Не е така.Постот заврши.А секое дискутабилно аргументирање немора да се сфати дека немаме мир или љубов.Сум кажал и порано не сум припадник на хипи љубов. Се тоа е пишувано поради љубов кон оние со кои аргументираме. А мирот е потребен за молитвата. Неможе заради изговор за мир да престанеме да ја кажуваме вистината аргументирано.
Овде станува збор за злоупотреба и излегување на страна од темата на секташкиот проповедник @EvAngelos ("баптистичка" заедница-секта „"Радостна" вест“) , кој ги уништува сите теми пишувајќи надвор од темите. За жал модераторите не реагираат. Јас немам против нека си проповеда што сака, но нека се претстави што е, а е секташки проповедник и нека не ги полни темите со проповеди од неговата (не)вера.
@Orthophill , врати се 2 страни наназад и види кој пишува офтопик и застранува од темата со постирање „благодатни огнови“, апостолски преемства, новозаветни свештеници и други глупости што немаат врска со постот. Јас само им одговарав на некои членови на прашањата за постот посочувајќи им што Господ Исус Христос вели за постот, (како на пример дека е ок да се бањаат). „А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице, за да не те видат луѓето дека постиш, но твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.” (Исус Христос, свето евангелие по Матеј 6:17-18, Библијата) п.с. Дали сум јас протесатнт или православен или католик, тоа си е моја лична верска определба во една демократска и секуларна земја каде што сите верски заедници се еднакви пред законот и уставот. А твоите КЛЕВЕТИ и НАВРЕДИ кон мене се дополнителни застранувања на темава и НЕДОЗВОЛЕНИ според правилата на форумов. Еве ќе го цитирам 12-тото правило: 2. Општи правила за дискусија 12. Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност. Забранети се мислења кои предизвикуваат страв и масовна паника, како и мислења со линкови кон сајтови кои содржат слични елементи. Вие (ти, @Bulgarian и @FilipTraum ) на секој пост ме нарекувате секташ, секташки проповедник и сл. само затоа што не сум православен и припадник на вашата верска заедница - МПЦ. Тоа го прекршува ова правило бидејќи е класична религиозна дискриминација, омраза и нетолерантност.
@EvAngelos Ангелос,секташ е формален термин кој го употребува и Православната и Римокатоличката Црква за сите верски ''христијански'' заедници кои не припаѓаат на една од овие две најголеми Цркви од кои настанало Христијанството кога било едно.Значи тоа ти е исто како да кажеш дека терорист е навреда за оние од ИСИС.Па така ги вика цел свет,а не поединци.Така е и со вас. Во право си,признавам дека отидов оф топик.Но отидов ненамерно.Видеото го поставив затоа што овде на фемина и конкретно на овој форум,од чиста слободна проценка може да кажам дека 95% се Православни Христијани.Што значи сме мнозинство.Ако тебе како..... човек кој не припаѓа на Христовата Црква не ти се допаѓа тоа,ти немораше да реплицираш.Што не ми пиша порака? Друго,приметувам по постовите дека ти немаш врска со Библија и со Христијанство.Буквално и метафорично немаш појма.Овде доаѓаш само испревртени цитати кои ти ги сервираат од сектата која припаѓаш,која патем е оформена пред 50,100 години може и помалце,и сега ни предаваш демагогија за Православната Црква која лично и персонално ја основал Господ Исус Христос и неговите Апостоли пред 2000 години.Секташтво едноставно не ти проаѓа кај ниеден вистински Православен Христијанин. Затоа упатувам апел до @Bulgarian и @Orthophill и другите Православни да не ти реплицираат на твоите постови.Ние не сме професори или службеници,не не плаќа ни МПЦ ни било кој друг за ти што немаш појма од Библија да те описменуваме а со тоа од темите да правиме тезга како на пазар. Ако некој мисли дека ти си во право,слободно нека ми пише јас со задоволство ќе му дадам куп контра аргументи зошто не си.На крај краева,секој град има по неколку цркви па може да се консултира со свештеници дали твоите секташки теории се точни. И на крај ќе го кажам само ова.Ти тоа што го збориш е чист ЕРЕС по сите ЗАКОНИ НА БИБЛИЈАТА,по сите КАНОНИ НА ЦРКВАТА и по сите ДЕФИНИЦИИ НА ТЕОЛОГИЈАТА. За некој што не припаѓа на Христовата Црква доби многу внимание,за тоа Вејдер уживај Доста беше труење на темите од секташтво и нехристијанство.
Во контекст на темата пост, како православна христијанка што живее во Црквата со пост, молитва, исповед, причест, молитвено правило по молитвите на мојот духовен отец ќе дополнам дека постот не мора да биде виза за причест. Но е повеќе од пожелен. А причестувањето е навистина неопходно. Како да се усогласиме со сите правила, најдобро да се консултираме со свештеник пред кого ќе се исповедаме и ќе добиеме правило и благослов за пристапување кон Пресветото Тело и Крв Христови. Го пишувам ова за Рустико. Пред се'. Можеш да се обратиш до некој од свештениците во градските цркви или во манастирите. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! Инаку празна би била нашата вера.
Има ли некој информација за Петровденскиот пост од кога до кога е? На страната на МПЦ ги има овие дати Петровденски пости (од 27.06 до 11.07)
Од форум информации за пост не се земаат.Може да налета некој од некоја секта без да се каже дека припаѓа на секта и да ти каже на посен ден дека не се пости.Купи си православен молитвеник и православен календар и таму има.
Имам православно каледнарче но нема таму за рибата. А таман работа ако јас се што е на форумов земав здраво за готово.
Имам православно каледнарче но нема таму за рибата. А таман работа ако јас се што е на форумов земав здраво за готово.
Петрови пости: Среда и петок се пости без риба, а по можност и без масло. Но, ако падне празник со црвени букви во календарчето, или пак ако е празник со црно крвче, но сме биле утрото на света литургија се јаде масло и риба иако е среда или петок. (Нормално ако не се спремаме за причест.) Убаво е првата седмица, како и седмицата пред света причест да се пости без масло.