Гледај што све те учат таму.За зборот отец-татко еве што вика Библијата: „Ви пишувам вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој беше од почетокот“ (1 Јн 2,13) „Ви напишав вам, татковци…“ (1. Јн. 2, 14). “Мажи, браќа и татковци! Чујте ја мојата одбрана” (Д. ап. 22, 1) А тој рече: “Луѓе, браќа и татковци, чујте!“ (Д. ап. 7, 2) Сега кажи ми,зашто ако Исус забранува никого да не нарекуваме отец(татко) на земјата,тоа го прават баш неговите двајца најголеми Апостоли,Петар и Павле? Мастурбирањето само по себе никаде во Библијата не е забрането како чин.Тоа е забрането заради неговата концепција-цел. Кога човек мастурбира,тој мора да замисли одредена жена или маж а тоа е помисла на БЛУД. Јас, пак, ви велам: ,секој што ќе погледне туѓа жена и во мислите ќе ја посака – во своето срце тој веќе извршил прељуба со неа!” (Матеј 5:27-2 Што значи,кога човек мастурбира,тој замислува блуд-прељуба-интимен однос со одредена личност.Кога мастурбира,тој не замислува дека со неа/него отвора фирма за сметководство. П.С Може да ти давам часови по Христијанска теологија.Пиши ми порака и Христијански ќе ти одговорам на се.Не се брукај вака јавно.
Во библискиот цитат што си го цитирал НЕ вели „признавајте си ги гревовите на духовни отци или свештеници“ туку вели: „еден на друг“. Тоа значи ти се исповедаш пред братот твој и братот твој се исповеда пред тебе. Ти се молиш за братот и тој се моли за тебе. Значи вие сте еднакви, браќа, а не едниот над другиот како што е тоа во православието. Знам дека МПЦ ги делу верниците на обични верници (мирјани) и елитна класа верници (свештеници) и дека обичните верници треба да се исповедаат кај елитните верници, но во Библијата таква дискриминација и елитизам меѓу христијаните не постои. Исус учел вака: „А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа.“ (Исус Христос, ев. Матеј 23:8)
Кога Исус рекол: "И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец.“ (Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата) Тој не мислел на нашите родители (татко и мајка), туку забранил титулата „отец“ да ја употребуваме во религиозна конотација и со тоа да им даваме несоодветна чест на другите верници (тие што во православието се нарекуваат свештеници). Кога некој што не ни е родител-татко ќе го наречеме „отец“ (во духовен контекст), ние со тоа му покажуваме авторитет, супериорност, но Исус вели дека таква чест треба само на Бог да му даваме, а ние луѓето-верници да си бидеме еднакви и да не се воздигаме едни над други. Еве прочитај го во контекст Исус што рекол: „Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици; говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите, затоа сè што ќе ви речат - правете и пазете - но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат! Туку врзуваат тешки и неподносливи бремиња и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат. А сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; затоа ги рашируваат своите молитвени записи и ги прават големи ресите на облеките; ги сакаат: челните места по гозбите и првите места во синагогите; поздравите на јавните места и луѓето да ги наречуваат ‘раби’ (учитете). А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа. И никого на земјата не наречувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец.“ (Исус Христос, ев. Матеј 23:1-9) Кога го читам овој цитат, секогаш ми текнува на поповите и владиците облечени во великодостојнички облеки накитени со големи златни крстови како стојат на почесни места и им подаваат на луѓето рака за овие со поклонување да им ја бацат и да ги поздрават со „оче“ или „отец'. Токму такви биле еврејските религиозни водачи за кои зборува Исус (фарисетите и книжниците), а исти такви се и поповите и владиците денес кај нас. Јас не реков дека мастурбирањето е ок и дека не повлекува грешни мисли, туку само кажав дека таму во таа листа се спомнати 10 гревови кои се многу посериозни, како на пример клеветењето што ти го практикуваше врз мене (дека сум бил непокајан ракоблудник).
