Секако дека може,дозволен е причест и со пост од само една недела иако најправилно е да се испостат цели пости,ама кој како може,само ако си во можност пожелно е пред причест и да се исповедаш кај свештеник,доколку не си во можност да отидеш,исповедај се дома во твојата соба,моли му се на Господ и кажи му ги сите твои нечисти помисли,грешки,гревови и слично(иако тој ти ги знае веќе)но потребно е да побараш прошка и да се разрешиш од се и да бидеш чиста за примање на Светата тајна-причест.
Јас постам само оваа недела и сакам да ја причестам малата.Кажете ми тоа се прави во недела наутро или сабота навечер? И се носи ли нешто во црква? Не сум била на причест никогаш,па ако може упатетете ме.
Можеш и во сабота сабајле ,и вечерта секако има литургија ,а за носење не се носи евентуално ако нешто не сакаш да си оставиш за здравје на пр.масло јајце .
Сабота да после литургија,а недела се читаат евангелија на разни јазици добро ти е во сабота оти и тогаш завршува велигденскиот пост за многу години !!!
Можам да се пофалам дека цел пост го издржав и ова ми е прв пат. Оваа недела ја постев без зејтин и сабајлево земав причеста. Тешко ми беше само првата недела бидејќи без млеко не живеам. Абе горда сум си Иии вечер одиме во црква , па едвај чекам да испијам едно литро млеко.
Голема штета е што многумина постат воздржувајќи се само од храна, а не и од лошиот јазик и лошите мисли. Се прашувам зошто воопшто ,,постат".
Јас лично сакав да пробам како е за прв пат, а тоа за лошите мисли и јазик и без тоа не сум негативен тип и во никој случај не сум му мислела лошо на некој.
На здравје и спасение да ви биде причесната на сите Јас овојпат за Велигден од оправдани причини не постев,и нема да се причестам Инаку нема ништо поубаво од тоа човек да испости и телесно и душевно,за потоа да ја прими светата тајна-причест...
Петровденскиот пост е во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден. Постот подразбира нејадење храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во понеделник, среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Во вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба. Тоа е телесниот пост. Духовниот подразбира воздржување од лоши помисли, неправење лоши дела и безрезервна љубов кон Бога и сиот човечки род. Имајте лесни и Богоугодни пости.
Имам слушнато дека бремени жени и болни луѓе можат да се причестат без пост.. ТОЧНО? ми е страм да прашам вцрква
За жал, ние не можеме да ти дозволиме, сепак треба да си прашаш в црква. Ако не си исповедана да се исповедаш. Не е проблем храната но немој на своја рака да се причестуваш.
Знам то и самата душа не ми дозволува да појдам без да прашам да се исповедам ама ми е страм да го прашам попот
Togas pojdi so nekoja bliska osoba I taa neka prasa vo tvoe ime pa ako treba dedo pop ke ti kaze nesto poveke I na tebe pozdravce pardon za latinicava..
Ајдеее,е зошто страм да ти е да го прашаш попот? На доктор кога одиш за да те прегледа му ги кажуваш сите тегоби и болести,е истото е и со попот ќе те ислуша и ќе те упати што да правиш,како да постиш. Слободно прашај си во свое име се што те интересира а не преку други да играш расипан телефон
Нашиот реонски ко ја осветувавме куќата сега беше брзо за свекорми оти е болен и му рече да дојдиш ако сакаш да се причестиш простено е без пост и зато, а јас постев само во петок ама сега сум бремена и неможам да постам оти одвреме навреме сум многу стрвна ми велат простено ти е тебе ко ќе се породиш пак ќе си постиш
Оти сега брзо сонував еден сон ама баш ептен чуден на сонов некој ми кажа име и ми рече нека биди така и баш за празникот на имево шо го сонував појдов вцрква и го прашав попот вака и вака не сум бремена а во сонот дојде некој ми рече еве не се нервирај да се видиш и викав на сонов имево машко и ми вика еве виде ама нека биди така или уште едно име ама не го запамтив то само едното и го прашав и ми одговори нема врска ако е од господ на друг начин ќе ти се појави ние не ги признаваме соновите оти се од шо многу мислиме прашав друго лице шо не е поп туку духовен човек ми рече само шо го почнав сонот ми вика ќе имаш дете и ќе го крстиш така а второто шо ќе го имаш ќе имаш шанса да си го крстиш ко шо сакаш и не помина 3 недели после сонов јас бремена без да знам.. И не сакам да го прашам оти ми е страм пак да не се устрамам, а одам скоро на секој празник црква и обично кога ќе ми дојди, ама ми е страм
Здраво девојки. Би сакала да ве прашам дали само за викенди има причест? Денес имам менструација, а во сабота и недела сум прва смена на работа, кога следно ќе можам да се причестам?
На Петровден ќе можеш тогаш има инаку за време на постите има на секој празник и во недела на литургија !!!