи дека не постоела светата тајна исповед и дека таа е новотарија. Уште помалку дека и сите ние не треба да ја примаме. Ете толку луѓе во своето безумство велат дека нема Бог, па не значи дека се во право и дека верувањето во Бога е нова мода. Еве Ви врска кон катехизисот на светиот киевски митрополит Петар Могила (1596-1646), од прашањето 112. почнуваат прашањата и одговорите за петтата света тајна покајание-исповед. http://digital.bms.rs/ebiblioteka/p...ype=publications&id=378&m=2#page/146/mode/2up Истиов катехизис е со благослов на тогашните 4. вселенски патријарси - константинополскиот, александрискиот, антиохискиот и ерусалимскиот и со благослов на патриајрхот московски. Веројатно Вашите прабаби и прадедовци сигурно не знаеле повеќе од тогашните поглавари на Православната Црква. ПС: Оправдание од типот не разбирам црковнословенски, не примам оти до пред сто години во нашите училишта се учело на овој јазик, па секој кој бил писмен читал и разбирал црковнословенски. ППС: Секој има право да си верува во што сака, но тоа не значи дека сечие верување е исправно и дека сечие верување се совпаѓа со верувањето на Црквата.
Ти знаеш дека те почитувам , но ајде ти кажи во твоето семејство кога прв пат се исповедал некој? Баш со мојата 82 годишна баба разговараме на оваа тема , и она имала во тогашното време Кум ,којшто бил поп , и за сите пости и причести го прашувале него и никогаш не им рекол дека треба да се исповедуваат! Библијата е иста сега и пред милион години , божјите закони се исти сега и пред милион години! И сите вие што се исповедвите кај поп немој да мислите дека вашите гревови треба еден поп да ви ги опрости , запомнете дека само Бог опростува! и знам дека ова е нова мода , доколку ова беше запишано во Божјата книга ке беше задолжително како причествувањето сега и пред милион години !
Прво, нашава дискусија не значи дека јас и ти не се почитуваме. Да е скраја и далеку... Доколку сум те навредил, те молам да ми простиш. Јас ја прашав баба ми (80). Дури била мома не се исповедала (ама сега се исповеда). Татко и` (во второ српско) се исповедувал (барем еднаш годишно). Другата баба (73) од мајка и` и свекрва и` научила дека пред причестна треба да се исповеда. Според Светото Писмо, сега ја живееме 7524. година од создавањето на светот (т.е. човекот). Милион години немаат поминато. Светите тајни ние ги имаме од Првото Христово доаѓање на ваму, т.е. околу 2000 години. Бог ги простува гревовите, ама само преку попот. Оти така им ветил Господ на апостолите и на нивните наследници се` што ќе сврзат на земјата ќе биде сврзано и на небото и што ќе разврзат на земјата ќе биде сврзано и на небото. Во продолжение поставувам дел од чинот на светата тајна исповед на македонски јазик. (Преземен од Требникот на македонски јазик, истата форма и суштина ја има и во требникот од 17. век и во пораните требници). Спојлер СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ - И С П О В Е Д Да се помолиме на Господа. Господи, помилуј. Господи Исусе Христе, Сине на живиот Бог, Пастиру и Јагне, Кој го земаш гревот на светот, Ти на двајцата должници си им го простил заемот, а на грешницата си ѝ дал простување на гревовите; сам Ти, Владико, олесни, ослободи, прости ги гревовите, беззаконијата и согрешенијата - волни и неволни, свесни и несвесни, направени од овие Твои раби преку престап и непослушност. И ако нешто, како луѓе, кои носат тело и живеат во светот се прелагале од ѓаволот, било со збор или со дело, било свесно или несвесно, било свештенички збор да погазиле или под свештеничка клетва биле, или под своја анатема паднале или под клетва се подведени, сам како добар и незлопамтив, Владико, благоволи овие Твои раби да бидат разрешени со збор, проштевајќи им ја и нивната анатема и клетва - по