Да го фати страв човек од окултизмот кој ти го проповедаат.. Значи под тоа ,,еден на друг'' не спаѓаат духовните отци? Ова ,,друг'' неможе и не е духовен отец? Во Неговата Црква,Бог создал нешто што вас таму не ве учат и го немате,а тоа е РАКОПОЛАГАЊЕ.Во превод,тоа е овластување што му го дал Бог на човекот кој му служи како свештеник и затоа Бог ги овластил неговите слуги-свештеници да просуваат гревови во Негово име: 23. На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.” Јован 20,23. Друго,Бог ги дал свештениците во Негово име да прават тоа што треба а не твоите обични браќа-смртници кои се грешни како ѓавол.Еве ти доказ дека Бог свештениците ги овластува а не твоите браќа-смртници: Болен ли е некој меѓу вас, нека Ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него(Јак. 5, 14-15). Елитизам има само во сектата на која припаѓаш или веројатно во твојата фантазија.Едно од овие две ќе да е. А кој кого нарекува учител? Ти си бил некад у црква?Ние нашите свештеници ги викаме отци а не учители.А употребата на зборот отец за човек кој е ракоположен од Бог е сосема оправдана во Библијата.Изгледа ја помеша твојата секта со Христовата Црква. Еве ти,читај малце вистинска Христијанска литература,а не таа твоја окултистичка: http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=72
“ Зашто, ако имате и десетина илјади учители во Христос Исус, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Исус Христос преку Евангелието” (Ι Кор. 4,15). Овде,Апостол Павле самиот се декларира како духовен отец.Вели ''јас ве родив''.И сега? Ова ви го кажаа таму? А јас тебе кога те читам,ме потсеќаш на оние како Кајшаров,Елена Вајт,Хабард,Алистер Кроули,Тејз Расел или некој друг ''просветлен'' од Бог кој дошол да го оправи светот.Со ваков окултизам,само на некоја од нивните секти може да припаѓаш а сигурен сум дека го погодив името на основачот на сектата во која си. П.С Секта не е навреда,тоа е стручен теолошки термин,да се разбереме.
1. Црквата Христова има само 1 (еден) духовен отец, а тоа е Отецот Небесен. Тоа Исус јасно го кажал: "И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец.“ (Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата). Кога Библијата вели да си ги исповедаме гревовите еден на друг, се мисли ја тебе, ти мене и тоа не се однесува на Отецот Небесен, бидејќи не може Отецот Небесен да ти исповедува гревови од проста причина што Бог не прави гревови. 2. Баш ме интересира дали твојот духовен отец ти исповеда тебе гревови, бидејќи нели стихот вели еден на друг, а не само ти нему 1. Ракополагањето во Библијата никаде не е повразно со ткн. „свештенство“. Просто и едноставно, титулата свештеник не постои во Христовата црква. Еве пребарај го целиот Нов Завет и повели цитирај ми некој стих каде што се спомнува некој човечки свештеник како титула во Христовата црква. Новиот Завет јасно учи дека Исус и само Исус е свештеник т.е. посредник за гревовите. „Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус“ (1 Тимотеј 2:5, Библијата) 2. Таа реченица „На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат“ Исус не им ја кажал на некакви свештеници, ниту пак само на апостолите, туку на сите насобрани Исусови ученици што се собирале во ткн. „горна соба“. А таму биле и блажената Марија (Исусовата мајка), Исусовите браќа и некои други жени. (Дела 1:14, Библијата) Тука има грешка во преводот на Библијата на МПЦ. Во оригиналниот јазик таму пишува "πρεσβύτερος" (презвитерос) што значи "старешина", а не "свештеник". Во коине грчкиот јазик си има посебен збор за „свештеник“ и тоа е "ιερεύς" (хиереус) Оттаму и зборот хиереј=свештеник или архиереј=првосвештеник, а не "презбутерос" што значи старешина. Упс Еве дури и во Руската православна Библија си стои старешини: „Болен ли кто из вас, пусть призовет пресвитеров Церкви, и пусть помолятся над ним, помазав его елеем во имя Господне.“ (Јаков 5:14, Russian Synodal Version) „Болен ли кто из вас? Пусть призовёт старейшин церкви, чтобы они помолились за него и помазали его оливковым маслом во имя Господа.“ (Јаков 5:14, Russian easy-to-read Version) Исто и во српската православна Библија: „Boluje li ko među vama, neka dozove starešine crkvene, te neka čitaju molitvu nad njim, i neka ga pomažu uljem u ime Gospodnje“ (Јаков 5:14, превод Đura Daničić, Vuk Karadžić) Итн, во сите сериозни преводи тој цитат си е преведен со старешини, а не свештеници. Оваа грешка постојано им беше кажувана на МПЦ, но тие намерно не ја поправаа во наредните изданија на Библијата со цел да си ја зачуваат својата великодостојничка титула „свештеник“ меѓу луѓето и да ги лажат дека Библијата зборува за човечка титула - свештеник.
