Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Оваа година решив да ги постам божиќните пости. Е сега не знаам кога треба да се причестам. Дали во сабота од сабајле(на Божиќ) или петок навечер (на Бадник). И друго прашање, дали по светата причесна има правила, нешта што не треба да ги правам. Како на пример да не јадам мрсна храна? Или да се бакнувам?
    Ви благодарам однапред
     
    На meckicka, agios и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Убаво што си решила да постиш.
    Ако се немаш исповедано, направи го и тоа. Не се срами,
    По причест можеш да јадеш мрсна храна ако завршил постот.
    Па бакнувај се, ама знаеш како викаат , само до пола нагоре ;)
    Ова сфати го како шега, ама и пола вистина, за бакнувањето :)
    Причесна можеш да земеш сабота сабајле, или ако има бдение петок спрема сабота, се разбира ако се имаш претхдно исповедано, или барем прашано свештеник, па тој ќе те упати. Нека ти е наздравје и за спасение душичко. Убав пат си фатила. Слава на Бога.
     
    Последна измена: 4 јануари 2017
    На meckicka, agios, Primavera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Evangelos sakam da mu kazes kako postis so hranata ? I dali svinskoto se smeta za necisto meso , jas licno ne komzumiram svinsko nekako grozno mi e I od smata mirizba mi se potkrevaat crevata I drugo mnogu mi e zal za zivotnite koi gi ubivaat
     
  4. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    17.725
    Имам едно прашање до сите верници кои постат, се надевам ќе се најде некој ќе ми одговори. :D

    Како што знаеме сите постот не е само во исхраната туку и во мислата.

    Прашањето ми беше околу делот за исхрана.
    @EvAngelos негде назад ми се чини спомна дека никаде во Библијата не пишува кои јадења се посни кои не.
    Епа вака, Вие кои постите ако може да ми објасните зошто јадете риба за време пост?
    Нели тоа живо суштество за да се најде на вашата трпеза мора предходно да се убие?
    Која е тогаш смислата на Вашиот пост ако е заснован на таков грозоморен чин?
     
    Последна измена: 6 јануари 2017
    На Bender Rodriguez, elimkd и prominent им се допаѓа ова.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Јас сакам да знам како одредил дека така се пости како тој што мисли?Сакам да знам како одредил како се врши помазание,како се врши крштевање?

    Бидејќи тие ги пишува во библијата ,ама не пишува како се вршат.Не се задоволуваме јасно со напишаното.Вршењето е оставено во преданието.

    Сакам да каже зошто го оставил преданието и не ја слуша библијата ,кога Павле во библијата кажува да се држиме до преданието и да не го напуштаме?!Зошто не се држи за таа жолчна препорака од Павле?

    И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте, било преку нашето слово, било преку вашето послание (2 Сол. 2, 15).

    2. Ве пофалувам, браќа, дека сè мое помните и ги држите заповедите така, како што сум ви ги предал.
    (1 Кор. 11:2)

    Еве нека го каже обредот како вршат крштевање во неговата "црква"?

    Бара одговор за се од библијата ама одговор нема,бидејќи тоа е оставено во преданието за кое и Павле спомнува да не се напушта.

    Или еве ако веќе го напуштил нека каже каде во библијата пишува напуштејте го преданието?
    За тоа каде пишува за човечките повелби нека не покажува ,сите знаеме.Јас прашувам за црковното предание ,не за човечки обичај.
     
    На Lizy333, agios, meckicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    И уште нешто за протестантите.Замисли одиш во протестантска црква која им текнало крштевањето да го вршат со пу пу крстен си.
    Ќе бидеш ли задоволна од такво крштевање?Ќе се утешиш ли од таков начин на крштевање од новaта "црква "?
    Но православната црква има зачувано црковно предание во црквата од самиот почеток ,на кое имаш утеха во извршувањето на таа света тајна.
    Исто е и за извршувањето на постот.
     
    На meckicka и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Nema uste nikade odgovor na prasanjata :?:
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Суштината на постот е во послушанието. Синовски однос со Отецот се гради преку послушание.
     
