Не е забрането. Но твој си е подвигот. Освен ако си голем зависник од турско кафе па ако сакаш можеш да пробаш да намалиш.
Обично постам за Велигден цели пости. За божиќ не сум постела... сакам сега овие 3 дена пред Божиќ...дали е во ред - ако е во ред, кои денови ќе треба - среда четврток и петок - па сабота причесна или ???
Ако постиш секоја среда и петок и редовно одиш во недела на светите богослужби, појди кај свештеникот, исповедај се и ако ти дозволи да се причестиш - причести се... Ние овде не можеме да ти разрешиме. @КикиМаус Какви врска има шеќерот во кафето за време пост? Знаеш какво е времето, оние кои се неморални се потсмеваат со оние кои се морални, оние кои се безбожни се потсмеваат со оние кои се побожни, оние кои не постат се потсмеваат со оние кои постат... Па така и со шеќерот и со кафето...
@Orthophill и @korisnichka, дали се знае историски кој е првиот човек кој седнал и за прв пат ги направил православните листи на посна храна за различните видови пост?
69. апостолско правило воведува да се пости светата четириесетница пред Пасха и да се пости во среда и петок. Апостолските установи пак го воведуваат и постот по света Педесетница како благодарност за примањето на Светиот Дух. Распоредот на строгоста на посните денови пред се`, се води од типиците на свети Сава Освештен (+532, построгиот) и на свети Теодор Студит (+826, поблагиот). Во секој случај, светиот Игнатиј Богоносец (+107, што значи многу поизворен од денешните т.н. “изворни христијани“) чиј што спомен го славевме вчера, со своите 7 посланија не` поучува да го слушаме нашиот епископ како Бог Отец и како Бог Син - Господ и Спасител наш Иисус Христос, а презвитерите (поповите) и ѓаконите како собор на светите апостоли. Со еретиците воопшто да не разговараме туку само да се молиме да се покаат и да се вратат во единствто со епископот, односно со Црквата. Дури и не` подучува ако се двоумиме за нешто што сме го откриле во архивите(светите писма) и она што го проповеда нашиот епископ, да му бидеме послушни на епископот. Па така ние сме должни секогаш да го слушаме својот епископ, што вклучува и да го слушаме кога е во прашање постот. Ако тој ни го ублажи постот не грешиме ако постиме ублажено, ако тој ни го направи построг, должни сме да го слушаме.
@Orthophill ок све тоа интересно што кажуваш и може да се дискутира на долго и широко, туку друго ми беше прашањето: кој е првиот човек што седнал и запишал на лист хартија е овие јадења ќе бидат забранети за време на пост, а овие нема?
Јас баба ми ја прашував, кај е бабо запишано кој рекол што да јадеме што не...таа вака ми рече: Бабе, тоа самиот народ го рекол...тогаш да се купи масло, да се купи риба беше скапо, се немаше пари и така некој ред се постави. Штедевме во тие пости за да купиме малку мевце за Божиќ и Велигден. А не сега, има луѓе постат со посно млеко, посен мајонез, посен кашкавал...како да не. Се знае што е пост и точка.
Има и посни колачи, посни погачици, посни салати, посни гозби, со други зборови - посни прејадувања. Иронијата е што некои луѓе за време на пост дури и се здебелуваат
Полека, со ред. Моето прашање сеуште виси во воздух: Кој е тој првиот човек што седнал и запишал на лист хартија е овие јадења ќе бидат забранети за време на пост, а овие нема? Кој ја направил листата на посна и непосна храна?
Прв пат посни јадења конкретно наоѓаме во 56. правило на Шестиот Вселенски Собор (680-681), кој ја укинува праксата во Ерменија во саботите и неделите за време на светата Четириесетница да се јаде млеко, сирење и јајца. Што значи и претходно се подразбирало што е посна, а што мрсна храна. Ако денес имаме повеќе посна храна, тоа значи дека имаме помалку изговори за да постиме.
Твоето прашање доби одговор.Ај сега моето : Дали постиш? И ако не, кој е тој што ти разреши ?Зошто сепак во библијата божјиот збор е дека откако младоженецот ќе си оди ќе се пости. Еве ти и доказ од директен цитат од библијата: 19. Исус им рече: „Зар можат сватовите да постат, кога младоженецот е со нив! За сето време, дури е со нив младоженецот, тие не можат да постат; 20. но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат. izvor biblija . Зошто не го почитуваш божјиот збор?
Една од нив бев и јас ...една година се здебелив баш од тие посни колачи, посна баклава... и не знам друго што. Но сега и пазам кога постам и пазам да се придржувам кон вистинските старински обичаи.