Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Нека ви е со лесно постот, ама мене душевниот мир ми доаѓа преку храната. :)
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Лилит, нема врска тоа со слабеењето, не ми е тоа целта. На почетокот мислев да вклопам само со зеленчук и овошје, но и мајка ми ми го кажа истото, дека јаглените хидрати повеќе дебелеат, а сакав да продолжам да постам бидејќи две години назад ги постам првата и последната недела, а сега сакам да пробам цел пост.
    А за гревови, многу работи што всушност не сум ни знаела дека биле гревови се гревови. :)
     
  3. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Јас не постам, ниту пак планирам, не сакам да си го измачувам организмот. Не е грев што ќе влезе во устата, туку што ќе излезе од неа. :)
     
    На Gordana10 и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Па затоа за време на постот се внимава и што влегува во неа, но и што излегува :)
     
    На Bright и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Денес почнав да постам. Со Божја волја се ќе биде. :)
    За храна не верувам да имам голем проблем, иако оваа година сум студент и сама се снаоѓам.
    А и уште повеќе ќе надоградам на мојот духовен живот и знам, сигурна сум дека ќе осетам радост.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    6.502
    Јас никогаш не сум постела, не постам и не планирам да постам. И исто се согласувам со она што го кажа Тенкаи. ;)
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Суеврено и малку налудничаво, за да не примнам некој грев од мртвите души за кои се верува дека лутаат се' до Велигден, ги постам по втор пат сите недели без масло.
    Засега добро ми оди, барем што се однесува до храната.
    Валкани зборови и караници избегнував денес, се надевам до крај ќе биде така.
    Чисто ради духовен мир го правам ова, јес да ќе си го забавам метаболизмот без внесување на млечни производи или месо,што за мојата крвна група е строго препорачливо,сепак се надевам дека ќе имам доволно сила,а волјата веќе ја имам за да постам. :)
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски
    Не можам да постам. Не сум голем верник, но и едноставно не можам без месо. Минатата година пробав да постам четврток, петок и сабота ама во петокот ми се тресеа рацете, ми се лошеше, едноставно организмот ми бараше месо. Па во доцните часови си зготвив храна за да се најадам.
    За тие што можат да издржат секоја чест.
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Јас ги постам Богородичните пости тие се најкратки,толку можам да издржам без секс и млеко :lol:
    Ги постам последниве 15години,и тоа лично за себе си го правам така се чувствувам поблиску до својата вера.
    Прочитав погоре дека може да си го ослабиш организмот,да се здебелиш а јас пак мислам обратно.Баба ми ги пости сите пости во годината и плус среда и петок има 79 години и до сега нема ниеднаш отидено на лекар,здрава е како дрен а јас мислам дека тоа се должи на постењето.
     
  10. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    мене оваа ми е трета година по ред, со исклучок на последната или првата недела (јас ја бирам последната) се воздржувам од лоши мисли, кавги и слично и секако во однос на исхраната, но последната недела без зејтин и без бакнежи, а кафето, цигарите и слично во деновите пред последната недела не ги исклучувам зошто сметам дека постот е пред се за себе и дека ако си лош човек ноту еден пост нема да ги избрише твоите гревови. убаво е да се испости, се чисти организмот и сите што ќе успеат убаво е последната недела а успеат да го издржат строгиот пост за да се причестат, поздрав.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум постела,не сум почувствувала потреба од тоа,а за понатака незнам.Всушност целта на постот е да го прочистиш организмот преку здрава исхрана, кој влијае на подобрување на духовниот живот кај човекот, без негативни мисли, што самото постење тоа и го прави :) секој пост, значи константна контрола над себе си, исхраната и духовноста, целосно прочистување.Затоа и се пости.Сепак таа контрола над себе си, би требало да е секојдневие,во однос на тоа што кажав за здрава исхрана :) не само за време на пост.
     
  12. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    лично јас немам слушнато за залутани души и слично инаку постиме за да ја прочистиме душата а не телото порано постев но сега не,сакам но ...ги поздравувам сите што постат за духовен мир и спокојство
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Здрава исхрана без конзумација на млеко и млечни производи?
    Не би рекла.
     
  14. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Јас мислам дека иако постиш треба духовно да се покаеш за гревовите што си ги направил. Или не мора да значи дека ако постиш ти се простуваат сите гревови. Важно е да бидеш добар , да не правиш гревови , а за постење ако можеш.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. minimouse

    minimouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Може ли некој да каже повеќе за духовниот дел од постот? За откажувањата, дали смееме да се бакнуваме, водиме љубов, смее ли црвено вино да се пие (така сум слушнала) и слично.

    Ве молам за одговор
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Колку јас што имам разбрано за време на постот не се пие алкохол и не се води љубов, наводно целта на постот е да се прочисти организмот(телесниот дел) и да не се подлегнува на страстите и искушенијата(духовниот дел)-колку е точно не знам, само така имам слушнато...Инаку никогаш немам постено 40 дена туку само за Велики четврток, петок и сабота, само тие три дена и тогаш не водиме љубов (грев било на празник, можеби е суеверие ама ние така практикуваме, ако сакате смејте се ама така практикуваме... :) )
     
  17. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    не смее да се пие алкохол, да се води љубов, ама јас на пример така правам во последната или првата недела за да си се причестам и нормално таа недела без зејтин. :)
     
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Драга minimouse, еве неколку совети во врска со постот и воздржувањето за време на постењето.