    На sonuvana и Bulgarian им се допаѓа ова.
  9. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Сите што постат не си измислуваат, туку за секој пост се знае точно кои денови се со риба. На пример на Божиќниот пост се јаде само сабота и недела, а за Велигденскиот во текот на цел пост само два пати, на два празника. Некои можеби и почесто но со дозвола од духовниот отец.
     
    На meckicka, Bulgarian и korisnichka им се допаѓа ова.
  10. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    17.725
    Ти благодарам што одвои време за да го напишеш постов но сепак не ми одговори на прашањето :)
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Не видов дека си ми пишала прашање. Друг пат тагни ме за да ми стигне нотификација :)

    1. Јас најчесто кога постам, постам еден цел ден без никаква храна. И наместо да јадам телесна храна, читам од Библијата и се молам. Исус рекол дека човекот не ќе живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од Божјата уста (ев. Матеј 4:4, Библијата). Постот е време кога го храниме духот со Божјиот збор, а ги потчинуваме и зауздуваме нашите телесни страсти со тоа што не јадеме.
    Во зависност од причината заради која постам, постам посилно или поумерено. Посилно е на пример кога не јадеш и не пиеш ништо цел ден. Поумерено е кога пиеш вода или си дозволуваш да внесеш и јагледни хидрати (некој густ сок на пример) за да можеш да учиш или да извршуваш физичка работа преку ден.
    Понекогаш сум имал потреба и на повеќе денови пост. Тогаш за да не му наштетам на здравјето, на пример еден ден постам строго, следниот ден поумерено или пак нормално јадам, па следниот ден пак пост. Битно е кога постиш да гладуваш, барем одреден период од денот, затоа што само во тие моменти се ојачува телото против телесните страсти, само тогаш се измачуваш на некој начин. Иронично е да постиш, а при тоа да не гладуваш и да си уживаш во убави посни јадења.

    2. Свињата во Стариот завет се сметала за нечисто животно, но не и во Новиот завет. Во Новиот завет експлицитно пишува дека Исус ги прогласил сите јадења за чисти:

    „Нема ништо, вон човекот, што би можело да го направи нечист кога ќе влезе во него; туку она што излегува од човекот, тоа го прави нечист. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти. (Исус, ев. Марко 7 15-19, Библијата)
     
    На A-j-a, Sky-butterfly, LUCI 99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Многу е битно „од каде се знае“ т.е. изворот на информацијата. Дали е тоа затоа што локалниот свештеник или владика кажал така? Дали е тоа затоа што некој свештеник или свештеници порано одредиле така? Или пак затоа што Бог така заповедал? На крај краева, ние христијаните веруваме дека утре пред Бог ќе се појавиме на Судниот ден, а не пред некој свештеник или владика. Затоа е важно да ги исполнуваме Божјите заповеди, а не некои човечки правила и прописи. Некои религиозни водачи знаат да пропишуваат многу религиозни правила и прописи кои ниту самите тие не ги вршат. Пази што вели Исус за тоа:


    „Тој пак им рече: „Горко ви вам - законици, зашто ги натоварувате луѓето со бремиња, што тешко се носат, а вие самите ни со еден прст не се допирате до бремињата.“ (Исус, ев. Лука 11:46, Библијата)
     
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Ribata e dozvolena poradi prikaznata za Isus koj napravil čudo,umnožuvajki go lebot i ribata,za da nahrani iljadnici gladni ludje.
    Apostolite bile ribari,ribata bila glavno jadenje na siromašnite.
    Postojat i drugi teoriji zošto baš ribata od site životni,no toa i ne treba da bide mnogu bitno,bidejki smislata na postot e vo vozdrzuvanjeto i poslusanieto.
    Čistejki go teloto niz post,so tek na vreme i mislite ni stanuvaat poblagi i svrteni kon svetlinata.
     
