Мораш со отецот да се договориш. Пред се прво треба исповед, договор околу постот и причесна. Јас како трудница постев како што ми кажа попот и се причестив. И додека сум доилка иста процедура. Сепак се пости, месо не се јаде, може риба ( кај мене така е) Кога вољата е голема се може се
Според Исус Христос (Господ и основач на христијанството) воопшто не мора да постиш за да се причестиш. Ама се зависи од тоа чие мислење ти е поважно, дали на Господ или на попот.
Од Господ се разбира, јас многу многу ионка не верувам во попот ради шо пола од нив не се станати ради шо се духовно поврзани со Бог туку ради шо знат дека со лесно можат пари да заработат.. СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ шо од духовно што сакаат да бидат свети лица се одлучиле на тој пат, а ко шо гледам сега почнаа сите адети да не ги признаваат поповите.. Јас искрено им верувам повеќе на духовните луѓе кои одат вцрква ради шо на сон му се појавиле некој светци или Бог отколку на попот...
Свекор ти е болен а ти си здрава. Но сепак никој не знае кога ќе си замине од овој свет. Труди се колку можеш и убаво е да се причестиш штом сакаш. Тоа што ни го кажа нам тука на форумот кажи му го и на попот, дека си сфатила оти не треба пост за тебе, просто кажи дека сакаш да се причестиш.
Ќе прашам, а инаку мислам дека е многу побитно да верував во Бог и да не мислиш лошо на другите отколку денес да не јадиш месо или било шо друго.. Некои џабе постат со јадење кога караат безобразни се се караат и клети се на душа на секого лошо му посакуваат
Гледаме кој колку греши ама не можеме да видиме кој колку се променил, се покајал. Не е битно месото, побитно е да не го јадеме својот брат, но сакаме да бидеме како Христос. Христос беше послушен на Отецот. Преку постот се вежбаме во послушност.
Јас се зафркнав не земав календарче со мене кога тргнав на пат,за да знам кои посно денови е со масло ,кои со масло и риба,а кои строг пост.За жал неможам да најдам на интернет во врска со тоа.Освен само кога е пост.Па ако знае некои такво календарче да ми даде линк.Она со андроид немам можност да даонлодирам.
Од утре почнуваат постите. Се пости без зејтин од подеделник до петок. Сабота и недела со зејтин. Ќе пости некој?
Мислам дека крштевки и венчавки не се прават за време на пост. Сепак најубаво прашај си некое свештено лице.
Да, ќе прашам. Баш во сабота ќе одам. Мислев да не знае некој тука, зашто знам неколку свадби што ќе бидат викендов.