Апостол Павле вели „јас ве родив“, затоа што тие преку него слушнале за евангелието и преку него духовно се нановородиле и станале христијани. Павле воопшто не им вели тие да го нарекуваат „духовен отец“. Еве најди ми еден единствен цитат каде што некој христијанин му се обратил на Павле со „отец“ Апостол Павле бил многу скромен Христов ученик и неговата скромност ја гледаме на пример во ситуацијата кога некои се нарекувале Павлови ученици затоа што поверувале преку него, но тој им вели: „Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: „Јас сум Павлов”, а друг: „Јас сум Аполосов?” Па што е Павле? Што е Аполос? Слуги преку кои вие поверувавте и тоа според она, колку кому Господ му дал. Јас посадив, Аполос навади, но Бог прави да расте. Затоа, ниту оној кој сади, е нешто; ниту оној кој навадува, туку Бог, Кој прави да расте.“ (1 Коринтјаните 3:4-7, Библијата) Апостол Павле верниците ги нарекувал браќа, а и тие го нарекувале него брат, а не отец. Еве на пример: „А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост“ (1 Петрово 3:15, Библијата)
Ова што го кажа е еднакво на логиката дека Бил Гејтс е духовен отец на Мајкрософт.... Новиот Завет има стриктно одредени закони кој на кого се исповедува.Постои точно утврдена хиерархија.Да си ја прочитал некогаш ќе знаеше. Прво свештеникот не е посредник меѓу човекот и Бог и тоа е ЕРЕС да се каже! Такви сатанистички идеи кај мене не ти проаѓаат.Јас реков дека гревот исповедан само пред свештеник ќе биде простен од Бог и ти дадов цитати.Никаде не реков дека свештеникот е посредник и затоа немој да лажеш! Свештеникот е само тој кој во Божјо име го простува гревот на земјата и кој е сведок на исповетта.НИШТО ДРУГО. -Евреите имале свештенство: 11И така, ако исполнувањето беше преку левитското свештенство, зашто народот го прими Законот под него, Eвреите 7,11. -Библијата го фали црковното свештенство: 24а Тој пак има свештенство, што не може да мине на друг, зашто останува довека. Eвреите 7,24 -Библијата дури и заповеда на верниците да се поклонуваат на свештениците: 13. И така, покорувајте се на секое човечко началство, поради Господа. 1Пет 2,25 -Апостолите ракоположуваат свештеници: 3. Затоа, браќа, изберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, 6. нив ги претставија пред апостолите, а овие, штом се помолија, ги положија рацете над нив. Eве ти,не еден цитат туку четири. Бог да чува и да брани.... каква глупост човече! Значи Бог на Адам и Ева им дозволил да се размножуваат кога рекол во Едем да се множат нели? Другите луѓе не смеат? Аууууууууууууууу па ти си ептен...... Па црквата има хиерархиски чин презвитер! И сите кои црковни слуги според каноните се старешини! Бога ми тежок случај.... А нас тие што ни читаат и проповедаат Евангелие како не раѓаат? Со царски рес или природно? Ххахахахахаахахахахахах! брука си Истиот тој Павле кој ги ракоположувал другите за свештеници според истата таа Библија која вели да се поклонуваме на човечките НАЧЕЛСТВА.Фала чао! И дај,не се брукај више,немаш веза од Библија само тресење зелени и ме мачиш да ти ги тражам цитатите.А зашто? Зашто тебе таму ти проповедаат секташтво,не ги покажуваат некои цитати и ги извртуваат работите.Дај нема веќе смисла стварно.. или земи прочитај Библија па дојди или не замарај со неписменост.Озиблно.
