Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Амин. Нека допре и до вас божји благослов и благодат.
     
    На Rama, korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
     
    На TRANSPORTER086, Rama, Jovana.P и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Започнува големиот Божиќен пост,со лесно нека ни биде на сите :) Господ да ни помогне,со силна воља да си испостиме како што ни доликува,и телесно и духовно!
     
    Последна измена: 28 ноември 2016
    На Mama25, sonuvana, agios и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Луѓе,ве нема некако? Пости ли некој? Јас да си прашам само :D
    Јас ќе постам 6 недели,еве веќе една недела помина од мојот пост,Господ ми даде воља,па здравје за некој саат,утрово ќе одам да се причестам :)
     
    На irenadaniel, Orthophill, agios и 4 други им се допаѓа ова.
  5. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Јас исто така една недела постам, со Божја помош успеав цела недела строг пост и среќен сум поради тоа, мене многу ми значи тоа што успеав да испочитувам како што треба све, за понатаму мислам послем причестувањето ќе може со масло освен среда и петок, а ќе може и риба да се јаде, па не ветувам ама ќе се обидам со Божја помош да го испочитувам и тоа, здравје само да имаме и со верба во Господ со силна волја. Несоницата ми прави проблем неможам да заспијам, а здравје треба порано да станам за да одам да се причестам, да навијам телефон да ме буди најсигурно ќе биде. :)
     
    На Orthophill, sonuvana, agios и 3 други им се допаѓа ова.
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    @Rama, постам и јас.
    Ова ми е трет пост годинава, здрави и живи само.
    Зошто прва причест по една недела?
    Мене ми е кажано масло и вино може понеделник, вторник, четврток, сабота и недела.
    А, во последниве два дена може и риба.
    Среда и петок - строг.
    Инаку, не ми е тешко воопшто.
    Дали дека и претходно се хранев многу слично.
    Првите два-три дена сакав кафенце со млеко, ама ми помина желбата.
    Друго за ништо немам желба.

    Јас мислев пред крај да се причестам... да не биде на 7-ми во гужвите.
     
    На Victorian, Mama25, Orthophill и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @senza.parole Да,за секој Божиќен или Велигденски пост има причесна првата и последната недела од постењето,јас затоа се причестив утрово,и пак ќе си продолжам со пост до Божиќ,дури мислам и дека и секоја недела има причесна(ова на пример за втора недела од постот кој трае 6 недели ).
    Со лесно нека ти биде :) и се издржува да,и јас имам неколку пати постено,ама овојпат чинам најправилно започнав се и немам ич мака(немам стрвост кон забранетата храна :D)Плус денес на внука ми и е роденден,а јас ќе издржам да не пробам ни пица ни торта :D
    Знаеш јас како постев?јас знам за вака Понеделник,Среда и Петок се пости без масло,а другите денови се пости со масло.
    Риба е дозволена во некои денови и вино,на пр денес на празникот Воведение на Пресвета Богородица.
    Ама и покрај телесниот пост,кој искрено и 200 луѓе да ги прашаш ќе ти кажат дека различно постат,најважно барем да се придржуваме до духовниот пост.
    Секако и да не конзумираме месо,млеко и јајца(иако со дозвола на Отец,ако се работи за болни или бремена жена,се прави исклучок за некои јадења).
    Не сакам да ти се мешам,може не сум ни јас компетентна(ама спушти си од плејстор Македонски православен календар,и таму ти пишува кој ден што е дозволено) јас според тој календар се водам :)

    @TRANSPORTER086 што направи ти друже? Беше ли на причесна? Јас бев утрово :)
    Е и јас сум тешка за станување,ама кога знам дека треба да одам некаде се однесувам поодговорно малку :D
    На здравје да ти биде причесната и за спасение(немој да си пишал дека не си бил,со изговор дека тешко стануваш!!).
     
    На Mama25, TRANSPORTER086, Orthophill и 5 други им се допаѓа ова.
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Ах, тоа заборавив да ви кажам, со лесно на сите. :)
    Многу ми е мило што постите.

    Инаку, јас за менито се консултирам со блиска личност, многу е по ваквите работи, ама ете не ме убедило само тоа да и верувам туку фактот дека ја сметам за духовно чиста. :)
    Фала ти за календарчето, баш ќе ѕирнам.
     
    На korisnichka, Mama25, TRANSPORTER086 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    На сите што се причестивте денеска, светата Причест да ви е на телесно здравје и душевно спасение!
    Се надевам, дека покрај светата тајна Причест, ја примивте и светата тајна исповед.
     
    На Victorian, korisnichka, agios и 6 други им се допаѓа ова.
  10. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Иако спиев само 2 часа успеав да се разбудам на време и бев се причестив. На здравје да ти биде причесната и за спасение и на тебе Рама, и на сите што се причестиа, па со Господова помош и јака волја и смирение да го испочитуваме целиот пост како што треба. :)
     
    На korisnichka, Rama, agios и 4 други им се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Во апликацијата може да се прочита и Житие и евангелие и апостол, а има и по една светоотечка поука на денот
     
    На meckicka, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. lili1212

    lili1212 Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дали за време на пост смее да се пушат цигари и да се пие кафе?
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Кафе смее да се пие, а цигари не смее ни кога не се пости.
     
    На joy1 и korisnichka им се допаѓа ова.
  14. lili1212

    lili1212 Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    моментално постам во однос на исхраната но не можам да се откажам од цигарите..значи ли тоа дека на некој начин постењето ми е погрешно, залудно...?
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Не. Не ти е залудно.
    Но, ако сакаш да се причестиш со свештеникот пред кој ќе се исповедаш треба да си поразговараш и за пушењето.
     
    На joy1 и korisnichka им се допаѓа ова.
  16. lili1212

    lili1212 Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    во ред.Ти благодарам Orthophill,
     
    На Orthophill и korisnichka им се допаѓа ова.
  17. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Дали во (Божиќниов) пост е забрането држење на раце и бакнување?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Зависи со кого. Со сопругот/сопругата дозволено секогаш се` е дозволено. :)
    Со момчето/девојката француските бакнежи не се препорачуваат неколку дена пред и неколку дена по светата причест. Во денот кога сме се причестиле не е препорачливо да се бакнуваме со никого за да не ги оскверниме Телото и Крвта Христови.
    За рака може да се држиме секогаш и со секого. :)
    Се надевам не е троловско прашањево. :)
     
    На meckicka, joy1, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  19. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Не е троловско. Многу ми се допаѓа едно момче и требаше нешто да 'биде'. Но, тој почна со пост и одбегнува да се видиме. Затоа прашав. Ти благодарам за одговорот.
     
    На Bitter-Sweet, korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Ви посакувам многу среќа! :)
     
    На jasmina00, littleflower и korisnichka им се допаѓа ова.