    Не знам дали си мажена или не, но доколку не си мажена во текот на постот треба да се воздржуваш од полови односи (воопшто). Доколку си во брак, работите малку стојат посложено. Овој пост е доста строг, ако се може и двајцата сопружници да издржат тоа е најубаво, но во некои случаи тоа не е така. Ако сопругот е тој што не сака да пости и да се воздржува од полови односи, тогаш жената е должна да биде послушна. Зошто? Во некои случаи доаѓа до раздор во бракот, како кавги, некогаш малтретирања, потоа и во некој случај може да се направи прељуба (изневерување од инает), што тоа е еден и единствен грев кој и Господ го дозволува разводот помеѓу сопружниците. Затоа те советувам, ако си во брак колку што можеш воздржувај се од односи, но не по цена на раздор во семејството. Исто така за тоа е потребно меѓусебен разговор и договор. На пример ако сте имале односи на ден - два сега да се договорите на 3-4 дена, значи сепак како за почетници тоа е доволно и во правата смисла се работи за воздржување. Во однос на бакнувањето, ако не си во брак не практикувај, затоа што само со еден бакнеж може да се дојде до ситуација и да се има односи (тие работи се тесно поврзани), а ако се работи за брак сепак до некоја мера е дозволено. Исклучок за строго воздржување од бакнежи и односи во неделата кога се пости строго пред Причесна, значи во таа недела треба да бидеш потполно чиста и од воздржување од односи и исто и од месечен циклус.

    Во однос на телесното постење (храната), првата и последната недела се постат без масло, но ако не можеш и си почетник тогаш не пости строго туку со масло. Задолжително една недела треба да си одредиш за строг пост за Причест (која недела што било само да бидеш чиста). Вино и други алкохолни пијалоци се пие само во сабота и недела, а за време на строгиот пост не е дозволено вино.

    Доста важно (најважно) за постот пред Причест потребно е да се исповедаш. Ќе си отидеш во црква ќе најдеш свештеник (ако познаваш некој уште поубаво), и ќе си закажеш за исповед.
    Исповедта е покајание на гревовите што ги кажуваш не пред свештеникот туку пред Господ. Воопшто без срам ќе си кажеш што имаш направено ( не со детали, како си правела и сл. ), туку доста прецизно, на пример: лажам, крадам, правам блуд (имаш односи пред брак), пељубодејствувам (имаш односи и ако си во брак), важно без детали како се случувало дејството, за на тој начин не предизвикаш и соблазна кај свештеникот. Во стварност и тоа не се кажува на него, туку на Господ, а Тој видел и знае како се случило дејството. Ако ти е прва исповед можеш да му кажеш на свештеникот да ти поставува прашања, а ти да одговараш на нив. Целата на исповедта е да се простат направените гревови, преку разрешителната молитва што ја кажува на крај свештеникот, а воедно и повеќе да се внимава во иднина да не се прави истото.

    Поздрав, се надевам дека ме разбра, но ако нешто не е јасно слободно прашај (ако сакаш и по лп) :) .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Серафима како што разбрав, неделата пред причесна треба да си "чиста" од месечен циклус...
    А зошто? Кое е објаснувањето за тоа?
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Објаснувањето во однос на тоа прашање е едноставно чистотата на жената. Уште од Стариот завет е познато дека жената за време на циклусот се сметала за нечиста на која и било потребно очистување, а бидејќи Новиот Завет е само дополнување на Стариот Завет тоа правило на еден начин важи и денес, но не преку очистување на телото како што правеле тогаш со принесување на крвна жртва. Таа крвна жртва ја направи самиот Господ со самото свое тело, со распнувањето за нас и нашите гревови.

    Да земам пример со раѓањето на Господ Исус Христос. Пресватата Мајка Божја заминала да си земе 40 дневна молитва (очистителна), тоа е празникот Сретение Господово што се слави на 15 февруари. Иако тоа е нели очистување од породување, сепак е крвотечение односно на еден начин како и кај циклусот на жената (споредба). Најважното нешто за кое е потребно жената да биде чиста е времето на примањето на Причесната (Телото и Крвта Хростови). Причесната е најголемата Светиња, затоа што на секоја Литургија се раѓа, распнува, умира Господ за нас, за простување на нашите гревови. Сепак да не мешам, Светата Евхаристија (Литургија) е доста широк поим на објаснување. Со самото примање на Светата Причест ако сме недостојни, и духовно и телесно (неисповедани, воопшто за ништо не се каеме, правиме најразлични гревови кои постојано ги повторуваме), Таа нема да ни биде за спасение туку за осуда. Накратко сепак жената може да одреди во месецот кога да се Причести, бидејќи тоа не е состјба на телото во секое време, туку се работи само за неколку денови, што иако е тоа природна појава кај секоја жена дадена од Господ, сепак некои го поврзуваат со самиот гревопад на жената (не ме држете на збор, но мислам дека го имам некаде сретнато ова објаснување). Бидејќи жената била прва прелажана од ѓаволот и за тој грев е на еден начин виновна и за падот на Адам, но иако тоа не е спомнато во Светото Писмо некои тоа го поврзуваат тој случај (бидејќи во Светото Писмо, во Стариот Завет пишува дека како казна Господ и дава болки за време на пораѓајот, кои на еден начин некои светители ги поистоветуваат со болката која човекот ќе ја доживее доколку оди неговата душа во пеколот).