Еве што вели Новиот Завет за тоа кој на кого треба да му се исповеда: “Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени.” (Јаков 5:16, Нов Завет) Ајде сега ти цитирај ни некој друг „закон“ од Новиот Завет да видиме каде пишува дека човек треба да свештеник да му се исповеда. Зар на Бог кој се гледа и се знае му треба човечки сведок дека ти си згрешил? Ц ц ц... Повели цитирај цитат од Новиот Завет каде што се спомнува црковна титула „свештеник“. Евриете во Стариот Завет имале свештеници, се до доаѓањето на Исус Христос кој што е единстветниот свештеник и првосвештеник и кој има свештенство кое не може да премина на друг (токму тој цитат го цитираш и ти подоле Повели цитирај цитат од Новиот Завет каде што се спомнува црковна титула „свештеник“. Овој цитат се однесува на Исус Христос. Еве го цитатот во контекст: „И тие (старозаветните свештеници) во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат,а Тој (Исус Христос) пак има свештенство, што не може да мине на друг, зашто останува довека. Затоа и може наполно да ги спасува оние, кои преку Него доаѓаат при Бога, зашто секогаш живее, за да посредува за нив. Зашто таков Првосвештеник ни требаше и нам: свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците и повозвишен од небесата, Кој нема секојдневна потреба како првосвештениците, да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот, зашто тоа го направи еднаш за секогаш принесувајќи се Самиот Себе.“ (Евреите 7:23-27, Библијата) Значи цитатот вели дека старозаветните свештеници биле во поголем број затоа што смртта ги спречувала да продолжат. Но Исус бидејќи воскресна, Неговото свештенство продолжува и нема да премина на некој друг. Овде апостол Петар не зборува за свештеници, туку за човечките власти (како полицијата на пример). Каде се вели дека тие биле свештеници? Овој цитат е од Дела на апостолите 6та глава каде апостолите бираат 7 мажи да помагаат во делењето на храната за вдовиците т.е. за интерна хуманитарна работа. Нема ни С од Свештеници. Да де, презвитери (старешини) во Христовата црква постојат, ама не постојат свештеници. Повели цитирај цитат од Новиот Завет каде што се спомнува црковна титула „свештеник“.
Аха,тебе тактикава ти е да се правиш лудак Значи така сакаш.Така ќе играме,ама дур не ми ги одговориш моите прашања,нема понатамошна дискусија. Дали свештеникот е човек? ДА ИЛИ НЕ? Значи не те прашувам друго ништо туку ДА ИЛИ НЕ. Да,кога ќе отидеш еднаш во животот на исповед ќе видиш колку е тешко да се признае отворено,директно и без криење било кој грев.Според вашите секташки толкувања на Библијата,Хитлер можел да рече(насамо) пред да умре ,,Господе,убив едно 15 милиони,прости ми'' и него Бог му простил а? Каде се спомнува свештеник? А тие почнаа да викаат: „Погуби го! Погуби го! Прикови го на столб!“ Тогаш Пилат им рече: „Зар вашиот цар да го приковам на столб?“ А главните свештеници одговорија: „Ние немаме друг цар, освен цезарот! Јован 19:15. Еве ти,свештеници-фарисеи(на еврејски) кои биле ракоположени од Мојсеј за таа функција бидејќи он го воспоставил свештенството по наредба на Бог уште во Стариот Завет. 11 Значи, да се постигнеше совршенството преку свештеничката служба на синовите на Леви. Евреите 7:11 5 и вие како живи камења се вградувате во духовен храм за да бидете свето свештенство 1.Пет 2:5 Сега што треба да ти каќам? Вози мотор? Знаеш да разликуваш светост од свештество? Кое човечко начелство држи литургија во црква? Полицијата? Војската? Јавната Администрација? Нема,рацете ги положиле врз нив зоштo ти си семоќниот Вејдер па знаеле ќе ги откриеш.МПЦ тоа од страв заради тебе,о семоќен Вејдеру! Знаеш што кажа сега? Дали си свесен што кажа ? П.С Се во Православната црква е од Библијата,само тебе, во сектата каде што идеш не ти ги кажуваат овие работи.Ти пропагираат окултизам а не Христијанство.Знаеш што е разликата меѓу вас секташките ''христијани'' и оние од Сирија со мачевите? Тие умираат за своите глупости,а вие за своите глупости се брукате по форуми,како ти на пример Не се лути,ама сам си го бараш со небулозите.
Да надополнам @EvAngelos може да се прави наудрен за свештенството и да се оправдува со демек погрешно преведен збор од грчки или незнам од кој друг викаше.Амакако ќе ги оптавдаш зборовите што се спомнуваат презвитер и ѓакон? Кој им е преводот од грчи?Можеби и тие зборови се погрешно преведени за тебе? И како зборот свештеник што се спомнува во стариот завет го прифаќаш како таков,а во новиот завет не е тој збор туку погрешно преведен? И да ти кажам свештеник и презвитер се различни чинови,но и да се исти за тебе ,а ѓакон? За еден збор 3 збора воедно?Дај не се брукај тука јавно.
