Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Пази како гласи 56-тото правило на тој собор:

    „Покрај тоа, дознавме дека во земјата на Ерменците и во други области, во саботите и неделите на светата Четириесетница, некои личности јадат јајца и сирење. Затоа ни се чинеше најдобро да дадеме декрет и за ова, дека црквата Божја низ целата населена земја, треба грижливо да ја следи оваа процедура и да го држи постот и да апстинира, прецизно од секаква жртвувана работа, така особено и од јајца и сирење кои што се плодови и производи од кои мораме да апстинираме. А оние кои нема да го почитуваат ова правило, ако се свештеници, нека бидат разрешени од службата, а ако се мирјани (обични верници), нека бидат екскомуницирани.“
    (Извор)

    Замисли, на овој собир донеле правило да ги екскомуницираат од црквата оние верници кои за викендите пред Велигден ќе јаделе јајца и сирење. Да не спомнувам дека според нивното учење тие верувале дека со тоа ги екскомуницираат и од Христос и од вечниот живот и со тоа ги праќаат директно во пекол (според нивното верување се разбира). Зошто? Затоа што за викендите јаделе јајца и сирење :)
    Господ во Библијата ниакде не заповедал 40 дена пред Велигден дека МОРА да се пости, а овие се дрзнуваат дури и од рајот да ги бркаат оние што ќе јаделе јајца и сирење за викендите.
    Искрено мене ова правило многу ме потсеќа на следниов библиски цитат:

    „А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.“ (1 Тимотеј 4:1-3, Библијата)
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Retko postam a ubavo e no ete ne sum resitelna
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Не постам, но душата и мислите ми се чисти. Лицемерно е да се пости, а притоа да се носат лоши мисли, кажуваат лоши зборови или прават лоши дела.
     
    На LUCI 99, EvAngelos и meckicka им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Џабе ти се душата и мислите чисти, еве види горе што вели Orthophill дека на 6-от вселенски собор во 56-тото правило тие што се собрале таму дале декрет ако за викендите пред Велигден каснеш јајце или сиренце, добиваш екскомуникација од црквата и билет за пеколот каде што ќе гориш во вечни векови :devil:
     
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Првото е знак за непокајание и самозалажување.А второто се вложува труд за промена и покајание.
    Второто подобро доколку има покајание и труд.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Браќа и сестри, тие што не ги постат постите, онака како ќе им биде благословено, не биваат анатемисани и екскомуницирани за вјек и вјеков, туку биваат одлачени од светата Причест најмногу една година. Не дозволувајте да ве лаже секој!
    Не постои одлачување за кое не може да се покаеме и да се вратиме во нашата Мајка Црква и да се причестуваме со Телото и Крвта Христови, бивајќи во канонско и литургиско единство со нашиот епископ-владиката. И Ариј кога лажно се покаја имаше можност да се врати во Црквата, ама тоа Бог не го дозволи.
     
    На Philippa, Jas!, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    Кога си веќе излезен искулирај, земи почасти се едно горко турско. Браќата протестанти (или кој и да е) не ти прават доволно интересен муабет па дојде да си ѕирнеш да не има нешто за тролање на темата за постот?
    Имаш напишано неколку офтопици горе, заедно со мојов, три или четири вкупно на само две страници. Баш да видам кои од офтопициве ќе бидат избришани, а кои не. И кого ќе го почасти „форумскава куќа“.


    Си го прослави Божикот, сега може да продолжи со лукавствата. :D Наместо да ги остави луѓето намира да добијат одговор на поставено прашање, им се потсмева и ги потценува.
    Господи помилуј.
    Сва среќа Господ е долготрпелив.
     
    На Bitter-Sweet, korisnichka, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    А што ако починат за време на таа година додека се анатемисани и екскомуницирани? Зар во пеколот ќе им оди душата само затоа што каснале кајгана со сиренце?
     
  9. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    E interesira koj go naredil ova postenjeto da se posti so hrana ? Ako toa ne e Bog zamene postot nevazi . Baram eve nekoj da znae koj rekol da se posti 40 dena ?
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    1. Сите (одлачени) што се на смртна постела имаат право да се причестат. Ако оздрават, продолжуваат да си ја држат епитимијата, односно пак немаат право да се причестат. Што значи лага и клевета е дека Црквата е немилостива.
    2. Велигденскиот четириесетдневен пост го вовеле светите апостоли. Кога го прашале Господ зошто апостолите не постат, одговорот бил бидејќи Младоженецот бил со нив, но кога ќе си замине ќе почнат да постат и апостолите. Откако се вознел Христос на Небесата од тогаш апостолите и христијаните почнале да постат.
    Оние кои се непослушни и мрзливи да ги исполнуваат Господовите и Црковните закони, постојано си наоѓаат рачки... Оние кои се послушни вредни со радост ја творат волјата Божја.
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Постењето во Библијата секаде е поврзано со нејадење храна. Но никаде во Библијата нема список на посна и непосна храна. Тоа е измислица со векови подоцна.
    Исто така во Библијата нема ниту еден временски ЗАПОВЕДАН пост, во смисла дека мора од тој до тој ден да се пости и ако не постиш тие „свети денови“ дека ќе бидеш анатемисан и екскомунициран со билет за пеколот во рака. Тоа е измислица на институционализираната црква со која сакала да го заплашува народот. Впрочем, тоа и било предвидено во Библијата, цитирам:

