Банан Хмм, ѓеврек можеш, тие интегралните на wellness, Bake rolls -сол, банани, препечени лепчиња од дома, или во пекарите ќе прашаш посно шо има
Девојки многу сум загрижена вр молам да ми дадете совет,постам една недела од понеделникот,со храна немам ништо згрешено,но има нешто друго што и ако знаев дека не смее го направив(се самозадоволував)и тоа сабајле и чуствувам грижа на совест,веднаш потоа слушнав една лоша вест и се плашам дека госпо ме казнува,ве молам кажете дали ке можам да се причестам ?
Не сум девојка и се мислев дали да ти одговорам.Ама бидејќи многу си загрижена не сакам да те оставам без одговор. Тука никој не е свештеник за да ти дозволи или не.Единствено решение е да одиш до црква и да си поразговараш и прашаш свештеникот.Сепак не е дозволено причест со таков грев без исповед,според мене.
Не го слушај @Bulgarian и не би те советувал да му кажуваш на свештеникот (кој што е маж) дека си се самозадоволувала. Тоа е муабет за жена со жена, а не за жена со маж. Доволно е што пред Господ си се исповедала, а друг пат можеш и на некоја другарка (верничка) да и се довериш ако имаш ваков проблем т.е. да не можеш да се воздржиш од самозадоволување за време на пост, па она да те советува, да ти каже некоја финта како можеш да одолееш на тоа искушение за време на пост и се разбира да се моли за тебе. Иначе тоа што си слушнала лоша вест нема врска со тоа дека Господ те казнува. Таман работа ако Господ казнуваше така, имаше до сега сите до еден да не истреби од Земјава, бидејќи сите правиме лошо работи (гревови) за време на пост и „самозадоволувањето“ воопшто не е поголем грев од сите други. Инаку земањето причест (Господова спомен вечера) не е условена со безгрешен живот. Многу од Христовите апостоли (12те најблиски ученици на Исус) направиле гревови пред да се причестат, па сепак Исус им дал од лебот и виното. Е сега можеби некој поп ќе ти каже дека мораш да бидеш безгрешна 40 или не знам колку дена пред да се причестиш, ама тука се поставува едно многу поважно прашање: Дали тебе ти е поважно што вели попот или пак Господ Исус Христос? Поздрав!
Штом избрала Православие и исповед кај поп, нема тука простор да и се меша никој. Девојчето не праша дали да се исповеда кај поп туку дали да се причести и како. @Bulgarian и предложи да се исповеда пред тоа. Со оглед на тоа дека се смета за грев, одговорот е очигледен. Симболиката на исповедта е објаснета и преобјаснета, ама кој сака да сфати. И не ја користете секоја тема за напаѓање на поповите и Православието и неговите компоненти, барем додека да помине празникот, покажете братска љубов и почит. Мене, што не се сметам за некој верник, тешко ми паѓа да го читам тоа. Фала.
Prasanjto mi e povrzano samo so denesniot den i denesniot post,znaci postam samo denes i prasanjeto mi e dali denes e dozvoleno kapenje,plus i malata sakam da ja izbanjam,i dali ete vecer mozam da pravam blago za vo nedela.mojot stav e deka verbata vo boga e nad se drugo,i sosema dovolna,i ne veruvam mnogu vo ona smeelo ona ne,ama ajde da si prasam...