Плус и зборот епископ што се спомнува,како ќе го преведиш од грчки?Ке испадне не три туку четири збора за еден збор.
Абе чоек, тие свештеници се старозаветните еврејски свештеници кои служеле во старозаветниот Храм, а не во Новозаветната Црква Христова. Во претходниот мој пост 5 (пет) пати ти пишав: Повели цитирај цитат од Новиот Завет каде што се спомнува црковна титула „свештеник“. а ти срцка ми цитираш старозаветни еврејски свештеници Значи не е поентата само да го најдеш зборот „свештеник“ во книгите од Новиот Завет и да речеш „ете гледаш дека има свештеници во Црквата Христова“. По оваа логика можеш да го најдеш и зборот „ѓавол“ во Новиот завет и да речеш: Ете гледаш дека имаш црковна титула ѓавол Значи уште еднаш ќе ти речам, Повели цитирај цитат од Новиот Завет каде што се спомнува црковна титула „свештеник“. Значи најди цитат каде што еве на пример апостол Петар или Павле велат: „Јас свештеникот Петар му пишувам на свештеникот Павле или сл.“. Еве за пример јас ќе ти цитирам цитат каде што Петар кажува дека е старешина: „Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата“ (Прво послание на апостол Петар 5:1, Библијата) Еве може и @Bulgarian да ти помогне во потрагата на црковни свештеници во Новиот Завет
Овде апостол Петар не зборува за свештеници, туку за човечките власти (како полицијата на пример). Горниот цитат не зборува за началства/власти во црква, туку за човечка власт. Еве ти го цитатот во контекст: „Однесувајте се добро меѓу народите, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата. Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро!“ (1 Петрово 2:12-14, Библијата) У реду е сега или уште ќе се инаетиш?
Знаќи сакаш да се правиш наудрен и да игнорираш факти.Тогаш залудно е да ти се повторуваат цитатите повторно и повторно и да се вртими во круг.Така само ги расипуваме темите на форумов,бидејќи тоа веќе е дискутирано и покажани ти се речениците. Кој ја прочитал библијата и ја сфатил ќе знае кој е во право.А ти со наудреност ако сакаш да привлекуваш наивни души кои не ни прочитале за библија туку од тебе слушаат можеш слободно да ги лажеш.Ама така до вистина не се доаѓа. Повторно да не некој помисли дека нема цитати,па ако треба и двајцата нека не банираат за досадување на се едно и исто. Eve ti vo nov zavet sveshtenici se spomnuvaat i toa da ne ti baram i na drugi mesta kade se spomnuva i za gakoni i prezviteri. 7. И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство наsveshtenici се покоруваа пред верата......... Прво послание на Павле до Тимотјаните ......4,14 14. Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од sveshtenstvoto!...... Se spomnuvaat duri i episkopi: ......20,28. Пазете, пак, на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави за епископи, за да ја пасете црквата на Господа и Бога, која ја придоби Он со Својата крв...... И не одговори како ќе ги оптавдаш зборовите што се спомнуваат епископи ,презвитер и ѓакон? Кој им е преводот од грчи?Можеби и тие зборови се погрешно преведени за тебе? И како зборот свештеник што се спомнува во стариот завет го прифаќаш како таков,а во новиот завет не е тој збор ,туку погрешно преведен? И да ти кажам свештеник и презвитер се различни чинови,но и да се исти за тебе ,а ѓакон,а епископи?
@EvAngelos На секое твое прашање искрено сме ти одговориле.А ти не одговараш на наши прашања.Бегаш од нив.Одговараш само на некои прашања ,она што тебе погрешно те учеле. А она што не те научиле и немаш одговор бегаш. Ти не бегаш од нас за одговор ,туку бегаш од фактите во библијата.