    На meckicka, Dust, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    - Рибите немаат крвоток низ месото, само околу рбетот, што ја разликува од останатите животни.
    - Рибата не е топлокрвно животно како останатите што ги јадеме.
    - Водениот свет не "погреши" како копнениот.За време на "потопот" водата е таа која го "очисти" грешниот копнен свет.
    - Според светото писмо секоја храна која потекнува од водата се смета за посна.
    - Бог им дал задача на луѓето да постат.За да би се вежбали на послушност и покорение на Божјата воља.Црквата установила дека рибата спаѓа во посна храна за време на постот, затоа што двигател на енергијата низ човечкото тело е месото, па оттука и фактот што погоре го споменав дека рибите немаат крвоток е причината зошто токму таа спаѓа во посната храна.
    - Рибите и останатите водени животни се дозволени за време на постот затоа што за разлика од животните на копно и небо не дишаат на плуќа.

    :)
     
    На sonuvana, meckicka, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Како тоа копнениот свет погреши „погреши“ повеќе од водениот свет?

    Каде го вели тоа Светото Писмо?

    Двигател на енергијата низ човечкото тело се шеќерите. Митохондриите се енергетски снабдувачи во нашите клетки и тие ја користат глукозата (прост шеќер) за да синтетизираат аденозин трофосфат (ATP) што потоа се користи како енергија. Шеќерите имаат иста калорична вредност како протеините, ама многу побрзо се разложуваат на прости шеќери, бидејќи протеините мора да поминат низ повеќе матаболички реакции. Исто и за мастите, кои имаат поголема калорична вредност, но мора прво да се доведат до прости шеќери за да се користат како енергија.
     
    На LUCI 99 и КикиМаус им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Сметам дека пост е нешто што се случува помеѓу човекот и Бог, некаков вид на завет помеѓу двете страни.
    Постот треба да е жртвување од телесните нешта (од храната, водата) за да можеш полесно да се посветиш на духовните работи.
    Ама исто така може да биде вистинското жртвување и од сопствена угодност и комфор заради нечија добробит.

    Можеш да " постиш" и од социјалните мрежи, ако на тој начин времето ќе го искористиш за духовните работи. :)

    За мене постот не е ако наместо свинско ќе јадеш риба, ако наместо торта ќе јадеш посни колачиња.

    Ако погледнеме низ Библијата има многу начини на постови, на пример: пророкот Даниел( Данило) постеше 21 ден само со зеленчук и овошје, Исус во пустината постеше 40 дена без вода и без храна, Мојсеј исто така постеше на планината Синај 40 дена додека ги добри плочите со Божјите заповеди. Кога се симна од планината и кога виде дека народот го направи идолот, златното теле да му се клања, ги искрши плочите и се врати пак на планината каде постеше уште 40 дена!

    Книгата на Исаија, 58.глава пишува вака за постот (препорачувам да се прочита целата, ама еве еден прекрасен дел, многу јасен):

    "Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; раздели го лебот свој со гладните, и бездомните сиромаси закрили ги во домот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од крвните сродници не криј се. Тогаш твојата светлина ќе светне како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува. Тогаш ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Тој ќе рече: „Еве Ме.“ Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо, кога ќе ја поделиш со гладниот храната своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, – тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне; и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат. Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби."
    Исаија 58:6‭-‬12
     
    На LUCI 99, sonuvana, A-j-a и 3 други им се допаѓа ова.
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Би рекла дека има врска меѓу глаголите пости и постои, ми личат како да се сродни :)
     
    На larrachi и meckicka им се допаѓа ова.
  18. afrodita26

    afrodita26 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.564
    Пол:
    Женски
    Сo пoстење oд 1 неделa пред велигден дaли мoже дa се причестaм.Немaм црквa вo близинa зa дa прaшaм пoп.
     
  19. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не можеш ама во секој случај прашај си свештеник треба да ги постеш постите .
     
    На afrodita26 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека може. Штом може само првата недела од постите да се посте и причести, зошто и да не може последната.
     
    На afrodita26 му/ѝ се допаѓа ова.