    „А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.“ (1 Тимотеј 4:1-3, Библијата)

    Имаш некаков аргумент да го поткрепиш ова тврдење? Можеби некаков цитат од апостолите каде го воведуваат овој пост?
     
    На Bender Rodriguez, Sky-butterfly, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    карикираш
     
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    ако сакаш можеш да пробаш постепено да се навикнуваш, ете среда и петок, прво без месо, па без јајца и млеко, и Господ ќе ти помогне
     
    На Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    блазе ти
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Задебеленото се однесува за разните секти кои ете настанаа со одстапување од единството со Црквата, преку отстапување единството со локалниот епископ-владиката.
    Закосеното, да нема забуни - Црквата не забранува ни женење, ни мажење (иако забранува блуд и прељуба), а исто така благословува да се јаде секое јадење! Дури има канони кои ги одлачуваат оние кои се гнасат од јадење месо и чесниот брак. Но, кога станува збор за подвиг, е тоа е друга работа. Самиот апостол Павле ги повикува оние кои можат да се воздржуваат да се воздржуваат и да не се женат и да не се мажат.
    Нека одговори протестантскиов проповедник дали свети апостол Павле слушал измамливи духови и ѓаволи кога им пишал на Коринтјаните:
    На неженетите и на вдовиците им велам дека е добро за нив, да останат исто како и јас(свети апостол Павле бил девствен). (1.Кор.7,8 )
    Срамота и гревота е и светиот апостол Павле д аго правите свирало на сатаната, само затоа што не можете ни да постите, ни да живеете во девственост и телесна чистота!
    Прости ми Господи Боже, Мајко Богородице, а особено ти свети Игнатије Антиохиски што се расправам и разговарам со луѓе кои се надвор од Црквата!
     
    На Philippa, meckicka, agios и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Се извинувам за дупло мислење.

    69. Апостолско правило:
    Епископ, презвитер, ѓакон, ипоѓакон или псалт, кој не пости во светата Четириесетница пред Пасхата, или во среда и петок, освен кога на тоа не го дозволува телесната немоќ, нека биде расчинет, а мирјанинот да биде одлачен.

    Ако протестантскиот проповедник се бунтува и каже дека апостолските правила се среќаваат прв пат запишани од страна на свети Климент папата Римски, ќе го потсетиме дека свети Климент бил папа од првиот век (на Христијанството) и се споменува во посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните(4,3). Сепак, веќе прочитавме дека ни свети Павле апостолот не го почитува...
     
    На Philippa и Bulgarian им се допаѓа ова.
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    .Суштината на постот е во послушанието.
     
    На Philippa, agios, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Не. Светиот апостол Павле никаде не забранува брак или некои јадења. Павле само им дава совет, предлог, тој вели: „добро е за нив да останат исто како јас“, а веднаш потоа вели: „Но, ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат.“ (1 Кор. 7:9, Библијата)

    Додека библискиот цитат зборува за изричито забранување:
    „А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.“ (1 Тимотеј 4:1-3, Библијата)

    И токму ова го гледаме во православието кое забранува:

    1. Забранува брак на епископи и покрај тоа им е јасно дозволено од Бог во Библијата
    „Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена“ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)

    2. Забранува јадење јајца и сирење 40 дена пред Велигден и тоа со закана за екскомуникација! (Библијата исто така никаде не заповедува задолжителен пост пред Велигден и нејадење омлет со сирење 40 дена пред Велигден.)
     
    На LUCI 99 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    А каде Библијата дозволува да го прекинувате општењето со надлежниот епископ и пак да се нарекувате Христијани?
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Кога прв пат се причестив, баба ми радосно ме пречека и ми испржи урда со јајца, sweet memories :l::l::l: почивај во мир бабичке, ти која прва ми ја покажа радоста на верата, не со мрсните јадења, туку со побожно изговарање на Бугуро'јца, Ристо'с.. ме носеше на Велики Петок да поминам под гробот.. само еднаш годишно излегуваше од твоето село, да дојдеш да се поклониш на светите петнаесет.. и пак стана света, со твојот живот, твоето служење на ближните, не' освети и нас твоите потомци.
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.