Тоа не се црковни свештеници, туку старозаветни еврејски старешини кои се покорувале пред верата христијанска. Значи овој цитат е од Делата на апостолите каде што евангелистот Лука кажува дека дека христијанската вера се ширела, бројот на ученици (христијани) се зголемувал дури и меѓу еврејските свештеници кои се покорувале пред верата. Кои ти се бе овие Тимотјаните ? Тимотеј не бил град, туку тоа е личност, ЕДЕН човек кој бил ученик на апостол Павле. Посланијата до Римјаните, Коринтјаните, Солунјаните, Ефешаните итн се писма до христијаните во Рим, Коринт, Солун, Ефес итн Повторно (намерна) грешка во преводот на МПЦ. Во оригиналниот грчки јазик таму стои „презвитерос“, а тоа не се свештеници, туку старешини. Зборот за свештеници е „хиереус“. Еве ти го истиот стих на пример во Бугарската православна Библија: „Не пренебрегвай, дарбата която имаш, която ти се даде, съгласно с пророчеството, чрез ръкополагането от презвитерите.“ Еве и во Српската православна Библија: Ne pusti u nemar dar u sebi koji ti je dan po proroštvu metnuvši starešine ruke na tebe. Тие зборови воопшто не се спорни во Новиот Завет и не знам зошто ги спомнуваш. Дали ги спомнуваш со цел да избегаш дискусијата т.е. од ќорсокакот со зборот „свештеник“? Епископ - надзорник, оној што ја надгледува верата на верниците, пастир на Божјото стадо Презвитер - старешина, постар човек во верата ѓакон - служител Десетина пати е кажано дека во стариот завет имало еврејски свештеници и никој христијанин тоа не го спори. Христијаните т.е. следбениците на Исус Христос немаат свештеници во Новозаветната Христова Црква. Толку ли не можете да го сфатите ова? Или не сакате да го сфатите затоа што не ви одговара?
Две страни на темава ве бркам да ми најдете „црковни свештеници“ во Новиот Завет и наместо искрен одговор дека нема такво нешто во Новиот Завет, вашите обиди биле следниве: - Погрешен превод. Ми давате цитати од Библијата каде пишува старешина, а МПЦ намерно си го превела со свештеник - Или пак ми цитирате стихови каде што се спомнуваат не црковни свештеници, туку старозаветни еврејски свештеници. Во исчекување сум да ми го цитирате оној цитатот каде пишува дека ѓаволот го искушувал Исус и да ми речете: Еве во Христовата Црква се спомнува и титула - ѓавол, значи покрај свештеници има и ѓаволи
Толку целосно си изопачен и со тебе е безпотребно повеќе да се аргументира.Даваш испревртени одговори ,кога те прашав за зборот свештеник во стариот завет го прифаќаш како свештеник ,а не како старешина.А во новиот завет демек погрешно преведен.Види што ми одговори @EvAngelos : "Десетина пати е кажано дека во стариот завет имало еврејски свештеници и никој христијанин тоа не го спори. Христијаните т.е. следбениците на Исус Христос немаат свештеници во Новозаветната Христова Црква. Толку ли не можете да го сфатите ова? Или не сакате да го сфатите затоа што не ви одговара? " Тоа не е одговор. На секој аргумент имаш превртени одговори.Исто како муслиманите си кога викаат каде во библијата Исус се нарекува сам Син Божји,демек секогаш се нарекувал Син Човечки и ги укорувал другите што го сметале Син Божји.Кога ќе им дадеш цитати дека и сам се нарекува и го потврдува Петар тие или испревртено толкуваат како тебе или се оправдуваат демек библијата била мењавана, само заради тоа што тие не ја сфаќаат. За разлика од сите вакви искривени толкувања на библијата,православието од секогаш го имала најточното толкување. Пишувај колку сакаш,јас повеќе немам намера да се замарам со тебе.Се е по божја волја,па ако сака Бог и тебе може да те направи православен.Ништо не зависи од мене јас да те убедувам. Носиш западно учење на кое самите тие не знаат ништо од историја.А не па православна теологија да толкуваат.Нив им е најлесно само библијата и се друго да не се замараат да испитаат.Ама кај луѓе од истокот кои си ја знаат и историјата и многу по се упатени во науките неможаш да им продаваш семки.Тоа твое учење можеш кај американци со воодушевување на им раскажуваш,не тука кај луѓе кои си ја испитале верата која постоела со векови.Тука можеш само кај неколкумина како тебе кои никогаш не чуле за црква ниту стапнале во неа и им дошле секташи на врата да им продаваат семки и тие неуки влегуваат во нешто испревртено за кои после ој оправи ги.Колку лошо,колку неодговорно од наша страна,колку занемаруваме она што со векови сме го имале некој од запад да идат акл да ни даваат како ние помалку паметни од нив.Жално.
Пишувате во темата ПОСТ а се препукувате со разни зборови искажани со лутина и нервоза како препирање. Под пост се подразбира душевен мир, не само одрекување од храна, а вие сосема погрешен пат фаќате со ваков начин на комуникација.