Твојата голема милост. Да, Владико, Човекољупче, Господи, послушај нè нас, што се молиме на Твојата добрина за овие Твои раби, и, како многумилостив, презри ги сите нивни прегрешенија, ослободи ги од вечната мака. Зашто Ти, Владико, си рекол: Сè што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небесата, и сè што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небесата. Зашто Ти си единствен безгрешен и Тебе слава Ти вознесуваме, на Оца, и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. Потоа свештеникот, стоејќи покрај масичка на која е поставен чесниот Крст и икона на Спасителот, го поучува дојдениот на исповед: Еве, чедо, Христос невидливо стои овде за да ја прими твојата исповед. Не се срамувај, не се плаши и не скривај ништо од мене, но без притеснување кажи сè што си направил, за да добиеш прошка од нашиот Господ Исус Христос, Кој сè гледа и сè знае. Еве, пред нас е и Неговата света икона и Неговиот чесен Крст, а јас сум само сведок, да сведочам пред Него за сè што ќе ми кажеш. Ако, пак, нешто скриеш од мене, двоен грев имаш. Па така внимавај, бидејќи си дошол (дошла) во духовно лечилиште, да не си отидеш неисцелен од духовните болести - од гревовите. Потоа, свештеникот со внимание на исповеданикот му (ѝ) помага со кроткост и благост - да се присети на сè и да се исповеда. Со прашања настојува да го (ја) предрасположи за искрено покајание, при што внимава на возраста, полот, состојбата, професијата, условите на животот и сл. , стрпливо исчекувајќи одговор. Свештеникот треба да внимава, со своите прашања да не внесе соблазна кај оној што се исповеда. По завршувањето на исповедта, свештеникот го поучува исповеданиот (исповеданата) да се пази од сите тие гревови што ги исповедал - ла, бидејќи преку светата тајна Исповед е исто како човекот одново да се крстил и очистил од гревовите. Чедо, внимавај, ти со Божја помош, постави почеток на нов живот. Пази да не се враќаш кон старите гревови, зашто тоа те оддалечува од Христа, а преку исповедта ти си дошол да се приопштиш кон Господа Исуса Христа. Тука свештеникот, ако најде за сходно и корисно, со оглед на исповеданите гревови, може на исповеданиот (исповеданата) да му (ѝ) наложи извесна епитимија (духовна вежба), како што се: пост, милостина, непричестување за одредено време и слично. Потоа на исповеданиот-та му (ѝ) вели: Поклони се. А тој (таа) ја наведнува главата и духовникот ја чита следнава молитва: Да се помолиме на Господа. Господи, помилуј. Господи, Боже на спасението на Твоите раби, Ти си милостив, милосрден, долготрпелив, Кој жалиш поради човечките зла и не ја сакаш смртта на грешникот, но да се обрати тој и да биде жив; биди милостив и сега и смили се над Твојот раб (Твојата рабина) (името) и дај му (ѝ) начин на покајание, прошка и отпуштање на гревовите, проштавајќи му (ѝ) секое согрешение - волно и неволно; измири го (ја) и соедини го (ја) со Твојата Света Црква во Христа Исуса нашиот Господ, со Кого Ти прилега моќ и величие, сега и секогаш и во вечни векови. Амин. По оваа молитва, исповеданиот-та длабоко ја приклонува главата, а духовникот со епитрахилот го (ја) покрива преку главата и ја чита следнава проштална и разрешителна молитва: Господ и Бог наш Исус Христос, со благодатта и милосрдието на своето човекољубие, да ти ги прости, чедо (името), сите твои согрешенија; и јас, недостојниот ереј, со дадената ми од Него власт, те простувам и ослободувам од сите твои гревови - во името на Оца, и Сина и Светиот Дух. Амин. При последните зборови духовникот го (ја) благословува исповеданиот-та Исповеданиот-та прави поклон, го бакнува крстот и иконата на Спасителот, како и раката на духовникот, и си оди смирен-а. ПС: Оние кои не прават гревови и не треба да се исповедаат, но дали постојат такви не знам...