Ако прашаш поп, ќе ти каже дека денес не е дозволено капење, но Исус, како и за многу други работи во православието, ќе ти го каже спротивното: „А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице, за да не те видат луѓето дека постиш, но твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.” (Исус Христос, ев. Матеј 6:17-18, Библијата)
Има посни денови кои се работи има и посни денови кои не се работи.Кога не се работи ако сакаш и цел избањај се.Но исто работата со личната хигиена за мене не се поистоветуваат.Како што и неопходните работи како што е приготвување јадење,миење чинии итн не ги сметам дел од работа. Ако сакаш да знаеш еве и јас вчера иако тежок петок,а бидејќи косата за два дена мрсна ми станува,си ја измив косата.Е сега не дека тебе те послушав туку дека не разбирам изгледа што е православие?Што ти мислиш? Кажано е во стариот завет да се одржува лична хигиена,но исто така сиромашен кој нема леб да јаде,а камоли да се истушира зарем нема да влези во храм на литургија, само за да ги запази човечките повелби бидејќи нечист, иако од Бог дадени?Бидејќи ако не влезе никогаш во храм а има можност исто грев прави. Кога ќе те снајде искушение од духовното неможеш ли да разликуваш која заповед е поважна да се запази? Кажано е да се пости и кога ќе те снајде искушение од духовното,мајка ти која направила јадење намерно ставила мрсна храна и те излажала дека е посна.Што мислиш би се карал ли ти со неа бидејки ти го нарушила постот?Пази ако се караш има друга поголема заповед која стој во десетте божји заповеди,да се почитуваат родителите.Па ти која заповед повеќе би ја испочитувал,помалата или поголемата?Бидејќи секако некоја заповед мора да прекршиш. Тоа е тврда храна за тебе.
@EvAngelos Кога учениците ги укоруваа за немиење раце и не запазување да не се работи во сабота(недела) Христос знаеме како се изјаснил.Што мислиш дали тој ги укинал тие правила од стариот завет или само кажал кое правило е поважно да се запази ако е неопходно?Нели рекол не дојдов да го укинам законот туку да го исполнам.
Слегувањето на Благодатниот Оган од небото кое се случува само на секој Православен Велигден.За лесно завршување на постот!
Од лошо полошо... Попот кого ти го презираш ние го викаме Отец а не судија. И зошто тука не се повикаш на Евангелието, зошто го лажеш девојчето кога ракоблудници нема да го наследат Царството Небесно, или не ти одговара тој цитат зашто си и самиот непокајан ракоблудник?! Според твоите коменатари ти воопшто не можеш да бидеш православен затоа не знам зошто се мешаш.
Тоа одделува од причест. Најдобро побарај си духовен отец и без разлика како си постела со храна немој да се причестуваш ако не си се исповедала и ако немаш благослов за причест.
“Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени.” (Јаков 5:16) Ако не го признаеш гревот пред духовен отец - свештеник ЏАБЕ ТИ Е признавањето на гревот ''пред Господа''.Господ не го проштева гревот кој не е исповедан пред Неговиот земен избраник,и признавањето на гревот ПРЕД ГОСПОДА е уствари пред духовен отец.Бог ја дал црквата за тоа.Да беше така,сите ќе станеа убијци и секој ден ќе си признаваа насамо ПРЕД ГОСПОДА.. и сите спасени нели?.. Иди еднаш на исповед во животот и ќе сфатиш зошто мора пред духовен отец да ги исповедаш гревовите. И земи читај Библија,те читам неколку поста наназад,немаш допирна точна со Христијанството.
Може ли некој да ми каже кои се правилата за постење во текот на другите три големи поста (освен велигденскиот). За велигденскиот знам, два пати се јаде риба (благовештение и цветници), од понеделник до петок без масло, сабота и недела со масло. Е сега за другите пости има ли некои вакви правила??? До сега сум постела само за велигденски пости, а бидејки добро се чувствувам, би сакала и другите пости да ги испочитувам.
Знам дека го викате „отец“ и покрај јасната Христова заповед никого на земјава да не викаме „отец“. "И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец." (Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата) 1. Ако алудираш на 1 Коринтјаните 6:9, зборот што таму во македонскиот превод на Библијата е преведен со „ракоблудник“, на изворниот грчки јазик е μαλακός (малакос) и има повеќе значења, но најчесто посериозните преводи на Библијата го преведуваат со „хомосексуалци“, а не ракоблудници. Ако мастурбирањето е непростлив грев, тогаш 99% од христијаните ќе отидат во пекол. 2. Ти, иако не ме познаваш, ме клеветиш дека сум непокајан ракоблудник. 1 Коринтјаните 6:9 вели дека ни клеветниците нема да го наследат Божјото царство.