Во врска со темава исповед, само ке додадам дека за време на екс ЈУ народот не се исповедал и од причини што меѓу тогашното свештенство имало и свештеници кои не биле свештеници баш.Повеќе нема да зборам за ова. Исто и во СССР . Анаконда мила, ако ти лично не чувствуаш потреба за такво нешто никој не може ни да те убеди ни да те натера. Но штом постиш и што си верски ориентирана, зошто не отидш да поразговараш со некое свештено лице, тоа ништо не те кошта. Секако во право си , попот не ни ги простува гревовите. Во ред. Има една книга, Од Купелот па до гробот. НА многу едноставен начин се објасенти многу работи кои е добро да се знаат во православнот христијанство. Покајанието се меша со исповедта. Исповедта го довршува покајанието. Се додека не почувствуваме вистинско покајание ретко кој ке почувствува потреба за исповед. Не треба и исповедта да се врши затоа што треба. Но ке се повторам, појди и разговрај убаво со некој свештеник пред се. Незнам од кој град си, но сметам дека ако се потрудиш ке најдеш објаснение кое Бог ке ти го прати за се што те интересира, многу подобро од она што можеш овде од нас лаиците да го примиш.
Anaconda, уште нешто, незнам дали примети употребив збор примиш. Сакав да кажам дека во духовниот дел од нашето битисување, не секогаш работите ги примаме преку збор, туку и на едно друго ниво, кое не е збор, а кое ако даде Бог можеш да го примиш само преку одредени личности. Зато и нас овде не нареков лаици. Бог на помош.
Mozebi gresham ama moe mislenje veke koga se objavuva,a najdobro da ne se objavuvaat,trebnikot ,kanonite i pravilata, najdobro da se kaze deka ne e dobro za vernicite da se samorakovodat po tie pravila.Tuku sekogash da se sovetuvaat od svoite duhovni otce.Da ne se pravat od duhovni cheda sami svoi duhovni otci.Ili kako pochetnici poveke znaat od svoite duhovni otci.Zoshto od start odat vo prelest.
Мислам дека не грешиш. + А и ме радува што еве на убаво место го употреби зборот прелест, и покрај тоа што нели си почетник во духовниот живот. Ако може нешто повеке за тоа во темата прелест да прочитаме од тебе, ке бидеме благодарни. Бог на помош.
И тоа како е добро да се објавуваат! Секој верник има право да знае во што верува, зашто секому Бог му дал памет. Духовникот треба да се слуша, ама не смее од него да се прави гуру, а има и такви случаи...
Jas kako shto znam,kako shto sum chital vo prviot duhoven stapen vazi apsolutno i selpo poslushanie,od vtor stepen veke odnosot na duhovnoto chedo i duhovniot otec preminuva vo bratski pa makar i duhovniot otec da e tret duhoven stepen.Taka da moze da znaat onie od vtor i tret stepen iako so znaenje na otecot.A ne vo prv stepen.Zatoa voopshto ne e od korist na nikoj tuka,posebno trebnikot koj e samo za sveshtenicite i episkopite. Kako shto ne e od korist uporno na nekoj da tvrdam nekoja vistina pa makar i da sum vo pravo,a drugiot greshi.Posebno ne na nekoj ako e vo pogolem duhoven rast,a greshi vo neshto, predupreduvajki go nekolku pati.
Требникот не треба да го читаат лаиците и монасите, тој е наменет за свештениците (попови и владици). Ама, лаиците треба да знаат што има во него. Две прашања до тебе : 1. Каде може да се сертифицираме на кое духовно ниво се наоѓаме? Се полага некој испит за тоа? Се оди на некоја комисија? Владиката издава некоја грамота? Некој од трето ниво издава грамота? 2. Хипотетички, духовник ми е прота С. П., чија невенчана попадија М. се занимава со баење. Одам на исповед и тој ме праќа кај невеста му да да ми бај и да ми симнува магии. Дали треба да го послушам?
Ok ne se ljuti samo si kazuvam shto mislam deka e ispravno. Vo prviot sluchaj meriloto jas kako shto go znam barem kako pochetnik,a ponataka mozebi ke doznaam i poveke za stepenite, espored iskushenijata.Sekoj stepen ima svoi karakteristichni iskushenija.Toa barem sum go nauchil od kniga ama osnovna.Zatoa vikam ponataka koga ke zemam ista takva kniga ama ne osnovna mozebi ke se zapoznaam podobro.Sega za sega spored iskushenijata.Za tretiot stepen retko go postignuvaat i nemoze da ne znaesh.Opitot sam ke ti kaze.Vo tret stepen sekako ke znaesh koga se naogash.Nie obichnite luge nema da znaeme dali si ili ne vo tret,ama ti sekako ke znaesh.Tuka ti garantiram za toa.Nemora da ti kaze nekoj,sam ke znaesh. Vo vtoriot sluchaj se rakovodish so nauchenoto od zitijata,od knigite za poboznost,od katehizis i ke poznaesh deka nema potreba da odish kaj bajachka.A ne se uchish od kanonite i pravilata.Duri i ako si pochetnik ili prv pat pristapuvash kaj duhoven otec.I normalno nema da go poslushash.Toa e preporaka za sekoj pochetnik ako saka da pristapi vo verata mora da sobira informacii,da uchi i pred da pristapi.I sekogash da otvara ochi.Nikoj ne vika deka iskushenijata nema da dojdat i od taa strana.
Брате мој во Христа возљубен, не ти се лутам, секој има право да си каже што мисли, ама секој има право и да даде одговор на мислењето. Нели е така? 1. Кога јас ќе мислам дека сум се обожил, знај брате дека тогаш сум во најголема прелест. И место Христов ученик јас постанувам ученик на оној кој се мислел дека е некој и нешто, а сиромашкиот не бил никој и ништо. На крајот од краиштата кога се причестува архијереј, за себе го употребува епитетот: најгрешниот архијереј, а не обожениот (третонивовскиот) архијереј. 2. Со вториот одговор се демантираш самиот себеси, ама нејсе. Значи јас ќе го нарушам апсолутното послушание, небивајќи послушен на гореспоменатиот духовник и бивајќи со очи отворени. Каноните и правилата се ограда која не` заштитува од правење на гревови и патокази по кои треба да го насочуваме нашиот живот. Затоа треба да ги знаеме.
Znam kako se vrshi liturgija i shto izgovara sveshtenikot,bidejki poslednata kniga shto ja kupiv e tokmu taa za tolkuvanje na liturgijata. Za vtoroto ne se demantiram tuku naprotiv se vodam po zborovite i poukite i od samata biblija kade shto vika: "Ne veruvajte mu na sekoj duh,tuku ispituvajte gi duhovite...."shto moze da znachi isto taka "Ne veruvajte mu na sekoj otec tuku ispituvajte gi otcite...." . Za kanonite i pravilata kazuvam bidejki sum se sretnal so toa tvrdenje.Kako i da e, toa ne znachi deka nekogash nema i jas da gi imam doma.Trebnikot veke go imam razlistano i ne e potreben da se kupuva.
Да. Во текот на целата сирна седмица се јаде се` освен месо (и останати продукти од заклани животни).
imam 16 skoro 17 god nemam posteno dosega nikogas i ovaa godina sakam da probam...e sega kolku sto svativ prvata i poslednata nedela mora da se posti bez maslo ili koj kako moze? dali ako postis so maslo treba da odis da se pricestis i moram da gi ispostam site 40 dena ili kolku sto se osekam deka mozam?
Добро си сфатила. Можеш да постиш и со масло, но пред причест неколку дена треба без масло(3 - 5 дена) . Ако планираш да јадеш и месо, подобро да не се причестуваш, а млеко и јајца може да ти дозволи попот, но не и во среда и петок и не во првата и последната седмица.